TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мистеријата останува, од истрагата само шпекулации и претпоставки

Време - 06.03.2004

ДЕСЕТ ДЕНА ОД НЕСРЕЌАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Емил Зафировски Поради недостиг од официјални информации за причините за авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски и на осумте негови соработници, во јавноста се појавија многу шпекулации и претпоставки што му даваат мистерија на случајот и ...

Странските лидери очекуваат Македонија да истрае на европскиот курс

Утрински - 06.03.2004

Лични спомени и високи оцени за претседателот Борис Трајковски Сите странски државници што присуствуваа на погребот изјавија дека вчерашниот ден бил многу тажен за Македонија. Тие најавија дека ќе ја поддржат нашата земја на нејзиниот евро-атлантски пат Странските државници, кои вчера присуствуваа ...

Идната недела црната кутија ќе фрли малку светлина во истрагата

Дневник - 06.03.2004

по авионската несреЌа каЈ мостар Содржината на црната кутија ќе ги разоткрие и последните сомненија зошто се урна авионот во кој загинаа претседателот Борис Трајковски, шестчлената делегација и двајцата членови на екипажот, велат извори блиски до истрагата.

Ги штитевме босанските полицајци од мински полиња

Дневник - 06.03.2004

СФОР ОБЈАСНУВА СФОР вчера соопшти дека ги спречувал босанските полицајци да му пријдат на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, што се урна во планините во близина на Мостар, "поради нивна безбедност, бидејќи теренот бил миниран".

Материјалот од црната кутија не може да се преправа

Време - 05.03.2004

Секој патнички авион поседува две т.н. црни кутии ФДР (флајт дејта рикордер) и ЦВР (кокпит воис рикордер), кој всушност се со светлопортокалова боја. Тие се нарекуваат црни поради трагичните податоци што ги бележат. Црната кутија е необичен и сигурен инструмент што ги регистрира сите реакции на ...

СФОР не ја пронашол прв црната кутија

Вест - 05.03.2004

БОСАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ГИ СОСЛУШАЛО ФРАНЦУСКИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ ВО МОСТАР Министерот за безбедност на БиХ, Бариша Чолак, ги демантираше информациите дека СФОР прв ги пронашол црните кутии и оти по неколку часа му ги предал на Обвинителството на БиХ.

Последно предупредување: "Леташ ниско, запали ги светлата"?

Утрински - 05.03.2004

Првични информации за фактите за несреќата на авионот на претседателот кај Мостар ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ На аеродромот во Мостар нема радар. Слетувањето се врши со помош на ВОР, односно по процедура на слетување која е исцртана во карта.

СФОР го уапси министерот за одбрана на Караџиќ

Утрински - 05.03.2004

БиХ БАЊА ЛУКА - Мировниците на НАТО вчера соопштија дека го уапсиле поранешниот министер за одбрана на босанските Срби, во времето на Радован Караџиќ, поради неговата поддршка на Србите кои се осомничени за воени злосторства.

Босанските обвинители не ги сослушале контролорите

Утрински - 05.03.2004

Истрага Сараево - Државниот обвинител на Босна и Херцеговина, Васо Маринковиќ, шеф на тимот што ги истражува причините за уривањето на авионот на македонскиот претседател, ги негираше тврдењата на СФОР дека француските контролори на летање биле веќе сослушани од страна на истражниот тим на БиХ.

Француските контролори се суспендирани, се чека истрагата

Утрински - 05.03.2004

Париз се повеќе е незадоволен од полемиката за несреќата кај Мостар Од нашиот дописник Тони Гламчевски Париз - Полемиката е непотребна, ако е утврдена грешка на француските контролори на летањето тие ќе одговараат за тоа - се вели во француската престолнина.

Француските контролори не се сослушани

Дневник - 05.03.2004

обвинителството на Бих го ДЕМАНТИРА СФОР Со француските контролори никој од нашиот тим не разговарал, вели обвинителот на БиХ Неколку жители на Ротимља, селото во чија близина падна владиниот "кингер", прексиноќа за босанската државна телевизија изјавија дека екипа на СФОР веднаш стасала на местото ...

Што ќе кажат мистериозните седум минути тишина?

