TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Едно лице убиено денеска во Налчик

Макфакс - 08.10.2005

Москва Едно лице е убиено изутрината во Налчик по оружен судир на контролна точка, а покрената е и потрага по две лица кои за време на инцидентот биле со него, објавија денеска полициски претставници. Според истите извори, руските безбедносни сили затвориле дел од Налчик, во потрага по исламски ...

Нови судири меѓу полицијата и бунтовниците

Макфакс - 08.10.2005

Налчик Оружени судири меѓу руските служби за безбедност и бунтовниците во три дела на јужниот руски град Налчик избија изутрината, а полицијата тврди дека тие се дел од специјалните операции за апсење на осомничени терористи.

Басаев ја презеде одговорноста за нападот во Налчик

Макфакс - 07.10.2005

Москва Чеченскиот воен лидери Шамил Басаев ја презеде денеска одговорноста за нападот врз руските сили за безбедност во Налчик, во Кавказ, се наведува во соопштението објавено на сепаратистичката Интернет-страница Кавказ-Центар.

Целосно задушен бунтот во Налчик

Макфакс - 04.10.2005

Налчик Руските безбедносни сили денеска во целост го задушија бунтот и нападите на чеченските бунтовници во рускиот град Налчик, само еден ден откако бунтовниците го нападнаа овој град, при што загинаа околу 100 лица, јавуваат руските медиуми.

Над 80 загинати во нападот на Налчик

Макфакс - 04.10.2005

Москва Руските сили за безбедност ослободија денеска изутрина пет заложници што во една полициска станица ги држеа терористите кои во четвртокот влегоа во Налчик, главен град на руската република Кабардино Балкарија. Притоа се убиени осум терористи, соопшти заменикот на главниот обвинител на Русија ...

Убиени 50 бунтовници во Налчик – се уште има спорадични престрелки

Макфакс - 03.10.2005

Москва Околу 50 бунтовници, како и 12 цивили се убиени при нападот извршен денеска врз силите за безбедност во Налчик, главниот град на Кабардино-Балкариа, соопшти претседателот на оваа јужна руска република Арсен Каноков. Според руските информативни агенции, во нападите врз речиси сите витални ...

Путин нареди блокада на Налчик и ликвидација на бунтовниците

Макфакс - 03.10.2005

Москва Рускиот претседател Владимир Путин нареди Налчик да биде целосно блокиран, така што ниту еден од бунтовниците да не може да го напушти градот, изјави по средбата со Путин заменикот на министерот за внатрешни работи на Русија Александар Чекалин.

Обид за преврат во главниот град на Кабардино –Балкариа

Макфакс - 03.10.2005

Налчик Повеќе групи вооружени бунтовници од изутрината се обидуваат да ја преземат власта во Налчик, главен град на руската република Кабардино-Балкариа, во јужниот дел од земјата. Според последните информации на главните електронски медиуми во Москва, кои се повикуваат на различни извори во ...

Неуспешен обид за преврат во главниот град на Кабардино –Балкариа

Макфакс - 03.10.2005

Москва Повеќе групи вооружени бунтовници изутрината се обидоа да ја преземат власта во Налчик, главен град на руската република Кабардино-Балкариа, во јужниот дел од земјата, при што има жртви. Според последните информации на главните електронски медиуми во Москва, кои се повикуваат на различни ...