TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Џафери и Имери го отфрлиле планот на Леотар и Пердју

А1 - 08.07.2001

Арбен Џафери и Имер Имери го отфрлиле планот на Леотар и Пердју за решавање на кризата, наведувајќи дека тој документ не може да ја сопре граѓанската војна која во Македонија тлее веќе со месеци. Јас не ја почнав војната, туку сакам да ја прекинам, изјавил за Ројтерс Арбен Џафери и оценил дека оваа ...

Леотар и Пердју полетаа за Призрен

А1 - 08.07.2001

Од Скопје денеска по вторпат од хелиодромот во близина на воената болница во Скопје за Призрен со хелихоптер на КФОР полетаа специјалните олеснувачи на разговорите за разрешување на кризата во Македониија - на ЕУ и на НАТО Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Предложен рамковен документ за натамошните разговори за промена на Уставот

А1 - 07.07.2001

Специјалните пратеници на Европската Унија и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, денеска на политичките лидери во земјава им понудија рамковен документ за натамошните разговори за промени во уставот, кој во својата основа ги има предлозите на Робер Бадентер.

Македонските политичари на 17 јули ќе поднесат извештај во Брисел

Дневник - 07.07.2001

ПОЛИТИЧКИОТ ДИЈАЛОГ НАПРЕДУВА Клучни теми на разговорите се употребата на јазиците на националностите, како и наоѓање механизам што ќе ја оневозможи, како што велат претставници на ПДП и ДПА, "мајоризацијата" Се очекува до крајот на наредната недела партиските и експертите од кабинетот на ...

Трајковски ќе го добие нацрт документот за уставни промени

А1 - 06.07.2001

По дводневна расправа, експертската работа на уставните интервенции, во која учествуваа експертите на европскиот и американскиот пратеник Леотар и Пердју, експертите од кабинетот на претседателот и партиски делегираните експерти, е завршена.

Средба на Франсоа Леотар со лидерите на вонпарламентарните партии со национален предзнак во своето име

А1 - 06.07.2001

По денешната средба со лидерите на вонпарламентарните партии со национален предзнак во своето име, Франсоа Леотар изјави: "имавме интересни разговори, и со претставниците на овие партии јас и господинот Пердју ќе разговараме и во следните денови, во интерес на процесот за мир во Македонија".

Леотар: Прекинот на огнот - значаен чекор напред

Вест - 06.07.2001

"Направен е значаен чекор напред, во правец на политичко, а не воено решавање на кризата со која се соочува оваа земја - а тоа е одлуката за прекин на огнот. Оваа одлука е донесена во контекст на политичкиот дијалог, кој беше констатиран и олеснет од меѓународната заедница.

Што и да биде, ќе биде тешко да се одбие!

Дневник - 06.07.2001

НАВЕСТУВАЊА ЗА СОДРЖИНАТА НА ПОЛИТИЧКИОТ ДОГОВОР Иако засега ништо не се соопштува јавно за предлозите што ги подготвува експертскиот тим на меѓународните посредници Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, познавачите веќе ги насетуваат клучните политички решенија што ќе бидат ставени на маса пред ...

Прекинот на огнот - значаен потег во вистинската насока

Дневник - 06.07.2001

ЛЕОТАР И ПЕРДЈУ ГО ПОЗДРАВИЈА ПРИМИРЈЕТО Пратениците на ЕУ и на САД во Македонија, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, вчера го поздравија прекинот на огнот како значаен чекор во правец на политичко решение на кризата со која се соочува земјава.

Дијалогот кај Трајковски треба да Ј стави крај на војната

Дневник - 06.07.2001

СПМ Разговорите помеѓу политичките субјекти што се водат кај претседателот Борис Трајковски со помош на меѓународните "олеснувачи" Џејмс Пердју и Франсоа Леотар очекуваме да се одвиваат непрекинато и во најкраток рок да се дојде до решение што ќе го означи крајот на кризата - истакна секретарот на ...

Ќе бидеме соочени со провокации, но патот на мирот нема алтернатива

Дневник - 05.07.2001

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА КРИЗАТА Претседателот Борис Трајковски вчера најави напредок во политичкиот дијалог во кој непосредно учествуваат и претставникот на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју и рече дека основа на дијалогот ќе бидат идеите предложени од францускиот експерт ...

Политичкиот процес мора да започне неделава

Вест - 04.07.2001

ПОСТОЈАНИ КОНСУЛТАЦИИ НА ФРАНСОА ЛЕОТАР И ЏЕЈМС ПЕРДЈУ СО ДРЖАВНИОТ ВРВ И СО ЛИДЕРИТЕ Двајцата специјални претставници на САД и на ЕУ ќе треба да ги натераат политичките лидери што учествуваат во дијалогот да престанат со влечењата на своја страна и да се фатат со серизна работа "Имавме добра ...

