И денеска продолжува акцијата за расчистување на Арачиново. Специјалните безбедносни сили на РМ вршат детален претрес на куќите кои терористите ги напуштија. Според текот на досегашните активности, се очекува во најскоро време да се санира електричната мрежа и санбдувањето со вода.
Раселените жители на Арачиново с&ицирц; уште не можат да се вратат дома. Полицијата треба да го пребара целото село, да ја извади целата муниција, да ги деактивира сите евентуално поставени мини, па дури потоа да го обезбеди тереот за непречено вселување.
ВО КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКИОТ КРИЗЕН РЕОН РЕЛАТИВНО МИРНО Вооружените пресметки меѓу албанските паравојници започнале завчера попладне, два дена по доаѓањето на арачиновските терористи КУМАНОВО.- Меѓусебните вооружени пресметки на албанските терористи во селото Никуштак, продолжија и вчера.
Звонимир Јанкулоски-Закони Несомнено дека зголемувањето на овластувањата на полицијата во борбата со тероризмот е застрашувачка до степен во кој може да ги повреди слободата и правата на граѓаните, меѓутоа, демократијата е зависна од вакво право секогаш кога е потребно да се одржи поредокот што ќе ...
Денеска продолжи операцијата за чистење на скопското село Арачиново од мини и оружје, која наскоро треба да заврши. Во селото се наоѓаат претставници на ОБСЕ и ЕУ во својство на набљудувачи. Полицијата не дозволува влез на цивилите кои пред три недели ги напуштија домовите.
Денеска претпладне продолжи операцијата за чистење на скопското село Арачиново од мини и оружје, која наскоро треба да заврши. Во селото се наоѓаат претставници на ОБСЕ и ЕУ во својство на набљудувачи. Ситуацијата во кумановско во текот на ноќта и претпладнево е мирна.
ЗАТИШЈЕ НА КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКОТО БОИШТЕ КУМАНОВО.- Затишје на кумановско-липковското боиште. Вчера немаше посериозни вооружени провокации од албанските терористи во реонот на Слупчане и Липково, освен неколку снајперски и митралески провокации врз македонските безбедносни сили.
Македонската влада вчера го поздрави потегот на американскиот претседател џорџ буШ за блокирање на имотот на лицата кои се закана за стабилизација на балканот, оценувајЌи оти тој Чекор на белата куЌа треба да го следат и другите европски земји.
Македонските сили целосно го контролираат Арачиново. Вчера селото беше речиси херметички затворено, а причина за тоа, како што дознаваме, е претресот на куќите и опасноста од присуство на терористи, кои, евентуално, можеби се скриени во горниот дел од селото.
ДРЖАВНИОТ ВРВ ЗАДОВОЛЕН ОД НАРЕДБИТЕ НА БУШ Одлуката на Буш ќе помогне да се спроведе планот за справување со кризата, истакна претседателот Трајковски Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, и Владата ја поздравија наредбата на американскиот претседател Џорџ Буш да се забранат ...
ВАШИНГТОН ПРЕЗЕДЕ РИГОРОЗНИ МЕРКИ ПРОТИВ ТЕРОРИСТИТЕ САД им се приклучија на европските сојузници и другите членки на ОН во острата осуда на терористичкото насилство на вооружените екстремисти, чија цел е да се дестабилизира мултиетничката влада на Македонија, соопшти Белата куќа Американскиот ...
Коментар-Жарко Јорданоски По нервозата што се создаде во македонската јавност поради контроверзната улога на НАТО во евакуирањето на терористите од скопското село Арачиново, конечно од Вашингтон пристигна една охрабрувачка вест.
ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ ЗА НАРЕДБАta НА БУШ СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваат завчерашната одлука на претседателот на САД, Џорџ Буш, со која американската администрација, според нив, зазеде категоричен став во однос на терористичките групации што ги загрозуваат мирот и стабилноста во Македонија и регионот.
Во Кумановско Фракции на албанските терористи во кумановското село Никуштак вчера почнаа меѓусебни престрелки. На кумановскиот фронт вчера беше мирно, по зачестените престрелки меѓу терористите од Никуштак и македонските здружени сили за безбедност предминатата ноќ.
Арачиново по 18 дена окупација сега е под контрола на македонските безбедносни сили, но разурнато. Луѓето полека се враќаат во своите домови, но што наоѓаат. Вчера се вратија и првите жители во селото. Но, поголемиот број од нив ги најдоа своите домови разурнати како последица на офанизвата и ...
