TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нова жртва од пожарите во Грција

А1 - 02.09.2007

Пожарите во Грција денеска зедоа уште една жртва со што нивниот број достигна 65 лица, соопштија грчките електронски медиуми. Во борба со огнената стихија починал жител на островот Евбеја, кој претходно работел како пожарникар.

Уште едно лице загина во пожарите во Грција, властите тврдат дека состојбата се нормализира

Канал5 - 02.09.2007

Пожарите во Грција денеска зедоа уште една жртва со што нивниот број достигна 65 лица, соопштија грчките електронски медиуми. Во борба со огнената стихија починал жител на островот Евбеја, кој претходно работел како пожарникар.

Караманлис: Грција и покрај катастрофалните пожари ќе продолжи со реформите

Канал5 - 02.09.2007

Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека ќе продолжи со реформите во државата и покрај катастрофалните пожари, кои ја зафатија Грција ова лето, објави денеска грчкиот весник „Катимерини“. Атина, 2 септември (МИА) - Грчкиот премиер Костас Караманлис изјави дека ќе продолжи со реформите во ...

Помош од ЕУ за Грција за штетите од пожарите

А1 - 01.09.2007

Грција се уште се бори со огнот што зафати речиси една третина од државата. Веќе деветти ден горат пожари на полуостровот Пелопонез и островот Евбеја, но грчките власти тврдат дека другите пожари во останатиот дел од земјата се изгаснати или под контрола.

Костас Караманлис објави план за обнова на грчките опожарени региони

Канал5 - 01.09.2007

Грчкиот премиер Костас Караманлис објави план од осум точки за обнова на опожарените реони, соопштија грчките електронски медиуми. Атина, 1 септември (МИА) - Грчкиот премиер Костас Караманлис објави план од осум точки за обнова на опожарените реони, соопштија грчките електронски медиуми.

ЕУ вети помош на Грција за штетите од пожарите

Макфакс - 01.09.2007

Атина Европската унија (ЕУ) ќе и помогне на Грција да ги санира последиците од штетите што ги предизвикаа големите шумски пожари, најави претседателот на Европската комисија Жозе Барозо. „Ќе ја разгледаме молбата на Грција за помош веднаш откако ќе биде направена проценка на нанесените штети“, ...

Пожари во Шпанија

Вест - 31.08.2007

МАДРИД (ДПА), 31 август - Шпанските спасувачки екипи евакуираа 125 лица од нивните домови во источна Шпанија каде беснее пожар и кој поради силниот ветер брзо се шири. Пожарот избувна во провинцијата Кастељон, северно од Валенсија.

Редици пред банките во Грција за обесштетување од пожарите

Утрински - 31.08.2007

Атина - Долги редици се создадоа пред банките во Грција, откако од завчера почна исплатата на обесштетувањата на настраданите во пожарите во земјата, јавија грчките медиуми. Процедурата на исплата на парите е поедноставена, па оштетените само со една приложена декларација можат да земат ...

Поради опасност од пожари, на Водно само пеш

Утрински - 31.08.2007

Рампата на Средно Водно ќе биде спуштена и за претстојниот празник 8 Септември Рампата на Средно Водно е спуштена, а движењето кон Милениумскиот крст е забрането за возила. Ваквото ограничување ќе трае се' додека има опасност од избувнување нови пожари, најавуваат во „Паркови и зеленило“.

Пожарите стивнуваат, протестите се разгоруваат

Дневник - 31.08.2007

Поради сомнение дека учествувале во палењето на 52-та пожара што во Грција беснееја од 26 до 29 август, грчката полиција веќе приведе 73 лица, соопшти државната телевизија ЕРТ , повикувајќи се на информација од службата за противпожарна заштита.

Седумте фатални грешки

Вечер Прес - 31.08.2007

Грчкиот весник "Та неа" вчера објави статија, во која ги коментира направените "седум фатални грешки" за време на гаснењето на пожарите во Грција, кои досега земаа 64 жртви. Според експертите, на кои се повикува весникот, меѓу грешките за одолговлечување при гаснењето на пожарите ги наведуваат: ...

Уапсени 73 лица за пожарите во Грција

А1 - 30.08.2007

Грчката полиција уапси 73 лица осомничени за предизвикување на 52 пожари што во изминатите четири дена ја зафатија Грција. Според првичните информации, пожарот намерно го предизвикале 28 лица, 41 лице го направиле тоа од невнимание, а четворица од уапсените имале обид за предизвикување оган.

