TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Загинаа шест Палестинци во најновото насилство

А1 - 23.03.2002

Шест Палестинци, меѓу кои и едно четиригодишно девојче од Рафах, загинаа во судирите на израелската војска и палестинските милитанти во Газа и на Западниот Брег во најновиот бран насилства, соопштија палестински болнички извори.

Зини разговараше со Арафат, преговорите со Израел продолжуваат

Вест - 23.03.2002

Американскиот специјален пратеник Ентони Зини вчера во Рамалах се сретна со палетинскиот лидер Арафат РАМАЛАХ, 23 март (Ројтерс) - Американскиот пратеник Ентони Зини вчера разговараше со палетискиот претседател Јасер Арафат во обид да ја спаси осуетената мисија за мир откако еден палестински ...

Буш побара од Арафат да ги спречи бомбашите-самоубијци

Утрински - 23.03.2002

И покрај последните насилства, мировната мисија на Блискиот Исток продолжува РАМАЛАХ - Американскиот пратеник Ентони Зини вчера разговараше со Јасер Арафат, продолжувајќи ја загрозената мировна мисија на која и беше нанесен најновиот удар со палестинскиот самоубиствен напад во кој загинаа тројца ...

Продолжува мировната мисија на Зини

А1 - 22.03.2002

Специјалниот американски посредник за Блискиот Исток, Ентони Зини денеска треба да се сретне со лидерот на Палестинците Јасер Арафат. Мировната мисија на Зини ќе продолжи и покрај вчерашниот напад на палестински бомбаш самоубиец во Ерусалим, во кој загинаа тројца Израелци, а над 40 се ранети.

Чејни и Арафат можеби ќе се сретнат в понеделник во Каиро

Вест - 22.03.2002

Тел Авив, 22 март - Можно е в понеделник во Каиро да се одржи средба меѓу американскиот потпретседател Дик Чејни и палестинскиот лидер Јасер Арафат, изјави вчера шефот на палестинските безбедносни служби на Западниот Брег, Џибрил Раџуб.

Неуспешни разговори за прекин на огнот

Утрински - 22.03.2002

Блиски Исток ЕРУСАЛИМ - Израел и Палестина вчераутро ги завршија разговорите за прекин на огнот под надзор од САД без постигнат договор, но претседателот Џорџ Буш вети дека, и покрај растечката фрустрација, ќе ги зголеми обидите за мир.

Израелците и Палестинците не постигнаа прекин на огнот

А1 - 21.03.2002

Израелците и Палестинците не успеаја да постигнат прекин на огнот на состанокот за безбедносни прашања одржан во текот на ноќта, јави израелското радио, додавајќи дека е договорено одржување нов состанок со посредство на американскиот пратеник за Блискиот Исток, Ентони Зини.

Седуммина мртви во самоубиствен напад врз автобус во Израел

Вест - 21.03.2002

Израелската полиција на лице место по експлозијата ЕРУСАЛИМ, 21 март (АП) - Еден исламски милитант и бомбаш самоубиец се убил себеси , 4 војници и тројца патници додека се возел во преполн израелски патнички автобус, но нападот не ги минираше американските напори за воспоставување на мир.

Бомба во автобус во Израел како предизвик за мирот

Утрински - 21.03.2002

Во моментите кога саудискиот мировен план за Блискиот Исток добива засилување ЕРУСАЛИМ - Бомбаш-самоубиец вчераутро се разнел во преполн автобус кој сообраќал на редовната линија во северен Израел, при што животот го загубиле напаѓачот и уште шест патници, во досега најсериозниот предизвик за ...

Палестинец—бомба уби шест израелски Арапи во автобус

Дневник - 21.03.2002

ВЕДНАШ ПО ПОСЕТАТА НА ЧЕЈНИ НА ИЗРАЕЛ Палестински терорист вчера активираше експлозив на својот појас и уби шест израелски Арапи во автобус во градот Ум Ал Фахм кај Тел Авив, јави Ројтерс. При експлозијата биле ранети уште 27 лица.

