БУДВАНСКИ ФЕСТИВАЛ Дванаесеттиот музички фестивал во Будва, Црна Гора, почнува на 23 и ќе трае до 26 јуни, а како најголема ѕвезда на една од вечерите ќе биде Хелена Папаризу, годинашната победничка на изборот за песна на Евровизија.
Правниот факултет во Скопје "Јустинијан Први", вчера доби 499 книги од стручна литература, со што се заокружени сите области од правото. Ова е втора донација од германската фондација за меѓународно правна соработка, која повеќе години соработува со правни факултети и ги поддржува земјите од средна, ...
Хрватската полиција осомничи еден 40-годишен Грк за обид за шверцување поголемо количество дрога во Хрватска, како и за здружување со уште двајца хрватски државјани заради купување, шверцување и продажба на наркотици во таа земја.
Работите околу реконструкцијата на манастирскиот комплекс "Свети Атанасиј" во селото Лешок се во завршна фаза. Во тек е монтажата на иконостасот кој се реставрираше една година во Штип, потоа на иконите, на владичката столица и на големиот полиелеј кој е изработен од "Пролукс" во Прилеп.
И покрај тоа што Основниот суд во Охрид завчера донесе решение со кое е издадена привремена мерка за отстранување на блокадите, кампот "Градиште" и вчера беше под клуч. Поранешните сопственици на имотите во овој автокамп, кој влезот го држат под опсада веќе 15-тина дена, тврдат дека не го добиле ...
-За подобрување на состојбите во урбанистичкото планирање, треба да се подобрат активностите во изработка на самите плановите, но и процесот на спроведување на планската документација, конкретно за градот Скопје треба да се пристапи кон изменување и дополнување на ГУП, а притоа да се утврдат ...
Либерално-демократската партија до крајот на јуни ќе ги избере новите членови во Извршниот одбор и Централниот одбор на партијата. Во Извршниот одбор треба да се пополнат испразнетите места на Лилјана Поповска, Тихомир Крцковски и Дарко Бабамов, кои по нивното разрешување од државни функции се ...
Бугарската амбасада во Скопје ги повика за едни, македонски државјани со бугарски пасоши, а за други "новопечени Бугари" од Македонија да гласаат на изборите за 40. Народно собрание на Бугарија, што ќе се одржат на 25 јуни. "Огласот со кој Амбасадата ги повикува гласачите е наменет токму за ...
Српската полиција потврди дека уапсила осум лица поради основано сомнение дека како припадници на специјалните полициски сили, учествувале во убиството на над 7.000 муслимани во Сребреница во 1995 година. Апсењето на осумтемина припадници на специјалните сили "Скорпиони" следуваше по еден ден ...
Сценариото за четвртиот дел на "Индијана Џонс" што го пишува Џеф Натенсон, доби зелено светло од страна на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Но, пред "Парамоунт" да почне со понатамошен развој на проектот свој благослов на сценариото мора да даде и главниот актер Харисон Форд, кој се уште не го ни ...
Два дена во Битола престојуваше австриска делегација, меѓу кои беа и припадници на Асоцијацијата "Витези на виното". Тие на австриската читална во објектот "Магнолија" и донираа целосно опремена кујна и друг прибор, преку кои ќе можат покрај културните литературни услуги во ова катче да придонесат ...
На хрватските патишта во моментов се наоѓаат околу 7 000 автомобили "рено клио" за кои се сомнева дека имаат грешка што настанала при монтирањето на возилата. Имено, на нив се можни оштетувања на жиците за сирената кои можат да предизвикаат краток спој во пределот на воланот.
На дванасетиот фестивал "Будва 2005" од 23 до 26 јуни, како најголема ѕвезда се очекува Хелена Папаризу, победничката на Евровизија 2005. -На овој фестивал минатата година настапуваше Руслана (и Жељко Јоксимовиќ), а традицијата со евровизиските победнички продолжува со Гркинката Хелена, најавува ...
По Франција, Европскиот устав претрпе уште еден тежок удар на референдумот во Холандија, зголемувајќи ги така поделбите меѓу партнерите во Унијата. Според излезните анкети, над 60 отсто од граѓаните кажаа "неј" со што му се противставија на обидот, нивната земја да го ратификува Европскиот устав.
Форсирањето на посебен договор за слободна трговија меѓу Македонија и Косово е обид Македонија дискретно да се префрли на "османлискиот воз за ЕУ". Ова го тврдат владини луѓе блиски до преговарачките тимови за слободна трговија, кои велат дека од контроверзни причини се туркаат за нас понеповолни ...
