TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ќе не снимаат и за визи и за избори

Време - 13.11.2008

Ана Велјановска Во текот на 2009 година во Македонија ќе пристигне посебно набљудување од Европската унија за да се увери дека земјата е подготвена за целосна визна либерализација. Доколку оваа мисија поднесе позитивен извештај, македонските граѓани во текот на идната година ќе можат без визи да патуваат во сите земји од шенген-зоната.

Изборите во март нов тест за Македонија

Дневник - 13.11.2008

Локалните и претседателските избори во март в година ќе бидат клучен тест за земјата да го поправи впечатокот што го оставија предвремените парламентарни избори, порача заменик-директорот во Директоратот за проширување на Европската комисија (ЕК) Јан Трушински, на вчерашната седница на Националниот совет за евроинтеграции.

Шекеринска: Советот за ЕУ работи на мускули

Дневник - 13.11.2008

Националниот совет за ЕУ работи без никаква техничка поддршка и само со помош на еден службеник од Собранието.За ваквата ситуација претседателката на Советот, Радмила Шекеринска, завчера се пожали и пред заменик-директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Јан Трушински, откако вицепремиерот Ивица Боцевски критикуваше дека заклучоците за седницата Владата не ги добила навреме.

Скопје: Високиот претставник на ЕК Јан Трушински во посета на Македонија

Р.С.Европа - 12.11.2008

Во посета на Македонија денеска престојува Јан Трушински, заменик генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија. Трушински ќе оствари средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица ...

Советот за евроинтеграции расправа за извештајот на ЕК

Алсат-М - 12.11.2008

Националниот совет за евроинтеграции претпладнево ќе одржи седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година. На седницата, како што соопшти собраниската служба за информирање, ќе присуствува и заменикот директор на Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински.

Пратениците согласни дека извештајот на ЕК е реален

Алсат-М - 12.11.2008

Извештајот на Европската Комисија е објективен и реално ја согледува состојбата во Македонија. Изборните инциденти, недостатокот на политичкиот дијалог, реформите во судство, во полиција, политизирањето на државната администрација се само некои од забелешките што уште еднаш пред членовите на Комисијата за евроинтеграции ги истакна Јан Трушински, заменик-директор на Дирекцијата за проширување при ...

Извештајот на ЕК упатство за надминување на слабостите, заклучок на Националниот совет за евроинтеграции

Кирилица - 12.11.2008

Ова го истакна заменик директорот во Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински на денешната седница на Националниот совет за евроинтрегации во македонскиот Парламент на која уште еднаш укажа на констатираниот напредок, но и на слабостите нотирани во годишниот Извештај на Комсијата за Македонија.

Има шанси за укинување на визите за Македонија во 2009

Вечер Прес - 12.11.2008

Владата подготвува сепфатен план за спроведување на обврските за ЕУ, а на краток рок фокусот ќе биде на политичкиот дијалог и изборите следната година, изјави вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски. По добивањето на извештајот од Европската комисија владата на краток рок фокусот ќе го стави на изборите што треба да се одржат следната година и на унапредување на дијалогот пред се во ...

Заседава Советот за евроинтеграции

Макфакс - 12.11.2008

Националниот совет за евроинтеграции претпладнево ќе одржи седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година. На седницата, како што соопшти собраниската служба за информирање, ќе присуствува и заменикот директор на Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински.