TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пензионерите ќе може да извадат трансакциски сметки до 15 декември?

Утрински - 15.11.2008

ПИОМ доставил барање до Владата за пролонгирање на рокот за трансакциски сметки за пензионерите. Јасмина Јовановска. Пензионерите најверојатно ќе може да извадат трансакциски сметки најдоцна до 15 декември. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) до Владата веќе доставил барање за продолжување на првичниот рок 15 ноември.

Ќе се продолжи рокот за трансакциски на пензионерите

Дневник - 13.11.2008

Ќе се продолжи рокот за трансакциски на пензионерите. Повеќе од 100.000 пензионери се' уште не отвориле трансакциска сметка во банка, иако задутре е последниот рок. Од Министерството за труд и социјала најавуваат можно пролонгирање на рокот, но рекоа дека тоа не зависи од нив, туку од финансии.

Бесплатен преглед за пензионери

Дневник - 13.11.2008

Бесплатен преглед за пензионери во Аеродром Бесплатни лекарски прегледи за пензионерите што немаат сини картони утре во 8 часот во пензионерскиот дом „Јане Сандански“ организира Црвениот крст. Пензионерите без сини картони ќе може да направат крвна слика и да го измерат нивото на холестерол и шеќер во крвта. Исто така ќе им се даваат совети за подобар и поздрав живот.

Пензионери ќе ги пренесуваат учениците преку улица

Вест - 12.11.2008

Пензионери доброволци од Општина Карпош ќе им помагаат на децата од основните училишта безбедно да ги минуваат улиците кога одат и се враќаат од настава. На пешачките премини пред четири основни училишта секое сабајле и попладне ќе стојат по неколку пензионери кои ќе ги пренесуваат децата преку пешачките премини.

ПИОМ повторно ќе го собира Солидарниот фонд

Вечер Прес - 12.11.2008

Собирањето на средствата за Солидарниот фонд, кое го укина Уставниот суд, добива нова законска рамка. Министерството за труд и социјална политика, поднесе предлог-закон за изменување и дополнување на постоечкиот Закон, со кој се предвидува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и понатаму да ги собира средствата наменети за Солидарниот фонд, но во соработка со Здружнијата на пензионери на ...

Сите пензионери ќе добијат трансакциска сметка

Време - 11.11.2008

Силвана Јовановска Фондот за пензиско и социјално осигурување се уште нема податоци колку пензионери отвориле трансакциски сметки, а крајниот рок за склучување договори со банките за отворање вакви сметки истекува на крајот на неделава. - Се уште е рано за бројки. Првите информации очекуваме да ги добиеме од банките во почетокот на наредната недела.

Пензии до врата за постари од 75 години

Дневник - 11.11.2008

До крајот на месецов би требало да се знае како пензионерите ќе ја подигаат пензијата. Повеќе од 50.000 пензионери се' уште не отвориле трансакциска сметка во банка, иако мора да отворат до сабота за да може да ја добијат декемвриската пензија по 1 јануари.

Сезона за лов на пензионери

Дневник - 11.11.2008

Луѓето што си го завршиле својот работен век, кои чесно си ја заработиле својата пензија, не треба да бидат изложени на уцени. В сабота, кога истекува рокот што им го дадоа за да извадат трансакциски сметки, не смее да биде судниот ден за пензионерите што не успеале да го направат тоа.

Пензионерите сами да решаваат за своите пари

Дневник - 11.11.2008

По осамостојувањето на Здружението на пензионерите од Битола од Сојузот на здруженијата, тој во континуитет продолжи преку органите на Фондот за ПИОМ да врши негативно влијание и притисок за одземање на солидарниот фонд. Со оваа погрешна политика Сојузот на пензионерите на Македонија дефинитивно ги избриша и малите шанси да стане организација за почит кај сите политички и државни структури.

Штипското Здружение на пензионери формира нов солидарен фонд, паралелен со постојниот кој е стопиран

Канал5 - 11.11.2008

Нов солидарен фонд, паралелен со постојниот чие делување го стопира Фондот за ПИОМ, формира штипското Здружение на пензионери. Вака го решаваат проблемот со прекинатата исплата на пари во висина од 500 евра на најблиските на починатите пензионери, наменети за подмирување на погребните трошоци.

Сите пензионери ќе си ги добијат пензиите

Сител - 11.11.2008

Воведувањето на сметките претставува голем проблем за лицата со сериозни здравствени проблеми, но и за пензионерите кои живеат во рурални предели каде нема ниту банки, ниту банкомати. Крајниот рок на пријавување е до крајот на неделава. Од Министерството за труд и социјала велет, доколку има потреба, тој ќе се пролонгира.

ДНЕВНИК: Пензии до врата за постари од 75 години

Нетпрес - 11.11.2008

Повеќе од 50.000 пензионери се' уште не отвориле трансакциска сметка во банка, иако мора да отворат до сабота за да може да ја добијат декемвриската пензија по 1 јануари. Во Сојузот на пензионерите се револтирани бидејќи надлежните се' уште не излегуваат со решение за пензионерите што секој месец не можат да одат до банка и да ја земаат пензијата.

Банкарите ќе доставуваат пензии на врата како поштари

Време - 10.11.2008

Банкарите ќе доставуваат пензии на врата како поштари Силвана Јовановска На пензионерите им останува уште оваа недела да отворат трансакциска сметка преку која ќе добиваат пензија. Но има илјадници пензионери што се неподвижни или живеат далеку од населените места, па треба со возило да дојдат до првата банкарска филијала. - Ние што живееме на село, колку време ќе ни треба да дојдеме до градот.

Повторно другарот Трајче

Дневник - 10.11.2008

Повторно другарот Трајче (Повод: „Критики, самофалби, директиви“,„Дневник“, 6 ноември) По кој знае кој пат, другарот Трајче Грујовски, повторно се закачува на некоја моја претходна колумна. Повторно, наместо полемика со ста вови и тези, по обичај се служи со познатиот „аргументациски“ материјал од неговото време: дисквалификации, навреди, пцости.