TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Илегална воена единица во северна Aлбанија

А1 - 06.10.2001

Илегална воена единица постои во северниот дел на Албанија, во Тропоја, во близина на градот Бајрам Цури, јавуваат независните гласила во Тирана, негирајќи ги со тоа тврдењата на официјални извори. Албанскиот јавен обвинител деновиве негираше дека во овој дел од земјата има илегални воени формации.

Нема ослободителна војска на Tропоја

А1 - 04.10.2001

Албанскиот јавен обвинител Арбен Ракипи го демантираше пишувањето на дел од албанскиот печат кој тврди дека во градот Тропоја, северна Албанија, има организирана воена формација под името Ослободителна војска на Тропоја. Ракипи додаде дека станува збор „за измислица од одредени странски средини", ...

Ослободителна армија на Тропоја во северна Албанија

А1 - 03.10.2001

Ослободителна армија на Тропоја постои во северна Албанија, јавуваат гласилата во Тирана, додавајќи дека на плакати во градот Бајрам Цури се појавија написите „УЧТ“ - кратенка од Ослободителна армија на Тропоја, роден град на лидерот на опозицијата, Сали Бериша.