Огнот помина преку мене

Време - 30.08.2007

РЕПОРТАЖА НА НОВИНСКАТА АГЕНЦИЈА АФП ЗА ПОЖАРОТ НА ПЕЛОПОНЕЗ Со изгореници по целото тело 25-годишниот Албанец Спиро Коша, работник на земјоделска фарма на Пелопонез, раскажува како се спасил од пеколот на бесниот пожарот криејќи се во една правлива дупка.

Пожарите во Грција полека стивнуваат

Вест - 30.08.2007

АТИНА, 30 август (ДПА) - Пожарите кои во Грција го однесоа животот на најмалку 64 лица и за два дена уништија речиси 184.000 хектари шуми, вчера, како што соопшти службата за борба против пожари, се смируваат. Борбата против огнената стихија денеска е концентрирана на островот Евиа и на западниот ...

Посебен режим во парк-шумата Водно

Вест - 30.08.2007

Поради опасноста од избивање на нови пожари во парк-шумата Водно, ЈП "Паркови и зеленило" воведе посебен режим на контрола на целата територија на парк-шумата. Екипите и чуварската служба, во соработка со МВР, вршат 24-часовно патролирање низ заштитниот шумски појас.

Четири пожари на Водно за нецел месец

Време - 30.08.2007

СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, заедно со членовите на бригадата за противпожарна заштита на градот, деновиве изгаснале четири пожари во заштитената зона на парк-шумата Водно, информираат од претпријатието.

Стивнуваат пожарите во Грција

Дневник - 30.08.2007

Пожарите што во Грција убија најмалку 64 луѓе и за шест дена уништија речиси 184.000 хектари шуми, полека стивнуваат. Противпожарната служба соопшти дека борбата против огнената стихија е концентрирана на островот Евија и на западниот дел на полуостровот Пелопонез.

Грчката полиција приведе 73 лица осомничени за подметнување на пожарите

Канал5 - 30.08.2007

Поради сомнение дека учествувале во палењето на 52-та пожари што во Грција беснееја од 26 до 29 август грчката полиција веќе приведе 73 лица, соопшти државната телевизија „ЕРТ“ повикувајќи се на информација од службата за противпожарна заштита.

„Та неа“: Седумте фатални грешки направени за време на пожарите во Грција

Канал5 - 30.08.2007

Грчкиот весник „Та неа“ денеска објави статија, во која ги коментира направените „седум фатални грешки“ за време на гаснењето на пожарите во Грција, кои досега земаа 64 жртви. Атина, 30 август (МИА) - Грчкиот весник Та неа денеска објави статија, во која ги коментира направените седум фатални ...

Пожарите во Италија се шират и достигнаа и до Рим

Канал5 - 30.08.2007

Пожарите во Италија се шират при што достигнаа и до престолнината Рим. Пожар избувна во историскиот парк во Рим „Вила Ада“, но огнот бил набрзо совладан. Полицијата смета оти станува збор за намерно потпалување. Рим, 30 август (МИА) - Пожарите во Италија се шират при што достигнаа и до ...

Сите пожари на Водно се подметнати

Вечер Прес - 30.08.2007

Екипите на Паркови и зеленило", во соработка со Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во изминативе неколку дена успеаја да изгасат три пожари во заштитената зона на парк-шумата Водно". Минатиот петок, за само неколку часа бил ставен под контрола, а потоа и изгасен пожарот кој зафатил ...

Грција не ја стави Македонија ни на листата држави што понудија помош

Време - 29.08.2007

ОТКАКО НЕ ГИ ПРИМИ ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ЕКИПИ Македонија не е на листата држави што &“38; помагаат на Грција да се справи со пожарите, која завчера официјално ја објави грчкото министерство за надворешни работи. Македонија не е наброена меѓу државите што дадоа помош, не е ниту меѓу тие од кои Грција ...

Бројот на загинати расте, групи граѓани се опколени од пламените

Време - 29.08.2007

ТРАГЕДИЈА ВО ГРЦИЈА Бројот на загинати од силните пожари што ја зафатија јужна Грција се искачи на 63, по што во земјата избија и првите политички пресметки околу пожарите, кои избија три недели пред парламентарните избори. Пожарите се уште беснеат во делови на Пелопонез, а вчера пожарникарите се ...

Хотелите прават пари од бегалците

Време - 29.08.2007

Грчки медиуми јавуваат дека низа хотели решиле да заработат од маката на лицата што бегаат од пожарите. Според новинската агенција МИА, во Пиргос хотелиерите барале по 150 евра за ноќ за да ги сместат бегалците чии куќи изгореле и кои барале засолниште во деловите на Пелопонез, кои не се зафатени ...

