TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Не се откупува грозјето од оние кои протестирале

А1 - 08.10.2005

„На кого да му го дадам ова грозје јас сега? Договор направен и не сака да го прими грозјето“, изјави Тасо Бошков, лозар од с.Сопот. На 53-годишниот лозар Тасо Бошков од кавадаречкото село Сопот денес му преседна и од грозјето и од „Тиквеш“.

Лозарите прават стратегија да го купат „Тиквеш“

Време - 08.10.2005

ВИШОКОТ ГРОЗЈЕ ВО „ЛОЗАР“ Министерството за земјоделство ќе обезбеди пари за велешката винарска визба „Лозар“, а лозарите од Тиквешко ќе може да го продаваат грозјето и таму. Ваквата владина одлука следува откако судот ја блокира сметката на кавадаречката визба „Тиквеш“, поради ненаплатен долг, а ...

Во Тиквешко неоткупени 15 милиони килограми грозје

Утрински - 08.10.2005

ВЛАДА Годишното производство на грозје во сите општини ќе биде откупено, освен во Тиквешкиот регион, односно Кавадарци и Росоман. Од овие две општини, според пресметките, ќе останат неоткупени околу 15 милиони килограми грозје, чии производители немаат склучено договори со ниту една винарска визба.

Тиквешкото грозје оди во Велес

Дневник - 08.10.2005

ДРЖАВАТА ВРШИ ОТКУП Околу 15 милиони килограми грозје од Тиквеш, по налог на Владата, треба да бидат откупени и преработени во велешката винарска визба "Лозар" во стечај. За таа цел Министерството за земјоделство ќе обезбеди пари за нормална работа на винарската визба.

Бугарија увезува грозје за преработка

Макфакс - 08.10.2005

Софија Бугарија увезува грозје за потребите на винарските визби, чии што преработувачки капацитети изнесуваат повеќе од 300 илјади тони грозје. Ова денеска го соопшти претставник на асоцијацијата на производители, увозници и трговци со алкохолни пијалаци.

Тиквешијата е пред катастрофа!

Време - 07.10.2005

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ АЛАРМИРА Градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, вчера побара од Владата и од Министерството за финансии да ја одблокираат жиро-сметката на винарскиот комбинат „Тиквеш“, барем додека се во тек бербата и откупот на грозјето од кое се издржуваат шест илјади домаќинства ...

Блокадата на сметката на „Тиквеш" ќе го ничкоса Кавадарци

Утрински - 07.10.2005

Градоначалникот на Кавадарци им пишува на премиерот и на министерот за финансии АНГЕЛ ДАНОВ Случувањата околу "Тиквеш" ќе имаат катастрофални последици за Кавадарци и за Тиквешијата, враќање на градот наназад и тешки социјални проблеми, предупредува градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, во ...

Влада - Вишокот грозје ќе се преработи во велешки Лозар во стечај

Макфакс - 07.10.2005

Скопје Пазарниот вишок на грозје од тиквешкиот регион ќе се откупи и ќе се преработи во Винарската визба АД Лозар од Велес во стечај, заклучи владата на синоќешната седница. Владата, како што е соопштено, за таа цел му наложи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да обезбеди ...

Минов: Се работи спротивно од интересите на „Тиквеш“

А1 - 06.10.2005

Со блокадата на „Тиквеш“, на повидок излезе една голема игра во која се вклучени луѓе кои што работат спротивно од интересите на визбата - вака рече на денешната прес конференција, кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов, кој реагираше на одлуката да се блокира сметката на винарската визба, заради ...

Лозарите во одбрана на Свето Јаневски?

Време - 06.10.2005

ПО БЛОКАДАТА НА „ТИКВЕШ“ Не ни е јасно зошто во време на откупот, исто како и лани, е блокирана сметката на „Тиквеш“, реагираа вчера лозарите од тиквешкиот регион. Збунети и исплашени од тоа дали сега кавадаречката винарска визба ќе им го откупи и плати грозјето, дел од нив вината повторно ја ...

