Ана Велјановска Во текот на 2009 година во Македонија ќе пристигне посебно набљудување од Европската унија за да се увери дека земјата е подготвена за целосна визна либерализација. Доколку оваа мисија поднесе позитивен извештај, македонските граѓани во текот на идната година ќе можат без визи да патуваат во сите земји од шенген-зоната.
Локалните и претседателските избори во март в година ќе бидат клучен тест за земјата да го поправи впечатокот што го оставија предвремените парламентарни избори, порача заменик-директорот во Директоратот за проширување на Европската комисија (ЕК) Јан Трушински, на вчерашната седница на Националниот совет за евроинтеграции.
Националниот совет за ЕУ работи без никаква техничка поддршка и само со помош на еден службеник од Собранието.За ваквата ситуација претседателката на Советот, Радмила Шекеринска, завчера се пожали и пред заменик-директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Јан Трушински, откако вицепремиерот Ивица Боцевски критикуваше дека заклучоците за седницата Владата не ги добила навреме.
Во посета на Македонија денеска престојува Јан Трушински, заменик генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската Комисија. Трушински ќе оствари средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица ...
Националниот совет за евроинтеграции претпладнево ќе одржи седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година. На седницата, како што соопшти собраниската служба за информирање, ќе присуствува и заменикот директор на Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински.
Извештајот на Европската Комисија е објективен и реално ја согледува состојбата во Македонија. Изборните инциденти, недостатокот на политичкиот дијалог, реформите во судство, во полиција, политизирањето на државната администрација се само некои од забелешките што уште еднаш пред членовите на Комисијата за евроинтеграции ги истакна Јан Трушински, заменик-директор на Дирекцијата за проширување при ...
Ова го истакна заменик директорот во Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински на денешната седница на Националниот совет за евроинтрегации во македонскиот Парламент на која уште еднаш укажа на констатираниот напредок, но и на слабостите нотирани во годишниот Извештај на Комсијата за Македонија.
Владата подготвува сепфатен план за спроведување на обврските за ЕУ, а на краток рок фокусот ќе биде на политичкиот дијалог и изборите следната година, изјави вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски. По добивањето на извештајот од Европската комисија владата на краток рок фокусот ќе го стави на изборите што треба да се одржат следната година и на унапредување на дијалогот пред се во ...
Националниот совет за евроинтеграции претпладнево ќе одржи седница посветена на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година. На седницата, како што соопшти собраниската служба за информирање, ќе присуствува и заменикот директор на Директоратот за проширување на ЕК Јан Трушински.