TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повисоки плати или генерален штрајк

Време - 12.11.2005

КЛИНИЧКИ НЕ ОТСТАПУВА Доколку Управата на Клиничкиот центар и Министерството за здравство не одговорат позитивно на барањето за стопроцентно зголемување на платите, вработените на клиниките ќе го обноват штрајкот, информираат од синдикатот.

Поголеми плати или повторно штрајк на лекарите

Дневник - 12.11.2005

СИНДИКАТОТ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СЕ ЗАКАНУВА Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар во Скопје во наредната недела ќе одлучи дали повторно ќе се штрајкува. Барањата за двојно зголемување на платите ќе бидат предмет на преговорите што синдикатот ќе ги води со Управниот одбор и со директорот на ...

Поголеми плати или повторен штрајк

Вечер Прес - 12.11.2005

Синдикатот на вработените во Клиничкиот центар во Скопје наредната недела ќе одлучи дали ќе го обнови штрајкот, кој го стави во мирување минатиот месец, што ќе зависи од тоа дали ќе дадат резултат преговорите кои ќе ги водат со Управниот одбор и директорот на центарот Андреја Арсовски, односно дали ...

Штрајк на државниот сектор во Грција

Вест - 11.11.2005

АТИНА, 11 ноември (Ројтерс) - Вработените во државниот сектор во Грција вчера почнаа 24-часовен штрајк поради што беа приземјени авионски летови и не работеа голем број јавни служби. Штрајкувачите бараа зголемување на платите и протестираа против тоа што владата им го намали буџетот.

Наставниците го прекинаа штрајкот

Време - 11.11.2005

МАКЕДОНСКИ БРОД Тридневниот штрајк на 70 наставници од основните училишта во општината Македонски Брод заврши вчера откако беше потпишан списокот за плати, што треба да им бидат исплатени денес. Проблемот беше решен на вчерашната средба меѓу штрајкувачкиот одбор, инспектори од Министерството за ...

Штрајкот ги приземји авионите и ги блокира јавните служби

Утрински - 11.11.2005

Штрајк на цивилните службеници во Грција АТИНА - Авионите во Грција вчера беа приземјени, а многу грчки јавни служби блокирани, бидејќи цивилните службеници одржуваат 24-часовен штрајк со барање за повисоки плати. Професорите отсуствуваа од работа, а локалните владини служби не работеа.

Синдикатите ја парализираа Грција

Дневник - 11.11.2005

ТРИДНЕВНИ ПРОТЕСТИ Штрајкот на вработените во државниот сектор три дена ќе ја парализира Грција, јави МИА. Синдикатот АДЕДИ соопшти дека во Грција штрајкуваат банкарските службеници, вработените во општинските и даночните администрации, авиодиспечерите, просветните работници, воспитувачите во ...

Грчките аеродроми затворени заради штрајк

А1 - 09.11.2005

Аеродромите во Грција од вечерва на полноќ ќе бидат затворени по најавата на контролорите на летање дека на полноќ ќе стапат во 24-часовен штрајк. Контролорите на летање, како што јавија агенциите, ќе штрајкуваат со барање за зголемување на платите.

Предупредувачки штрајк на словенечките железничари

А1 - 09.11.2005

Предупредувачки штрајк од 8 до 12 часот започнаа денеска Синдикатите на железничкиот сообраќај во Словенија, јавуваат словенечките медиуми. Поради штрајкот запреа возовите во внатрешниот патнички и малограничниот сообраќај. Штрајкот не предизвика пречки во одвивањето на меѓународниот сообраќај.

Наставниците штрајкуваат за три заостанати плати

Време - 09.11.2005

МАКЕДОНСКИ БРОД Петстотини и осумдесет ученици од ОУ „Свети Климент Охридски“ од Македонски Брод и од подрачните основни училишта од селото Долни Манастирец и од Самоков, од вчера не одат на училиште. Причина за прекинот на наставата е штрајкот на 70 наставници од сите училишта од подрачјето на ...

Штрајк на новинарите во Италија

Вест - 09.11.2005

Рим, - Новинарите од италијанските печатени медиуми вчера почнаа дводневен штрајк, како знак на незадоволство од преговорите за обновување на колективниот работен договор, јавија италијанските медиуми. Новинарите изразуват незадоволство од понуденото зголемување на платите, оценувајќи дека се ...

Грчките аеродроми затворени заради штрајк

Макфакс - 09.11.2005

Атина Аеродромите во Грција од вечерва на полноќ ќе бидат затворени по најавата на контролорите на летање дека на полноќ ќе стапат во 24-часовен штрајк. Контролорите на летање, како што јавија агенциите, ќе штрајкуваат со барање за зголемување на платите.

Предупредувачки штрајк на словенечките железничари

Макфакс - 09.11.2005

Љубљана Предупредувачки штрајк од 8 до 12 часот започнаа денеска Синдикатите на железничкиот сообраќај во Словенија, јавуваат словенечките медиуми. Поради штрајкот запреа возовите во внатрешниот патнички и малограничниот сообраќај.

Генерален штрајк во образованието во Романија

А1 - 07.11.2005

Општ генерален штрајк на професори, учители и предавачи започнува од денеска во Романија. Штрајкот не е временски ограничен и ќе се спроведува се додека Владата не се согласи да го исполни барањето на синдикатите за 18% зголемување на платите.

Генерален штрајк во образованието во Романија

Макфакс - 07.11.2005

Букурешт Општ генерален штрајк на професори, учители и предавачи започнува од денеска во Романија. Штрајкот не е временски ограничен и ќе се спроведува се додека Владата не се согласи да го исполни барањето на синдикатите за 18 отстотно зголемување на платите.