Палестински самоубиец уби четворица цивили во автобус

А1 - 20.03.2002

Палестински самоубиец активираше утринава бомба во автобус на север од Израел, убивајќи се себе си и уште четворица цивили, а повредени се уште 25 патници во автобусот, потврдија израелски извори. Еден возач на израелската војска изјави дека автобусот на задругата „Егед“ експлодирал пред негови очи ...

Арафат може да патува ако го имплементира примирјето

Вест - 20.03.2002

Илјадници Палестинци вчера беа на закопот на локалниот камерман кого Израелците го застрелаа во Хеброн ЕРУСАЛИМ, 20 март (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека Израел ќе му дозволи на Јасер Арафат да присуствува на Самитот на Арапската лига во Бејрут следната недела под услов ...

Израелците целосно се повлекоа од палестинските територии

Утрински - 20.03.2002

Со доаѓањето на американскиот потпретседател Дик Чејни на Блискиот Исток ЕРУСАЛИМ - Израелската армија соопшти дека целосно се повлекла од палестинските територии на Западниот Брег и појасот Газа, во кои влезе во почетокот на овој месец.

Арафат ќе добие виза за арапскиот самит ако ги запре терористите

Дневник - 20.03.2002

ЧЕЈНИ ВО ПОСЕТА НА ИЗРАЕЛ Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека на палестинскиот лидер Јасер Арафат ќе му биде дозволено да отпатува на самитот на Арапската лига во Бејрут, но само ако тој го прифати и го спроведе мировниот план предложен од директорот на ЦИА, јави Ројтерс.

Израелската војска се повлекува од Беит Јала

А1 - 19.03.2002

Израелските војници почнаа да се повлекуваат од градот Беит Јала на Западниот Брег во рамките на поширокото повлекување од неодамна окупираните подрачја по палестинска контрола, потврдија палестински извори. Според овие извори и очевидци, најмалку три израелски оклопни транспортери го напуштиле ...

Израелците и Палестинците на истите позиции

Утрински - 19.03.2002

Пред почнувањет?на трипартитнит?разговор?/span> Израелците ?Палестинците на истите позици?/SPAN> Подготвени за борб? млад?Палестинци РАМАЛА?- Палестинскат?влас?вчер?инсистираш?дека Израел мора да ги повлеч?сите свои сили од областит?по?палестинск?влас?пред почнувањет?на трипартитнит?разговор?за ...

Средба на израелски и палестински воени команданти

А1 - 18.03.2002

Израелски и палестински воени команданти на Западниот Брег и во Појасот Газа синоќа неочекувано се состанаа и разговараа, што укажува дека американскиот посредник Ентони Зини направил напредок во мисијата за воспоставување на прекинот на огнот меѓу двете страни.

Палестинец уби жена и повреди 15 израелци

Вест - 18.03.2002

ЕРУСАЛИМ, 18 март (Ројтерс) - Еден вооружен Палестинец вчера отвори оган во израелскиот град Кфат Саба при што загина една жена а 15 луѓе беа повредени пред полицијата да го ликвидира. Според сознанијата на полицијата, инцидентот се случил попладне на главната раскрсница во Кфат Саба, кој се наоѓа ...

Израел е подготвен да се повлече од окупираните територии

Утрински - 18.03.2002

Условувања околу обидот на Ентони Зини да го оконча 17-месечниот блискоисточен конфликт Палестинците одбија да присуствуваат на состаноците доколку израелските сили не се повлечат од сите делови на територија под палестинска власт ЕРУСАЛИМ - Израел вчера соопшти дека е подготвен да се повлече од ...

Палестински напаѓач убил едно, а ранил 15 лица

Утрински - 18.03.2002

Нов напад во Израел ЕРУСАЛИМ - Осомничен палестински напаѓач вчера отворил оган во централниот израелски град Кфар Саба, убивајќи една жена и ранувајќи најмалку 15 лица пред да го застрела полицијата. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот кој се случи во услови на зголемени обиди за ...