Дневник - 05.03.2004

ЦРНАТА КУТИЈА ВО ГЕРМАНИЈА Што се случувало во владиниот "кингер" за време на мистериозните седум минути тишина на лентата снимена во контролата на летање на мостарскиот аеродром се очекува да се разјасни откако ќе биде преслушан уредот за снимање звуци во црната кутија во германскиот институт ...

Не шпекулирајте, Македонци!

Дневник - 05.03.2004

Став - Ферид Мухиќ Можам на господинот од СФОР да му порачам дека и покрај тоа што не сум особено брз ни опак, има во мене нешто од што е умно да се плаши. Ах, да ми е да го сретнам некаде, сам в шума, па да му порачам што тој да прави, кого да погребува, кого да избира, каде да гледа и каде да не ...

Босанското обвинителство не ги сослушало француските контролори

А1 - 04.03.2004

Државниот обвинител на Босна и Херцеговина Васо Маринковиќ, шеф на тимот што ги истражува причините за уривањето на авионот на македонскиот претседател, ги негираше тврдењата на СФОР дека француските контролори на летање биле веќе сослушани од страна на истражниот тим на БиХ.

Многу мистерии околу падот на авионот на претседателот

А1 - 04.03.2004

Изворот на контроверзните информации, лиферувани на 26 февруари, денот кога се урна авионот во кој беа претседателот Борис Трајковски и членовите на македонската делегација останува тајна. Претседателот на колективното босанско претседателство Драган Човиќ, неколку часа по несреќата од говорницата ...

Хронологија на настаните по загинувањето на претседателот Борис Трајковски и осумте негови соработници.

Време - 04.03.2004

26 февруари (четврток) 6.48 - Владиниот авион „кингер“ летна од скопскиот аеродром кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање Скопје-Албанија-Србија и Црна Гора-Босна. Во авионот се наоѓаа претседателот Борис Трајковски, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска, ...

Кој го уби претседателот?

Време - 04.03.2004

Јасмина Миронски Има нешто гнило во безбедносниот систем на Република Македонија. Многу денови, многу празни одговори, многу од во место по авионската несреќа во која претседателот Трајковски и членовите на делегацијата и на екипажот трагично загинаа на само две минути од пистата за слетување во ...

Пилотите знаеле оти мостарскиот аеродром е без радар

Време - 04.03.2004

СПОРЕД ИЗВОРИ ОД ВЛАДИНАТА АВИОСЛУЖБА Емил Зафировски Македонските пилоти уште во Скопје знаеле дека на мостарскиот аеродром нема радар за контрола на летот, тврдат за „Време“ извори во владината авиослужба. Според нив, пилотите на владиниот „кингер“, во кој настрадаа претседателот Борис Трајковски ...

СФОР да и се извини на Македонија

Време - 04.03.2004

РЕАКЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ИСТРАГАТА НА ТРАГИЧНАТА НЕСРЕЌА Граѓаните од цела Македонија различно реагираат на информациите што им ги пласираат македонските медиуми во врска со истрагата за смртта на претседателот Трајковски. На веб-страницата на „Време“ постојано пристигнуваат коментари и мислења на ...

Франција ги чека резултатите од истрагата

Утрински - 04.03.2004

Претставниците на Франција одговараат на некои обвинувања дека вината за несреќата е во контролорите на летањето Од нашиот дописник Тони Гламчевски Париз - Полемиката што се развива околу француските војници- контролори на летањето во составот на СФОР, според помошникот-портпарол на француското ...

СФОР не ја кочи истрагата

Дневник - 04.03.2004

ФРАНЦУСКА АМБАСАДА СФОР, кој е задолжен за контролата на воздушниот простор над Босна, на барање на босанските власти, на истражните органи им ги предаде сите материјали поврзани со несреќата, соопшти вчера француската амбасада во Скопје.

Ништо не навестувало дека летот ќе биде кобен

Дневник - 04.03.2004

ПРОЦЕДУРА НА СЛЕТУВАЊЕ НА МОСТАРСКИОТ АЕРОДРОМ Искуството на пилотите, како и совршената опрема во пилотската кабина го сведуваат на минимум факторот грешка Слетувањето на мостарскиот аеродром се одвива по строго утврдена процедура, од која нема отстапувања, како и на сите други аеродроми што се ...

