TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Железничарите најавија блокада на пругите со жива сила

А1 - 01.12.2002

Од утре желзничарите ќе ги блокираат пругите со жива сила. Тие и натаму бараат од владата пари за исплата на една плата како услов да го прекинат штрајкот. Во владата пак сеуште никој не сака да разговара со штрајкувачите од МЖ.

МЖ побара 4,2 милиони евра заостанат долг од Владата

А1 - 30.11.2002

Македонски железници побара од Владата 4,2 милиони евра, пари што се стар, заостанат долг од Владата кон Железниците. Станува збор за пари што Владата, според законот за железници, морала да ги издвојува од буџетот секоја година за одржување на инфраструктурата.

Владата не се плаши од заканата за синдикален штрајк

Дневник - 30.11.2002

СОЦИЈАЛНАТА СПОГОДБА С¦ УШТЕ БЕЗ ПОТПИС Синдикатот очекува во наредната недела со Владата да ја потпишат социјалната спогодба, вели Мато Симовски од ССМ Владата не расправала за најавата на синдикалниот лидер Ванчо Муратовски дека ќе организира голем штрајк, ако до 20 декември не се потпише ...

Нема решение за штрајкот на железничарите

А1 - 29.11.2002

Меѓународните патнички и товарни возови веќе трети ден се под целосна блокада. Решение нема, иако штрајкувачите се постојано на отворена линија со директорот Стефановски. Тој и денеска им понудил на железничарите половина плата, колку што и реално има пари на сметката на Македонски железници.

Железничарите штрајкуваат, патниците се снаоѓаат како што умеат

Утрински - 29.11.2002

Продолжува блокадата на домашниот и на меѓународниот железнички сообраќај Уште три синдикални организации најавија приклучување кон штрајкот Железничкиот сообраќај во земјава вчера беше целосно блокиран, а така ќе биде и во наредниот период сў до исполнување на барањата на железничарите кои се ...

Муратовски најавува генерален штрајк во декември

Утрински - 29.11.2002

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ванчо Муратовски, претседател на ССМ, во интервју за ?Актуел",зборувајќи за бранот штрајкови, вели дека на работниците едноставно им пукнал филмот и најавува генерален штрајк. Тој вели: "... Ако не се потпише социјалната спогодба меѓу 15 и 20 декември ќе направиме голем генерален ...

Муратовски се заканува со масовни штрајкови

А1 - 28.11.2002

Синдикалниот лидер Ванчо Муратовски се заканува со масовни штрајкови, ако Владата наскоро не ја потпише социјалната спогодба со Синдикатот. Во интервјуто за неделникот „Актуел“, Муратовски генералниот штрајк го најавува помеѓу 15-ти и 20-ти декември.

Возовите и натаму нема да сообраќаат

А1 - 28.11.2002

Штрајкот во Железница продолжува и по денешниот состанок на лидерите на петте синдикати со директорот Владимир Стефановски. Последната понуда на новиот директот била исплата на половина плата. Работниците, пак, не отстапија од барањето да добијат најмалку една од двете заостанати плати.

Меѓународните возови блокирани на граничните премини

Утрински - 28.11.2002

Штрајкот во „Македонски железници" го блокира железничкиот сообраќај Патниците, наместосо воз, од Гевгелија до Табановце се превезуваат со автобуси Штрајкот на железничарите целосно го парализира меѓународниот железнички сообраќај преку македонско-грчката граница.

Македонија парализирана поради штрајкот на железничарите

Дневник - 28.11.2002

ЖЕЛЕЗНИЧКИот СООБРАЌАЈ ВО ПРЕКИН Железничарите бараат Владата да обезбеди средства за две заостанати плати, а министерот за транспорт и врски вели дека во буџетот нема пари за плати Меѓународниот, патниот и товарниот железнички сообраќај во земјава од вчера изутрина е целосно парализиран, поради ...

Целосно блокиран железничкиот сообраќај

А1 - 27.11.2002

Вработените во Македонските железници денеска стапија во генерален штрајк, со што е во прекин локалниот и меѓународниот патнички и товарен сообраќај кон Грција и СР Југославија. 500-тини работници од машинскиот персонал од вкупно 3000 вработени во „Македонски железници“, по 42 дена делумен прекин ...

Камионџиите "го трасираа патот на штрајкови", па ги повлекоа блокадите

Дневник - 27.11.2002

РАБОТНИЧКИ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА Француските камионџии вчера почнаа да ги деблокираат главните сообраќајници откако не успеаја од Владата да издејствуваат зголемување на платите, но протестите веќе се проширија и тешко ги погодија јавниот сектор и авионскиот транспорт, јави Ројтерс.

Штрајкуваат над 8.000 работници во 16 фирми

Вест - 26.11.2002

СИНДИКАЛНО НЕЗАДОВОЛСТВО Во најава се и нови штрајкови, а во ССМ шанса за смирување на тензиите гледаат во потпишувањето на социјалниот договор со Владата, кој на првиот синдикалец Муратовски му е ветен уште пред изборите Последниов месец Македонија ја потресува бран социјални штрајкови во кои, ...

Штрајкуваат 8.000 работници од 16 претпријатија

Утрински - 26.11.2002

СОСТОЈБИ МАЈА ТОМИЌ Незадоволствата од социјално-економските услови продолжуваат, а потврда за тоа е фактот дека во Македонија во моментов се штрајкува во 16 претпријатија, со вкупно 8.054 вработени. Според најновите информации од ССМ, тече генералниот штрајк во АД ИГМ "Типо", каде што 1.300 ...

Авионите не летаат, камионите блокираат патишта

Дневник - 26.11.2002

ФРАНЦИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД ШТРАЈКОВИ Франција вчера осамна парализирана - камионџиите поставија барикади на патиштата, авионските компании ги откажаа повеќето летови, а десетици илјади службеници во јавниот сектор најавија протестни маршеви, јави Ројтерс.

Железничарите најавуваат целосен штрајк

А1 - 25.11.2002

Железничарите задутре ќе почнат целосен штрајк, решиле денеска двата синдикати на Македонски железници. Ваквата одлука штрајкувачкиот одбор ја донел бидејќи не било исполнето нивното основно барање за исплата на септемвриската плата.