TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нотарите - дива лига!

Време - 07.10.2006

ДЕСЕТ ГОДИНИ НИКОЈ НЕ ГО КОНТРОЛИРА НОТАРИЈАТОТ Мери Јордановска За осум години 140 граѓани поднеле претставки за несовесно работење на нотари, а ниту еден од нив досега не добил укор и не му била изречена дисциплинска мерка.

Маневски им се понуди на нотарите да ги среди законски

Вест - 07.10.2006

ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ НИЕДНА КОНТРОЛА НИ ДИСЦИПЛИНСКА МЕРКА ПРОТИВ ЈАВНИТЕ ПИСАРИ "Од 140 поднесени приговори на граѓани против нотарите, за деветте години откога постои Нотаријатот во Македонија, по 97 од нив воопшто не се постапувало, а за преостанатите 43 претставки не била изречена ниту една ...

Фикомци стравуваат од премали обесштетувања

Време - 07.10.2006

ДУРИ И ДА СЕ ПОНИШТИ ХИПОТЕКАТА ОД ЕУРОСТАНДАРД Граѓаните што се измамени во случајот „Фи-ком“ се плашат дека на крајот од судските постапки можат да добијат многу помали обесштетувања од парите што ги уплатиле за становите, дури и ако успеат да ја поништат хипотеката за објектите од ...

Нотарот Стојкоски доби нови кривични пријави

Дневник - 07.10.2006

Со злоупотреба на полномоштво за документација, нотарот го запиша „ФИ-КОМ“ како инвеститор, тврди семејството Атанасовски Сопствениците на парцелата што по грешка била запишана како земјиште на друго лице, го обвинуваат нотарот Боривој Стојкоски дека направил уште две грешки со кои дозволил ...

Заштитени како бели мечки

Дневник - 07.10.2006

Не е прв пат да се утврди дека некои нотари работеле непрописно, изјави поранешниот претседател на Нотарската комора, Никола Кајчевски, на средбата на нотарите со министерот за правда, Михајло Маневски. Кајчевски рече дека додека бил на чело на комората биле утврдени 59 тешки повреди што ги ...

Си го уништивте угледот

Вечер Прес - 07.10.2006

Ниту еден нотар досега не е казнет, иако околу 140 граѓани во последниве осум години поднеле претставки за несовесно работење на одредени нотари. Нотарската комора досега нема изречено ниту една парична или поголема дисциплинска мерка.

ФИ-КОМ И ПЕНОВ РАБОТЕЛЕ СО БАРИРАНИ ЧЕКОВИ И ВО КАРПОШ!

Вечер Прес - 07.10.2006

Скандалот ФИ-КОМ со измамени граѓани за објектите Антигона во Кисела Вода се уште не е ни на почетокот од решавањето, а на виделина излегуваат нови. И во овој случај парот е ист: ФИ-КОМ и Градот Скопје, односно Ристо Пенов. Ескпертите упатија, а документите докажаа, дека причините за скандалот ...

На повеќето договори стои печат и потпис на пенов

Вечер Прес - 07.10.2006

За екс градоначалникот Ристо Пенов не можам да кажам дали е виновник или не е, но договори, а ги има повеќе за одложено плаќање, се со печат и негов потпис. Дали е тој валиден или не, тоа допрва ќе треба да го кажат надлежните служби На територијата на Кисела Вода е откриен мега скандалот со ...

Нов нотарски закон

Вечер Прес - 07.10.2006

Министерството за правда да врши поголем надзор над работата на нотарите и да се отвори нотарска акдемија, се предлозите на министерот за правда Михајло Маневски за измените на Законот за нотарска дејност. Тој смета дека нотарите треба да имаат дозволен влез во Катастарот, да го утвдруваат ...

Нотарот Стојковски не се чувствува виновен за „ФИ-КОМ“

А1 - 06.10.2006

Нотарот Боривоје Стојковски не се чувствува виновен. Вели дека не ја злоупотребил службената должност. При заверувањето на договорите со граѓаните за купување станови во зградите на „ФИ-КОМ“ тврди дека работел законски, не измамил никого.

Нотарите на отчет кај Маневски

А1 - 06.10.2006

Нотарите на отчет кај министерот за правда Михајло Маневски. Ги предупреди дека им е разнишана професијата по последните афери „Бачило“, „ФИ-КОМ“, денационализирано земјиште. Им порача да не ги штитат поединците, кои и го уриваат угледот на нотарската фела.

Ми го фалсификуваа потписот!

Време - 06.10.2006

ПЕНОВ ВО ОДБРАНА Најостро реагирам на измамата што ја направи весникот „Вечер“, вовлекувајќи ме мене во аферата „Фи-ком“, рече вчера Ристо Пенов, претседателот на ЛДП и поранешен градоначалник на Скопје, откако весникот на вчерашната насловна страница објави дека потпишувал договори со таа фирма за ...