Црната кутија во Германија

Дневник - 04.03.2004

ИСТРАЖНИТЕ ОРГАНИ ОДЛУЧИЈА Во комисијата има и претставник од УЦВП и на силите на СФОР во БиХ. Според експертите, прегледувањето на црната кутија ќе трае најмалку три месеци. Конечните заклучоци не може да се очекуваат порано од половина година. Црната кутија се состои од две блиндирани кутии.

Црната кутија ќе се прегледува во Германија

А1 - 03.03.2004

Црната кутија и снимените разговори во кабината на македонскиот „Кингер“ ќе се прегледуваат во авио базата Вестинг во близина на Минхен, Германија. Вака денеска одлучи босанското обвинителство. „Утре со црните кутии се заминува за Германија, заедно со комисијата што ја формираше министерот за ...

Не може да се обвинува додека не се испита се

Вест - 03.03.2004

БиХ - ФОРМИРАНА КОМИСИЈА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПАДОТ НА АВИОНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Изјави Аднан Терзиќ, претседавач на Советот на министрите на БиХ, но вели дека "постои друга одговорност на СФОР. Факт е дека авионот паднал... Факт е и дека не е пронајден истиот ден.

Црната кутија оди во Англија или во Германија

Време - 03.03.2004

МАКЕДОНИЈА И БИХ ОДЛУЧИЈА Емил Зафировски Црната кутија што го крие одговорот за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови сопатници ќе се преслушува или во Англија или во Германија, одлучиле вчера јавните обвинителства на БиХ и на Македонија.

Опремата на мостарскиот аеродром била современа

Утрински - 03.03.2004

Во Сараево се изнесуваат некои интересни детали за аеродромот во Мостар ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО - Сў уште уште не е соопштено каде ќе бидат испратени црните кутии од претседателскиот авион на експертиза. Од обвинителството може да се дознае дека нивните дестинации нема да бидат ...

На кобната кота 524 избегната уште една авионска трагедија

Утрински - 03.03.2004

Инцидент над мостарскиот аеродром на авионот со кој патуваше премиерот Црвенковски Томислав Кежаровски Авионот "фалкон-50", сопственост на српско-црногорската влада, со кој македонскиот премиер Бранко Црвенковски, придружуван од министерот Хари Костов и други членови на делегацијата, во саботата ...

СФОР ја отфрла одговорноста

Утрински - 03.03.2004

По информацијата на ФТВ дека францускиот баталјон е одговорен за падот на авионот на Трајковски Француските контролори на летање не се повлечени од БиХ Сараево - СФОР ја отфрли одговорноста за авионската несреќа кај Мостар и ги демантираше тврдењата дека двајцата војници од францускиот контингент, ...

Маглата околу Мостар се погуста

Дневник - 03.03.2004

Коментар - Бранко героски Мистеријата за авионесреќата во која трагично загина македонскиот претседател Борис Трајковски се повеќе се продлабочува. Иако натовци од Босна и Херцеговина вчера енергично ја отфрлија одговорноста на своите контролори на летање, многу прашања поврзани со контроверзниот ...

НАТО и СФОР ќе помогнат во истрагата

Дневник - 03.03.2004

ПОРАКА ОД БРИСЕЛ Генералниот секретар на НАТО ќе одговори на писмото што во понеделникот му го испрати македонскиот премиер Бранко Црвенковски во врска со истрагата за несреќата што се случи во Босна и Херцеговина, вели портпаролот на НАТО Џејмс Апатураи.

Мистеријата расте

Дневник - 03.03.2004

ПО ТРАГЕДИЈАТА КАЈ МОСТАР Клучното прашање е дали екипажот знаел дека лета премногу ниско и каква била неговата комуникација со контролата на летање Екипажот на македонскиот авион во кој загина претседателот Борис Трајковски добил дозвола "да се спушти пониско", кога преку планинските врвови се ...

Се уште не се знае каде ќе се преслушува црната кутија

А1 - 02.03.2004

Црната кутија и денеска остана во Босна. Комисијата што требаше да утврди каде ќе се испрати црната кутија од Кингерот, утврди само каде нема да се испрати, во Франција и во Америка. Засега нема објаснување за неефикасноста во работата на македонскиот и босанскиот експертски тим кои губат драгоцено ...

