TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелската војска ќе се повлече од Појасот Газа

А1 - 28.06.2003

Израелската војска ќе се повлече од делови на Појасот Газа, јавуваат израелските медиуми по синоќешната спогодба на експертите за безбедносни прашања од двете страни. Според овие извори, армијата би можела да се повлече веќе в понеделник, а кусо потоа би следело повлекување и од градот Витлеем на ...

Израел наскоро ќе се повлече од Газа

Вест - 28.06.2003

Израелските сили вчера убија еден Палестинец член на Хамас и му ја разорија куќата во едно село во Појасот Газа ТЕЛ АВИВ, 28 јуни, (Ројтерс) - Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом вчера изјави дека на повидок е договор со Палестинците за повлекување на израелските сили од појасот ...

Израелците и Палестинците постигнаа согласност за повлекување од Газа и Витлеем

А1 - 27.06.2003

Израел и палестинските автономни власти денеска постигнаа спогодба за повлекување на израелската војска од северниот дел на Појасот Газа и од градот Витлеем, кој се наоѓа на Западниот Брег. Спогодбата била постигната на средбата на раководствата на израелските и палестинските служби за безбедност, ...

Исламските милитанти прифатија 3-месечно примирје со Израел

Вест - 27.06.2003

ЕРУСАЛИМ, 27 јуни (АП) - Палестинските преговарачи вчера изјавија дека успеале исламските милитанти да ги натераат да се обврзат кон прекин на нападите врз Израелците за три месеци. За разлика од нив еден лидер на Хамас напомена дека ќе биде потребно уште време.

Палестинците одбија разоружување на Хамас

Утрински - 27.06.2003

Отфрлено барањето на американскиот претседател Џорџ Буш ГАЗА - Палестинската власт вчера го отфрли барањето на американскиот претседател Џорџ Буш да се разоружи Хамас и другите милитантни антиизраелски групи, истакнувајќи дека таков обид би поттикнал палестинска граѓанска војна.

Хамас и Исламски Џихад се согласиле на тримесечен прекин на огнот

А1 - 26.06.2003

Портпаролите на Хамас и на Исламски Џихад потврдија денеска дека се согласиле на тримесечен прекин на огнот со Израел, јавуваат агенциите. Палестинските посредници во преговорите за прекин на огнот претходно изјавија дека Хамас и Исламски Џихад „начелно“ се согласиле околу прекинот на огнот со ...

Израел чека одговор од Хамас за примирје и им ги убива членовите

Вест - 26.06.2003

ЕРУСАЛИМ, 26 јуни (АП) - Израелските војници вчера во Појасот Газа застрелале и убиле двајца вооружени напаѓачи на Хамас, а полицијата соопшти дека успеала да ги спречи плановите на Палестинците да изведат нов напад во Израел и сето тоа додека се чека одговор од Хамас за примирје со Израел.

Убиени двајца членови на Хамас

А1 - 25.06.2003

Во денешната престрелка во Појасот Газа израелски војници убија два члена на радикалната палестинска организација Хамас, се наведува во соопштението на оваа група. Хамас истакнува дека двајцата борци загинале при напад врз израелски воен пункт во Газа.

Израел уапси на 100 членови на Хамас во Хеброн

Вест - 25.06.2003

Ерусалим, 25 јуни - Повеќе од сто активисти на палестинската радикална исламистичка група Хамас вчера во Хеброн беа приведени од елитните единици на израелската пешадија. Во соопштението на израелската армија се наведува дека Хамас во реонот на Хеброн е виновна за смртта на 52 израелски граѓани, ...

Израел масовно апси Палестинци

Утрински - 25.06.2003

Блиски исток ХЕБРОН - Израелските сили вчера уапсија повеќе од 130 Палестинци во потрагата по осомничени милитанти, со што ги подвлекоа палестинските обвиненија дека Израел се обидува да ги саботира напорите за постигнување прекин на огнот.

Уапсени околу 130 активисти на Хамас

А1 - 24.06.2003

Околу 130 Палестинци се уапсени изутринава во израелската акција организирана со цел апсење на припадници на Хамас во Хеброн, соопштија воени извори. Рацијата следеше по слична операција што во текот на ноќта се одвиваше во Наблус.

Хамас блиску до примирје

Вест - 24.06.2003

ГАЗА, Појасот Газа 24 јуни (АП) - Палестинските власти вчера соопштија дека наскоро очекуваат позитивен одговор од Хамас за договорот за мир со Израел, а египетски дипломатски извори соопштија дека тоа ќе биде објавено во Каиро.

Крвопролевањето на Блискиот Исток зема замав

Утрински - 24.06.2003

Додека САД и другите меѓународни посредници се обидуваат да го спасат мировниот план ГАЗА - Четворица палестински милитанти се убиени во експлозија која се случи во неделата во појасот Газа, изјавуваат палестински очевидци и лекари, додека САД и другите меѓународни посредници се обидуваат да го ...

Четворица палестински милитанти загинаа при експлозија

Дневник - 24.06.2003

ВО ПОЈАСОТ ГАЗА Четворица припадници на палестинската милитантна фракција Маченички бригади на ал-Акса од групата Фатах прексиноќа загинале при експлозија во местото Бејт Ханун во појасот Газа, јави Ројтерс. Уште четири милитанти биле ранети.

Убиени четворица Палестинци при напад на израелски тенк

А1 - 23.06.2003

Четворица Палестинци, припадници на милитантното крило „Фатах ал-Акса Мартирс бригади“, синоќа биле убиени, а четворица биле ранети при обидот да нападнат тенк на израелската војска. Израелски извори наведуваат дека Палестинците загинале откако експлодирала експлозивната направа во нивните раце ...

Израелските сили убија уште еден од лидерите на Хамас

Утрински - 23.06.2003

Додека креаторите на "мапата на мирот" се обидуваат да го спасат блискоисточниот мировен план ХЕБРОН - Израелските сили убија еден официјален претставник на Хамас во градот Хеброн во Западниот Брег, откако креаторите на "мапата на мирот" се подготвуваа вчера да се состанат за да разговараат за ...