Да знаев дека сопственикот починал, немаше да заверам хипотека

Дневник - 06.10.2006

Во полномоштвото на Вучко Димишковски по грешка е запишана парцела на друг човек, но таа воопшто не е ставена под хипотека , туку само другото земјиште МВР поднесе кривична пријава против нотарот Боривој Стојкоски од Скопје, кој ги заверувал договорите за здружување средства помеѓу газдата на ...

ПЕНОВ, ЈАДИ БУРЕК!

Вечер Прес - 06.10.2006

Во популарната емисија "Јади бурек", Пенов тврди дека документот што го објавил ВЕЧЕР не е со негов потпис и дека Градот Скопје никогаш немал допирни точки со Никола Николиќ, односно ФИ-КОМ. Откако ВЕЧЕР ја отвори аферата ФИ-КОМ, со сомневања дека во таква афера мора да има вмешаност на политиката, ...

Костовски не чувствува одговорност за „Фи-ком"

Утрински - 05.10.2006

Градоначалникот Трифун Костовски не чувствува морална одговорност за скандалот со „Фи-ком". Вели дека не постои никаква причина за да го посочуваат како индиректен виновник. „Јас сум само акционер во банката, кој инвестира средства за таа да просперира.

Нотарот Боривое Стојковски е на слобода

Канал5 - 05.10.2006

Нотарот Боривое Стојковски кој заверуваше купопродажни договори за станови во аферата ФИ-КОМ ќе остане на слобода. МВР вчера против него поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Скопското јавно обвинителство засега не размислува за притвор.

Пенов фатен жив за Фи-Ком

Вечер Прес - 05.10.2006

Тврдењето на Вечер дека градежната мафија (Фи-Ком и други) неможеле да работат без учество на власта, се покажа точно. Екс градоначалниците на Кисела Вода и на Скопје, Љупчо Димов и Ристо Пенов се дебело вмешани во градежната пирамида ! Екс градоначалникот Ристо Пенов шурувал со Никола Николиќ - ...

Кривична пријава за нотарот во случајот „ФИ-КОМ“

А1 - 04.10.2006

Кривична пријава за злоупотреба на службена должност заработи Боривој Стојкоски, нотарот кај кого се заверувале документите за становите на „ФИ-КОМ“. Измамените граѓани го обвинуваа дека со негова помош Николиќ успеал еден ист стан да го продаде на повеќе луѓе.

НБМ нема да ја испитува улогата на „Еуростандард“ во „ФИ-КОМ“

А1 - 04.10.2006

Инволвираноста на „Еуростандард“ во аферата „ФИ-КОМ“ ќе се влечка по судските лавиринти, засега супервизијата на Народната банка нема да интервенира. Кредитот што „Еуростандард“ му го овозможи на „ФИ-КОМ“ отвори дилеми за банкарското работење, за одговорноста на менаџерите и за можните спреги меѓу ...

Кривична пријава за нотарот учесник во аферата ФИ-КОМ

Канал5 - 04.10.2006

МВР поднесе кривична пријава против нотарот Боривоје Стојковски кој заверуваше купопродажни договори за станови во аферата ФИ-КОМ. Засега нема информации дали е одреден притвор, мерка што се применува при опасност да се повтори делото или да се сокријат доказите.

Измамените чекаат на Еуростандард

Време - 03.10.2006

СЛУЧАЈ ФИ-КОМ Без информација дали ќе можат да разговараат со претставници од Еуростандард-банката, измамените граѓани во случајот „Фи-ком“ вчера до затворањето на весников уште чекаа повик од надлежните во банката. Тие изминативе денови добија уверување дека таква средба, втора по ред откако изби ...

Во Кисела Вода граделе 15 сомнителни фирми

Утрински - 03.10.2006

Списокот со фирмите вчера е доставен до Министерството за транспорт и МВР На подрачјето на општината Кисела Вода има над дваесетина станбени објекти изградени од 15 сомнителни фирми. Некои граделе без одобрение за градба, а пак дел од нив за изградените згради сж уште не ги намириле комуналните ...

Надеж за ред во урбанизмот

Дневник - 03.10.2006

Градоначалниците немаат законски ингеренции за да откријат нови градежни пирамиди, но ќе соработуваат со централната власт за да се решат урбанистичките проблеми во градот Градоначалниците на скопските општини не можат да откријат дали на нивните територии има случаи на градежни пирамиди, каков што ...

Досега пријавени 240 измамени граѓани од „ФИ-КОМ“

А1 - 02.10.2006

Проневерата со станови направена од „ФИ-КОМ“ до денеска ја пријавиле повеќе од 240 луѓе. Од Скопското обвинителство за А1 потврдуваат дека за шеесетина случаи е потврдено дека Никола и Весна Николиќ по неколку пати продале еден стан.

Пратеникот Фиат Цаноски кој изгуби половина милион евра во ФИ-КОМ, ја тужи Еуростандард

Канал5 - 02.10.2006

Пратеникот Фиат Цаноски ја поднел тужбата против Еуростандард банката, поради тоа што во аферата ФИ-КОМ му пропаднаа половина милион евра. Пратеникот Фиат Цаноски ја поднел тужбата против Еуростандард банката, поради тоа што во аферата ФИ-КОМ му пропаднаа половина милион евра.