TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Преполовени фактурите за радиофреквенции за Телеком, "Мобимак" и "Космофон"

Вест - 04.06.2005

ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОБВИНИ ВЛАДАТА ЗА РЕКЕТИРАЊЕ НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИТЕ ОПЕРАТОРИ По повеќемесечно инаетење со "Македонски телекомуникации", "Мобимак" и со "Космофон" околу наплатата на фактурите за надоместокот за користење радиофреквенции, Владата завчера попушти и донесе одлука да ги преполови ...

Намалените надоместоци за фреквенции се договор за дивидендата

Дневник - 04.06.2005

реакциЈа на ВМРО-ДПМНЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираше на одлуката на Владата да ги намали годишните надоместоци за фреквенции и побара одговорност за досега ненаплатеното. Тие сметаат дека одлуката е предизвикана од неодамнешниот договор со "Матав" за исплата на 45 милиони евра дивиденда.

Буџетот оштетен, директорот награден

Вечер Прес - 04.06.2005

Владата реши регуларно да го наплати надоместокот за користење на радиофреквенции. По две тужби за лани и за годинава, против "Мобимак" и "Космофон" за тоа што одбија да го платат двојно зголемениот надоместок, што за нив беше незаконски и надвор од концесиските договори, таа завчера реши да ја ...

Конкуренцијата го фали Јово

Вест - 03.06.2005

ПРВИОТ ЧОВЕК НА "КОСМОФОН" АВГЕРИНОС НА КАФЕ СО ЕКСДИРЕКТОРОТ НА "МОБИМАК" ПЕТРОВСКИ Главниот извршен директор на "Космофон" Николаос Авгеринос вчера за "Вест" ги демантираше шпекулациите дека конкуренцијата му дала понуда на Петровски, објаснувајќи дека се уште е рано да се разговара за т До ...

„Македонски телекомуникации" лажно го прикажува профитот

Утрински - 03.06.2005

Според Трајко Славевски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Постојат индиции дека оваа таканаречена дивиденда за која се "избори" Владата на Бучковски е еден вид корупција од унгарските сопственици. Тој вид корупција или плаќање на Владата е најверојатно направено за да се издејствува натамошно ...

Подобро без дивиденда отколку пљачка

Дневник - 03.06.2005

ВМРО-ДПМНЕ Ако Владата добива 45 милиони евра дивиденда, дивидендата за "Матав" би требало да е околу 47 милиони евра. Тоа би значело дека "Македонски телекомуникации" остварува профит од минимум 92 милиона евра, па прашуваме зошто тогаш во јавноста беше прикажувана бројка од 18 милиони евра ...

Владата го намали надоместокот за радиофреквенции

Канал5 - 03.06.2005

Владата двојно го намали надоместокот за користење на радиофреквенции кој треба да го плакаат телефонските компании. Со новата владина одлука донесена на вчерашната седница надоместокот за радифрекфенции „Мобимак“ и „Космофон“ годишно ке ги чини 1.025 Владата двојно го намали надоместокот за ...

Не се радувајте на дивидендата од Телеком!

Вечер Прес - 03.06.2005

ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да овозможи јавен увид во завршната сметка на "Македонски телекомуникации" за минатата година бидејќи се сомневаат во остварениот профит на ова компанија. “Ако условно земеме, во однос на дивидендата од 45 милони евра што ќе ја добие Владата, тогаш минималниот вкупен ...

Конкуренцијата не мирува!

Вечер Прес - 03.06.2005

Досегашниот прв човек на "Мобимак", Јован Петровски и актуелниот на "Космофон", Николаос Авгеринос вчера во кафулето "Тренд" пиеја кафе! Средбата се случи само еден ден по смената на Петровски од кормилото на "постариот" мобилен оператор на кое беше шест години во кои "Мобимак" прерасна во силен ...

Средба на Петровски со првиот човек на Космофон

А1 - 02.06.2005

Вчера разрешениот директор на Мобимак, Јован Петровски, денеска се сретна со првиот човек на Космофон. Бизнис состанок или обично кафе пиење на довчерашните лути конкуренти? Ваквата изненадувачка средба на Петровски и Авгеринос, упатените ја толкуваат како можност за заедничка соработка на екс ...

