TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Северна Кореја можеби ќе се откаже од нуклеарното тестирање

Канал5 - 08.10.2006

Северна Кореја ја информирала Кина дека можеби ќе се откаже од планот да изврши тестирање на својата прва атомска бомба, доколку САД се согласат да одржат билатерални разговори со земјата, изјави денеска Јанг Сунгмин, поранешен пратеник на Јужна Кореја, повикувајќи се на неименуван кинески дипломат.

Северна Кореја најави серија нуклеарни проби

Макфакс - 08.10.2006

Лондон Воените власти на Северна Кореја ја известиле Кина за намерата да извршат серија подземни нуклеарни проби. Ова денеска го објави телевизиската мрежа Ен-Би-Си повикувајќи се на анонимен извор во американската администрација. Повеќе информации не се соопштени.

ОН ќе ја осуди Северна Кореја за нуклеарната проба

Вест - 07.10.2006

ТОКИО,7 октомври (Ројтерс) - Светските сили вчера се доближија кон постигнување консензус за предупредувањето за Северна Кореја против нуклеарните тестирања среде шпекулациите дека таинствената држава би можела да детонира бомба длабоко во напуштен рудник овој викенд.

Северна Кореја тестира викендов?

Време - 07.10.2006

НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Јапонија изрази загриженост дека Северна Кореја во текот на викендов може да ја изврши својата најавена прва проба на нуклеарно оружје, со што ќе се смени односот на силите на Далечниот Исток. Јапонија ги предупреди комунистичките власти на Северна Кореја дека ќе се соочат со ...

САД го ублажија заканите за Северна Кореја

Утрински - 07.10.2006

ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави го ублажија предупредувањето за Северна Кореја околу плановите на оваа земја за нуклеарни тестирања, истакнувајќи дека не се закануваат кон Пјонгјанг со „летална" акција. Меѓутоа, американски претставници повторно ветија дека се можни последици доколку ...

Атомската бомба чека во рудник

Дневник - 07.10.2006

Пробата може да биде спроведена во секој момент, веќе денеска Северна Кореја е спремна да го спроведе најавениот нуклеарен тест во напуштен рудник за јаглен, но Пјонгјанг може да го откаже тестирањето во последен момент, ако добие отстапки од Вашингтон, јави Ројтерс.

Хил - Пјонг Јанг “скапо ќе ја плати“ нуклеарната проба

Макфакс - 07.10.2006

Вашингтон Северна Кореја скапо ќе ја плати нуклеарната проба што ја изведе на 9. октомври. Ова е оценка на главниот американски преговарач за северно - корејската нуклеарна програма Кристофер Хил, по неговото пристигнување на аеродромот во Сеул.

Мнозинството Американци против воен удар врз Северна Кореја

Макфакс - 07.10.2006

Вашингтон Соединетите Американски држави не треба да преземат воен удар врз Северна Кореја, сметаат 56 отсто од Американците опфатени со најновото испитување на јавното мислење што го спроведе агенцијата Zogby International. Воена акција како одговор на нуклеарната проба на Северна Кореја ...

Јапонија - Северна Кореја може да изврши нуклеарна проба в недела

Макфакс - 06.10.2006

Вашингтон Нуклеарна проба во Северна Кореја може да биде извршена уште на крајот на седмицата и поточно в недела, изјави заменик-министерот на надворешни работи на Јапонија Сотаро Јати. „Ние сме длабоко загрижени од веројатното спроведување на нуклеарна проба од Северна Кореја, кое може да се случи ...

Јужна Кореја забрани влез на севернокорејски чиновници

Макфакс - 06.10.2006

Сеул Сеул од денеска забрани влез на севернокорејски чиновници на нејзина територија, јавија светските гласила. Ваква одлука властите донесоа во согласност со Резолуцијата од Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН), откако Северна Кореја на 9.октомври изврши атомска проба.

Иран ги отфрли санкциите на ОН против Северна Кореја

Макфакс - 06.10.2006

Техеран Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска ги отфрли санкциите на Советот за безбедност при ОН против Северна Кореја поради извршената нуклеарна проба, пренесе државната телевизија. Ахмадинеџад ги обвини САД дека Советот за безбедност го користат како „оружје за воспоставување на ...

ОН подготвува резолуција, Северна Кореја одбрана

Макфакс - 06.10.2006

Токио Во моментите кога светските сили се поблиску до договор околу резолуција врз основа на јапонското предупредување до Северна Кореја за тешки последици доколку изврши нуклеарна проба, лидерот на оваа земја Ким Џонг Ил побарал од своите генерали да ја зајакнат одбраната на земјата.

