TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Почна предизборната кампања

А1 - 11.05.2008

Од синоќа на полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 1 јуни. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во наредните 20 дена ќе можат да ги претстават своите ...

Митинг на „За подобра Македонија“ во Охрид

А1 - 11.05.2008

Ќе продолжиме со реформите во економијата како наш главен приоритет, но и со борбата против корупцијата и организираниот криминал, порача Антонио Милошоски од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, со кој коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва одовде ја започна изборната кампања, на која зборуваа ...

Почна одбројувањето во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 11.05.2008

Почна одбројувањето во ВМРО-ДПМНЕ. Се ситнат деновите до 1 јуни. Во штабот на оваа партија врие. Состаноци, договарања, вжештени телефони. Постојано во заседание е највисокото тело задолжено за изборите, РИШ, како што си се нарекуваат или Републички изборен штаб.

Стартот на кампањата ги раздвижи партиите – сите ветуваат скромна и коректна кампања

Канал5 - 11.05.2008

Колони од автомобили и автобуси излепени со плакати и украсени со партиски знамиња се упатуваа кон Охрид, Штип и Гостивар, од каде што вечерва поголемите политички партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и нивните коалициони партнери го почнаа своето претставување на првиот ден од официјалниот стар на ...

СДСМ втора, ВМРО-ДПМНЕ единаесетта во Скопје

Време - 10.05.2008

ДИК ГО УТВРДИ РАСПОРЕДОТ НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА Весна Тодоровска Државната изборна комисија вчера со ждрепка го утврди редоследот на партиите на гласачките ливчиња за претстојните парламентарни изброи. Изненадување е партијата на Хисни Шаќири, Националната демократска унија, која ќе се најде под ...

Прераната кампања дамка врз изборите

Време - 10.05.2008

СОВЕТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА Политичките партии и медиумите го злоупотребија периодот пред почетокот на изборната кампања, што е недозволиво и ваквата практика не смее да продолжи бидејќи може да ја доведе во прашање регуларноста на целиот изборен процес, констатира вчера Советот за радиодифузија.

Знамињата и свирчињата подготвени за старт

Време - 10.05.2008

В НЕДЕЛА ПОЧНУВА ИЗБОРНАТА КАМПАЊА Ана Велјановска Четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ДУИ, ги завршија подготовките за изборната кампања која официјално почнува в недела, 11 мај. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За подобра Македонија“, ќе тргне од Охрид и ќе заврши ...

Портокаловите тргнуваат од Охрид, „Сонце“ од Штип

Утрински - 10.05.2008

Завршните митинзи ќе бидат на 30 мај, на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, а на СДСМ во Куманово Оливера Војновска Утре официјално тргнуваат изборните карвани на двата блока- патриотско-портокаловиот и европскиот, кои ќе ги одмерат силите на јунските вонредни парламентарни избори.

Предвремената кампања ќе биде санкционирана

Утрински - 10.05.2008

Светлана Унковска Само два дена пред официјалниот старт на изборната кампања Советот за радиодифузија ги повика медиумите и партиите веднаш да престанат со злоупотребата на овој период кога законски се' уште не е почната кампањата.

ДИК ја поништи кандидатска листа на ВМРО-НП

Утрински - 10.05.2008

Државната изборна комисија вчера ја поништи веќе потврдената кандидатска листа на ВМРО – Народна, бидејќи партијата не го испочитувала рокот за поднесување жиро-сметка, потврди портпаролот на ДИК, Зоран Таневски. Според Изборниот законик, партиите се должни во рок од 48 часа од потврдувањето на ...

ДИК го утврди редоследот на листите

Дневник - 10.05.2008

„Сонце-коалицијата за Европа“ е втора, а Коалицијата „За подобра Македонија“ е 11-та на листата во првата изборна единица Државната изборна комисија вчера со ждрепка го утврди редоследот на листите со кандидати за избор на пратеници за претстојните,први вонредни парламентарни избори.

трета изборна единица

Дневник - 10.05.2008

Број на гласачи: 285.166 (на изборите во 2006 ) Листи: ПСД, ТМРО, РССМ, ДУИ, ДНЕТ, ДПА, ТМОРО-ВЕП, Коалиција „Сонце“ предводена од СДСМ, СДПМ, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сојуз на Титови леви сили Општини: Берово, Велес, Виница, Градско, Делчево, Зелениково, Зрновци, Илинден, Кочани, ...

