Молк во Рашче по синоќешната размена на рафали меѓу активистите на ДПА и ДУИ. Штабот на ДПА денеска затворен. Во синоќешниот инцидент најтешко помина 23 годишниот активист на ДУИ, Зимбер Османи. Ранет е во стопалото. Бесфорд Алити, син на Рафиз Алити поминал со телесни повреди.
Изборите не се момент за да се создаваат проблеми меѓу албанските партии, рече синоќа во Кичево лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој упати апел да престанат инцидентите меѓу албанските партии бидејќи изборите, како што рече, не се значајни само за албанскиот народ туку и за цела Македонија.
ДПА тврди дека е жртва во инцидентот во Рашче, иако тројцата повредени синоќа се луѓе на ДУИ. Мендух Тачи вели дека биле загрозени неговиот и животот на Арбен Џафери од куршумите кои кон нив ги истрелале вооружени активисти на ривалската партија ДПА тврди дека е жртва во инцидентот во Рашче, иако ...
Со изедначени шанси и двајцата се сигурни во победа. Затоа, ризикот од нерегуларности е поголем од никогаш досега. Го докажаа и досегашните инциденти. Но кој е виновен? „Значи неправилностите не можат да се направат од политичките партии без асистенција или помош од државата“, изјави Арбен Џафери ...
ВО ТЕТОВСКО ПАК ИНЦИДЕНТИ Штабови на ДУИ во тетовските села Слатино и Теарце биле нападнати вчераутро. Во Слатино два штаба што се наоѓаат во приземјето на една куќа се демолирани. Непознатите сторители искршиле стакла од прозорците на објектите што биле користени како штабови на ДУИ.
АЛИ АХМЕТИ Нема да се занимавам со предлозите на Џафери, изјави вчера Али Ахмети, лидерот на ДУИ, во врска со предлогот на претседателот на ДПА двајцата да поднесат оставки по серијата инциденти во Скопско и во Тетовско. Во ДУИ велат дека амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилијан Миловановиќ и Ерван ...
ТЕТОВО - „Демократската унија за интеграција нема никакви причини да предизвикува изборни инциденти. Тие се мотивирани од нашите политички опоненти. Треба да се осудат како дело на неодговорни луѓе кое е штетно за сите". Вака вчера Али Ахмети, лидер на ДУИ, од плоштадот во Тетово ги прокоментира ...
ТЕТОВО - Вчера во раните утрински часови беа демолирани седиштата на два локални изборни штаба на коалицијата ДУИ - ПДП во Слатино и еден во Доброште, Тетовско. Во Слатино се искршени стакла и на еден трговски дуќан сместен во семејната куќа на Рами Ќерими, градоначалник на Општина Теарце, жител на ...
Ви ветувам дека кога ќе станам пратеник, ќе живеам во Скопје, а само во викендите ќе се враќам во Тетово за да докажам дека битките ќе ги водиме во Скопје, им порача заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи на најупорните симпатизери, кои завчеравечер ниту поројниот дожд и град не ги поколебаа да ...
Од Зајас до скопско Чајлане речиси нема село каде што не се случиле инциденти помеѓу двете најголеми партии на Албанците Од кичевското село Зајас до скопско Чајлане завчеравечер продолжиле меѓусебните пресметки на активистите на ДПА и на ДУИ, во кои под закани со оружје биле демолирани изборни ...
Ги реализиравме правата на Албанците и постигнавме албанскиот и македонскиот јазик да се употребуваат рамноправно, рече лидерот на ПДП Абдулади Вејсели на завчерашниот митинг на коалицијата ДУИ-ПДП во Студеничани. Коалицијата ДУИ-ПДП ии'порача на партијата на Арбен Џафери дека треба да одговараат ...
Демолирани се двата изборни штаба на ДУИ во тетовското село Слатина. Според претставниците на ДУИ, инцидентите се случиле завчераноќ околу три часот, кога непознати лица излегувајќи од повеќе автомобили, со дрвени палки ги искршиле стаклата на двата локални штаба.
Ноќеска настрадаа стаклата на двата изборни штаба на ДУИ во Слатина. После три часот непознати лица, излегувајќи од повеќе автомобили, со дрвени палки ги искршиле излозите на штабовите. „Излегле на прозорец и виделе црвен „Голф“ и тој побегнал“, рече Имер Хасани, жител на Слатина.
„Сите знаат дека ДУИ е политичка сила која ги обединува Албанците. Ние сме тие што можат да ги обединат Албанците, бидејки ја знаеме Албанската историја и нема да се вратиме во времето на 2001-та“, рече на митингот во скопско Студеничани Рафиз Алити, носител на листата во првата изборна единица.
ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО Еден ден по средбата на странските амбасадори со лидерите на ДПА и на ДУИ вчераутро било пукано во правец на објектите каде што се сместени изборните штабови на ДПА во тетовските села Глоѓи и Слатино. На стаклата од објектот каде што е сместен изборниот штаб на ДПА во Глоѓи може ...
Минатиот четврток рано наутро активисти на ДУИ ги каменувале изборните штабови на ДПА во тетовските села Глоѓи и Слатина, обвини вчера ДПА. Според Сали Јонузи од ДПА со камења биле искршени неколку стакла на излогот на штабот во Слатина.
ТЕТОВО - Вчера во раните утрински часови непознати извршители каменувале и оштетиле два локални изборни штаба на ДПА во тетовските села Слатино и Глоѓи. И во двата штаба очигледно се причинети штети, а во внатрешноста на просториите се забележуваат нерасчистени искршените стакла и големите камења ...
Тирана - Политичките партии на Албанците во Македонија се одговорни за досегашните проблеми во предизборната кампања во земјата, оценија вчера албанските медиуми. Електронските и печатените медиуми во Албанија подвлекуваат дека двете главни партии на Албанците ДУИ и ДПА создаваат меѓусебни ...
На средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ, лидерот на ДПА Арбен Џафери му предложил на лидерот на ДУИ Али Ахмети да си поднесат оставки од водечките функции На средбата со амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилиен Миловановиќ и Ерван Фуере, лидерот на ДПА Арбен Џафери му предложил на лидерот на ДУИ Али ...
Национализмот носи штета, тој го кочи економскиот развој, порачаа кандидатите за пратеници на ДПА на вчерашниот митинг во Слупчане. Гласајте за интелектуалци и за луѓе кои ги знаат проблемите на албанската заедница во Македонија. Ќе ги решиме сите проблеми на борците од 2001-ва, вели Мендух Тачи.
Два изборни штаба на ДПА се каменувани ноќеска во тетовско. Во Слатина со неколку камења се искршени стаклата на локалниот штаб. Од таму велат дека во него до четири утринава имало активисти. Инцидентот е забележан околу шест часот кога екипи на полицијата извршиле увид.
ПО ЗАВЧЕРАШНОТО РЕНДАЊЕ КАЈ МИЛОВАНОВИЌ И ФУЕРЕ ДУИ и ДПА и вчера пак се обврзаа дека ќе го контролираат членството и дека ќе се залагаат за фер и демократска кампања, без инциденти и насилство. Во последните неколку дена обете партии и буквално влегоа во вистинска предизборна војна, поради што ...
ЕУ И САД НЕМА ДА ТОЛЕРИРААТ НЕРЕГУЛАРНОСТИ Амбасадорите Џилијан Миловановиќ и Ереван Фуере на завчерашната средба ги убедувале лидерите на ДУИ и ДПА дека најголем губитник од насилни избори ќе биде Македонија Демонстрација на насилство на претстојните парламентарни избори нема да биде исплатлива ...
Лидерите излегоа од средбата бледи и кооперативни, рецитирајќи ја изјавата што им ја подготвија ЕУ и САД Слободанка Јовановска Лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети, Арбен Џафери и Мендух Тачи, вчера добиле освестувачки пораки од странските амбасадори, што се виде од тоа како ја изрецитираа изјавата ...
„Мораме да ја смениме сликата на Албанците во Македонија и да покажеме дека тие не се дестабилизирачки фактор", порача лидерот на ДПА, Арбен Џафери, на митинг во тетовското село Боговиње. Тој нагласи дека на средбата во американската амбасада и ДУИ покажала интерес за надминување на проблемите.
Да запре насилството во предизборната кампања и да се стави крај на нападите на изборните штабови, пукотниците и на меѓусебните пресметки Да запре насилството во предизборната кампања и да се стави крај на нападите на изборните штабови, пукотниците и на меѓусебните пресметки, бидејќи тоа сериозно ...
Мендух Тачи повторно посочува на МВР како на најголем виновник за инцидентите меѓу ДПА и ДУИ. Ако полицијата престане со, како што тврди Тачи, притисоците врз албанците тогаш ситуацијата ќе се смири. Мендух Тачи повторно посочува на МВР како на најголем виновник за инцидентите меѓу ДПА и ДУИ.
"Апелирам до сите наши активисти и симпатизери да не наседнуваат на провокациите од политичките опоненти бидејќи на ДПА не и се потребни инциденти. На локалните избори покажавме дека не сакаме влада без власт, вели Џафери Мирни 24 часа во изборните штабови на албанските партии по лекцијата, што ...
