TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Седум рудари загинаа во експлозија во Кина

А1 - 10.10.2008

Седум рудари загинаа, а седум се повредени во експлозија на гас во рудник за јаглен на југозападот на Кина. Експлозијата се случила во рудникот Хесан во провинцијата Гуангси, во момент кога во рудникот имало нешто помалку од стотина рудари.

Предвремената експлозија кобна за рударот

А1 - 08.10.2008

Предвремена експлозија на барутното полнење е причина за смртта на рударот Ване Маринковски во Кратово. На тој дел ќе се фокусира и истрагата. Одговор на тоа како се случило барутното полнење да експлодира пред да биде воопшто поврзанo со фитилот ќе истражува и рударскиот инспектор Љупчо Трајковски.

Загина рудар во пробиштипски “Силекс“

Форум - 08.10.2008

Јане Маринковиќ (53) од Кратово, загина во несреќен случај на своето работно место во рудникот за камен “Силекс“ во Пробиштип, вчера, во месноста Црн Врв, во атарот на селото Горни Стубол.

Почна истрагата за загинувањето на рударот во кратовскиот рудник за неметали

Канал5 - 08.10.2008

Снежана Санева , портпарол во СВР-Штип. Други детали за несреќата од рудникот не се соопштуваат. Чекаат истрагата да го даде одговорот, зошто динамитот експлодирал предвреме.

Несреќен случај во рудникот за неметали Силекс

Нетпрес - 08.10.2008

Вработен во рудникот за неметали Силекс, вчера , загинал во несреќен случај, додека полнел бушотина со барут. Дошло до експлозија при која Ване Маринковски(53)од Кратово,смртно настрадал. Неговото тело по наредба на истражен судија било предадено за обдукција.

Загина рудар во Кратово

А1 - 07.10.2008

Во несреќа при минирање во рудникот „Силекс-Неметали“ загина 53-годишниот рудар Ване Маринковски од Кратово. Маринковски загинал при минирање на дел од карпите. Од полицијата ја потврдуваат информацијата, но не откриваат други детали, освен тоа дека смртта на Маринковски настапила на лице место.