„Лозар“ од Велес за два дена ќе се подготви за откуп на винското грозје

Утрински - 06.10.2005

Се уште е неизвесна судбината на вишокот грозје кое почнува да скапува на лозјата Во комбинација за надминување на проблемот е Бирото за стоковни резерви, кое би можело да помогне во прифаќање на залихите Вишокот винско грозје, кое се проценува дека изнесува околу 70 милиони килограми, сў уште не ...

Во Тиквешијата има над 20 милиони килограми вишок грозје

Утрински - 06.10.2005

Претставници од Министерството за земјоделство во Кавадарци КАВАДАРЦИ - Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство вчера направија обиколка во винарските визби од Тиквешијата, а имаа средба и со градоначалникот Панчо Минов и со претставници од "Агротиквешија".

Јаневски: Поповски да го откупи грозјето

Дневник - 06.10.2005

"ТИКВЕШ" ЌЕ СЕ ЖАЛИ ПОРАДИ БЛОКИРАНАТА СМЕТКА Никола Поповски нека ви го купи грозјето. Тој го блокираше "Тиквеш" и визбата нема да зема повеќе грозје оти не ни треба. Ова му го кажал Свето Јаневски на кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов кога овој се обидувал да влијае врз раководството на ...

Лозарите жртва на инаетот

Дневник - 06.10.2005

СпасиЈка Јованова Чиј инает е поголем - на бизнисменот Свето Јаневски или на министерот за финансии Никола Поповски? Каков и да е одговорот на ова прашање, не ја менува реалноста, која најмногу ги погодува илјадници лозари во Тиквеш.

"Тиквеш" не го сака грозјето на лозарите што протестираат

Дневник - 06.10.2005

Околу 70 тони грозје на Тасо Бошков, лозар од селото Сопот, скапува по нивите иако има договор со "Тиквеш". Визбата не сакала да му го откупи бидејќи присуствувал на неодамнешниот протест на лозарите во Кавадарци. Тој вчера го газеше грозјето во знак на протест.

Неизвесна исплатата на откупеното грозје

Вест - 05.10.2005

СМЕТКАТА НА ВИНАРСКАТА ВИЗБА "ТИКВЕШ" БЛОКИРАНА Винарската визба "Тиквеш" вчера соопшти дека повторното блокирање на сметката на компанијатаго доведува во прашање нејзиниот опстанок, како и исплатата на откупеното грозје. Коментарите дека одливот на 9 милиони евра од касата на "Тиквеш" не може да ...

Лозарите во паника, Свето обвинува за заговор

Време - 05.10.2005

ПО БЛОКАДАТА НА „ТИКВЕШ“ Блокадата на сметката на „Тиквеш“ го доведува во прашање опстанокот на компанијата, бидејќи тие 9 милиони евра се половина од вкупните приходи што винарската визба ги остварувала во подобрите години од работењето, пишува во вчерашното соопштение од винарската визба.

Загрозен опстанокот на "Тиквеш"

Утрински - 05.10.2005

По блокирањето на сметката на најголемата винарската визба во Македонија Блокадата на сметката не може да се симне ни со жалба АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Дури и во ситуација на блокада на жиро-сметката на винарската визба "Тиквеш", таа е подготвена и понатаму да продолжи со прием на грозјето.

Во "Тиквеш" тврдат дека е откупено повеќе грозје од планираното

Утрински - 05.10.2005

Свето Јаневски испрати ново писмо до градоначалникот Панчо Минов Претседателот на Управниот одбор на винарската визба "Тиквеш", Свето Јаневски, вчера повторно со писмо му се обрати на градоначалникот на Општина Кавадарци, Панчо Минов, во кое го информира за количествата што се откупени досега од ...

Дел од вишоците грозје ќе бидат складирани во велешки "Лозар"

Утрински - 05.10.2005

Мерки на Владата за надминување на проблемот со откупот на грозјето Владата забрзано работи на надминување на проблемот со откупот на годинешнава реколта грозје, за која се јавува проблем од предимензионирано производство и лимитираност за прифаќање на севкупното производство.