СФОР ја отфрла одговорноста за авионската несреќа

А1 - 02.03.2004

Франција денеска ги отфрли шпекулациите дека нивните контролори на летот се можеби виновни за авионската несреќа кај Мостар, бидејќи се уште не се објавени резултатите од истрагата. Прес конференција и на човекот кој живее денес а не во минатото, портпаролот на СФОР Дејвид Саливен, кој демантира ...

Црни кутии

Време - 02.03.2004

Георги Барбаровски Македонската влада треба да вложи енергичен протест до НАТО и до Франција и да покаже барем дел од достоинството што во овие денови на болка го искажуваат граѓаните по повод трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски и на неговата осумчлена придружба.

Недостигале само неколку метри за безбедно слетување

Време - 02.03.2004

НА МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Сафет Бишевац, специјално за „Време“ од Мостар Тука првин удрил авионот, покажува некој во како со нож пресеченото дрво од ниската и ретка шума. Речиси автоматски главите се вртат кон искршените гранки оддалечени само пет чекори.

Премиерот бара од НАТО да каже се што знае

Вест - 02.03.2004

ЗА ДА НЕ ОСТАНЕ НЕСРЕЌАТА НЕРАЗЈАСНЕТА Имајќи предвид дека контролата на воздушниот коридор на аеродоромот во Мостар е под надлежност на францускиот контингнет на СФОР, Ве молиме НАТО Алијансата и Вие лично да се заложите за тоа сите релевантни пода Премиерот Бранко Црвенковски вчера упати писмо до ...

Црвенковски го моли НАТО да помогне

Време - 02.03.2004

ИСТРАГАТА СЕ УШТЕ БЕЗ РЕЗУЛТАТИ Емил Зафировски Премиерот Бранко Црвенковски вчера со писмо го замоли НАТО да помогне за што побрзо и професионално да заврши истрагата за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговата осумчлена делегација.

Париз не ги коментира шпекулациите

Утрински - 02.03.2004

По објавувањето на некои вести дека француските контролори на летање биле повлечени од БиХ ОД НАШИОТ ДОПИСНИК ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ ПАРИЗ - Париз не сакаше да ги коментира шпекулациите за наводното повлекување во Франција на француските контролори на летот од аеродромот во Мостар.

Што се случи во кобниот четврток

Утрински - 02.03.2004

Босанско-херцековските институции се многу незадоволни од начинот на кој СФОР ја почна истрагата Од нашиот известувач БУДО ВУКОБРАТ Сараево - Тема број еден во Босна и Херцеговина е прашањето што се случило, всушност, тој кобен четврток во раните утрински часови и многубројните шпекулации посебно ...

Контролата морала да го пријави прекинот на врските со авионот

Дневник - 02.03.2004

СПОРЕД МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ Дури и пилотите да се обиделе самоиницијативно да се пробијат низ облаците, контролата на летот морала да реагира Контролата на летање на аеродромот во Мостар имала цели седум минути да го пријави прекинот на врските со авионот на претседателот Трајковски во обласната ...

Несреќата не смее да остане неразјаснета

Дневник - 02.03.2004

ПИСМО НА ЦРВЕНКОВСКИ ДО НАТО Македонија нема да прифати трагичната загуба на нејзиниот претседател да остане под неразјаснети околности, му порача премиерот Бранко Црвенковски на генералниот секретар на НАТО. Во писмото тој го замоли Јаап де Хоп Шефер и лично да се заложи за сите релевантни ...

ФТВ: ФРАНЦУСКИОТ БАТАЛЈОН НА СФОР ОДГОВОРЕН ЗА ПАДОТ НА АВИОНОТ НА ТРАЈКОВСКИ

Канал5 - 02.03.2004

Францускиот баталјон на СФОР ја сноси целосната одговорност за уривањето на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски во близина на Мостар, јави синоќа Телевизијата на Федерацијата БиХ (ФТВ), повикувајќи се на веродостојни полициски извори.

ФТВ: Контролорот на СФОР одговорен за падот на авионот

А1 - 01.03.2004

Веста за уривањето на претседателскиот авион не дојде од СФОР ниту од босанските одговорни лица, туку беше објавена од радарскиот центар во Сплит, објави емисијата „60 минути“ на Федералната телевизија повикувајќи се на добро известени извори.

