TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Центро унион" ќе го финансира Вардар

Вест - 02.10.2002

Одбојка Легендарниот македонски одбојкарски клуб Вардар во последен момент успеа да го избегне распаѓањето. Поранешниот југословенски шампион, кој веќе подолго време е во голема финансиска криза, доби нов спонзор, кој треба да му помогне да се врати на местото кое го заземаше пред три децении.

Вардар е повторно во игра, сега како Центро Унион Вардар

Дневник - 02.10.2002

ОДБОЈКА - ПРВА ЛИГА, МАЖИ Моментно тимот е составен од младинци, но ако ни тргне, можно е да се засилиме со нови домашни одбојкари - вели Трифун Трифуновски, тренер на "црвено-црните" Вардар е повторно во игра. Но, сега со нов спонзор и ново име - Центро Унион Вардар.

Центро-Унион го спасува Вардар

Утрински - 01.10.2002

Иако пред една недела од Управата на Вардар најавија дека поради немање пари клубот нема да се натпреварува во Првата лига, одбојкарите на овој скопски прволигаш сепак ќе бидат дел од прволигашкото друштво откако најдоа нов спонзор за клубот за следната сезона.

Вардар сепак ќе се натпреварува сезонава

Дневник - 01.10.2002

ПРВА ЛИГА, МАЖИ Одбојкарите на скопскиот машки прволигаш Вардар, сепак, ќе се натпреваруваат во Првата лига, откако клубот најде нов спонзор за следната сезона. Иако пред една недела од Управата изјавија дека поради финансиски проблеми можно е "црвено-црните" да се откажат од натпреварите во Првата ...