Светот загрижен од најавите на Северна Кореја

Утрински - 05.10.2006

ПЈОНГЈАНГ - Кина апелираше за смиреност по објавата од страна на Северна Кореја дека планира да тестира нуклеарна бомба. „Се надеваме дека Северна Кореја ќе покажа неопходна смиреност и воздржаност", изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, повикувајќи ги другите земји да не ги ...

Висок американски дипломат ја предупреди Северна Кореја да не извршува нуклеарни проби

Канал5 - 05.10.2006

Помошникот-државен секретар на САД за Азија и Тихиот Океан Кристофер Хил го предупреди Пјонгјанг да не извршува нуклеарни проби, изјавувајќи оти САД “нема да прифатат да соработуваат со нуклеарна Северна Кореја“. Вашингтон, 5 октомври (МИА) - Помошникот-државен секретар на САД за Азија и Тихиот ...

Северна Кореја ја прославува успешната нуклеарна проба

Макфакс - 05.10.2006

Сеул Северна Кореја организира нови прослави по повод успешното изведување на нуклеарна проба, јавуваат државните гласила во Пјонгјанг. Политичари, војници, работници и студенти се организираа во голем народен собир со цел да го поздрават “успехот на историската нуклеарна проба“, извршена на ...

Кина ги смирува државите

Вечер - 05.10.2006

Кина ја повика Северна Кореја на "воздржаност во врска со прашањето за нуклеарните проби", откако завчера земјата објави дека планира да изврши вакво тестирање. Во исто време Пекинг ги повика другите држави да не ја креваат дополнително тензијата и изрази надеж дека проблемите ќе се решаваат преку ...

ООН воведоа санкции против Северна Кореја

Макфакс - 05.10.2006

Њујорк Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа воведување финансиски и воени санкции кон Северна Кореја. Ова е одговорот на неодамнешната нуклеарна проба на Пјонгјанг. Резултатот на ноќешното гласање беше 15 „за“ и никој „против“.

Северна Кореја ја отфрли Резолуцијата на ООН

Макфакс - 05.10.2006

Њујорк Северна Кореја ја отфрли Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која на Пјонгјанг му се воведуваат финансиски и воени санкции. Донесувањето на Резолуцијата, инспирирано од нуклеарната проба на Северна Кореја, за амбасадорот на оваа земја Пак Гил Јон, е гангстерски чин ...

САД не ја прифаќаат Северна Кореја со нуклеарно оружје

Макфакс - 05.10.2006

Вашингтон Соединетите американски држави(САД) не можат да ја прифатат Северна Кореја вооружена со нуклеарно оружје. Ова вчера го изјави главниот американски преговарач Кристофер Хил, откако Пјонгјанг во вторникот го најави изведувањето на својата прва нуклеарна проба.

Кина ја повика Северна Кореја на воздржаност

А1 - 04.10.2006

Кина ја повика Северна Кореја на воздржаност во врска со прашањето за нуклеарните проби, откако вчера земјата објави дека планира да изврши вакво тестирање. Се надеваме дека Северна Кореја ќе го манифестира потребниот мир и воздржаност во врска со прашањето, се истакнува во соопштение на кинеското ...

Нуклеарната проба на Северна Кореја би била закана за мирот

А1 - 04.10.2006

Нуклеарната проба на Северна Кореја би била „недопустлива закана“ за мирот и стабилноста во светот и дополнително би ја изолирало државата. Ова синоќа го соопшти портпаролот на американскиот Стејт департмент, Шон Мекормак, кој додаде дека американските власти заедно со своите сојузници ќе се обидат ...

Северна Кореја најави нуклеарен тест

Време - 04.10.2006

НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Северна Кореја вчера најави дека ќе изврши проба на нуклеарно оружје, за да им се спротивстави на Соединетите Американски Држави. Комунистичката Кореја не соопшти кога ќе ја изврши пробата, јави новинската агенција АФП. - Корејскиот народ е на крстопат меѓу животот и смртта.

Северна Кореја најави нуклеарна проба

Вест - 04.10.2006

СЕУЛ, 4 октомври (Ројтерс) - Изолирана Северна Кореја вчера соопшти дека ќе го направи првиот нуклеарен тест, на што вели дека била присилена поради американските закани за нуклеарна војна и санкции. Соопштението од Министерството за надворешна политика на Северна Кореја што го пренесе официјалната ...

Северна Кореја ќе тестира атомска бомба

Дневник - 04.10.2006

Пјонгјанг тврди дека цел на нуклеарното тестирање е да се засили одбраната од „заканите од САД за нуклеарна војна и санкции“ Северна Кореја вчера објави дека планира да ја изврши својата прва нуклеарна проба, што предизвика жестоки реакции од Јужна Кореја и Јапонија, првите соседи на последниот ...