Црната кутија и денеска останува во Босна

А1 - 01.03.2004

Црната кутија и денеска останува во сефот на обвинителството во Босна. Националниот празник во Босна, што е официјална причина за да се одложи испраќањето на црната кутија, според упатените е само обид да се добие во време и да се изврши притисок врз владата црната кутија да патува за Париз, а не ...

Црвенковски му изрази благодарност на Шефер

А1 - 01.03.2004

Ден по враќањето од Сараево и Мостар каде премиерот отиде лично да се увери во текот и ефикасноста на истрагата за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски, Црвенковски со писмо од новиот генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер побара тој лично да се заложи несреќата да не ...

Побрзо расветлување на вистината

Вест - 01.03.2004

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ ГО ПОСЕТИ МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА Индентификацијата се уште трае, а датумот на погребот дополнително ќе биде утврден "Инсистиравме на што побрзо расветлување на вистината затоа што се работи за голема трагедија за нашата земја.

Истрагата хаотична

Време - 01.03.2004

ПО КОБНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА Емил Зафировски Целосен хаос владее во истрагата околу авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осумтемина негови сопатници, потврдуваат за „Време“ извори од БиХ. Тие ни јавија дека СФОР не сака да се соочи со ситуацијата, поради што и ...

САД ја бараат црната кутија

Време - 01.03.2004

ВОЈНА ЗА КРУНСКИОТ СВЕДОК Американците се борат црната кутија, која е крунски сведок за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и неговата осумчлена делегација, да биде отворена и преслушана во САД, дознаваме од член на македонското специјално тело кое е вклучено во ...

Црвенковски го обвини СФОР за лошо водење на истрагата

Утрински - 01.03.2004

Идентификувани се четири тела од загинатите, за останатите се чекаат резултатите од ДНК Гордана Дувњак "Инсистиравме на што побрзо расветлување на вистината затоа што станува збор за голема трагедија за нашата земја.Загубени се девет животи, меѓу кои и животот на претседателот на државата", изјави ...

Црните кутии ќе дадат одговор зошто авионот летал ниско

Утрински - 01.03.2004

Прелиминарниот извештај за причините на авионската несреќа ќе биде готов за еден месец ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ Причина за авионската несреќа, во која животот го загуби претседателот Борис Трајковски, членовите на делегацијата и пилотите, веќе се знае дека е удар во ритчето во близина на селото Ротимле, до ...

Сараево вети непристрастна и брза истрага за трагедијата

Утрински - 01.03.2004

Дел од јавноста од однесувањето на СФОР извлече заклучок дека се работи за чувство на вина поради некои грешки на контролата во процедурата за наведување на претседателовиот авион ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ БУДО ВУКОБРАТ САРАЕВО-Премиерот Бранко Црвенковски во придружба на министрите за правда и за ...

Истражните органи ги демантираат фантастичните приказни

Утрински - 01.03.2004

Бројни шпекулации ја следат истрагата за урнувањето на авионот со македонската делегација Како што одминува времето од уривањето на македонскиот авион во близина на Мостар, така од ден на ден растат шпекулациите, како во домашната така и во странската јавност, околу причините за трагичниот настан, ...

Натовци бегаат од одговорноста и вината ја префрлаат на пилотот?

Дневник - 01.03.2004

ИСТРАГАТА ОБРЕМЕНЕТА СО ШПЕКУЛАЦИИ Многу си ниско, мораш да се подигнеш! Ова се последните зборови на францускиот контролор на летање, забележани на снимката од разговорот меѓу авионот во кој загина претседателот Борис Трајковски и контролата на летање на аеродромот во Мостар, што е во надлежност ...

Црвенковски бара целосна истрага и расчистување на контроверзиите

Дневник - 01.03.2004

македонскиот премиер во мостар Не знам каде ќе одат црните кутии на преслушување, но знам каде нема да отидат, изјави премиерот Бранко Црвенковски пред новинарите во Мостар. Тој не објави каде ќе се преслушуваат црните кутии, но неофицијално се дознава дека преслушувањето ќе се врши во Нирнберг ...

„СФОР не прави будали и вас и нас!“

Дневник - 01.03.2004

СВЕДОШТВО Контролорите на летот од составот на СФОР се одговорни за уривањето на авионот со македонскиот претседател, а стабилизациските сили сега лажат и се обидуваат да ја префрлат одговорноста врз други, изјави хрватски воздухопловен експерт во саботата, во интервју на централните вести на ...