TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нетпрес: Се бара одмазда за командант Дрениц

Време - 07.11.2007

НАЈАВА ЗА НОВИ ПРЕСТРЕЛКИ Шестчлена добровооружена група од Косово деновиве се уфрлила во Македонија со намера да го одмазди неодамна убиениот Џавид Морина, алијас командант Дрениц, јавува агенцијата Нетпрес, повикувајќи се на свои извори во македонските безбедносни служби.

Ќе се плаќа ли крвнина за командант Дреница!?

Вечер Прес - 07.11.2007

Лирим Јакупи Нацист, заедно со група од најмалку дваесетина добро вооружени Косовари, деновиве активно се присутни на терен, во тетовската околија, според претпоставките тие ќе го нападнат убиецот на Џавид Морина Лирим Јакупи Нацист, уште еден од опасните терористи кои избегаа од затворот Дубрава ...

Али Красниќи чека распит на хирургија

Дневник - 06.11.2007

Али Красниќи е лицето што се лекува на скопската Клиника за абдоменална хирургија откако беше ранет во минатонеделната пресметка кај тетовското село Одри, потврди вчера директорот на болницата Никола Јанкуловски. Красниќи, со прострелни рани во стомакот, беше префрлен, а прва помош му била укажана ...

Директорот на косовската полиција прашува за Морина

Дневник - 06.11.2007

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Љупчо Тодоровски вчера со директорот на косовската полиција Шеремет Амети разменил сознанија за убиството на Косовецот Џавид Морина, кој со уште шестмина други неодамна избега од затворот „Дубрава“.

Агим Красниќи помоќен од МВР

Дневник - 06.11.2007

Лекарите на скопската Клиника за абдоменална хирургија пет дена по инцидентот во тетовско Одри, официјално потврдија дека кај нив се лекува Али Красниќи, припадник на „кондовскиот клан “ ранет во престрелката. Скопските лекари се покажаа како подобри детективи од полицајците и користејќи современа ...

Ранетиот брат на Красниќи на лекување во Скопје

Време - 05.11.2007

ЧЕТИРИ ДЕНА ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО ОДРИ Али Красниќи, кој беше ранет во минатонеделната крвава пресметка во тетовското село Одри, од завчера бил пренесен на лекување во скопскиот клинички центар. Од МВР засега официјално не потврдуваат дека станува збор за Али Красниќи, брат на кондовецот Агим Красниќи, ...

И АНА го истражува убиството на Морина

Време - 05.11.2007

ПАРАЛЕЛНА ИСТРАГА АНА врши детална истрага за оружениот настан во тетовското село Одри во кое беше убиен Џавид Морина, еден од избеганите од затворот во Дубрава, се вели во соопштението на АНА. Според АНА, истрагата е за да се дознае вистината во која загина нивен член.

„Алфи“ ме киднапираа и ме тепаа

Време - 05.11.2007

БИВШ ПРИПАДНИК НА ОНА ТВРДИ Неџби Јашари, поранешен припадник на ОНА од тетовското село Одри, тврди дека бил киднапиран и сурово претепан од единицата за брза интервенција „Алфи“. Тој вели дека „алфите“ го грабнале додека бил во селското интернет-кафе.

Полицијата не знае со сигурност кое е лицето што се лекува во Клинички центар

Утрински - 05.11.2007

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека едно повредено лице е на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, но засега не можат со сигурност да потврдат дека станува збор за ранетиот Али Красниќи, брат на кондовецот Агим Красниќи.

ДУИ и ДПА си ја префрлаат топката за Одри

Утрински - 05.11.2007

Убиениот Морина ги скара ДУИ и ДПА Ликвидирањето на Џавид Морина, според ДПА, е дело на луѓето на ДУИ, а обвинувањата ДУИ ги отфрла како конфузни СВЕТЛАНА УНКОВСКА Последните инциденти што се случија во тетовското село Одри со убиството на Џавид Морина, а потоа и со претепувањето на Неџби Јашари, ...

Џавид Морина изрешетен со осум куршуми

Утрински - 05.11.2007

ТЕТОВО - Телото на Косовецот Џавид Морина (44), убиен во четвртокот во три часот по полноќ во тетовско Одри, било изрешетено со осум куршуми. Кај Морина се констатирани седум прострелни рани и една влезна рана. Шест од куршумите завршиле во градите и во стомакот, а два во рацете.

Жител на тетовско Одри тврди дека бил претепан од единицата „Алфи“

Утрински - 05.11.2007

Неџби Јашари твди дека бил претепан од полициските „алфи“ Како што наведуваат од полицијата, претепаниот Неџби Јашари, кога го пријавил насилството, навел само едно име, и тоа на припадник на Граничната полиција ТЕТОВО - Неџби Јашари (28) од тетовското село Одри пријавил во МВР дека бил подложен на ...

МВР ќе го испитува тепањето на Неџби Јашари

Дневник - 05.11.2007

Внатрешната контрола на МВР ќе истражува дали полицијата била вмешана во претепувањето на Неџби Јашари (28) од тетовското село Одри. Тој ги обвини припадниците на посебната полициска единица „Алфа“ дека го тепале во саботата, кога го испрашувале за убиството на Џавит Морина.

Али Красниќи се лекува, ДУИ и ДПА пукаат

Дневник - 05.11.2007

Полицијата не може да го идентификува лицето што е на клиниката бидејќи нема лични документи, вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста во МВР ДПА и ДУИ меѓусебно се обвинуваат за престрелката во Одри, а никој од надлежните не е подготвен да потврди дека ранетиот припадник на ...

Претепаниот селанец тврди, бил нападнат од "Алфи"

Вечер Прес - 05.11.2007

Неџби Јашари (28), тврди дека бил претепан од полицијата, за да му изнудат информации за ликвидацијата на Џавит Морина, командант Дреница Втор инциднет во тетовско Одри, по оној минатонеделниот кога бесмилосно беше ликвидиран Џавит Морина алијас командант Дреница.