TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Средба на Бошковски и Георгиевски во Шевенинген

А1 - 08.10.2005

Љубе и Љубчо се видоа во Шевенинген. Некогашниот премиер и министер за внатрешни разговарале 8 часа. Љубе Бошковски бил во добра кондиција и со позитивна енергија. Му повторил и на Георгиевски дека ќе ја докажел својата невиност.

Љубчо кај брат Љубе во Хаг?

Вечер Прес - 08.10.2005

Љубчо Георгиевски, лидерот во сенка во ВМРО-Народна, по краток престој во државата повторно е на пат во странство. Тој, како што дознаваме од партиски извори, завчера отпатувал во една западноевропска земја. Во партијата не сакаат да дадат официјална информација каде отпатувал Георгиевски, но ...

Македонската естрада со концерт за Љубе и Јохан

Вест - 07.10.2005

Вечерва во 18 часот на плоштадот во Прилеп ќе се одржи концерт под мотото "Се за Македонија". Организатор е Здружение на граѓани, а целта е да се поттикнат сограѓаните за поголема финансиска помош и поддршка на семејствата на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.

Црвенковски нема да се напрега за Љубе и за Јохан

Време - 07.10.2005

КАБИНЕТОТ ОДГОВАРА Претседателот Бранко Црвенковски нема да вложува дополнителни напори за ослободување на Љубе Бошковски и на Јохан Тарчуловски од хашкиот притвор. Така одговараат од кабинетот на Црвенковски на прозивките од опозициската ВМРО-НП и од врвот на Македонската православна црква (МПЦ), ...

Бошкоски и Тарчуловски остануваат во притвор до судењето

Утрински - 07.10.2005

Апелацијата во Хаг по вторпат ги отфрли барањата на обвинетите Македонци за привремено ослободување Датумот за почетокот на судењето на Бошкоски и Тарчуловски треба да биде познат најдоцна до средината на овој месец, откако одбраната се жалеше на намерата на судот процесот да го отвори во декември ...

Концерт за Љубе Бошковски

Дневник - 07.10.2005

ПРИЛЕП На Градскиот плоштад во Прилеп, вечерва во 18 часот, ќе се одржи концерт за помош и поддршка на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, сега обвинет во Хаг. Сузана Турунџиева, Кристина Арнаудова, Андријана Јаневска, Вики Среброва, Војо Стојановски, Миле Кузмановски и ...

Љубе останува во Шевенинген, за Јохан - можна слобода

Вечер Прес - 07.10.2005

Ќе ги раздвои ли Хашкиот суд двајцата обвинети Македонци за случајот "Љуботен"? Трибуналот уште минатиот четврток ја одбил жалбата на одбраната на Љубе Бошкоски за негово бранење од слобода, но тоа се уште не го сторил за неговиот "партнер" од затворот во Шевенинген, Јохан Тарчуловски.

Претседателот да се заложи за Љубе и за Јохан

Време - 06.10.2005

ВМРО-НП БАРА ВМРО-НП вчера ги повикува државните институции и претседателот на државата Бранко Црвенковски да се заложат за обезбедување заштита, гаранции и правна помош за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, обвинети пред Хашкиот трибунал.

Црвенковски да побара слобода за Љубе и Јохан

Дневник - 06.10.2005

ВМРО-НАРОДНА Претседателот на државата Бранко Црвенковски треба со својот авторитет да се заложи пред Хашкиот суд и меѓународната заедница Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски да се бранат од слобода, бара ВМРО-НП. - Државните органи да им ги дадат сите документи, транскрипции од разговори, ...

Судењето на Љубе и Јохан почнува на 1 декември

Вечер Прес - 06.10.2005

Хашкиот суд за воени злосторства ги одби сите барања на одбраната на Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски и реши судењето за случајот "Љуботен" да почне на 1 декември. "Одбиена е жалбата за бранење од слобода и барањето за измена во текстот на обвинението.

Хаг повикал нов сведок против Бошковски

Дневник - 05.10.2005

ХАШКО ОБВИНИТЕЛСТВО Хашкото обвинителство повикало на распит уште еден сведок за случајот "Љуботен"за кој се обвинети поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, дознава "Дневник". Сведокот завчера отпатувал во Хаг оти Трибуналот не сакал да се дознае во јавноста ...

Судењето на Бошковски и Тарчуловски почнува во декември

А1 - 04.10.2005

Судскиот процес против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, најверојатно почнува во декември, дознава А1. Хашкото обвинителство не попушта. Мали, речиси никакви се шансите да биде одложен овој термин. Декември, вели и судот во Хаг.

Адвокатката од Босна најголема надеж на Љубе

Дневник - 04.10.2005

ВО ПРЕСРЕТ НА ПОЧЕТОКОТ НА СУДЕЊЕТО Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски најмногу и верувал на адвокатката од Сараево Едина Решидовиќ дека ќе ја докаже неговата невиност пред Хашкиот суд, дознава "Дневник".