TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Откриени снимателите на приведените во Бродец

А1 - 17.02.2008

МВР го откри идентитетот на двајцата полицајци кои со своите мобилни телефони ги снимаа приведените од акцијата „Планинска бура“ во Бродец. Едниот е припадник на Единицата за брзо распоредување, а другиот е од „Алфите“. Против нив ќе биде покрената дисциплинска постапка.

МВР конечно со информација за полицајците кои ги лиферуваа во јавноста снимките од Бородец

Канал5 - 17.02.2008

Полицијата соопшти дека знае коj снимал по акцијата во Бродец и на испрашувањето на Хебиб Ахмет во полициска станица, но идентитетот на полицајците не го соопшти. Единствено објавија дека се работи за еден припадник на Единицата за брзо распоредување и за припадник на посебната мобилна единица.

Во одбрана на тероризмот

Дневник - 16.02.2008

Ќе биде многу интересно да се видат настапите на Шекеринска, Макрадули и, да речеме, на Бучковски, кога ќе се соочат со лицето на Амети пред тоа да помодри и да се подуе Кога на некои од медиумите ќе видите слика на човек со видливи траги на насилство, при што уште ја добивате и информацијата дека ...

Од грмушката не се гледа шумата!

Дневник - 16.02.2008

Што е побитно, кој е кртот во редовите на МВР или вистината што треба да ја знае јавноста дали имало или не пречекорување при третирањето на уапсените од Бродец? Пред неколку години Хрватска ја потресе аферата за некоја „нелегална“ заштеда во банка од страна на сопругата на хрватскиот претседател ...

Јанкуловска ќе проговори во Собранието

Време - 15.02.2008

МАНАСИЕВСКИ ВО ПРИЛЕПТРАЕ ИСТРАГАТА ЗА КОНТРОВЕРЗНИТЕ СНИМКИ ОД БРОДЕЦ Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска нема да даде оставка, а своите одговори на обвинувањата од СДСМ и од ДУИ за однесувањето на полицијата во акцијата Бродец ќе ги даде во Собранието, доколку се поднесе ...

Кој ја мести полицијата ?

Капитал - 14.02.2008

Кој ја мести полицијата ? Видеоснимките од полициската акција во Бродец направија политичка бура меѓу власта и позицијата. Снимката на која се гледа како полицајците се закануваат дека ќе убијат дел од приведените кои се врзани со лисици на рацете и модринки на нивните лица се појавија на интернет ...

Полицијата се' уште го бара „снимателот“ од Бродец

Дневник - 14.02.2008

Секторот за внатрешна контрола при МВР се' уште истражува кој е полицаецот што во медиумите викендов ја пуштил видеоснимката на која е прикажано испрашувањето на Хебиб Ахмети, уапсен во акцијата во Бродец. На видеоснимката е јасно прикажано дека Ахмети со видливи повреди на лицето и на главата е ...

Јанкуловска без коментар за снимките од приведените во Бродец

Канал5 - 14.02.2008

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска не сака ништо да коментира за снимките со приведените во акцијата во Бродец додека внатрешната контрола во МВР не ја заврши работата. Засега не знае кој од полицијата снимал и потоа ги дал снимките за да бидат објавени во јавноста.

Откриен кртот од Бродец

Време - 13.02.2008

МВР ЗНАЕ КОЈ ГИ СНИМИЛ КОНТРОВЕРЗНИТЕ СНИМКИ Внатрешна контрола во полициската станица „Бит-пазар“ открила кој ги направил контроверзните видеоснимки на кои се гледа испрашувањето на Хебиб Амети, обвинет за тероризам. Извори во МВР за „Време“ тврдат дека снимка била направена со мобилен телефон, од ...

Интернет-страниците преплавени со снимки од Бродец

Утрински - 13.02.2008

Внатрешна контрола отвори постапка и веќе неколкумина се испрашани, велат во МВР Светлана Унковска Деновиве на неколку Интернет-страници се вртат видеоклипови на кои се прикажуваат детали од апсењето во полициската акција „Планинска бура“.

Интерна истрага за случајот „Планинска бура“

А1 - 12.02.2008

МВР отвори интерна истрага за случајот „Планинска бура“. Го бара полицаецот кој со својот мобилен телефон ги снимил уапсените припадници на криминално-екстремистичката група на Лирим Јакупи Нацист. Секторот за внатрешна контрола ги повикува на информативен разговор полицајците кои учествувале во ...

Политичка бура за Бродец

Време - 12.02.2008

КОНТРОВЕРЗНИ СНИМКИ НА ИНТЕРНЕТ ОД АКЦИЈАТА „ПЛАНИНСКА БУРА“ Контроверзни видеоснимки од полициската акција на Бродец предизвикаа нова политичка бура меѓу власта и опозицијата. Снимките на кои се гледа како полицајци се закануваат дека ќе убијат дел од приведените кои се со лисици на рацете, а ...

ДУИ бара смена на Јанкуловска поради Бродец

Утрински - 12.02.2008

Од МВР велат дека снимката на тепаниот, најверојатно, ја направил полицаец за потоа да ја продаде Светлана Унковска Пратеничката група на Демократската унија за интеграција вчера поднесе интерпелација за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска откако беа објавени снимките од ...

ДУИ бара одговорност, МВР „снимателот“

Дневник - 12.02.2008

Има полицајци што за одредена материјална или друг вид корист се подготвени да ја злоупотребат службената положба, велат во МВР ДУИ вчера до Собранието поднесе интерпелација за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за полициската акција во Бродец.

ДУИ ја поднесе интерпелацијата за министерката за внатрешни работи Јанкуловска

Канал5 - 12.02.2008

Пречекорување на овластувањата на МВР во акцијата во Бродец и прекумерна употреба на сила врз цивилното население, нерасветленото убиство на Иса Лика во Тетово, убиствата на Скендер Алили и командирот Фатмир Алили во Ваксинце и на Насер Небиу во Арачиново од специјалните полициски единици под се ...

СДСМ и ДУИ бараат оставка од Јанкуловска

А1 - 11.02.2008

Оставка од министерката за внатрешни работи Јанкуловска побараа СДСМ и ДУИ. Повод се снимките кои деновиве се појавија на интернет. Со вперен пиштол во главата, специјалците им се закануваат на уапсените во „Планинска бура“ во Бродец дека ќе ги убијат.

ДПА ја брани акцијата во Бродец

Утрински - 11.02.2008

ТЕТОВО - Демократската партија на Албанците не ги прифаќа информациите што во саботата биле презентирани како снимени материјали на некои електронски медиуми прикажани како „полициско насилство“. Овие информации се однесувале на наводното полициско насилство врз Хебиб Ахмети и „недолжното население ...

Случајот на Хебиб Ахмети пред народниот правобранител

Канал5 - 11.02.2008

Народниот правобранител покренува постапка за непрофесионализам во полициското постапување по објавувањето на видео снимката од распит во полициска станица на Хебиб Ахмети осомничен дека бил водач на групата уапсена во Бродец.

Хебиб Амети од Бродец е убиец, а не недолжен цивил

Вечер - 11.02.2008

Лансираните лаги и дезинформации на ДУИ и СДСМ, за новодно полициско насилство врз недолжниот цивилл , Хебиб Амети од Бродец, во полициска станица, пласирани преку неколку електронски медиуми, не претставуваат ништо друго туку само груб обид за дискридитација на ДПА и Владата и дестабилизација на ...