Леотар и Пердју ги сондираат политичкиот терен и подготвеноста за дијалог

Дневник - 04.07.2001

МЕЃУНАРОДНА "ТУРБО" МИСИЈА Одлуката на Владата за формирање комисија што ќе изготви програма за подобра застапеност на малцинствата во државната администрација е протолкувана како напредок Претставниците на ЕУ и на САД за Македонија, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, во рамките на својата мисија во ...

Леотар и Пердју - помош за олеснување на политичкиот дијалог

А1 - 03.07.2001

Целта на Леотар и Пердју е да го олеснат политичкиот дијалог. Трајковски ги запознал со досегашниот тек на разговорите и сугестиите на Бадентер. Политичкиот дијалог треба да биде значително унапреден. Леотар и Пердју заедно со претседателот и лидерите на политичките партии во наредниве денови ќе се ...

Трајковски се сретна со лидерите на четирите партии

А1 - 03.07.2001

Претседателот на Македонија Борис Трајковски синоќа во Скопје имаше средба со лидерите на четирите партии од владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија Бранко Цревенковски, Демократската Партија на Албанците Арбен Џафери и на Партијата за Демократски ...

Одлуките за Македонија ќе се донесуваат во Скопје

Вест - 03.07.2001

ЏЕЈМС ПЕРДЈУ ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ПОЛИТИЧКО РЕШЕНИЕ НА КРИЗАТА Рекол Пердју на вчерашната средба со претседателот Борис Трајковски, потенцирајќи дека на преговарачката маса има место само за легално избраните претставници на граѓаните "Одлуките за Македонија ќе се донесуваат во Скопје, во ...

Политички дијалог само со легално избраните претставници

Дневник - 03.07.2001

ПЕРДЈУ РАЗГОВАРАШЕ СО ТРАЈКОВСКИ И СО ГЕОРГИЕВСКИ Претседателот Борис Трајковски вчера го прими Џејмс Пердју, специјалниот пратеник на американскиот претседател Џорџ Буш, кој завчера допатува во нашата земја. Нагласувајќи дека целта на неговата мисија во земјава е заедно со пратеникот на ЕУ, ...

Специјалниот пратеник на Буш против македонско Рамбује

Дневник - 03.07.2001

ЌЕ ИМА ЛИ МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА македониЈа? На средбата со претседателот Трајковски, специјалниот американски пратеник Џејмс Пердју категорично ги отфрлил идеите за организирање конференција за Македонија Македонија се уште може сама да го најде решението за кризата во земјава и може да ...

Мирот други ќе ни го кројат?!

Дневник - 03.07.2001

Коментар-Бранко Героски Страните во меѓуетничкиот конфликт во Македонија се на добар пат да ја пропуштат последната шанса самите да се изборат за мир. Неспособноста на локалните политички лидери да го деблокираат политичкиот процес би можела да ги засили идеите меѓународната заедница да побара ...

Отфрлена можноста за меѓународна конференција за Македонија

А1 - 02.07.2001

Британскиот премиер Тони Блер телефонски разговарал со Ширак и Буш околу можностите за изнаоѓање политичко решение за кризата во Македонија. Портпаролот на британската Влада притоа не одговори дали во телефонските консултации е разгледана и идејата на Тони Блер надвор од Македонија да се организира ...

Џејмс Пердју започнува со консултации

А1 - 02.07.2001

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Џорџ Буш за Македонија Џејмс Пердју се очекува денеска да има средби со македонските лидери. Пердју, вчера по пристигнувањето во Скопје рече дека е дојден да им помогне на луѓето на Македонија и на нивните лидери, да најдат мирно решение за ...

Лидерите во Македонија треба да го зграпчат моментот

Вест - 02.07.2001

ЏЕЈМС ПЕРДЈУ, СПЕЦИЈАЛЕН АМЕРИКАНСКИ ПРАТЕНИК, СТИГНА ВО СКОПЈЕ Експертот за Балканот ќе работи заедно со постојаниот претставник на ЕУ Леотар, на изнаоѓањето мирно решение за кризата "Дојдов да му помогнам на македонскиот народ, на политичките лидери, на Владата на Македонија и на легитимните и ...

Тони Блер предлага "Рамбује" за Македонија

Вест - 02.07.2001

Британскиот премиер Тони Блер предложил да се организираат разговори за решавање на кризата во Македонија, според моделот на оние кои беа организирани во 1999 година, во францускиот град Рамбује, за решавање на кризата во Косово, пишува лондонскиот печат.