Вчерашните одлуки на председателот Буш преставуваат најконкретен чекор на американската администрација за осуда на тероризмот со кој се напаѓа суверенитетот на Македонија, изјави председателот Борис Трајковски на барање на А1 да ги искоментира одлуките на американскиот председател за запирање на ...
ВО КУМАНОВСКО ЛИПКОВСКИОТ РЕОН ВООРУЖЕНИТЕ ЕКСТРЕМИСТИ СО НОВА ТАКТИКА Интензивирани воените дејства во Виштица, Никуштак и Умин дол. Албанските терористи го нападнале воено-полицискиот пункт кај селото Умин Дол и се обиделе со пешадиски напад да го заземат пунктот, палејќи ги житата помеѓу ...
Во селото пронајдено огромно количество оружје и муниција, оставено во подземните тунели и бункери кои ги поврзуваа главните упоришта на терористите По 14-дневна опсада од албанските терористи, завчеравчера во Арачиново влегоа македонските полициски и армиски сили, откако селото беше исчистено од ...
НА УЛИЦИТЕ ВО АРАЧИНОВО ИЗЛЕГОА СЕЛАНИТЕ КОИ ЗА ВРЕМЕ НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ОПСАДА СЕ КРИЕЛЕ ВО ПОДРУМИТЕ Тие што пукаа ни рекоа дека со нас немаат ништо и дека се тука за да не ослободат, ретко излегувавме, а кога излегувавме да го нахраниме добитокот, гледавме некои луѓе во црни унифирми како се ...
МАКЕДОНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГОА ВО ГНЕЗДОТО НА БАНДИТИТЕ Луѓето што дојдоа во селото носеа униформи и оружје, влегуваа во куќите, крадеа, носеа се, вели една седумдесетгодишна жителка на селото, која 20 дена се криела заедно со семејството на нејзиниот сосед Шаим Македонските сили за безбедност и ...
СПОРЕД ПОРТПАРОЛОТ НА БЕЛАТА КУЌА Извлекувањето на неколкуте стотини албански терористи од Арачиново од страна на американските војници во НАТО го одобри претседателот на САД Џорџ Буш, соопшти прексиноќа портпаролот на Белата куќа Ари Флејшер.
Терористите не престанаа со нападите врз македонските безбедносни сили и во текот на денов. Терористите повторно ги палеа и житата помеѓу Никуштак и Умин Дол, со што предизвикуваа чадна завеса која им овозможува приближување до позициите на АРМ и полесно движење до останатите окупирани села.
Припадниците на силите за безбедност денеска почнуваат со детално пребарување на селото Арачиново во близина на Скопје, кое две недели беше под контрола на албанските терористи. Од синоќа Арачиново е под целосна контрола на македонската полиција.
30 најзакоравени терористи се разоружани и однесени во базата Бондстил на Косово. Според договорот, КФОР им гарантира на македонските власти дека овие 30 души ќе и бидат испорачани за судење на Македонија По тридневната акција на македонските сили, во Арачиново веќе нема албански терористи.
ТРАЈКОВСКИ ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ И ЕДИНСТВО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ МИР Не се согласувам со оние кои се обидоа Арачиново да го пренесат во Скопје, иако имам разбирање за револтот на граѓаните, рече Трајковски и обвини некои внатрешни сили кои сакаа да предизвикаат немири со граѓански судир.
Нова демократија бара од меѓународната заедница, ОН, ЕУ и од НАТО да застанат на страната на демократијата и да престанат посредно да ги поддржуваат терористите, бидејќи, како што рече лидерот на партијата Чедо Петров, во Македонија не се води меѓуетничка војна, туку битка против тероризмот.
Жителите на селото Умин Дол, прв сосед на Никуштак, завчера поставија блокади на патот за да го спречат автобускиот транспорт со кој требаше да се извлече паравојската од Арачиново Терористите од Арачиново се преселија во Никуштак и околните кумановски села, велат жителите на селото Умин Дол, прв ...
ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ ОСТРО РЕАГИРА НА ЗАВЧЕРАШНИТЕ НАСТАНИ ВО АРАЧИНОВО МПС упати отворен повик до КФОР и НАТО и до целокупната меѓународна заедница, јасно да се произнесат на чија страна се и ако не се способни да ги разоружаат терористите, да ги остават безбедносите сили да се справат на начин на ...
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Петтемина полицајци кои завчера беа повредени во терористичкиот напад на Попова Шапка, по хоспитализирањето и укажаната прва помош на Хируршките клиники, се надвор од животна опасност. Полицаецот кој во болницата бил донесен со тешки повреди во ногата и во пределот на вратот и ...
