Ново пеглање на предлог - законот за локална самоуправа во кабинетот на претседателот Борис Трајковски. Денеска попладне во 15 часот во собранието на РМ се собраа министерот за правда, за локална самоуправа, за образование и потписниците на рамковниот договор.
Неформалниот рок за донесување на законот за локална самоуправа кој си го поставија македонската влада и меѓународните претставници, а тоа е крајот на оваа година, може да биде пробиен, затоа што, иако има прогрес, се уште не се договорени компромисни решенија за спорните прашања.
По десет дена работа на владино експертскиот тим на законот за локална самоуправа, европосредникот Ален лероа проценува - законот за локална самоуправа не е етнички, туку политички проблем, а неговото однесување е прашање на решеност и одлука на владата.
„Ние како Заедница на единици на локална самоуправа му даваме целосна поддршка на процесот на децентрализација на Македонија“, изјави претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов, земајќи предвид дека Македонија според Советот на Европа е една од најцентрализираните земји во југоисточна Европа.
Попладнево на разговори околу законот за локална самоуправа кај претседателот Трајковски се состанаа 10 тина градоначалници-претставници на заедницата на единиците на локална самоуправа, министрите за образование и здравство, а беше најавено и присуство на премиерот Георгиевски, со цел изворно да ...
ИСПЕГЛАНИ РАЗЛИКИТЕ ОКОЛУ СПОРНИТЕ ПРАШАЊА ЗА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ "Блиску сме до договор. Сакаме сите прашање да ги истуркаме во пакет. Не сакам да зборувам за детали зашто не сакам да наштетам на процесот", вели министерот за локална самоуправа Фаик Арслани Усогласениот текст на законот за ...
МИНИСТЕРОТ АРСЛАНИ ОПТИМИСТ Министерот Новковски смета дека децентрализацијата во образованието мора се спроведува постепено Може да се очекува конечно решение за отворените прашања во предлог-законот за локална самоуправа, најави вчера ресорниот министер Фаик Арслани.
И покрај минатонеделните најави дека законот за локална самоуправа деновиве ќе се врати во собраниска процедура, денеска инволвираните во експертско-министерската расправа кои требаше да ги испеглаат разликите најавуваат дека на него ќе се работи најмалку до крајот на неделава.