Од седми јуни во продавниците ќе може да се набави новиот албум на Светлана Цеца Ражњатовиќ, под наслов "Лондон микс", што беше повод за завчера одржаната конференција за новинари во клубот "Колинг" во Белград и заедничкото преслушување на материјалот.
Гранитните плочки на улицата "Македонија" не издржаа ниту една година. Дел од нив се оштетени, испукани, искршени или одлепени. Затоа, од пред дестина дена Општина Центар презеде акција за нивно менување и повторно ги ангажираше градежните екипи на "Гранит".
ПРИЛЕП.- Наскоро ќе почне реализацијата на петгодишен договор за деловно-техничка соработка меѓу прилепска "Витаминка" и словенечката фирма "Дрога-Колинска". Со овој договор е регулирано во следните пет години "Витаминка", со технологија на "Дрога-Колинска" да произведува 500 тони годишно еурокрем, ...
Свеченото пуштање во употреба на ексклузивниот трговски центар "Рамстор Македонија", ќе се случи в сабота, на 11 јуни. За таа цел, менаџерскиот тим подготвува гламурозна официјална промоција, која како што велат, ќе биде токму онаква каква што прилега за еден ваков светски центар.
Со премиерата на претставата "Совршенство или смрт" од Блаже Миневски, во режија на Владо Цветановски, а во продукција на театарот - домаќин, ќе биде подигната завесата на 40. Македонски театарски фестивал "Војдан Чернодрински" во Прилеп.
Ексклузивците на М2, Александра Пилева и Ламбе Алабаковски, ќе настапат на 12. фестивал "Будва-фест". Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 јуни на Градскиот плоштад под ѕидините на Стариот Град во Будва. Ламбе ќе настапи со песната "Спаси ме" (музика и аранжман Дарко Димитров , текст Раде ...
Македонија има барем 10 000 споменици на културата со големо значење и висока вредност. За нивното проучување и заштита, вчера, во Музејот на Македонија, започна дводневниот собир насловен "Дијалог меѓу конзерваторите и научниците".
Во државните резерви со лекови скопски "Реплек" се "протнува" со 35 проценти од фармацевтската палета со етикетата "домашно производство". Ваквиот влез го "избоксувал" заштитниот бренд на оваа куќа, првиот човек на "Реплек" и македонски фармацевтски доајен Душко Туџаров и тоа преку Министерството ...
ВАШИНГТОН, 3 ЈУНИ (МАКФАКС) - Француското отфрлање на Европскиот устав ќе има негативни последици за земјите кои претендираат на вклучување во Европската унија, меѓу кои и за Македонија, смета Филип Хендерсон, потпретседател на германскиот Фонд Џорџ Маршал од Вашингтон.
ТЕТОВО.- Во петте месеци од годинава од тетовската полиција се одземени 44 патнички моторни возила. Од нив, дури 19 поради царински прекршоци сторени од наши државјани на привремена работа во странство, кои по враќањето "забораваат" да ги пријават возилата оставени во родниот крај.
Годинашен добитник на престижната литературна награда Рациново признание е Јагода Михајлова-Георгиевска за романот "Каменот од Твојот ден", во издание на "Култура" од Скопје. Жирито во состав д-р Васил Тоциновски, академик Ката Ќулавкова и д-р Весна Мојсова-Чепишевска, лауреатот го одбраа во ...
Министерот за здравство Владо Димов 'токми' нова Комисија за позитивната листа лекови, а во тек е и дефинирањето на персоналниот состав на Советот кој е стручно советодавно тело на првиот лекар во државата. Можниот состав на новата Комисија која ќе одлучува кои лекови ќе влезат на листата што ...
Вашингтон Француското отфрлање на Европскиот устав ќе има негативни последици за земјите кои претендираат на вклучување во Европската унија, меѓу кои и за Македонија, смета Филип Хендерсон, потпретседател на германскиот Фонд Џорџ Маршал од Вашингтон.
ПРИЛЕП. - Хидроцентралата "Чебрен" - Мариово, за која се зборува околу 40 години и за која по десетина дена ќе се одржи нова расправа, а чија изградба се предвидува да чини над 400 милиони долари, сака да ја гради Руската Федерација, која чека објавување тендер.