Ахмети и Џафери, под притисок на Америка и Европа, ветија - нема веќе секоја вечер да сервираат инциденти. Барем првиот ден од кога излегоа од американската амбасада го одржаа зборот и дозволија мирен сон на граѓаните. Денеска во скопски Чаир врвулица, жителите брзаа да си завршат работа.
„Имам потреба вечерва да ве убедам дека на ДПА не им се потребни инциденти. На локалните избори покажавме дека не сакаме влада без власт. И даваме предност на благосостојбата на граѓаните. Затоа сакаме овие избори да бидат регуларни.
ЌЕ СЕ СМИРАТ ЛИ СТРАСТИТЕ ВО АЛБАНСКИОТ БЛОК ДУИ и ПДП вчера побараа итна средба со челниците на ДПА и на другите партии на Албанците за да се спречат понатамошни инциденти и насилство пред и за време изборите. Коалицијата бара средбата да се одржи во рок од два дена, но ДПА вчера енергично го одби ...
ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТРАНЦИТЕ ЗА АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ Странците се заканија дека ако не се смири топката, Али Ахмети може да патува за Хаг, а Мендух Тачи останува во црната листа на САД Меѓународната заедница ќе бара одговорност од лидерите на ДУИ и ДПА ако за време на изборната кампања и на ...
И статусот на Косово дел од предупредувањето на Миловановиќ и Фуере Амбасадорите на ЕУ и на САД, Ерван Фуере и Џилијан Миловановиќ, вчера ги собраа во американската амбасада лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети, Арбен Џафери и Мендух Тачи, за да им дадат последна опомена - дека ако продолжат со ...
Партијата на Џафери го отфрли предлогот на Ахмети за нова декларација за фер избори Демократската партија на Албанците не прифаќа потпишување нова декларација за фер избори, ниту средба на партиските лидери од албанскиот политички блок, отфрлајќи го на тој начин последниот предлог на лидерот на ...
Креатор на насилствата во северозападниот дел од земјата е лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој се обидува да ја задржи власта онака како што ја освои, со оружје, рече Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз. - ДУИ е милитантна партија под чија заштита четири години шетаат распашани команданти.
ДПА вчера на новинарите им прикажа снимки од Куманово на кои се гледа како активисти на ДУИ придружувани од полицајци симнуваат пропагандни материјали на ДПА. Ова е заедничка акција на Али Ахмети и на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго, изјави портпаролот на ДПА Имер Алиу, ...
Амбасадорите Џилиен Миловановиќ и Ерван Фуере ќе ги повикаат Ахмети и Џафери да го почитуваат кодексот за фер избори, а нивните симпатизери да се воздржат од насилства Со длабока загриженост поради инцидентите со кои почна изборната кампања амбасадорите на САД и на ЕУ, Џилиен Миловановиќ и Ерван ...
Последните случувања во Скопје, како и претходните насилства во Тетовско, Кичевско и други населени места, карактеристични со насилство, употреба на огнено автоматско оружје, бомби и физички пресметки меѓу "активисти" на ДУИ и ДПА, на најциничен начин ги девалвираа сите заложби за регуларни, фер и ...
Амбасадорите на САД и ЕУ сметаат дека црвената линија веќе е премината, што лошо ќе се одрази за вкупниот епилог на изборите Американаскиот амбасадор во земјава Џилијан Милованиќ вчера доцна попладне ги почна разговорите со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Арбен Џафери.
Ставете крај на насилствата, ќе имате штетни последици врз аспирациите за ЕУ и НАТО. Ова е расплетот од скоро 3 часовната средба во американската амбасада на Милованович и Фуере и Ахмети и Џафери која финишираше со декларација.
ВООРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА НА АКТИВИСТИ НА ДУИ И ДПА ВО САРАЈ Имер Селмани, првиот човек на општина Сарај вели дека во неделата на полноќ бил нападнат од активисти на ДУИ, по што неговото обезбедување морало да пука во воздух за да го заштитат Активисти на ДПА и ДУИ во неделата на полноќ имале вооружена ...
ДПА ОБВИНУВА Вооружени структури на ДУИ, придружувани со полициски возила, завчеравечер го нападнале градоначалникот на Сарај, Имер Селмани, и пукале врз него, обвини ДПА вчера на прес-конференција. Според Селмани, неколку автомобили полни со активисти на ДУИ пред полноќ му го пресекле патот и ...