четврта изборна единица

Дневник - 10.05.2008

: 285.748 (на изборите во 2006 ) Листи: Група избирачи - Панчо Минов,ПСД,ТМРО, ПЕИ, ДНЕТ, ТМОРО-ВЕП, Коалиција „Сонце“ предводена од СДСМ, СДПМ, Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ,Сојуз на Титови леви сили. Општини: Битола (дел), Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Демир Капија, ...

ВМРО-НП се збогува со изборите

Дневник - 10.05.2008

ВМРО-Народна партија нема да учествува на парламентарните избори бидејќи Државната изборна комисија и' ја поништи единствената кандидатска листа во шестата изборна единица. Причината за поништувањето е тоа што партијата не го почитувала рокот да отвори жиро-сметка за изборната кампања.Портпаролот ...

ДИК ја поништи кандидатска листа на ВМРО-НП

А1 - 09.05.2008

ВМРО-НП нема да учествува на изборите. Државната изборна комисија денеска едногласно ја отфрли веќе потврдената листа на кандидати, бидејќи партијата во рок не доставила жиро сметка. „Се обидовме да воспоставиме контакт со Ѓорѓи Трендафилов, но на неговиот мобилен не се јавуваше.

Нема маж да ги казни избрзаните кампањи

Време - 09.05.2008

ДИК СЕ ОГРАДИ ОД ОДГОВОРНОСТА Ана Велјановска Државната изборна комисија се огради од одговорност по барањето на невладината МОСТ дека треба да се казнат речиси сите политички партии оти предвреме ја почнале предизборната кампањата и со тоа ги прекршиле законите.

Коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ е природна работа

Утрински - 09.05.2008

5 Прашања Канал 5 е единствен независен медиум, вели Борис Стојменов , лидер на ВМРО-Македонска Билјана Јовановска Во 2006 година ВМРО-Македонска не коалицираше со СДСМ, бидејќи не го потпишавме понудениот договор, нити, пак, учествувавме на изборите.

Четворица градски советници преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 09.05.2008

Тројца советници на ВМРО-Народна партија и независната Есма Реџепова од вчера се дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје. Игор Гиевски, Александар Ѓорѓиев и Слободанка Гошева на вчерашната седница на Советот изјавија дека се враќаат во матичната партија и дека во иднина ќе ги ...

„Медиумско огледало“

Утрински - 09.05.2008

Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“ што од почетокот на ...

Битката за Скопје и за Тетово ќе биде најжестока

Утрински - 09.05.2008

Партиските лидери ќе бидат на еден ист мегдан. На ВМРО-ДПМНЕ на помош со етничките партии Оливера Војновска Извесно е дека на овие први вонредни парламентарни избори најинтересните соочувања ќе бидат во Првата, Четвртата и Шестата изборна единица, каде што силите директно ќе ги одмерат лидерите на ...

ВМРО-ДПМНЕ од врата на врата го проверува гласачкото тело

Утрински - 09.05.2008

Граѓаните се зачудени зошто ВМРО-ДПМНЕ преку своите активисти го преиспитува Изборниот список Светлана Унковска Активисти на ВМРО-ДПМНЕ деновиве во Скопје одат од врата на врата со избирачки список в рака и проверуваат дали граѓаните ги има на списокот.

Кампањите го претркаа кодексот

Дневник - 09.05.2008

Државната изборна комисија има законско право да ги казни партиите-прекршители, вели Дарко Алексов од асоцијацијата МОСТ Предвремените изборни кампањи што партиите ги водат преку собири и телевизиски програми, најверојатно ќе поминат неказнето.

ВМРО НП отпадна од избори

Канал5 - 09.05.2008

ВМРО – Народна нема да учествува на овие избори. Државната изборна комисија ја поништи единствената кандидатска листа на оваа партија поради тоа што не го испочитувала рокот за отворање и доставување жиро сметка за изборната кампања, иако нејзиниот лидер Ѓорѓи Трендафилов рекол дека ќе го направи ...

Ќе бидат казнети тие што го злоупотребиле периодот до изборната кампања

Канал5 - 09.05.2008

Советот за радио дифузија реагира дека медиуми и партии го злоупотребиле периодот до изборната кампања – на 11 ти мај официјално стартува кампањата за предвремените парламентарни избори. Ќе се утврдува кој го прекршил законот и ќе следуваат казни најави претседателот на советот, Стефановски.

