TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во "Тетово табак" продолжи штрајкот со глад

Утрински - 24.08.2002

Борд на "Македонија табак 2000" сe уште молчи ТЕТОВО - Од состанокот што вчера се одржа во просториите на "Тетово табак", а на кој присуствуваа претставници на штрајкувачите со глад, извршни директори на претпријатието и претставници на синдикатите, нема резултат.

Државната радио телевизија без слика и без тон?

Дневник - 24.08.2002

ОД ПОНЕДЕЛНИК штраЈк Штрајкувачкиот одбор ја остава можноста протестот да биде одложен по вчерашната исплата на јулската плата Вработените во Македонската радио-телевизија (МРТ) од понеделник повторно ќе штрајкуваат зашто раководството не ги исполнило обврските од неодамна потпишаниот договор со ...

Вработените штрајкуваат со глад, директорот на одмор во Египет

А1 - 23.08.2002

Штрајкот со глад на 16-те вработени во „Тетово табак“ продолжува и понатаму затоа што извршните директори на фирмата не успеале да се сретнат со раководството на „Македонија табак 2000“ во Скопје кое е доминантен сопственик. Според оправдувањето на нашите директори Сретко Ѓурчиновски и Момчило ...

Полицијата и одбраната ќе штрајкуваат по изборите

Вест - 23.08.2002

НОВАТА ВЛАДА НЕМА ДА ДОБИЕ 100 ДЕНА ТОЛЕРАНЦИЈА Синдикатите на полицијата и на одбараната не штрајкуваат пред изборите за да не се попречи демократското одлучување на граѓаните и за да не бидат злоупотребени за политички цели Полицијата и вработените во одбраната ќе штрајкуваат по парламентарните ...

Во полицијата и во одбраната ќе штрајкуваат, но по изборите

Утрински - 23.08.2002

Поради незадоволството од малото зголемување на платите Координативното тело на Самостојниот синдикат на вработените во одбраната и на Македонскиот полициски синдикат одлучи по одржувањето на политичките избори да организира генерален штрајк доколку новата влада брзо не најде решение за нивните ...

Војската и полицијата ќе штрајкуваат по изборите

Дневник - 23.08.2002

безбедносните сили и даваат шанса на новата власт Синдикатите на војската и на полицијата ќе почнат генерален штрајк по изборите, откако ќе се формира владата, најавија вчера претседателите на Македонскиот полициски синдикат и на Самостојниот синдикат на вработените во одбраната.

Вработените во „Тетово табак“ со помали здравствени проблеми

А1 - 22.08.2002

Со помали здравствени проблеми, главоболки и болки во стомакот, како и психичко оптeрeтување, но со засега стабилна здравствена состојба, 16-те работници од „Тетово табак“ и денеска, четврти ден по ред, го продолжија штрајкот со глад во кругот на фабриката.

Полицијата и одбраната по завршувањето на гласањето на штрајк

А1 - 22.08.2002

Mакедонскиот полициски синдикат и самостојниот синдикат на вработените во одбраната одлучија да го одложат генералниот штрајк и истиот да отпочнел по завршувањето на изборите на 15-ти септември. Одлуката за штрајк по изборите, според координативното тело на синдикатот на полицијата и одбраната, е ...

Ь припаѓаме на партијата на гладните кои бараат леб

Вест - 22.08.2002

ШТРАЈКУВАЧИТЕ СО ГЛАД ВО "ТЕТОВО ТАБАК" ГИ ОТФРЛААТ ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ВО НИВНИОТ ШТРАЈК ИМА ПОЛИТИКА Раководството на фирмата ги обвинува штрајкувачите дека нивниот штрајк со глад е политички обоен и дека се подбуцнати од СДСМ, а работниците одговараат дека во нивниот очајнички обид да си ги ...

Штрајкот со глад во „Тетово Табак“ продолжува до петок

А1 - 21.08.2002

Штрајкот со глад на 16 вработени од „Тетово Табак“ продолжи денеска и покрај состанокот на двајца штрајкувачи со претставници на Агро синдикатот од сојузот на синдикати и тетовскиот синдикалец со двајца извршни директори на „Тетово Табак“, Сретко Ѓурчиновски и Момчило Настовски.

Директорите на "Македонија табак 2000" држат затворени 17 штрајкувачи

Дневник - 21.08.2002

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТЕТОВО ТАБАК БАРААТ СМЕНУВАЊЕ НА УПРАВАТА Директорите Ѓурчиновски и Ѓорчевски им ги заклучиле и тоалетите на вработените, кои најавуваат дека во штрајкот со глад ќе им се приклучат цели семејства Директорите на тетовската филијала на "Македонија табак 2000" држат во притвор 17 ...

МРТ од понеделник повторно во штрајк

А1 - 20.08.2002

Вработените во Македонската радио-телевизија од 26. овој месец повторно ќе стапат во штрајк, одлучи на денешната седница штрајкувачкиот одбор на Синдикатот на МРТ. Причина за обновување на штрајкот, кој неодамна беше ставен во мирување, како што е соопштено, е тоа што работодавачот не ги исполнил ...

Вработените го бранат „Табак Тетово“ со штрајк со глад

А1 - 20.08.2002

Нема да дозволиме имотот на „Табак Тетово“, создаден од вработените, да биде раскрчмен од раководството на „Македонија табак 2000“ од Скопје, порачуваат 16-те вработени на тетовската фирма на вториот ден од штрајкот со глад. Спроти привремената мерка за забрана за растурање на имотот донесена од ...

Полицајците сакаат штрајк за поголеми плати

Вест - 20.08.2002

ОДБРАНАТА ЈА ЧЕКА ПОЛИЦИЈАТА ЗАЕДНО ДА ШТРАЈКУВААТ Сондажата што ја направи Синдикатот, освен масовната поддршка на членството на одлуката за штрајк, покажа дека сега, за разлика од порано, полицајците ја имаат поддршката и од своите старешини и од функционе Над 90 отсто од вработените во ...

Работници на „Тетово - табак" почнаа штрајк со глад

Утрински - 20.08.2002

Поради неисплатени плати и грабеж во претпријатието ТЕТОВО - Вчераутро, наместо на своите работни места, 15 вработени во "Тетово - табак", кој е во рамките на "Табак 2000", стапија во штрајк со глад. Откако работниците на обезбедувањето не успеа да ги спречи, тие влегоа во една просторија и ...