Вонредна седница на Владата, на која за прв пат присуствува и претседателот Црвенковски. Државниот врв вечерва го гради ставот на Македонија во однос на новиот предлог на Нимиц за името, кој Грција вчера експресно го одби. Нимиц, како што вчера објави А1, во петокот на македонскиот преговарач и ...
Официјална Атина денеска молчи, откако вчера преку својот претставник во ООН, Јанис Василакис, итно го отфрли новиот предлог на посредникот Нимиц, за името на Македонија. Новиот предлог на Метју Нимиц е втора тема на денешните вести во грчките медиуми.
Цела политичка елита утре ќе се најде на едно место - кај претседателот Црвенковски. Пред нив и официјално ќе биде соопштен најновиот предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц, за уставното име на државата.
На седницата ќе присуствува и претседателот Бранко Црвенковски.. Ќе се гради државен став за понудата која грците веќе ја одбија и која, според првичните согледување, најверојатно во основа ќе биде прифатлива за македонската страна..
,,Македонија не треба да брза со одлуките за името. Мирно и ладнокрвно да одлучи како натаму ќе игра, по вчерашното одбивање на предлогот на Нимиц од грчка страна - советува поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле. ,,Македонија не треба да брза со одлуките за името.
Скопје Македонската влада вечерва треба да одржи посебна седница на која ќе присуствува претседателот на државата Бранко Црвенковски. Единствена точка на дневниот ред ќе биде новиот предлог на Метју Нимиц, специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан , во врска со ...
Медијаторот Нимиц дал нов предлог за името. Ова денеска го соопшти претседателот Црвенковски без да открива детали околу најновата формула на Нимиц, повикувајќи се на договорот со Грција и посредникот да не се открива предлогот.
Синоќа во 18 часот во Њујорк е соопштена новата формула. Метју Нимиц предлага Република Македонија за внатрешна употреба и билатерални односи со земјите кои веќе не признале под уставното име, за Грција Република Македонија - Скопје, Република Македонија напишано на латиница во меѓународни ...
Грчките медиуми ја пренесуваат во целост денешната изјава на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски и потврдуваат дека претставникот на ОН Метју Нимиц дал нов предлог за името на РМ. Според нив, било очекувано Нимиц да излезе со нов предлог по разговорите што тој неодамна ги ...
Претседателот Бранко Црвенковски денеска откри дека вчера во Њујорк посредникот на обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц поднел нов предлог до претставниците на двете страни.. Она што шефот на државата не го кажува е содржината на предложеното кое треба да биде компромис меѓу ...
Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека на претставникот на Атина во Обединетите Нации му е даден налог да го врати предлогот како неприфатлив.. Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека на претставникот на Атина во Обединетите Нации му е даден налог да го ...
Атина Официјална Атина засега молчи во врска со новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на прашањето за разликите околу името на Македонија. Засега, како што јавува макфакс од Атина, ниту медиумите не објавуваат ништо за предлогот кој вчера во Њујорк им беше ...
Атина Грција, како “неприфатлив“ го одби новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации во разговорите за разликите околу името на Македонија Метју Нимиц, јавува макфакс од Атина. Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека претпладнето на грчкиот претставник во Обединетите ...
Скопје Посредникот на Обединетите нации во разговорите за разликите околу уставното име на Македонија Метју Нимиц синоќа во Њујорк на претставниците на двете земји Република Македонија и Република Грција им врачи нов предлог за надминување на спорот.
Атина Посредникот во грчко - македонските преговори за разликите околу името Метју Нимиц во следните 24 часа ќе објави нов и конечен предлог за името на Македонија. Ова денеска го пишува грчкиот дневен весник “Имерисија“, не наведувајќи го притоа изворот на информацијата.