TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Економската и финансиската состојба на трговските фирми подобра од лани

Канал5 - 16.11.2008

Скопје, 16 ноември (МИА) - Слабата побарувачка на купувачите (24,6 отсто), зголемената конкуренција (19,7 проценти) и зголемената понуда на пазарот (10,9 отсто) имаат најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти од трговијата на мало во третиот квартал од годинава, соопшти Државниот завод за статистика.

Италија официјално во рецесија

А1 - 15.11.2008

Италија денеска објави дека влегува во рецесија. Индустриското производство е на ниво од пред десет години. По германија, Италија е втора европска сила што за само два дена обелоденува дека ќе има негативен економски раст. Лоши економски показатели има и шпанската економија. Се очекува официјална потврда. Економските аналитичари прогнозираат дека 15-те земји од еврозоната ќе западнат во рецесија.

Светот соочен со страв од нова рецесија пред Г-20

Утрински - 15.11.2008

Лидерите на Г-20 развиени и економии во развој ќе почнат да разговараат за време на викендов. ВАШИНГТОН - Официјалните бројки од ЕУ што ќе бидат обелоденети подоцна се очекува да покажат дека еврозоната е во рецесија, додека светските лидери се упатија на клучниот економски самит што ќе се одржи викендов во Вашингтон.

Италија официјално влезе во рецесија

А1 - 14.11.2008

Економијата на Италија официјално влезе во рецесија, објавено е денеска. Четвртата најголема европска економија во третиот квартал од годината оствари негативен економски раст, второ тримесечие последователно. Статистичкото биро ИСТАТ наведува дека бруто домашниот производ на Италија паднал за половина процент во периодот јули - септември во однос на претходниот квартал и за 0,9 проценти во однос ...

Евро-зоната навлезе во рецесија

BBC - 14.11.2008

За прв пат во историјата, евро-зоната влезе во рецесија. Новите податоци покажуваат дека 15 земји кои ја користат единствената валута, имале опаѓање од по 0,2% во две тримесечја по ред. Лондонски аналитичар смета дека кризата е мошне тешка.

Брисел: Евро зоната за прв пат во рецесија

Р.С.Европа - 14.11.2008

Петнаесетте земји на Европската Унија кои се во таканаречената евро зона за прв пат од постоењето на еврото паднаа во рецесија, покажуваат податоците, објавени денеска во Брисел во кои се наведува дека бруто домашниот производ веќе два месеца бележи пад од нула запирка два процента.

Германската економија во рецесија

Н.Македонија - 14.11.2008

Германија во третиот квартал годинава, третпат едно по друго, имала негативен стопански раст, со што практично германското стопанство западна во рецесија, како последица на глобалниот економски застој и експанзија на кредитната криза, соопштила вчера германската статистичка служба.

Италија во рецесија

Алсат-М - 14.11.2008

Економијата на Италија официјално влезе во рецесија, објавено е денеска. Четвртата најголема европска економија во третиот квартал од годината оствари негативен економски раст, второ тромесечје последователно. Статистичкото биро ИСТАТ наведува дека бруто домашниот производ на Италија паднал за половина процент во периодот јули – септември во однос на претходниот квартал и за 0,9 отсто во ...

Дел од Европа во рецесија

Форум - 14.11.2008

Еден ден откако најголемата европска економија Германија, и официјално се лизна во рецесија, се очекува Франција и Италија да ја делат истата судбина. Денеска и овие земји треба да ги објават своите статистики. Во Британија пак, гувернерот на Банк оф Ингланд изјави дека економијата веројатно веќе е во рецесија, а невработеноста е највисока во последниве 11 години.

ЕУ официјално влезе во рецесија

Алсат-М - 14.11.2008

И официјално европската зона е во рецесија откако економските власти во Брисел денеска ги објавија информациите од последното тромесечје. Економскиот раст кај сите големи држави е во надолен тренд. Раст од минимални 0,1 процент забележала единствено француската економија. Минус се очекува да објави и Велика Британија.

Еврото порасна во однос на доларот

Форум - 14.11.2008

Три од најголемите економски сили во светот доживеаја пад на светската берза, со што Евро зоната влезе во рецесија Во петокот еврото порасна во однос на доларот, кога Групата на дваесетмината, која се состои од 19те најголеми светски економии плус Европската унија, одржала состанок во Вашингтон, со надеж да ја подобрат светската економија.

Чешката и словачката економија и натаму растат, евро зоната од денеска во рецесија?

Нетпрес - 14.11.2008

Чешката и словачката економија и натаму растат, евро зоната од денеска во рецесија? Чешката економија во третиот квартал од годинава порасна за 4,7 насто во однос на истиот период лани. Растот е многу поголем од очекувањата. Аналитичарите очекуваа просечен раст од 3,8 насто.

Италија официјално влезе во рецесија

Макфакс - 14.11.2008

Економијата на Италија официјално влезе во рецесија, објавено е денеска во Рим. Четвртата најголема европска економија во третиот квартал од годината оствари негативен економски раст, второ тромесечје последователно. Статистичкото биро ИСТАТ наведува дека бруто домашниот производ на Италија паднал за половина процент во периодот јули – септември во однос на претходниот квартал и за 0,9 отсто во ...

Светската економија и натаму во опаѓање

BBC - 13.11.2008

Организацијата за Економска соработка и развој вели дека се очекува идната година економската активност да падне во Соединетите држави, Јапонија и Еврозоната, додека светските стопанства влегуваат во она што се нарекува продолжено забавување. Германија, која е една од најголемите економии на светот сега и официјално се лизна во рецесија.

Берлин: Германија во рецесија

Р.С.Европа - 13.11.2008

Германија, која е најголема европска економија и најголем светски извозник, трет квартал по ред бележи намалување на бруто домашниот производ, покажуваат денеска објавените податоци. Германската економија бележи намалување за 0,5 насто во третиот квартал, со што е исполнета техничката дефиниција за ...

Рецесија во Германија

Форум - 13.11.2008

Германското стопанство се наоѓа во фаза на рецесија. Според податоците на Сојузниот завод за статистика, веќе втор квартал последовно опаѓа домашниот бруто-производ, што според потесно толкуваната дефиниција на експертите веќе значи рецесија. Почетокот на годината на стопански план, според статистичарите, бил нешто подобар од претходните проценки и бил постигнат пораст со стапка од 1,4 проценти.

Германија официјално влезе во рецесија

Алфа - 13.11.2008

Германската влада денеска објави извештај во кој обелодени дека економијата опаѓа веќе цела една година, а исто движење се очекува и во последните 4 месеци од оваа година. Експертите денеска се пошалија дека иако Германија може да се пофали со производство на најдобрите автомобили и машини – едноставно нема потрошувачи кои можат да си дозволат да ги купат тие производи.

Дилемата на Обама

Дневник - 13.11.2008

Неодамна одобрените 700 милијарди долари финансиска поддршка за банкарскиот сектор, несомнено укажаа на решителноста за справување со првиот бран на финансиската криза.Обама сега се соочува со посери озен и подолготраен предизвик: решавање на проблемот на рецесија во услови кога сите фактори за раст на економијата дејствуваат против него. Новоизбраниот претседател на САД се соочува со голема ...

Германија падна во рецесија, официјално е соопштено во Берлин.

Макфакс - 13.11.2008

Германија падна во рецесија, официјално е соопштено во Берлин. Најголемата европска економија во третиот квартал годинава, втор пат последователно, оствари негативен економски растеж. Според германското статистичко биро, Бруто домашниот производ (БДП) во периодот од јули до септември на годишно ниво опаднал за половина процент.