TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прекината блокадата на штабот на Арафат

А1 - 29.09.2002

Израелската армија денеска ја прекина десетдневната опсада на седиштето палестинскиот лидер Јасер Арафат и почна да се повлекува, јавуваат агенциите. Според истите извори отстранет е обрачот од бодливата жица и симнато е израелското знаме, поставено во близина на штабот на Арафат.

ОН го повикаа Израел да ја прекине блокадата

А1 - 28.09.2002

Советот за безбедност на Обединетите Нации повторно побара од Израел да ја прекине опсадата на седиштето на лидерот Јасер Арафат во Рамалах. По консултациите е соопштено дека е побарано резолуцијата 1435 во целост да се почитува од страна на Израел, што подразбира повлекување на позициите септемрви ...

Командантот на Хамас се извлече жив од ракетиран автомобил

Дневник - 28.09.2002

ГАЗА Израелските власти вчера потврдија дека борбени хеликоптери со ракети го погодиле автомобилот на најбараниот терорист Мохамед Деиф, но оти командантот на Хамас жив се извлекол од своето возило, јави Ројтерс. При нападот во преполна улица во Газа биле убиени други двајца членови на Хамас, кои ...

Ранет шеф на Хамас

А1 - 27.09.2002

Еден од главните шефови на воениот огранок на исламистичкото движење Хамас, Мохамед Деиф, беше ранет во израелски ракетен напад на Газа, во кој вчера загинаа две лица, а 25 Палестинци беа повредени. Палестински болнички извор од безбедносни причини одби да соопшти детали за здравствената состојба ...

Израел ја ракетира Газа, загинаа тројца Палестинци

Вест - 27.09.2002

Палестинците со камења маваа по израелските војници во Рамалах на Западниот Брег ГАЗА, 27 септември (Ројтерс) - Израелски воени хеликоптери извршиле напад врз градот Газа при што според кажувањата на сведоците најмалку три лица биле убиени, а два автомобила биле уништени.

Израелците сепак на 20 ноември ќе играат на "Градски"

Вест - 27.09.2002

Иако претходно откажаа И покрај тоа што пред еден месец израелската фудбалска репрезентација одби да игра со нашиот нацинален тим во Скопје, по разговорот на двата селектори на Конференцијата во Варшава е договорено на 20 ноември Израелците сепак да гостуваат кај нас.

Со Израел сепак во Скопје на 20 ноември

Дневник - 27.09.2002

Македонија сепак ќе игра пријателски натпревар со Израел на 20 ноември, откако селекторот Никола Илиевски се договорил за тоа со својот израелски колега на Конгресот на европски селектори и директори на репрезентации. Македонија имаше закажано два меча со Израел, но работата се изјалови при ...

Израел убеден во исправноста на блокадата врз Арафат

А1 - 26.09.2002

Израел денеска ја бранеше од критиките својата еднонеделна блокада на седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, соопштувајќи дека таа има за цел спречување на палестинското насилство планирано во исчекувањето на американската војна против Ирак.

ЕУ побара поцврста акција од Арафат

Утрински - 25.09.2002

Реакција КОПЕНХАГЕН - Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, кој стои на чело на ротирачкото претседателство на Европската унија, вчера апелираше до палестинскиот лидер Јасер Арафат да направи сў во неговата моќ за да ги спречи самоубиствените напади во Израел.

Шарон пред меѓународна изолација

Утрински - 25.09.2002

По уривањет?на штабот на Арафат во Рамала??новите убиств?на Палестинците Израелскат?војска ја нападн?Газа ?уб?деве?Палестинци ГАЗА - Израелскат?војска вчер?уб?деве?Палестинци во еден од најголемит?напади во појасо?Газа, соочувајќи се со меѓународн?изолациј? поради опсадата на седиштет?на ...

Со резолуција осудена израелската акција против Арафат

Дневник - 25.09.2002

ПО ДОЛГА ДЕБАТА ВО он Советот за безбедност а Обединетите нации вчера усвои резолуција во која остро го осуди Израел поради уривањето на резиденцијата на палестинскиот лидер Јасер Арафат и побара од израелските сили веднаш да го повлечат од палестинскиот штаб во Рамалах, јави Ројтерс.

Израелска операција во предградија на Газа

А1 - 24.09.2002

Дванаесетина израелски тенкови со подршка на хеликоптери денеска влегоа во две предградија на Газа, во операција за уривање на куќите на осомничените палестински екстремисти, јавија агенциите, повикувајќи се на изјави на очевидци.

Арафат одби на Израел да ги предаде милитантите кои се кријат во неговиот штаб

Вест - 24.09.2002

РАМАЛАХ, 24 септември (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Јасер Арафат вчера ги отфрли барањата на Израел да предаде список на сите луѓе кои се кријат со него во штабот во Рамалах. Израелската војска му дозволи на главниот палестински преговарач Саеб Ерекат да влезе во опседнатиот претседателски ...

Булдожерите го запреа уништувањето на штабот на Арафат

Утрински - 24.09.2002

По големата меѓународна осуда, вклучувајќи ги и САД, на акцијата на израелската војска РАМАЛАХ - Израелските војници вчера се стационираа околу седиштето на Јасер Арафат на Западниот Брег, откако го прекинаа уништувањето на неговиот претседателски комплекс поради меѓународната осуда, која уследи ...

Израелците му оставија само една куќарка на Арафат

Дневник - 24.09.2002

ОДМАЗДНИЧКА АКЦИЈА НА ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВО РАМАЛАХ Израелските трупи што завчера го срамнија со земја речиси целиот резиденциски комплекс на палестинскиот лидер во Рамалах, вчера се вкопаа околу единствената здрава зграда во која остана Јасер Арафат со 250 палестински офицери и телохранители, јави ...

Израелската војска го прекина уништувањето на штабот на Арафат

А1 - 23.09.2002

Израелската војска ги запре синоќа своите операции на уништување на седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат, од кое остана само една зграда, соопштија израелски воени извори и шефот на дипломатијата Шимон Перез. Тој изјави дека Израел нема намера да му наштети на Арафат, ниту да го принуди да ...

Четири Палестинци загинаа во протестите против израелската блокада на Арафат

Вест - 23.09.2002

РАМАЛАХ, Западниот брег, 23 септември (АП) - Илјадници Палестинци, и покрај воведениот полициски час, излегоа вчера на улиците на Западниот Брег и Газа за да протестираат против израелскиот напад врз штабот на Јасер Арафат. Во демонстрациите четворица демонстранти загинале од армиски оган, додека ...

Седиштето на Арафат срамнето со земја

Утрински - 23.09.2002

Продолжуваат обидите на израелската армија за фаќање на палестинските милитанти РАМАЛАХ - Израелската армија урнала куќа во близина на канцелариите на палестинскиот лидер Јасер Арафат, во неговото седиште во Рамалах, по демонстрациите во текот на ноќта, во кои, според извештаите, четворица ...