TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Локалецот повторно на пеглање

А1 - 23.12.2001

Ново пеглање на предлог - законот за локална самоуправа во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Денеска попладне во 15 часот во собранието на РМ се собраа министерот за правда, за локална самоуправа, за образование и потписниците на рамковниот договор.

Нема компромисни решенија за спорната локална самоуправа

А1 - 21.12.2001

Неформалниот рок за донесување на законот за локална самоуправа кој си го поставија македонската влада и меѓународните претставници, а тоа е крајот на оваа година, може да биде пробиен, затоа што, иако има прогрес, се уште не се договорени компромисни решенија за спорните прашања.

Ле Роа: Законот за локална самоуправа не е етнички, туку политички проблем

А1 - 20.12.2001

По десет дена работа на владино експертскиот тим на законот за локална самоуправа, европосредникот Ален лероа проценува - законот за локална самоуправа не е етнички, туку политички проблем, а неговото однесување е прашање на решеност и одлука на владата.

Здравството се уште пречка за локалната самоуправа

А1 - 20.12.2001

„Ние како Заедница на единици на локална самоуправа му даваме целосна поддршка на процесот на децентрализација на Македонија“, изјави претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов, земајќи предвид дека Македонија според Советот на Европа е една од најцентрализираните земји во југоисточна Европа.

Проблемот, локална самоуправа не се решава, туку се разводнува

А1 - 18.12.2001

Попладнево на разговори околу законот за локална самоуправа кај претседателот Трајковски се состанаа 10 тина градоначалници-претставници на заедницата на единиците на локална самоуправа, министрите за образование и здравство, а беше најавено и присуство на премиерот Георгиевски, со цел изворно да ...

Локалната самоуправа в четврток повторно во Собрание

Вест - 18.12.2001

ИСПЕГЛАНИ РАЗЛИКИТЕ ОКОЛУ СПОРНИТЕ ПРАШАЊА ЗА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ "Блиску сме до договор. Сакаме сите прашање да ги истуркаме во пакет. Не сакам да зборувам за детали зашто не сакам да наштетам на процесот", вели министерот за локална самоуправа Фаик Арслани Усогласениот текст на законот за ...

Законот за локална самоуправа ќе биде усвоен пред Нова година

Дневник - 18.12.2001

МИНИСТЕРОТ АРСЛАНИ ОПТИМИСТ Министерот Новковски смета дека децентрализацијата во образованието мора се спроведува постепено Може да се очекува конечно решение за отворените прашања во предлог-законот за локална самоуправа, најави вчера ресорниот министер Фаик Арслани.

Законот за локална самоуправа со нов рок 2003

А1 - 17.12.2001

И покрај минатонеделните најави дека законот за локална самоуправа деновиве ќе се врати во собраниска процедура, денеска инволвираните во експертско-министерската расправа кои требаше да ги испеглаат разликите најавуваат дека на него ќе се работи најмалку до крајот на неделава.