"Што имате против ѕвездата Азис? Тој не е полош од Мајкл Џексон. Се направил сам, со свој труд. И со мене е така", изјавил генералот Бојко Борисов во Асеновград, во рамките на предизборната кампања. Генералот, кој ја предводи царската листа во областите на Пловдив и Благоевград, објави дека нема да ...
ПРИЛЕП.- Руската компанија "Лукоил", која завчера се регистрира и како "Лукоил Македонија", во нашата држава ќе гради 80 бензински пумпи, а само неколку во Прилеп. Ова го изјави амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, при вчерашната посета на Прилеп и тоа му го соопшти на градоначалникот, ...
Електро Скопје за улично осветлување од Општина Гази Баба побарува 16,5 милиони денари. Тоа според градоначалникот на Општината Коце Трајановски е голем и нереален износ, но и сериозен проблем кој во најскоро време треба да се елиминира.
Ставот на Министерството за транспорт и врски околу легализацијата на дивата елитна населба на Водно е идентичен со мислењето на скопскиот градоначалник. "Шпанското село" треба да се легализира. Уште минатата година, експертски тим од ресорното министерство и Државниот градежен инспекторат ...
Утре, организаторот на фестивалот "Будва 2005" ќе одржи прес-конференција на која ќе се обелоденат сите детали врзани за дванаесеттото издание на овој фестивал. Од Македонија, сигурно е дека учествуваат ексклузивците на М-2- Александра Пилева и Ламбе Алабакоски.
Водачот на терористичката група Организација на Ал Каеда за Џихад во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, преку аудио-запис му порача на Осама бин Ладен дека е полесно повреден. "Верувам дека преку медиумите сте слушнале дека сум тешко ранет.
Мјузиклот, работен според популарниот оскаровец "Господар на прстените", својата премиера ќе ја доживее на 2 февруари следната година во Торонто, Канада. Продажбата на влезниците која стартуваше на 15 мај, само во Канада во првите 24 часа инкасирала дури милион долари.
Легализација или уривање?! Шпанското село повторно ја разбранува јавноста и ги подели мислењата на скопјани. Многумина останаа затекнати кога актуелниот скопски градоначалник Трифун Костовски рече дека елитната дива населба на Водно треба да се легализира.
Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, моментно се наоѓа во Америка, каде што "Гордиот Албион" е на турнеја, а веќе ја совлада и домашната селекција со 2:1. Бекам, како што се знае, не пружа којзнае какви партии во дресот на Реал Мадрид, но затоа бизнисот со рекламите му ...
Министерот за здравство Владо Димов ја "лапна" во својот кабинет првата советничка за фармација на директорот на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Трансферот на д-р Гордана Дамјановска, која покрај другите набавки и прашања за и околу лековите, го истурка и меѓународниот тендер со ...
БРИСЕЛ. - Европската унија не очекува завчерашното француско "не" на Уставот на ЕУ да има негативни последици врз процесот на доближување на западнобалканските земји кон Унијата на кои крајна цел им е влез во ЕУ, изјави Кристина Галах, портпарол на високиот претставник за надворешна политика и ...
Компаниите што минатата година потпишаа тригодишни ОСЛ договори за легализирање на софтверот со "Мајкрософт", годинава бесплатно ја добија македонската верзија на програмата "Windows XP" и пакетот македонски бизнис-алатки. Според Илијанчо Гаговски, претставник на "Мајкрософт" во Македонија, ...
Здравко од "Арија" пред десетина дена по втор пат стана татко. Неговата мала принцеза се вика Милена и, како што ни кажа, за разлика од синот Васил, кој името го доби по својот дедо, се вика така затоа што едноставно им се допаѓало името.
БЈРМ немаше никогаш да биде признаена под уставното име, ако беше ПАСОК на власт. Владата и премиерот беа отсутни од сите настани во изминатиот период, а интересите на Грција се доведени во опасност по вина на Костас Караманлис и неговата влада, порача лидерот на најголемата опозициона партија ...
Во зимскиот преоден рок Александар Васоски го напушти Вардар, но остана верен на црвено - црната комбинација, потпишувајќи за Ајнтрахт од Франкфурт. Клубот на полусезоната беше во горниот дом, но со мали шансите за враќање во Бундес лигата.
Експерти за нуклеарна енергија, кои учествуваа на конференцијата што се одржа на грчкиот остров Родос, предупредија дека постои опасност од "балкански Чернобил" поради плановите на Бугарија, Романија и на Турција да изградат нови нуклеарни централи, објави вчера весникот "Елефтеротипија".