Кина ја повика Северна Кореја на воздржаност во врска со нуклеарните проби

Канал5 - 04.10.2006

Кина ја повика Северна Кореја на „воздржаност во врска со прашањето за нуклеарните проби“, откако вчера земјата објави дека планира да изврши вакво тестирање. - Се надеваме дека Северна Кореја ќе го манифестира потребниот мир и воздржаност во врска со прашањето, - се истакнува во соопштение на ...

Буш побара од ООН да воведат санкции за Северна Кореја

Макфакс - 04.10.2006

Вашингтон Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика светските сили да гласаат за воведување санкции за Северна Кореја, како одговор на нуклеарната проба на Пјонгјанг. „Со своите постапки оваа недела режимот на Северна Кореја уште еднаш го погази својот збор, предизвика меѓународна криза и му ја ...

САД измериле радиоактивност над Северна Кореја

Макфакс - 04.10.2006

Вашингтон Преелиминарните анализи на американската разузнавачка служба потврдија радиоактивност во воздухот над местото каде што Северна Кореја изврши нуклеарна проба. „Во првите анализи се детектирани радиоактивни честици во примероците воздух собрани над Северна Кореја“, објави телевизијата ...

Кина побара од Северна Кореја да го сочува мирот

Макфакс - 04.10.2006

Пекинг Кина побара од Северна Кореја да се воздржи од нуклеарна проба и да се врати на преговорите. „Се надеваме дека Северна Кореја ќе го зачува мирот и ќе се воздржи од извршување на нуклеарни проби“, изјави претставникот на кинеското министерство за надворешни работи Лу Цзјанчао.

Советот за безбедност на ООН за Северна Кореја

Макфакс - 04.10.2006

Њујорк Принципиелна согласност за предлог резолуцијата за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна проба е постигната во Советот за безбедност на ООН. Ова го соопшти американскиот амбасадор во ООН Џон Болтон, додавајќи дека гласањето треба да се изврши денеска.

Нуклеарната проба на Северна Кореја е недопустлива закана

Макфакс - 04.10.2006

Вашингтон Нуклеарната проба на Северна Кореја би била „недопустлива закана“ за мирот и стабилноста во светот и дополнително би ја изолирало државата. Ова синоќа го соопшти портпаролот на американскиот Стејт департмент, Шон Мекормак, кој додаде дека „американските власти заедно со своите сојузници ...

Северна Кореја ќе изврши нуклеарна проба

А1 - 03.10.2006

Северна Кореја соопшти дека ќе изврши нуклеарна проба, „во иднина“. „Северна Кореја во иднина ќе спроведе тестирање на нуклеарно оружје, но таму каде што безбедноста е цврсто осигурана“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

Пјонгјанг нема технологија за ракети што носат нуклеарни глави

Макфакс - 03.10.2006

Сеул Северна Кореја нема развиено ракети што би можеле да носат нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана Јун Кванг-Унг. „Директорите на разузнавачките служби сметаат дека Северна Кореја произвела основно нуклеарно оружје“, рече министерот Унг.

Северна Кореја ќе изврши нуклеарна проба

Макфакс - 03.10.2006

Сеул Северна Кореја соопшти дека ќе изврши нуклеарна проба, „во иднина“. „Северна Кореја во иднина ќе спроведе тестирање на нуклеарно оружје, но таму каде што безбедноста е цврсто осигурана“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

Јапонската влада со нови санкции за Северна Кореја

Макфакс - 03.10.2006

Токио Јапонската влада денеска и службено ги одобри новите санкции за Северна Кореја, со кои се забранува увоз на производи од таа земја и укотвување на севернокорејските бродови на јапонските пристаништа. Официјален Пјонгјанг пак, коментирајќи ги најновите случувања во Јапонија, најави дека ...

Северна Кореја подготвена за „поостри мерки“ против Јапонија

Макфакс - 02.10.2006

Токио Северна Кореја ќе преземе „поостри мерки“ против Јапонија, доколку се воведат дополнителни санкции поради нуклеарната проба на Пјонгјанг. Ова денеска за јапонската новинска агенција „Кјодо“ го изјави висок севернокорејски дипломат.

Америка бара забрана за патувања за Северна Кореја

Макфакс - 02.10.2006

Њујорк САД пушти синоќа во оптек нов предлог резолуција на ОН за Северна Кореја која предвидува забрана за патувања, но ги ублажува финансиските санкции и инспекција на товарите за да ја здобие поддршката на Русија и Кина. Нацртот не ги вклучува барањата на Јапонија на севернокорејските бродови да ...

Буш - Реперкусии за Северна Кореја

Макфакс - 02.10.2006

Вашингтон Северна Кореја ќе се соочи со “сериозни соодветни реперкусии“ заради нуклеарната проба, изјави американскиот претседател Џорџ Буш, демантирајќи ги притоа тврдењата за можен воен одговор на Вашингтон. “Со нашите партнери во регионот и во Советот за безбедност на Обединетите нации работиме ...