Медиумите злоупотребуваат со изборното рекламирање

Макфакс - 09.05.2008

Скопје Дел од медиумите го злоупотребиле периодот пред официјалниот почеток на изборната кампања., констатираше денеска Советот за радиодифузија (СРД). Претседателот на СРД, Зоран Стефановски, посочи дека медиумите мора да престанат со свесно и намерно прекршување на Законот за радиодифузија, ...

Утврден редоследот на изборните листи

Макфакс - 09.05.2008

Скопје Државната изборна комисија (ДИК). денеска со жрепка го утврди редоследот на кандидатските листи за сите шест изборни единици за предвремените парламентарни избори. Во Изборната единица 1, има најмногу, 16 кандидатски листи, а ги предводи Националната демократска унија.

ДИК ја поништи кандидатската листа на ВМРО-НП за шестката

Макфакс - 09.05.2008

Скопје Државната изборна комисија(ДИК) едногласно одлучи да ја поништи потврдената листа на кандидати за избор на пратеници во шестата изборна единица, поднесена од ВМРО-Народна партија. Претседателот на ДИК Јован Јосифовски, на денешната седница, рече дека одлуката е донесена бидејќи ВМРО-НП не ...

Полемика и обвинувања за името меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс - 09.05.2008

Скопје Жестоката вербална пресметка меѓу Сонце-Коалицијата за Европа предводена од СДСМ и Коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува и денеска со несмалено темпо. Лидерката на СДСМ Радмила Шеќеринска, на денешната прес конференција, го обвини Никола Груевски дека се ...

Нема казни за предвреме почнатата кампања

Вечер Прес - 09.05.2008

Државната изборна комисија нема законска можност да ги санкционира партиите за предвреме почнатата кампања. Претседателот на ДИК Јован Јосифовски вчера апелираше до партиите да го почитуваат законскиот рок, но посочи оти изборниот законик не предвидува казни за прекршителите.

Четворица скопски советници преминаа во ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 08.05.2008

Тројца советници од ВМРО-Народна и еден независен преминаа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Игор Гиевски, Александар Георгиев и Слободанка Гошева од ВМРО-Народна и Есма Реџепова од денеска во Градското собрание ќе ги бранат интересите на владејачката партија.

„Медиумско огледало“: Некои медиуми отворено поддржуваат партии

А1 - 08.05.2008

Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“, што од почетокот ...

Да се казнат партиите што прерано влетаа во кампања

Време - 08.05.2008

ГРАЃАНСКА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ Гоце Михајловски Коалициите „За подобра Македонија“ и „Сонце“ во македонскиот блок и коалициите предводени од ДПА и ДУИ во албанскиот блок ги прекршија изборните правила со прераното почнување на изборната кампања, оцени вчера граѓанската асоцијација МОСТ.

„Мост“

Утрински - 08.05.2008

Двете големи коалиции во македонскиот блок и двете коалиции во албанскиот блок ги прекршиле изборните правила со прерано почнување на изборната кампања, оцени вчера Граѓанската асоцијација „Мост“ и побара надлежните институции да преземат соодветни мерки.

Се растура партијата на Љупчо Георгиевски

Утрински - 08.05.2008

До последен момент беше неизвесно дали Народна воопшто ќе учествува на изборите ВМРО-НП им отворила работа на службите во ДИК, кои прексиноќа морале да ја пречукуваат кандидатската листа на оваа партија која била напишана рачно наместо да биде испечатена од компјутер – како што практикуваат ...

Изборите загрозени уште во стартот

Утрински - 08.05.2008

Иако официјално не е започната, изборната кампања наголемо се одвива Соња Крамарска Изборната кампања официјално се' уште не е ниту почната, а на сцена се појавија многу неправилности кои можат да го загрозат изборниот процес.

(Не)среќни коалиции

Дневник - 08.05.2008

Македонија, во суштина, живее во двопартиски систем надграден со состојбата кај албанската заедница. Нови партии и нови политичари на овие избори нема. Средни партии, како можен коректив на големите, нема . Мали партии има премногу Имињата на идните пратеници се веќе познати.

Советот бара непристрасно информирање

Дневник - 08.05.2008

Медиумите што ќе одлучат да ги покриваат изборите треба да го прават тоа на правичен, избалансиран и непристрасен начин, побара вчера Советот за радиодифузија.Советот смета дека организаторите на кампањата треба да добијат еднакви услови за пристап до сите облици на медиумско претставување.

