ВЕЧЕР: Се запира криминалот со цитостатиците - Пановски очаен Пановски подгрева атмосфера за недостиг на цитостатици на Клиниката за радиологија и онкологија, за преку ред да ги продаде своите залихи. Но, реалноста е поинаква. На Онкологија лекови веќе има, а неговата сопруга д-р Смичковска не е веќе директор за да реализира набавки преку ред.
Клиниката за онкологија вчера го обвини здружението на малигно болни "Животна искра" дека ја дезинформира јавноста за недостиготот на цитостатици во болницата. Скандалозно, само со потпишани имиња и начкртани презимиња, дел од лекарите во болницата преку писмен допис тврдат дека ова здружение не се грижи за здравјето на пациентите туку само шири невистини и дезинформации.
До кога раководството на Клиниката за онкологија ќе си игра мижитатара со болните од рак. Неколку месеци наназад пациентите редовно се жалат дека терапијата им се одложува најмалку за една недела, а директорката упорно во јавноста се обидува да прикаже како на клиниката ги има сите цитостатици. Во тоа дека нема недостиг од цитостатици успеа да го увери дури и министерот за здравство, Бујар Османи.
Обид одговорноста за цитостатиците да се префрли на болните. Група вработени од Клиниката за онкологија вчера се обидоа одговорноста за недостигот од цитостатици на нивната клиника да ја префрлат на пациентите. Во писмото на кое беа начкратни потписи на неколку лекари и медицински сестри се тврди дека на клиниката ги има цитостатиците „ендоксан“ и „епирубицин“, истовремено обвинувајќи го ...
Онкологија ја обвини „Животна искра“. Група лекари и медицински сестри од Клиниката за онкологија вчера ја префрли одговорноста за недостигот од некои цитостатици на пациентите и на Здружението „Животна искра“. - Ги има сите лекови од групата цитостатици.
Група вработени лекари, медицински сестри и одговорни за јавни набавки на Клиниката за онкологија преку соопштение до медиумите тврдат дека на клиниката има цитостатици. Како што е наведено во медиумскиот допис на кој има потписи од група вработени се вели дека не е во ред здружението Животна искра да шири тенденциозни дезинформации со кои се вознемируваат најтешко болните.
Министерот за здравство Бујар Османи нема никого да амнестира од одговорност околу проблемот со снабдувањето со цитостатици и ќе побара одговорност од оние што си играат со животите на болните од рак. Тој вчера од директорката на Онкологија Симонида Црвенкова единствено доби усно убедување дека лекови на Клиниката има и ќе има, но најави детаљна истрага и со пациентите и со лекарите околу ...
Пациенти, иако јавно не зборуваат, тврдат дека терапијата им доцни. На Клиниката за онкологија и радиологија не се прават резерви на цитостатици поголеми од еден месец, зашто вработените ќе останат без плата. Ова вчера му го изнесе в.д. директорката на Клиниката за онкологија и радиологија, д-р Симонида Црвенкова, на министерот Бујар Османи, кој ја посети клиниката за лично да се увери дали има ...
„Главно ако имало, тоа биле едно дневни недостатоци поради тоа што добавувачите не се јавиле на тендерот“, изјави министерот за здравство, Бујар Османи. „Нема да дозволиме да има недостаток на цитостатици на Клиниката. Наша заложба е да овозможиме пациентите болни од рак постојано да имаат достап до нивната терапија, која е неопходна за нивниот живот“, рече Османи.
За да го прикрие недостигот од цитостатици, раководството на Клиниката за онкологија им ја менува терапијата на болните од рак како ќе стигне. Така, наместо да ги лекуваат по шема, како што налага протоколот за третман на одредената болест, болните примаат цитостатици кои во моментот ги има на лагер, а не тие кои навистина треба да ги добијат.
Жестока реакција на пациентките од здружението „Животна искра“. Јасмина Јовановска. На Клиниката за онкологија и радиологија се прикрива дека нема цитостатици. Вака се жалат болните со малигни заболувања кои велат дека на оваа клиника со месеци нема најмалку по еден цитостатик и дека недостигот обично трае по една недела, па и повеќе.
Пак недостигаат цитостатици. Болните од рак во минатата недела останаа без неопходната терапија со цитостатик бидејќи на Клиниката за радиотерапија и онкологија пак има недостиг од препарати, реагираа вчера од Здружението „Животна искра“. Таму се обратиле неколку пациентки, кои не го примиле навреме лекот „епирубицин“.
Недостиг од цитостатик за болните од рак повторно се појавил на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Од Здружението „Животна искра“ велат дека минатата недела биле враќани пациентки што требало да го примат цитостатикот „епирубицин“. По еднонеделен застој, тие вчера конечно добиле терапија. - Ни се пожалија пациентки од Битола и од Скопје дека залудно оделе до Онкологија.
Ако нарачам цитостатици за три месеци, вработените на Клиниката за радиотерапија и онкологија ќе останат без плата, изјави вчера в.д. директорката, Симонида Црвенкова, пред министерот за здравство, Бујар Османи. Таа не кажа дали побарала повеќе пари од Фондот за да има и плати за вработените и редовна снабденост со лекови, бидејќи ова е единствена установа каде што се лекуваат болните од рак од ...
Министерот за здравство Бујар Османи денеска ја посети Клиниката за радиотерапија и онкологија со цел да се информира за снабденоста со цитостатици и за новиот компјутерски систем. Министерот Османи посочи дека директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Симонида Црвенкова го информирала дека во целиот овој период немало и нема да има недостиг на цитостатици.
Малигно болните и министерството за здравство со различни тврдења за тоа дали има цитостатици на онкологија. Надлежните велат дека лекот го даваат редовно, иако од здружението на пациенти со малигни заболувања животна искра тврдат дека на клиниката со месеци нема најмалку по еден цитостатик .
Цитостатици има на залиха. На Клиниката за радиотерапија и онкологија нема недостиг на цитостатици.Според министерот за здравство Бујар Османи и Симонида Црвенкова директор на Клиниката за онкологија и во иднина нема да се дозволи да нема лек за најтешко болните лица во земјава.За таа цел здравствените власти најавуваат средба со Здружението на пациентите за да ги слушне нивните забелешки.