Коментар-Катерина Блажевска Државната власт мора да сфати дека дојде време да ја каже целата вистина за арачиновскиот рубикон, зашто граѓаните на оваа земја не заслужуваат некој да ги влече за нос. Тие единствени чесни, мудри и достоинствени чинители на мирот во Македонија заслужуваат да ја знаат ...
ПРОТЕСТИ И ПУКОТНИЦИ ПРЕКСИНОЌА ГО ПОТРЕСУВАА СКОПЈЕ Причина за протестот беа одлуката за прекин на воената акција во Арачиново, евакуацијата на терористите и последните постапки на државниот врв и на ЕУ во справувањето со кризата Повеќе илјади граѓани и припадници на македонските безбедносни сили ...
КОЈ Е КОЈ ВО АРАЧИНОВСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Неколку познати семејства во Арачиново се организирани пренесувачи, произведувачи и дилери на наркотични средства Цели семејства од албанско етничко потекло од скопското село Арачиново се вклучени во организиран бизнис со дрога и оружје, велат извори од ...
ПАРТИСКИ РЕАКЦИИ По завчерашните протести пред Собранието на Република Македонија повеќето политички партии вчера ги повикаа граѓаните на смирено однесување. Партиите најчесто го оценуваат како оправдан револтот на граѓаните и на резервистите, по одлуката за прекин на огнот кај Арачиново и ...
ТРАЈКОВСКИ И СЕ ОБРАТИ НА НАЦИЈАТА Ако се бориме едни против други, му одиме во прилог на нашиот непријател, и поразот ќе биде неминовен, изјави претседателот Борис Трајковски при вчерашното обраќање до нацијата Во ова време на криза, нацијата не може да си дозволи неединство.
КОЈ ГО ДОГОВОРИЛ ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ТЕРОРИСТИТЕ ОД АРАЧИНОВО? Унијата го условила прекинот на огнот со раскинување на Спогодбата за асоцијација со Македонија Најекстремните триесетина албански терористи од Арачиново завчера доцна вечерта биле разоружани и со автобуси префрлени на Косово, најверојатно ...
Македонскиот претседател Борис Трајковски ја повика денеска нацијата на единство за дефинитивен пораз на терористите кои веќе четири месеци претставуваат закана за територијалниот интегритет на земјата. Во ова време на криза, нацијата не може да си дозволи неединство.
Партијата ВМРО ДПМНЕ изразува загриженост поради синоќешните протести пред македонскиот парламент кои се случија како реакција на незадоволсвото поради постигнатото примирје во Арачиново, кое како што се вели во соопштението произлезе од силното меѓународно влијание.
Без истрели и детонации е денеска во Арачиново. Сепак, во овој регион се чуствува голема напнатост. Пред влезот во селото се уште стојат барикадите кои вчера ги поставија тамошните жители во знак на револт, оневозможувајќи на автобусите кои ги префрлија албанските терористи да поминат по патот.
Утрово терористите од Никуштак го прекинале примирјето и со употреба на авоматско оружје, снајпери и зољи ги провоцирале македонските безбедносните сили. Во текот на денот бил нападнат и полицискиот пункт помеѓу Никуштак и Крушино, поради тоа припадниците на безбедносните сили возвратиле со ...
АРАЧИНОВСКО - КУМАНОВСКИ ФРОНТ Во Арачиново црни униформи се рашетуваат, а на армиските и полициските единици строго им е наредено да не дејствуваат врз нив. Во Куманово мирно. Поразените албански паравоени формации, кои од завчера седат во еден дел од Арачиново, и вчера го поминаа денот таму, ...
СО ПОДДРШКА НА ЕУ И СО ПОСРЕДСТВО НА НАТО И ОБСЕ Македонските власти велат дека меѓународната заедница гарантира дека конвојот со терористите ќе биде придружуван од македонските сили и дека полицијата нема да ги напушти своите позиции во селото и ќе продолжи да ги чисти куќите Конвој од 15 автобуси ...
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Во текот на викендот, заклучно со вчерашниот ден во Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје биле примени вкупно 27 припадници на безбедносните сили. Од нив 11 се пуштени на домашно лекување, додека 16 полицајци с&ицирц; уште се хоспитализирани на клиниките.
Коментар - Георги Барбаровски Војнички, терористите се поразени во Арачиново. Политички, Македонија е поразена во Луксембург. Пораз поради победата? Како да се објасни тоа? Тие што го знаат првиот принцип на "врховниот судија" - во местата на конфликти секогаш да се избалансираат резултатите, со ...