Повторно црни пари во изборните кампањи

Дневник - 08.05.2008

Четирите големи коалиции почнале со противзаконски предвремени кампањи , предупреди вчера Граѓанската асоцијација МОСТ Противзаконски се предвремените кампањи што ги водат четирите големи партиски коалиции во македонскиот и во албанскиот политички блок, тврдат невладини организации и експерти.

Мониторинг „Медиумско огледало“ за парламентарните избори

Канал5 - 08.05.2008

Електронските и печатените медиуми интензивно ја загреваат изборната атмосфера во државата, а некои од нив отворено ја поддржуваат предвремената изборна кампања на определени политички партии. Ова се првичните констатации на изборниот мониторинг на медиумите „Медиумско огледало“ што од почетокот на ...

МОСТ: Партиите предвреме ја почнаа изборната кампања

А1 - 07.05.2008

Партиски конвенции, трибини, хепенинзи. Коалициите „За подобра Македонија“ и „Сонце“ во македонскиот блок и коалициите предводени од ДПА и ДУИ во албанскиот блок ги прекршија изборните правила со прераното почнување на изборната кампања, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ.

Повеќе од илјада кандидати за 120 фотелји

Време - 07.05.2008

ПОЗНАТИ СИТЕ КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ Државната изборна комисија ги потврди пратеничките листи од 19 подносители за предвремените парламентарни, кои ќе се одржат на 1 јуни. За пратенички места ќе се борат две коалиции предводени од најголемите партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и петнаесет партии и групи-избирачи ...

Новиот парламент со малку нови лица

Утрински - 07.05.2008

Според предложените листи, во Собранието повторно ќе ги гледаме истите лица од минатиот состав Оливера Војновска Во новиот парламент- шести по ред, што треба да се конституира по вонредните парламентарни избори закажани за 1 јуни, нема да има многу нови лица.

Партиите немаат волја да ги почитуваат законите

Дневник - 07.05.2008

Треба да го подобруваме процесот на секои наредни избори, а не да гледаме под кое ниво не смееме да отидеме, вели Алексов Изборната регулатива овозможува регуларни избори, но само ако партиите имаат волја и политичка култура да ја почитуваат и да се однесуваат фер и демократски, смета Дарко ...

Партиите предвреме влегоа во кампања – реагира МОСТ

Канал5 - 07.05.2008

Политичките партии предвреме ја започнаа изборната кампања – реагира граѓанската асоцијација МОСТ. Со претставувањето на кандидатите за пратеници, промоциите на изборните програми ги прекршиле изборните правила. Според законот изборната кампања почнува на 11 ти мај.

МОСТ:Големите коалиции ги прекршија изборните правила

Макфакс - 07.05.2008

Скопје Двете големи коалиции во македонскиот и во албанскиот блок ги прекршија изборните правила, соопшти денеска на прес конференција Дарко Алексов, извршен директор на Граѓанската асоцијација Мост. Според него, претставувањето на изборните кандидати требало да започне 20 дена пред денот определен ...

На избори со слоганот "Македонија знае! Преродбата продолжува"

Вест - 06.05.2008

КОНВЕНЦИЈА НА КОАЛИЦИЈАТА "ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА" Со слоганот "Македонија знае! Преродбата продолжува" Коалицијата "За подобра Македонија", составена од 20 партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ, завчеравечер во Скопје, ги претстави своите 120 кандидати за пратеници на претстојните предвремени ...

Груевски: Народот ќе ја казни опозицијата!

Време - 06.05.2008

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПРЕТСТАВИ АДУТИТЕ И ПЛАТФОРМАТА Ана Велјановска Под мотото „Македонија знае - преродбата продолжува“, коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, завчеравечер ги презентираше своите 120 кандидати за пратеници од шесте изборни единици.

КОАЛИЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 06.05.2008

Изборни листи Кликнете на сликата за комплетен ...

КОАЛИЦИЈА НА СДСМ

Утрински - 06.05.2008

Изборни листи Кликнете на сликата за комплетен ...