На Грција не и треба помош од Македонија

Вест - 29.08.2007

60 ПОЖАРНИКАРИ ВРАТЕНИ ОД ГРАНИЦА Јужниот сосед не ја прифатил помошта од Македонија со образложение дека во моментов му се потребни само авиони и хеликоптери, а не возила и пожарникари Пожарникарите и трите возила кои Македонија ги испрати за да помогнат во гасењето на пожарите кои ја пустошат ...

Косовски Албанец меѓу подметнувачите на пожари во Грција

Утрински - 29.08.2007

Наводниот виновник бил обучен од ЦИА, а во Грција влегол минатиот понеделник, пишува еден атински весник Косовски Албанец, чии екстремистички активности им биле познати и на странските и на локалните служби за безбедност, се споменува во тајниот извештај на грчката разузнавачка служба како ...

Грција потпалува политички пожар со македонски пожарникари?

Утрински - 29.08.2007

Сосема ненадејно односите меѓу Македонија и јужниот сосед Грција вчера се најдоа во фокусот на вниманието на медиумите од регионов, а поводот е повеќе од банален - Македонија џентлменски одговори на апелот на Грција за давање помош во гаснењето на пожарите, а Грција ја игнорираше понудата.

Грција не ја прифати македонската помош за пожарите

Дневник - 29.08.2007

Македонската единица што беше формирана за гасење на пожарите во соседна Грција завчера беше демобилизирана, бидејќи од грчка страна не беше добиен одговор за понудената помош. По одлуката на Владата на Република Македонија да и' понуди помош на Република Грција како одговор на апелот од оваа ...

Пожарите го пеплосаа Пелопонез

Дневник - 29.08.2007

Противпожарната служба вчера соопшти дека избувнале 56 нови пожари, наведувајќи дека битката со огнот се води на 25 фронта , кои се протегаат од полуостровот Пелопонез до Атина Грција веќе пет дена се обидува да се справи со огнената стихија што го зафати јужниот дел на земјата и во која загинаа ...

Косовски Албанец ги подметнал пожарите?

Дневник - 29.08.2007

Грчките разузнавачи тврдат дека косовски Албанец, чии екстремистички активности им биле познати и на странските и на локалните служби за безбедност, е координатор на намерно предизвиканите пожари што неколку дена беснеат во Грција, пишува атинскиот весник „Авријани“.

Косовар главен пироман?!

Вечер Прес - 29.08.2007

Во извештајот што му е предаден на грчкиот премиер Караманлис, косоварот фигурирал под името "Данило" и бил посочен како мозок на серијата пожари, кои намерно биле предизвикани во Грција Косовски Албанец, чии екстремистички активности им биле познати и на странските и на локалните служби за ...

Пожарите во Грција полека се локализираат

А1 - 28.08.2007

Пожарите во Грција, во кои во изминативе неколку дена изгоре една третина од територијата на земјата, а животот го загубија 63 луѓе, полека се локализираат. Новите жаришта засега не ги загрозуваат населените места. Најголем број од оние кои во огнената стихија ги загубија живеалиштата се во ...

Грција и натаму се бори со огнената стихија, билансот на загинатите достигна 64 лица

Канал5 - 28.08.2007

Грција веќе пет дена се обидува да се справи со огнената стихија, која го зафати јужниот дел на земјата и во која загинаа најмалку 64 лица, а најмалку три илјади лица останаа без покрив над главата. Атина, 28 август (МИА) - Грција веќе пет дена се обидува да се справи со огнената стихија, која го ...

Грчката Влада одобри 200 милиони евра за санирање на последиците од пожарите

Канал5 - 28.08.2007

Грчката Влада одобри итна помош од 200 милиони евра за семејствата, фирмите и општините кои претрпеа загуби во пожарите, што веќе петти ден беснеат на грчкиот полуостров Пелопонез и во кои животот го загубија 63 лица. Атина, 28 август (МИА) - Грчката Влада одобри итна помош од 200 милиони евра за ...

Штетите од пожарите во Грција се во висина од 40 милијарди евра

Канал5 - 28.08.2007

Првичната оценка за најзафатенета област со пожари, грчкиот полуостров Пелопонез, е дека се опожарени околу 370 куќи шумски површини во размер од 300 илјади декари. Во пожарот, итсо така, се уништени и земјоделски површини, како и маслинови дрва, соопшти грчката телевизија ЕРТ.

Грција ја одби македонската помош

А1 - 27.08.2007

Три автобуси со тим од 60 македонски професионалци обучени да се справуваат со пожари денеска беа вратени од граничниот премин Богородица. Еден од припадниците на тимот за А1 вели дека на самата граница грчките цариници им рекле дека на Грција не и е потребна помош од Македонија, по што автобусите ...