ПО ЖЕСТОКАТА АКЦИЈА НА АРМ и на МВР Под силен притисок на меѓународната заедница, Владата дозволи терористите да го напуштат селото и да заминат во липковскиот регион Терористите од Арачиново вчера со автобуси го напуштија селото и заминаа кон кумановското село Липково.
СПОРЕД "ДЕЈЛИ ТЕЛЕГРАФ" Британскиот весник "Дејли телеграф" наведува дека ако продолжи договореното примирје, неколку стотини британски војници би можеле во следните денови да почнат да се распоредуваат во кризните области во Македонија, како дел од планираниот контингент од 3.000 војници на НАТО.
ПАРТИИТЕ ЗА АКЦИЈАТА ВО АРАЧИНОВО Западните сили и ОНА во Арачиново ги штитат лабораториите за дрога, а не правата на Албанците, смета Павле Трајанов Се надеваме дека повлекувањето на терористите од Арачиново ќе значи и симболично повлекување на сите припадници на таа паравоена формација од целата ...
Албанските терористи од Арачиново денеска заминуваат кон Липково со своето лично оружје. Дали има и друго оружје во камионите никој не знае. Околу 18 часот почна повлекувањето на конвојот кон Липково. 4 камиони се уаптија кон Никуштак.
Полицискиот пункт кај Никуштак е повлечен. Ова село е само дел од патот по кој треба терористите да поминат кон Липково. Според полициски извори една од варијантата е тие да останат во Никуштак. Во околината на Никуштак е забележано подготвување на конвој и 70 - тина терористи во црни униформи.
Во собранието на Република Македонија денеска е во тек 78 седница, на чиј дневен ред се 39 точки, меѓу кои е и предлогот за именување заменик на министерот за одбрана. Околу 60 граѓани од Арачиново протестираа пред Собранието бидејќи се плашат да се вратат во Арачиново сметајќи дека селото не е ...
Специјалниот пратеник на НАТО, американскиот амбасадор Питер Фејт, кој посредуваше и во разоружувањето на ОВПМБ во јужна Србија, од синоќа учествува во преговорите како техничка помош, изјави денеска за А1 портпаролот на НАТО Ив Бродар.
ВО АКЦИИТЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ КАЈ АРЧИНОВО Во Ургентниот центар, во текот на завчерашниот ден, вкупно се примени 10 припадници на полициските сили. Еден полицаец, веднаш по донесувањето, починал. Двајца итно биле оперирани и, по интервенцијата, едниот е во стабилна состојба, додека другиот...
ЖЕСТОКО И НА КУМАНОВСКО-ЛИПКОВСКИОТ ФРОНТ КУМАНОВО.- Жестоката офанзива на македонските безбедносни сили која започна во петок, продолжи и во деновите на викендот, во кумановско-липковскиот регион каде што се наоѓаат албанските терористички групи.
По тридневни борби, вчера беа блокирани сите излези на терористите во Арачиново, така што тие, фатени живи во обрач, вчера напладне кренаа бели знамиња, поради што високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана веднаш им скокна на помош и околу 14 часот...
НАЈЖЕСТОКА ОФАНЗИВА НА МАКЕДОНСКИТЕ СИЛИ ВО АРАЧИНОВО Тројца полицајци загинаа, а 17 беа ранети во тридневните борби против терористите во Скопско Македонските сили за безбедност вчера во 14 часот ја запреа досега најжестоката акција во Арачиново, која почна во петокот.
ВЧЕРА НА ПЛАДНЕ Планот на еврокомесарот предвидувал НАТО, ОБСЕ и Меѓународниот црвен крст да организираат повлекување на терористите во Липково Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, вчера попладне изврши огромен притисок врз македонското ...
Коментар - Бранко Ѓорѓевски Наивно би било да им се верува на Имер Имери и на Арбен Џафери дека битката што се водеше во Арачиново била причина за блокадите на политичкиот дијалог на лидерите за излез од кризата. Дека со неа, наводно, се прекршил некој договор за примирје, биле повредени некои ...
ВО СКОПСКО И ВО ТЕТОВСКО Тројца полицајци загинале, а осумнаесет се повредени во борбите со албанските терористи во скопското село Арачиново и во Тетовско во изминатиот викенд Тројца полицајци загинале, а осумнаесет се повредени во борбите со албанските терористи во скопското село Арачиново и во ...