TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вонредна седница на Владата и Претседателот

А1 - 09.10.2005

Вонредна седница на Владата, на која за прв пат присуствува и претседателот Црвенковски. Државниот врв вечерва го гради ставот на Македонија во однос на новиот предлог на Нимиц за името, кој Грција вчера експресно го одби. Нимиц, како што вчера објави А1, во петокот на македонскиот преговарач и ...

По вчерашниот предлог на Нимиц - Атина молчи

А1 - 09.10.2005

Официјална Атина денеска молчи, откако вчера преку својот претставник во ООН, Јанис Василакис, итно го отфрли новиот предлог на посредникот Нимиц, за името на Македонија. Новиот предлог на Метју Нимиц е втора тема на денешните вести во грчките медиуми.

Утре средба кај Црвенковски за предлогот на Нимиц

А1 - 09.10.2005

Цела политичка елита утре ќе се најде на едно место - кај претседателот Црвенковски. Пред нив и официјално ќе биде соопштен најновиот предлог на специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ООН, Метју Нимиц, за уставното име на државата.

Владата на вонредно заседание кое почнува во 18 часот ќе го разгледува последниот предлог за името

Канал5 - 09.10.2005

На седницата ќе присуствува и претседателот Бранко Црвенковски.. Ќе се гради државен став за понудата која грците веќе ја одбија и која, според првичните согледување, најверојатно во основа ќе биде прифатлива за македонската страна..

Реакции за името

Канал5 - 09.10.2005

,,Македонија не треба да брза со одлуките за името. Мирно и ладнокрвно да одлучи како натаму ќе игра, по вчерашното одбивање на предлогот на Нимиц од грчка страна - советува поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле. ,,Македонија не треба да брза со одлуките за името.

Предлогот на Нимиц на седница на Влада

Макфакс - 09.10.2005

Скопје Македонската влада вечерва треба да одржи посебна седница на која ќе присуствува претседателот на државата Бранко Црвенковски. Единствена точка на дневниот ред ќе биде новиот предлог на Метју Нимиц, специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан , во врска со ...

Црвенковски: Нов предлог од Нимиц за името

А1 - 08.10.2005

Медијаторот Нимиц дал нов предлог за името. Ова денеска го соопшти претседателот Црвенковски без да открива детали околу најновата формула на Нимиц, повикувајќи се на договорот со Грција и посредникот да не се открива предлогот.

Предлогот на Нимиц содржи три имиња

А1 - 08.10.2005

Синоќа во 18 часот во Њујорк е соопштена новата формула. Метју Нимиц предлага Република Македонија за внатрешна употреба и билатерални односи со земјите кои веќе не признале под уставното име, за Грција Република Македонија - Скопје, Република Македонија напишано на латиница во меѓународни ...

Грција го одби новиот предлог на Нимиц

А1 - 08.10.2005

Грчките медиуми ја пренесуваат во целост денешната изјава на претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски и потврдуваат дека претставникот на ОН Метју Нимиц дал нов предлог за името на РМ. Според нив, било очекувано Нимиц да излезе со нов предлог по разговорите што тој неодамна ги ...

НИМИЦ ВО ЊУ ЈОРК ПОДЕЛИ НОВ ПРЕДЛОГ ЗА ИМЕТО – СООПШТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ.. ГРЦИЈА ВЕЌЕ ГО ОТФРЛИ

Канал5 - 08.10.2005

Претседателот Бранко Црвенковски денеска откри дека вчера во Њујорк посредникот на обединетите нации во разговорите за името Метју Нимиц поднел нов предлог до претставниците на двете страни.. Она што шефот на државата не го кажува е содржината на предложеното кое треба да биде компромис меѓу ...

Грција експресно го одби новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц

Канал5 - 08.10.2005

Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека на претставникот на Атина во Обединетите Нации му е даден налог да го врати предлогот како неприфатлив.. Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека на претставникот на Атина во Обединетите Нации му е даден налог да го ...

Атина засега молчи за новиот предлог на Нимиц

Макфакс - 08.10.2005

Атина Официјална Атина засега молчи во врска со новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц за решавање на прашањето за разликите околу името на Македонија. Засега, како што јавува макфакс од Атина, ниту медиумите не објавуваат ништо за предлогот кој вчера во Њујорк им беше ...

Грција го одби предлогот на Нимиц

Макфакс - 08.10.2005

Атина Грција, како “неприфатлив“ го одби новиот предлог на медијаторот на Обединетите нации во разговорите за разликите околу името на Македонија Метју Нимиц, јавува макфакс од Атина. Грчкото министерство за надворешни работи кусо соопшти дека претпладнето на грчкиот претставник во Обединетите ...

Црвенковски - Нимиц даде нов предлог за името

Макфакс - 08.10.2005

Скопје Посредникот на Обединетите нации во разговорите за разликите околу уставното име на Македонија Метју Нимиц синоќа во Њујорк на претставниците на двете земји Република Македонија и Република Грција им врачи нов предлог за надминување на спорот.

Нов и последен предлог на Нимиц ?

Макфакс - 03.10.2005

Атина Посредникот во грчко - македонските преговори за разликите околу името Метју Нимиц во следните 24 часа ќе објави нов и конечен предлог за името на Македонија. Ова денеска го пишува грчкиот дневен весник “Имерисија“, не наведувајќи го притоа изворот на информацијата.