"Матав" со дивидендата си го купи "Мобимак"

Вест - 02.06.2005

ВЛАДАТА НЕ ПРЕДЛОЖИ СВОЈ КАНДИДАТ ЗА ПРВОТО МЕСТО ВО КОМПАНИЈАТА Со "Мобимак" ќе раководат двајца вршители на должноста главен извршен директор и главен оперативен директор, од кои ниту еден не е Македонец Бордот на директори на "Мобимак" вчера едногласно донесе одлука да не го продолжи ...

Со „Мобимак" привремено ќе раководат странци

Утрински - 02.06.2005

Бордот директори на мобилниот оператор на вчерашната седница избра нов менаџерски тим ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Со †Мобимакки привремено ќе раководат странци. По истекот на договорот на извршниот директор на †Мобимакки, Јован Петровски, на вчерашната седница на Бордот директори не му е продолжен неговиот ...

Мајкл Лоренс го замени Јован Петровски во "Мобимак"

Дневник - 02.06.2005

СМЕНА НА ДИРЕКТОРИ Јован Петровски од вчера не е веќе главен извршен директор на "Мобимак". Бордот на директорите на мобилниот оператор на вчерашната седница одлучи да не го продолжи менаџерскиот договор со Петровски, кој на директорската позиција беше од 1999 година.

Министерството за образование годишно лапа по 100.000 евра дивиденда

Дневник - 02.06.2005

ДРЖАВНА РЕВИЗИЈА Имаме акции во Комерцијална банка и во Тетовска банка, а парите од дивидендата се за администрацијата во Министерството, велат во ресорот Во Министерството за образование исто така ни потврдија дека земаат дивиденда, но не знаат за колкав број акции станува збор.

Смена во врвот на "Мобимак" - наместо Петровски, доаѓа Лоренс

Вечер Прес - 02.06.2005

Досегашниот оперативен директор на "Мобимак", Мајкл Лоренс е новиот в.д. главен извршен директор на компанијата. Негов заменик ќе биде Унгарецот Тамош Морвај. Ваква одлука вчера донесе бордот директори на "Мобимак" кој реши да не го продолжи договорот со досегашниот директор Јован Петровски кој ...

За Владата дивидендата, за „Матав“ монополот

Макфакс - 02.06.2005

(Време) - среда, 01 јуни 2005 Александра К. Мишовска Владата ќе го одолжува процесот за воведување втор фиксен оператор уште една година, а унгарски „Матав“, доминантен сопственик на „Македонски телекомуникации“, уште долго ќе има одврзани раце во формирањето на цените на телефонските услуги, ...

Јован Петровски заминува од директорското место во Мобимак

А1 - 01.06.2005

Јован Петровски веќе не е директор на Мобимак. По 6 години на челната позиција на една од најмоќните компании, го сменија истите од кои имаше поддршка долги години, унгарските газди на Матав, со поддршка на владините претставници.

Претседателот и премиерот со свои кандидати за прв човек на „Мобимак"

Утрински - 01.06.2005

Мртва трка за изборот на главен извршен директор на мобилниот оператор Рубинчо Заревски има поддршка од Владата, додека зад Кире Наумов стои претседателот на државата Мртва трка ќе се води денеска при изборот на главен извршен директор на ?Мобимакки.

Бордот денеска избира директор на "Мобимак"

Дневник - 01.06.2005

ЖЕШКО ВО МОБИЛНИОТ ОПЕРАТОР На денешната седница на Бордот на директорите на "Мобимак" ќе се одлучува дали ќе биде продолжен менаџерскиот договор со актуелниот директор Јован Петровски, чиј мандат истекува денеска. Според доброинформирани извори, унгарските косопственици побарале Петровски повеќе ...

Шпанска серија наречена дивиденда

Вечер Прес - 01.06.2005

ПИШУВА:Зденка ПАВКОВИЌ Се заврши уште една шпанска серија. Владата ќе се опари. Ќе добие речиси 45 милиони евра дивиденда од ланското работење на Телеком. Бучковски може да здивне. Не го излажал Елек Штрауб. Може да здивне и Дејан Мицковиќ, претседателот на бордот директори на компанијата, како ...