Струмички „Грозд" откупува грозје и од другите региони

Утрински - 05.10.2005

Годинава потфрли родот на струмичките лозови плантажи СТРУМИЦА - АД "Грозд" од Струмица ќе откупува грозје од лозарите од другите региони во земјава. Деновиве ја заврши бербата на винските сорти грозје од сопствените лозови насади на површина од 450 хектари, но собраните количества не ја наполнија ...

"Грозд" ќе откупува смедеревка

Дневник - 05.10.2005

СТРУМИЦА Поради недостиг од грозје во Струмичкиот регион, винарската визба "Грозд" ќе откупува грозје од сортата смедеревка од Валандовско-гевгелискиот и од Тиквешкиот регион. Грозјето ќе се користи како вински дестилат за производство на струмичка мастика и на други алкохолни пијалаци.

Неизвесна исплатата на грозјето

Дневник - 05.10.2005

"ТИКВЕШ" ПОТВРДИ ДЕКА СМЕТКАТА МУ Е БЛОКИРАНА Сопственикот на "Тиквеш" Свето Јаневски вчера му прати писмо на градоначалникот на Кавадарци, Панчо Минов, со кое го известува дека сметката на комбинатот е блокирана, поради што се доведени во прашање откупот на грозјето и работењето на винарската ...

Вишокот грозје во велешки "Лозар"

Вечер - 05.10.2005

Владата им ги нуди на винарските визби капацитетите на велешки "Лозар" во стечај, таму да го складираат винското грозје што ќе го откупат од лозарите. Ова доаѓа по застојот во откупот од страна на одредени визби од тиквешкиот и валандовскиот регион, кои поради лошата финансиска состојба престанаа ...

Блокирана сметката на визбата "Тиквеш"?

Макфакс - 05.10.2005

(Утрински весник) – вторник, 04.10.2005 Судска одлука за наплата на побарувањето на државата Сметката е блокирана поради тоа што државата побарува од "Тиквеш" 500 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Од вчера сметката на винарската визба „Тиквеш„ е блокирана.

Кој сака пропаст на "Тиквеш“?

Вечер - 05.10.2005

Иако никој во "Тиквеш" не сака да верува во теоријата на заговор, сепак повторната блокада на сметката на Винарската визба "Тиквеш" доаѓа токму во моментот кога на сметката на компанијата требаше да пристигнат 3,8 милиони евра, наменети за нејзино финансиско преструктурирање.

„Тиквеш“ ќе пропадне

А1 - 04.10.2005

„Тиквеш“ ќе пропадне. Опстанокот на компанијата е доведен во прашање - ваква порака испратија првите луѓе на винарската визба откако судот, по барање на Министерството за финансии, деновиве ја блокираше жиро сметката на компанијата за да си го наплати долгот од девет милиони евра. Од „Тиквеш“ велат.

Јаневски не може да откупува без договор

А1 - 04.10.2005

По блокадата на сметката на „Тиквеш“, Свето Јаневски денес експресно упати писмо до кавадаречкиот градоначалник Панчо Минов, дека не може да откупува повеќе грозје од лозари кои немаат договори со визбата. Во дописот стои, дека „Тиквеш“ не може да откупи нови 1,5 милион килограми грозје Кратошија, ...

Недостиг на винско грозје во струмичко

А1 - 04.10.2005

Во Струмичко, според проценките на откупувачите, има недостиг од винско грозје, наспроти проблемите со откупот и пласманот на грозјето во другите лозаро-винарски региони. Директорот на винарската визба „Грозд“ од Струмица Васе Митев, вели дека досега се задоволени само половина од потребните ...

Блокирана сметката на „Тиквеш“

Време - 04.10.2005

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Секторот за управување финансиски капитал при Министерството за финансии вчера околу пладне ја блокирал сметката на винарската визба „Тиквеш“, дознава „Време“. Со ова се извршува пресудата на Апелацискиот суд од јануари годинава според која „Тиквеш“ на Министерството за ...

