TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Матка ги отвори вратите за посетителите

Вечер Прес - 12.10.2008

Матка во саботата беше домаќин на љубителите на природата. Тие на реновираното плато пред црквата "Свети Андреа", имаа можност да се дружат и истовремено да се запознаат со проектот на Градот и НВО "Фагриком" за заштита, ревитализација на биолошката разновидност по должината на кањонот Матка, но и за создавање услови за развивање на еколошкиот туризам.

Промоција на проектот за заштита на Матка

Н.Македонија - 11.10.2008

Градските власти во соработка со невладината организација „Фагриком“ денеска во 12 часот ќе организираат големо дружење на Матка, на платото пред црквата „Свети Андреја“, како промоција на проектот за заштита на растителниот и на животинскиот свет во овој споменик на природата.

Дружење на Матка

Дневник - 11.10.2008

Дружење на Матка Градот Скопје и невладината организација „Фагриком“ денеска напладне организираат големо дружење на Матка со граѓаните.

Беше промовиран проектот за заштита на кањонот Матка

Канал5 - 11.10.2008

Под мотото „Ја сакам Матка“ денеска пред скопјани беше промовиран проектот за заштита на кањонот Матка. Со засадување на дрвца, поставување на информативни табли за посетителите и обновување на дел од урбаната опрема невладината организација „Фагриком“ и градот Скопје го започнаа првиот дел од ...

Ќе се промовира проект за заштита на кањонот

Време - 10.10.2008

Под мотото „Ја сакам Матка“, Град Скопје и невладината организација „Фагриком“ утре, на платото пред црквата „Свети Андреа“, ќе организираат големо дружење со граѓаните за промоција на проектот за заштита на биодиверзитетот на Матка.

Ја сакам Матка

Форум - 10.10.2008

Утре во 12 часот почнува проектот „Ја сакам Матка“. Настанот ќе биде збогатен со настапите на етно бендовите Баклава и Љубојна , а за децата е организирана аниматорска претстава со кловнови.

Големо дружење на Матка

Вечер Прес - 09.10.2008

Големо дружење на Матка Градот Скопје и НВО Фагриком" в сабота на Матка, ќе организираат големо дружење со граѓаните. Под мотото "Ја сакам Матка" на платото пред црквата Свети Андреа", ќе биде промовиран и проектот за заштита на биодиверзитетот во кањонот.