Одбојка Вечерва во 19 часот во салата "Градски парк" ќе се одигра третиот натпревар од финалната серија во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија помеѓу екипите на Работнички Фершпед и Кометал студент. Актуелните македонски шампионки, Кометал студент веќе забележаа две победи во првите две ...
Шампионките на "Кометал" на средба со премиерот Раководството на европскиот ракометен првак "Кометал" и ракометарките вчера беа примени од премиерот Љупчо Георгиевски, кој им честита на постигнатиот успех. Ракометарките на средбата со премиерот Георгиевски му подарија ракометна топка со ракописи на ...
Соопштение од "Мобимак" Скопје - "Мобимак" соопштува дека заклучно до вчера, на трите сервиси што беа отворени по повод финалниот натпревар од Лигата на шампионите во женски ракомет, во кој победи македонскиот шампион Кометал Ѓорче Петров, се испратени над 20 илјади пораки за бодрење на ...
Портрет: Трифун Костовски, творец на КОМЕТАЛ ЃП Две недели Македонија живее во колективен транс. Во првата седмица трескавично го исчекуваше финалниот меч, а во втората еуфорично ја слави големата победа - шампионската титула на Кометал Ѓорче Петров.
Одбојка, плејоф - полуфинале, жени Одбојкарките на Кометал студент го победија Работнички Фершпед како гостинки со максимални 3:0 во вториот финален натпревар од женскиот одбојкарски шампионат на Македонија. Со оваа победа тие се на чекор до освојување на втората шампионска титула.
ЗАВРШИ ГОДИНАШНОВО ПРВЕНСТВО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕРЛИГА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ БРЕНД - КОМЕТАЛ ЃОРЧЕ ПЕТОРВ 15:32 (9:19) ПРИЛЕП. - Универзална сала на Тутунски комбинат. Гледачи: 1.500. Судии Цветкоски и Јованоски (Прилеп). ТК БРЕНД: Андреева, Гаралоска 2, Димитриоска 1, Атанасоска 2, В. Крстеска, И.
РАКОМЕТ - И ПОКРАЈ СИНОЌЕШНИОТ СТАРТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА СЕНИОРКИТЕ Селекторот на сениорките, Зоран Кастратовиќ, за синоќа го закажа првиот собир на своите избранички, стартувајќи ги на тој начин подготовките за бараж-средбите со Чешка што водат на ЕП во Данска годинава.
СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРИРЕДИ ПРИЕМ ЗА "БОЖИЦИТЕ" НА РАКОМЕТОТ Годинашнава награда "13 Ноември" веќе е во рацете на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров, иако традиционално оваа награда градот Скопје ја доделува на крајот од секоја година.
Градоначалникот Ристо Пенов и ректорот Александар Анчевски организира прием за екипата на Кометал Ѓ.П. Честитките за европскиот шампион во ракомет Кометал Ѓорче Петров продолжуваат. Вчера градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, организираше прием во чест на нашите ракометарки кои го победија РК ...
Реванш од финалето на плејофот во женската Супер лига ПРИЛЕП - Онака како и што доликува на еден европски шампион, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров беа пречекани во Прилеп на реванш натпреварот од финалето на плејофот од годинашното првенство на женската ракометна Супер лига против Тутунски ...
РАКОМЕТАРКИТЕ КАЈ ПЕНОВ На ракометарките од "Кометал" за европската шампионска титула вчера градот Скопје предвреме им ја додели наградата "13 Ноември" за врвни достигнувања. Градоначалникот Ристо Пенов им подари на ракометарките теракотни статуи "Божицата Мајка" .
Сите сакаат да ги видат, да ги поздрават, па и да ги наградат нашите хероини. Сеуште одекнува ехото од триумфалниот амбиент што го создадоа ракометарките на европскиот шампион Кометал Ѓорче Петров. Во очекување на покана од повисоките во политичката хиерархија, неприкосновениот првак, по вчерашниот ...
ДЕНЕС ФОРМАЛНО ЗАВРШУВА ЖЕНСКА СУПЕР ЛИГА ПРИЛЕП.- Со вториот финален натпревар меѓу ТК Бренд и Кометал Ѓорче Петров, вечерва во Универзалната сала на Тутунскиот комбинат, во Прилеп (18.30 часот) и официјално ќе заврши годинешното првенство во женската ракометна супер лига.
