Узурпација на ректоратот и незаконско инсталирање на нов ректор, ова е ставот на сенатот на државниот тетовски универзитет по заседанието попладнево во Тетово. Во лиферуваното соопштение од сенатот, велат дека не го прифаќаат против законскиот акт, со кој сериозно се гази автономијата на ...
Состојбата во Тетово денеска се смири. Сади Беџети седна на ректорското столче во државниот Тетовски универзитет, но продолжија партиските препукувања. Викендов се подготовките, а од понеделник универзитетот продолжува со работа. Транспарентност и легални избори на сите нивоа, најави новиот ректор.
ТЕТОВСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ПОД ОПСАДА Вистинска драма се случувала вчера на Државниот универзитет во Тетово во врска со смената на ректорот Неџбедин Беадини. Зад затворени врати, со големо обезбедување и под закани, одредени структури од ДПА се обидувале да го сменат ректорот на кого мандатот му ...
ДПА го окарактеризира случајот како „примопредавање на должноста", а потоа се коригира и рече дека имало само инспекција Оливера Војновска Демократската унија за интеграции вчера ја обвини ДПА дека го држи во заложништво ректорот на Тетовскиот универзитет, Неџмедин Беадини.
Ректорот на Државниот универзитет во Тетово Неџбедин Беадини вчера бил сменет од функцијата поради финансиски малверзации, а на негово место министерот за образование Сулејман Рушити го назначил Сади Беџети, професор на Универзитетот и член на ДПА, дознаваме неофицијално.
Министерот за образование Сулејман Рушити нема никакво законско право да го разрешува ректорот на Тетовскиот универзитет. Ова е експертската реакција по вчерашните смени на врвот на оваа институција – разрешувањето на Неџбедин Беадини и именувањето на Сали Беџети за в.д. ректор.
Тетово Професор доктор Сади Беџети е новиот вршител должност ректор на Државниот универзитет во Тетово. Ова е резултат на вчерашните повеќечасовни разговори во деканатот на тетовскиот универзитет, на кој присуствуваа градоначалникот на Тетово, Хазби Лика, како и претставници на мисиите на ОБСЕ и ЕУ.
Тетово Д-р Сали Беџети денеска е потврден за в.д. ректор на Државниот универзитет во Тетово од страна на Сенатот на Универзитетот, јави дописникот на Макфакс. При тоа Сенатот донел одлука и за разрешување на досегашниот ректор Неџбедин Беадини.
Проф. д-р Сади Беџети е новиот в.д. ректор на државниот Тетовски универзитет. Барем според изјавите и лиферуваното соопштение без печат од универзитетот, заврши денешната драма во ректоратот. Новиот ректор изјави дека примопредавањето на должноста поминало по налог на Министерството за образование ...
Случувањата во тетовскиот универзитет беа обелоденети од собраниската говорница. ДУИ тврдеше дека вооружени луѓе од власта, пред очите на полицијата, го држат во заложништво ректорот Неџбедин Беадини. ДПА негираше. Случувањата во тетовскиот универзитет беа обелоденети од собраниската говорница.
Со решение на министерот за образование Сулејман Рушити денеска на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) беше извршена смена на ректорот. Наместо досегашниот ректор Неџбедин Беадини за нов вршител на должноста ректор е назначен Саби Беџети.
Скопје Мисијата на Европската унија во Македонија ги поздрави напорите на Владата да го истражи неодамнешното назначување на новиот в.д. ректор на државниот универзитет во Тетово. „Мисијата на Европската Унија во Скопје подвлекува дека секоја конечна одлука во однос на ова прашање мора да биде ...