За проекти Владата ќе потроши само третина од дивидентата

Макфакс - 01.06.2005

(Вест) - четврток, 09 јуни 2005 ПАРИТЕ ОД ТЕЛЕКОМ ЌЕ ОСТАНАТ ВО БУЏЕТОТ Владата започна со распределбата на парите од дивидендатата на Телеком. Од кабинетот на премиерот потврдуваат дека е подготвен првичен план за финансирање на проекти во вредност од околу 1 милијарда денари, додека остатокот од ...

Петровски сменет од директорското место во Мобимак

Макфакс - 01.06.2005

Скопје Директорскиот Борд на Македонски телекомуникации на денешната седница го отповика Јован Петровски од функцијата главен извршен директор на Мобимак, соопшти компанијата Смената на Петровски беше очекувана, бидејќи денеска му истече шестгодишниот менаџерски договор со најголемиот оператор на ...

Владата се опари со 44,8 милиони евра

Вест - 31.05.2005

ТЕЛЕКОМ ЈА ИСПЛАТИ ДИВИДЕНДАТА СО КАМАТА Од вкупно 95 милиони евра, колку што Бордот на директори на Телеком вчера одлучи да изнесува годинашнава дивиденда, Владата ќе добие 44,8 милиони евра, додека унгарски "Матав" од Македонија до 1 јули година Бордот на директори на "Македонски телекомуникации" ...

За Владата 44,8 милиони евра дивиденда од телекомот

Време - 31.05.2005

МАТАВ ПОПУШТИ Владата ќе добие 44,8 милиони евра дивиденда на своите акции во „Македонски телекомуникации“, одлучи бордот на директорите на компанијата. Вкупната дивиденда за ланското работење на телекомот е околу 95 милиони евра, а другиот дел ќе го земе унгарски „Матав“, доминантниот сопственик ...

Владата ќе добие од дивидендата на „Телеком" 44,8 милиони евра

Утрински - 31.05.2005

Успешна разврска на неколкумесечниот спор околу поделба на профитот на „Македонски телекомуникации" Наместо првично најавените 42,4 милиони евра, Владата само еден ден пред истекот на законскиот рок за исплата на добивката од компанијата успеа да се договори за поголема дивиденда ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА ...

За Владата 44,8 милиони евра дивиденда

Дневник - 31.05.2005

ПОДЕЛЕН ПРОФИТОТ ОД "МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ" Владата ќе добие 44,8 милиони евра дивиденда од ланскиот профит на Македонски телекомуникации, а на унгарски "Матав" ќе му припаднат 50,2 милиони евра. Бордот на директорите на телекомот на вчерашната седница донел одлука да се подели дивидендата, ...

Владата доби 45, "Матав" ќе изнесе 50 милиони евра

Вечер Прес - 31.05.2005

Од добивката остварена од ланското работење на "Македонски телекомуникации", државата ќе добие рекордни 44,8 милиони евра, а "Матав" од земјава ќе изнесе речиси 50 милиони евра. Ова е епилог од тримесечните натегања околу тоа дали ќе има или нема дивиденда и колкава ќе биде.

Владата ќе добие скоро 45 милиони евра од Телекомот

А1 - 30.05.2005

Владата ќе кешира речиси 45 милиони евра од ќарот на Телекомот. Унгарските директори се согласија да исплатат дури и повеќе од договорените 42 милиони евра. А1 дознава - пазарот е направен минатиов викенд, во пакет со директорската функција на Мобимак. Петровски да си оди, да го наследи Зарески.

Владата уште се надева на 42,4 милиони евра од Телеком

Вест - 30.05.2005

УТРЕ ИСТЕКУВА ЗАКОНСКИОТ РОК ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА ОД ДОБИВКАТА ОД 2004 ГОДИНА Владините претставници веруваат дека денеска Бордот ќе донесе одлука за исплата на ветените 42,4 милиони евра за македонската Влада, иако досегашните случувања на релација "Матав" - Влада не одат во прилог Еден ден ...

Матав даде и повеќе од ветената дивиденда. Не се знае што ќе добие за возврат

Канал5 - 30.05.2005

Четириесет и осум милиони евра е дивидендата што ќе ја добие Владата од „Матав“ за минатата година, одлучи денеска Бордот на директори на „Телеком“. Оваа сума е повеќе од ветените 42 милиона што ги најави премиерот Владо Бучковски по средбата со првио Четириесет и осум милиони евра е дивидендата ...