ГУВЕРНЕРОТ ЉУБЕ ТРПЕВСКИ ИМ ПОДЕЛИ ЗЛАТНИЦИ И РОЗИ НА НОВИТЕ ЕВРОПСКИ ПРВЕНКИ Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров предизвикаа вистинска еуфорија меѓу вработените на Народната банка на Македонија појавувајќи се на приемот што во нивна чест го организираше гувернерот Љубе Трпевски.
Одбојка Вечерва во 19 часот во во салата "Градски парк" ќе се одигра вториот финален натпревар од македонското одбојкарско првенство во женска конкуренција помеѓу екипите на Работнички Фершпед и Кометал студент. Актуелните шампионки, Кометал студент водат со 1:0 во победи и очекуваат на оваа средба ...
Триумфот на Кометал ЃП во Лигата на шампионите низ призмата на статистиката РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Според најавите од клубот, ракометарките на Кометал Ѓорче Петров за триумфот во Лигата на шампионите ќе поделат премија од 100.000 евра врз основа на поединечниот учинок во најголемиот успех во ...
ПО ОДЛИЧНИТЕ ОДБРАНИ ВО ЛИГАТА На сите ракометарки што играа сезонава ќе им се понуди да останат, а се размислува и за нови играчи Иако има уште една година од договорот со екипата на Крим ЕТА Неутроробертс, управата на Кометал Ѓорче Петров ќе се обиде да "го откупи" нејзиниот договор, за во ...
ИСПИШАНА Е НАЈУБАВАТА СТРАНИЦА ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА Шампионе! Колку само убаво ти стои. Години вложувања, откажувања и трпение вредеа за овој миг. Миг што ќе остане забележан во вечноста. Оваа држава, се чини, никогаш досега како во неделата вечер не се чувствува Шампионе! Колку само ...
За освојувањето на титулата европски првак Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров, зависно од учинокот, за триумфот во Лигата на шампионите ќе поделат 100.000 евра, ни соопшти претседателот на клубот, Иван Бојков, со што се потврди најавата на спонзорот Трифун Костовски од пред натпреварот дека ...
Македонија обземена од славеничка атмосфера по триумфот на ѓорчепетровки во ЛШ Опиена од грандиозниот подвиг на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров, кои во вториот обид успеаја да се искачат на европскиот клупски Олимп наречен Лига на шампионите, Македонија продолжува да слави.
РАКОМЕТ - ЛИГА НА ШАМПИОНКИТЕ Повеќе од 30 илјади луѓе на скопскиот плоштад Македонија ја поздравија европската титула на нашите шампионки, по победата против унгарскиот ХЕРЗ од 26-22 Повеќе од 30 илјади луѓе, и покрај дождот, излегоа на плоштадот Македонија во Скопје заеднички да ја прослават ...
по победата против ракометарките на херз Во вториот обид да се искачи на европскиот ракометен Олимп, екипата на Кометал Ѓорче Петров ја освои европската титула, откако на домашен терен со 26-22 го победи унгарскиот тим ХЕРЗ Ференцварош, дополнувајќи ја негативата од два гола од првиот меч.
Коментар - Милорад Стојмановски Кометал Ѓорче Петров беше реален кога тргна во потрага по "невозможното" - да се биде на врвот на Европа. Наспроти се! Иван Бојков, идејниот творец на "европско Ѓорче Петров", мечтаеше уште на отвореното игралиште на средното училиште "Кочо Рацин".
Македонија продолжува да живее во ритмот на триумфалниот шампионски танц на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров. Многу радосни луѓе на едно место во еден миг знаеја да го прослават она што со душа чекаа да им се случи - големиот спортски дострел, резултатот за восхит, титулата за вечност.
ФИНАЛЕ-ЖЕНИ Актуелниот македонски одбојкарски шампион во женска конкуренција, Кометал студент го совлада Работнички Фершпед со максимални 3:0 во првиот финален натпревар од годинешното првенство. Со оваа победа "кометалки" поведоа со 1:0 во победи во финалната серија која се игра во серија "подобар ...
Сонот на ѓорчепетровки стана јаве по победата над Херц од 26:22 во реваншот од финалето на ЛШ Македонија по цела деценија спортска независност конечно го дочека моментот да го прослави својот прв европски ракометен шампион, а тоа задоволство и го приреди, кој друг ако не, Кометал Ѓорче Петров, кој ...