Полошко-кумановската епархија дава целосна поддршка на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и на сите членови на Светиот Архиерејски синод на МПЦ и натаму достоинствено да продолжат во зачувувањето на светоста и вечноста на нејзиниот народ, суверената држава и црква.
Големите ѕвезди на италијанскиот фудбал Франческо Тоти и Алесандро дел Пјеро не се на списокот на селекторот за средбата со Норвешка во квалификациите за СП. Двајцата настапија за своите клубови на средбите од последното коло во Серија А, но селекторот Марчело Липи, сепак, реши да ги изостави.
Традиционално, со легендарната "Аида" на Џузепе Верди, вечерва (20 ч.) во салонот на Македонската опера и балет, завршува најголемата оперска манифестација во државава, 33. издание на Мајските оперски вечери. Напишана по нарачка на Театарот во Каиро, по повод отворањето на Суецкиот Канал и првпат ...
Со концертот во неделата вечерта во Домот на културата "Иљо Антоски - Смок" во Тетово, групата "Синтезис" го означи почетокот на големата турнеја низ Македонија по повод 10-годишниот јубилеј. Присутните во салата уживаа во живата свирка на "Синтезис", не само што не ги штедеа рацете, туку ...
Веќе десеттина дена, околу четириесет поранешни сопственици на имотите во еден од најатрактивните автокампови во Охрид "Градиште" го блокираат влезот во кампот оневозможувајќи му на сегашниот корисник, хотелот "Два Бисери" да го подготви за претстојната туристичка сезона.
Според нецелосните резултати од завчерашниот референдум за Уставот на Европската унија во Франција, 67,27 проценти се изјасниле "против" документот, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Шефот на француската држава Жак Ширак во обраќањето до нацијата потврди дека Франција го отфрли ...
Минатата недела во украинскиот град Јалта, нашата градежна компанија "Гранит" доби три врвни признанија за квалитет на извршените работи во Украина. Во организација на Европскиот центар за истражување на пазарот од Брисел, Европската бизнис асоцијација од Оксфорд и украинскиот Институт за ...
Меѓународните литературни средби- "Илинден 2005", што шеста година едноподруго се одржуваат во чест на поетот Драган Крушкарковски, викендов во хотелот "Белви" беа место каде што се собраа познати поети од Републикава, како и од Словенија, Бугарија, Грција, Црна Гора и Романија.
Јана, Марко, Сашко, Ана и нивните врсници од улицата ”Никола Тесла" во Карпош 2, викендов имаа голема причина за радост. Нивното омилено катче - детското игралиште, блесна освежено со нови бои како на оградатата така и на реквизитите.
Изградбата на спортската сала и театарот, покрај ифраструктурните зафати според новиот градоначалник, се објекти кои ќе добијат приоритет веднаш по ребалансот на градскиот буџет. Додека се утврдуваат реални приходи на Градот согласно со новиот Закон за децентрализација, најголем дел од тековните ...
БИТОЛА.- Вчера околу 7 часот од Прилеп кон Битола со инвалидска количка тргна Миле Стојкоски за околу 15 часот да пристигне пред хотелот "Епинал" и да присуствува на ликовната манифестација "Мал битолски Монмартр" која по 24-пат се одржува со присуство на стотина млади ликовни творци од 30-тина ...
Димитар Димески е новата фаца на македонската забавна сцена. Тој беше дел од првата потрага по ѕвезди на М2 продукција во 2002 година. Неговата прва тема носи наслов "Сон", а сега деновиве го реализира своето второ музичко остварување "Остани" на Ристо Апостолов- Водолија.
Градот Охрид, сведокот на вековната историска и културна патина, но и надградба на македонската култура, од завчеравечер и официјално доби нов градски професионален театар. Темелите на овој театар, бездруго, му се во античкиот, кој датира од пред повеќе од 2,5 милениума, како и од првиот модерен ...
По одличната свирка во клубот "Вега" во Скопје, одржана на 21 април годинава, двата скопски бенда "Поинт Бленк" (Point Blank) и "Ту Сајдс" (Two Sides) ја продолжуваат соработката. Така, истиот тандем на четврти јуни, в сабота, ќе настапи во клубот "Тропикал" во Прилеп, заедно со домашната поддршка ...
Здружението на сопственици на британските пабови реши да им стави крај на оние што привлекуваат гости во своите локали со таканаречената "happy hour" политика. За време на тој час, на гостите им се дава можност во ограничено време за малку пари да испијат огромни количества алкохол.