Првите изборни пораки на Груевски

Утрински - 06.05.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Соња Крамарска Од првиот официјален предизборен настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на техничката влада Никола Груевски веќе можат да се насетат контурите на изборната кампања што довчерашната владејачка партија ќе ја води на претстојните избори.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ најави продолжување на „преродбата“

Утрински - 06.05.2008

Премиерот Груевски ја обвини опозицијата дека е главен кочничар во донесувањето реформски закони „Предвремените избори се случуваат прв пат во нашата татковина можеби поради историскиот момент, но најмногу поради храброста на една владејачка партија, и другите коалициски партнери со неа, која реши ...

Граѓаните ќе ги казнат кочничарите

Дневник - 06.05.2008

Преродбата ќе продолжи со намалување на придонесите за пензиско и за здравствено осигурување и на придонесот за вработување , рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски „Македонија знае - преродбата продолжува“ е мотото под кое коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на ...

На 1 јуни шести парламентарни избори во Македонија

Канал5 - 06.05.2008

Претстојните предвремени избори што ќе се одржат на 1 јуни, се шести парламентарни, а вкупно 13-то изборно изјаснување во Република Македонија. Скопје, 6 мај (МИА) - Претстојните предвремени избори што ќе се одржат на 1 јуни, се шести парламентарни, а вкупно 13-то изборно изјаснување во Република ...

Изречени мерки неправилно известување од изборната кампања

Макфакс - 06.05.2008

Скопје Емитување на платени огласи на органите на власта, прикажување малолетници во рекламни спотови и надминување на пропишаниот лимит за платена политичка програма. Ова се најголемиот дел од констатираните прекршувања на правилата за известување од изборната кампања, за кои Советот за ...

Граѓаните ќе ја казнат опозицијата

Вечер Прес - 06.05.2008

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е убеден дека на претстојните парламентарни избори македонските граѓани за прв пат ќе гласаат за, а не против некоја влада ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи на промена на уставното име на Македонија, ниту ќе дозволи каков бил компромис што ќе го наметне Грција без ...

Mедиумите ја фаворизираат владејачката коалиција

Макфакс - 06.05.2008

Скопје Пред и за време на изборната кампања, во медиумскиот простор, доминираат кампањите на техничката Влада, како и кампањата на ВМРО-ДПМНЕ со „Коалицијата за подобра Македонија“. Овие кампањи видливо го потиснаа присуството на другите коалиции и партии, учесници во Парламентарните избори 2008, ...

Адутите отидоа во единицата и во шестката

Време - 05.05.2008

ПАРТИИТЕ ГИ ДОСТАВИЈА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ Ана Велјановска Политичките партии, кои ќе настапат на претстојните парламентарни избори на први јуни, ги доставија своите изборни листи до Државната изборна комисија која до синоќа на полноќ требаше да ги провери и да ги официјализира.

И ВМРО-ДПМНЕ ќе гарантира дека нема кодоши

Вест - 05.05.2008

ОТКАКО ОПОЗИЦИОНАТА КОАЛИЦИЈА ПОТПИША ИЗЈАВИ ЗА ЛУСТРАЦИЈА Коалицијата "За подобра Македонија" ќе гарантира со изјави и потписи на сите кандидати на пратеничките листи дека никогаш не биле тајни соработници и шпиуни. Бидејќи претходно не се формира комисија за верификација на фактите, нивните ...

Партиите ги открија адутите за јунските избори

Утрински - 05.05.2008

Најголема битка во македонскиот блок во „единицата“, а албанските лидери ќе го проверат рејтингот во „шестката“ Гордана Дувњак Дваесет политички актери ќе се борат за освојување на довербата на избирачите, како и за добивање колку што може поголем број гласови кои треба да им обезбедат мандати на ...

Груевски ги промовираше носителите на листи на шесте изборни единици

Канал5 - 05.05.2008

Под слоганот Македонија знае, преродбата продолжува - коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, синоќа во Метрополис арената во Скопје ги претстави 120-те кандидати за пратеници на предвремените избори. И во ова обраќање пред присутните Груевски се осврна на проблемот со Грција за ...

СДСМ жртвува двајца силни градоначалници

Вечер Прес - 05.05.2008

Со кандидатурата на струмичкиот градоначалник Зоран Заев и првиот човек на Карпош Андреј Петров за идни пратеници, тие ќе мора веднаш по изборот да ги напуштат градоначалничките фотелји и да ги прекинат почнатите проекти и постигнатите резултати во своите општини Државната изборна комисија вчера ги ...