Ако продолжи вака изборите тешко ќе бидат оценети како фер и слободни Слободанка Јовановска Европската унија ќе бара објаснување од лидерите на ДУИ и на ДПА за инцидентите што се случуваат изминатите денови околу кампањата и остро ќе ги предупреди дека со ваков манир на однесување нема шанси ...
Насилствата во албанското политичко подземје во државава предизборно ескалираат. Во неделата пред полноќ две групи се пресметувале со огнено оружје на плоштадот во општината Сарај. Истата вечер во скопското село Батинци бил претепан еден од кандидатите на ДУИ на изборните листи.
Изјава ДЕБАР - Последните инциденти не се добри. Сигурно ќе имаме средби со раководството на ДПА вакви настани да не се случуваат повеќе, бидејќи сме во еден многу значаен процес. Ќе побараме ДПА да побара од нејзините активисти да се оддалечат, зашто тоа не е добро за сите граѓанин на Македонија.
Лидерот на ДПА Арбен Џафери на завчерашниот митинг во Арачиново рече дека имале сознанија оти во соработка со полицијата се подготвува фалсификат на изборите. - Полицијата и „алфите“ се во служба на СДСМ и на ДУИ, а ДПА ќе ја обвинат дека сака да го наруши изборниот процес.
Во пукотниците немаше повредени,а во вербалната пресметка помеѓу двете најголеми партии на Албанците за тоа кој е одговорен е обвинета и полицијата Сарај прексиноќа ечеше од пукотници од огнено оружје. Во рафалната престрелка немаше повредени, но се изрешетени неколку автомобили и дуќани.
Лошиот старт на кампањата, со инциденти бомби и пукотници, може да има штетни и сериозни последици врз евроинтеграциите – ова е заедничката порака на американската амбасадорка Миловановиќ и евроамбасадорот Фуере по речиси тричасовната средба со челниците на ДУИ и на ДПА Ахмети и Џафери.
Заедничкото живеење има услови тоа е рамноправност во системот порака на Џафери и Тачи од Арачиново. „Ние нудиме рака за заедничко живеење меѓутоа заедничкото живеење има свои услови што треба да се исполнат. Главен услов е еднаквост во системот ние ова ќе го исполниме“, изјави Арбен Џафери, лидер ...
Во Сарај пиштоли и автомати, во Батинци клоци и шипки, нова жешка предизборна ноќ меѓу ДПА и ДУИ. Две банди се пукале дваесетина минути по главната улица во Сарај, изрешетани се неколку автомобили, еден полициски, еден на општината. Искршени се неколку излози.
Заложбата на Ахмети и на Џафери за мирни избори се претвори во војна меѓу нивните партии. Во албанскиот политички блок не помина ден без инциденти. Ахмети синоќа од Дебар по којзнае кој пат за само неколку дена од почетокот на кампањата се заложи за мирни избори.
ПРЕДИЗБОРНА ВОЈНА Бомба-кашикара била фрлена во седиштето на ДУИ во Струга, половина час по полноќ во саботата. Бомбата не експлодирала, а сторителите се непознати, како што се уште не се знае кој во саботата утрото околу три часот утрото фрли две рачни бомби во штабот на ДПА во општината Сарај, ...
ЗАЛУДНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Двете најголеми албански партии меѓусебно се обвинуваат кој има повеќе специјалци, оружје и бомби за изборната кампања и за петти јули Од почетокот на изборната кампања во петокот, според статистиката на МВР, се случиле дури 10 инциденти во кои ...
Повеќе од 11 инциденти се пријавени и евидентирани од МВР од почетокот на предизборната кампања БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Најмалку 11 посериозни инциденти се пријавени и евидентирани од МВР од почетокот на предизборната кампања на 15 овој месец.
По толку укажувања , не очекувавме дека партиите сепак ќе применуваат насилство, велат во МВР Прексиноќа во партискиот штаб на ДУИ во Струга била фрлена рачна бомба кашикара која за среќа не експлодирала. Освен скршените стакла, нема друга материјална штета.
Последни подготовки за дневната изборна маршрута на ДПА- автобусот поаѓа од Тетово со главната партиска тројка- Џафери, Тачи, Матоши- ќе поминат неколку села и по три часа ќе завршат со митинг во Скопје. Последни подготовки за дневната изборна маршрута на ДПА- автобусот поаѓа од Тетово со главната ...
Со огнено оружје ноќеска во Сарај се пресметуваа активистите на ДУИ и ДПА. Утрово дупки од куршумите сведочеа за сериозниот инцидент. Со својата верзија на престрелката излезе партијата на Џафери. Не се смирува тензијата меѓу ДУИ и ДПА нови инциденти , со секој нов ден од кампањата.