Две лица загинаа во пожарите во Бугарија

А1 - 27.08.2007

Две лица загинаа во пожарите, што за време на викендот избувнаа во јужна Бугарија, соопштија денеска властите во Софија. Портпаролот на регионалната администрација Дарина Стаматова изјави дека животот го загубиле две постари лица во селото Присадет, а стотици хектари шума и обработливо земјиште се ...

Не стивнува огнената стихија во Грција

А1 - 27.08.2007

Ден по прогласувањето на вонредната состојба во Грција, огненото цунами, како што беше наречена во јавноста огнената стихија, не стивнува. Од четвртокот досега пожарите зафатија една третина од територијата на Грција, а бројот на мртви се искачи на 63.

Над 50 мртви во пожарите во Грција

Вест - 27.08.2007

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА КАЈ ЈУЖНИОТ СОСЕД АТИНА, 28 август (Ројтерс, АП, ДПА) - Над 50 лица загинаа, меѓу кои и неколку странски туристи, а стотици се повредени во пожарите кои беснеат во Грција. Активни се околу 190 пожари кои се протегаат на фронт од 160 километри.

Атина е целата во ЧАД и ПЕПЕЛ

Време - 27.08.2007

АМБАСАДОРОТ ХАНЏИСКИ ЗА ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО ГРЦИЈА Ситуацијата со пожарите во Грција е критична. Ситуацијата се уште не е ставена под контрола и во цела Грција се активни околу 200 пожари, во кои се зафатени неколку града и села, вели Благоја Ханџиски, амбасадор на Македонија во Грција.

Караманлис обвини пиромани, откако стихијата уби 51 лице

Време - 27.08.2007

ТРАГЕДИЈА ИЛИ МАСОВНО УБИСТВО ВО ГРЦИЈА Грција и вчера не можеше да ги исконтролира огнените стихии на Пелопонез, каде што досега загинале 51 лице. Премиерот Костас Караманлис обвини за масовно подметнување пожари, велејќи дека „избувнувањето на 22 пожара одненадеж не можело да биде случајност“.

Пожарите однесоа 52 жртви во Грција

Утрински - 27.08.2007

Меѓу многуте трагични стории што ги шокираа Грците е и онаа за мајката која загина со своите четири деца АТИНА – Грчкиот премиер Костас Караманлис предупреди дека многу пожари се подметнати. Во националното телевизиско обраќање тој рече: „Тоа што толку многу пожари избувнуваат истовремено во толку ...

На Пелопонез и небото гори

Дневник - 27.08.2007

Грчкиот премиер Костас Караманлис, во телевизиско обраќање до нацијата објави вонредна состојба на територијата на Грција , поради пожарите што неколку дена беснеат во Грција, а грчката влада прогласи тродневна жалост за трагично загинатите Грчкиот премиер Костас Караманлис, во телевизиско обраќање ...

Грчката полиција уапси 32 лица осомничени за пироманија

Канал5 - 27.08.2007

Досега од пожарите во Грција изгореле 110 села и се уништени над четири илјади декари шума, јавија грчките медиуми. Поради силниот ветар пожарот се шири и на нови области и во моментот се регистрирани нови пожари во Аркадија и Јанина, а огнот продолжува да беснее на Евија и Пелопонес.

„Скај“: Грчките хотелиери заработуваат на маката на настраданите во пожарите

Канал5 - 27.08.2007

Грчките медиуми шпекулираат дека дел од хотелиерите во регионите зафатени со шумски пожари ја искористиле трагедијата на настраданите за да заработат на нивната мака. Атина, 27 август (МИА) - Грчките медиуми шпекулираат дека дел од хотелиерите во регионите зафатени со шумски пожари ја искористиле ...

Билансот на загинати од пожарите во соседна Грција е 63

Канал5 - 27.08.2007

Половина од територијата на Грција и натаму е во пламен, кој досега однесе најмалку 63 животи. Грчката полиција уапси десетици лица, под сомнение дека намерно ги предизвикале пожарите кои 4-ти ден беснеат во Грција. Трагедијата која ја погоди Грција, го принуди и грчкиот обвинител да покрене ...

Изборната кампања ги помогнала пожарите!

Вечер Прес - 27.08.2007

За придобивање на гласачите за избори во предизборната кампања во Грција се замижало пред изградба на дивогрдаби од кои, најчесто се започнати помасовните пожари околу Атина Бројот на жртвите во пожарите кои веќе трет ден беснеат во Грција се искачи на 55.