Блокирана сметката на визбата "Тиквеш"?

Утрински - 04.10.2005

Судска одлука за наплата на побарувањето на државата Сметката е блокирана поради тоа што државата побарува од "Тиквеш" 500 милиони денари АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Од вчера сметката на винарската визба „Тиквеш„ е блокирана. Причина за тоа е наплатата на побарувањето на државата во вредност од околу ...

„Тиквеш“: Не блокираат пред да добиеме 3, 8 милиони евра наменети за финансиско преструктуирање

Канал5 - 04.10.2005

Винарската визба „Тиквеш“ денеска се огласи по вчерашното блокирање на нивната сметка поради долгови кон државата. Доведено е во прашање редовното работење па и опстанокот на „Тиквеш“, се вели во соопштението лиферувано до медиумите.

Лозарите во паника, Свето обвинува за заговор

Макфакс - 04.10.2005

(Време) – среда, 05.10.2005 Блокадата на сметката на „Тиквеш“ го доведува во прашање опстанокот на компанијата, бидејќи тие 9 милиони евра се половина од вкупните приходи што винарската визба ги остварувала во подобрите години од работењето, пишува во вчерашното соопштение од винарската визба.

Државата ја блокираше сметката на „Тиквеш“

А1 - 03.10.2005

Во петокот е блокирана сметката на „Тиквеш“ поради неисплатени стари долгови, дознава А1. Долгот на визбата кон државата изнесува 9,5 милиони евра. Оваа блокада нема врска со исплатата на лозарите кои го дадоа грозјето во „Тиквеш“, бидејќи став на визбата е исплатата да биде од продажбата на ...

Без владина помош, на лозарството црно му се пишува

Време - 03.10.2005

ТРИБИНА НА „ВРЕМЕ“ - ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО ГРОЗЈЕ И ВИНО? Александра К. Мишовска Без владина поддршка грозјето годинава ќе скапе кај производителите, а доколку набргу надлежните не најдат начин како да се помогне оваа гранка, површините со винова лоза ќе се преполоват, заклучија лозарите, ...

Дождот ќе го скапе грозјето во Тиквешијата

Утрински - 03.10.2005

Лозарите стравуваат Обилниот дожд што врнеше повеќе од 24 часа во Тиквешијата предизвика паника кај лозарите кои се плашат дека врнежите ќе им го уништат грозјето. "Дождот ни го обра грозјето", коментираат лозарите, плашејќи се што ќе се случи во нивните лозови насади.

Дождот ја испи ширата

Дневник - 03.10.2005

ВРНЕЖИТЕ ЈА ПРЕКИНАА БЕРБАТА Силниот дожд кој два дена непрекинато паѓаше во Тиквешијата ја "испи" ширата од вранецот и кратошијата и ги уништи надежите на лозарите за успешен крај на бербата на грозјето. - Четириесет часа врнеше без прекин. Штетите се големи. Нашиот труд заврши во кал.

Проблемот со откупот на грозјето не е во „Тиквеш

Макфакс - 03.10.2005

(Утрински весник) - понеделник, 26.09.2005 Првиот човек на УО на винарската визба „Тиквеш", Свето Јаневски, писмено му возвраќа на градоначалникот на Општина Кавадарци Јаневски предлага Кавадарци да земе кредит од 10 милиони евра за промена на структурата на лозовите насади По заканите на ...

Пинг-понг со откупот во "Тиквеш"

Макфакс - 03.10.2005

(Дневник) - вторник, 27.09.2005 ПРОТЕСТОТ НА ЛОЗАРИТЕ ГО НАЛУТИ ЈАНЕВСКИ Винарската визба "Тиквеш" вчера неколку часа го прекина откупот на грозјето откако повеќе стотици лозари од Кавадаречко, кои протестираа пред комбинатот, не дозволија три велешки камиони да влезат во винарницата.