TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кина го обвини Далај Лама дека ги „зема во заложништво“ Олимписките игри во Пекинг

Канал5 - 23.03.2008

Кина го обвини Далај Лама дека планирал крвопролевања во Тибет и дека учествувал во терористички заговор. Весникот на кинеската комунистичка партија „Женмин жибао“ во денешниот број пишува дека Далај Лама не се откажал од насилство откако ја напуштил Кина во 1959 година.

Далај Лама подготвен за преговори со Кина

Време - 22.03.2008

ПО ЖЕСТОКОТО ЗАДУШУВАЊЕ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИБЕТ Тибетскиот лидер Далај Лама е подготвен да отпатува во Пекинг на директни разговори со кинескиот државен врв ако тоа придонесе да се разреши најсериозната криза во Тибет во последниве 20 години, пишува лондонскиот весник „Индипендент“.

Американците бараат меѓународна осуда на кинската власт во Тибет

Утрински - 22.03.2008

Ако не се зборува против Кина, тогаш немаме морален авторитет да зборуваме за човековите права, вели Нени Палоси ЊУ ДЕЛХИ - Спикерката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, апелираше до меѓународната заедница да ја осуди кинеската власт во Тибет.

Кина ги бара главите на 19 Тибеќани

Вечер Прес - 22.03.2008

Светот, пак, ги повикува кинеските власти да престанат насилно да ги гушат протестите во Тибет На неколку интернет страници во Кина вчера беа објавени снимки на 19-мина најбарани учесници во демонстрациите во тибетската престолнина Ласа пред една седмица, јави Синхуа.

Кина подготвена за средба со Далај Лама

Време - 21.03.2008

ПРОТЕСТИ ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА ТИБЕТ Кинескиот премиер Вен Ѓибао изрази подготвеност да разговара со тибетскиот духовен лидер Далај Лама, доколку тој го осуди насилството во текот на минатонеделните протести во Тибет и се откаже од барањата за независност на кинеската провинција, тврди британскиот ...

Нејасниот статус на Тибет

Утрински - 21.03.2008

По крахот на кинеското царство во 1913 година, Тибет прогласи независност, но во 1950 одново ја изгуби Речиси една недела Тибеќанците во Тибет и надвор од него протестираат против кинеската власт. Поддршка за нивните протести од мнозинството Кинези не можат да очекуваат.

Ненси Пелоси го повика светот да ја осуди кинеската политика во Тибет

Канал5 - 21.03.2008

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси денеска во Дарамсала се сретна со тибетанскиот духовен лидер Далај Лама и ја повика меѓународната заедница да ја осуди кинеската политика во Тибет и реакцијата на Пекинг против антивладините протести во регионот.

Кина објави на Интернет фотографии на 19-мина најбарани демонстранти во Тибет

Канал5 - 21.03.2008

На неколку Интернет страници во Кина денеска беа објавени снимки на 19-мина најбарани учесници во демонстрациите во тибетската престолнина Ласа пред еда седмица, јави Синхуа. Фотографиите, објавени на веб страниците како што се sina.com и yahoo.com се снимени за време на немирите.

Протестите излегоа од Тибет

Вечер Прес - 21.03.2008

Кинеските власти ги истераа од Тибет и последните двајца странски новинари Државните кинески медиуми вчера за првпат јавија дека протестите кои почнаа во Тибет, веќе зафатиле и делови од соседни региони. Протести завчера имаше во региони населени со Тибеќани во провинциите Сечуан и Ганшу, јави ...

Кина ги истера сите странски новинари од Тибет

А1 - 20.03.2008

Кинеските власти денеска ги истераа последните двајца странски новинари од Тибет. „Висок претставник ни се закани дека ќе ни бидат поништени визите“, изјави германскиот новинар Георг Блум од Лхаса пред тој и неговиот колега, исто така од Германија, Кристин Купфер да бидат спроведени до воз кој ...

Пекинг го нарече Далај Лама монструм

Време - 20.03.2008

НЕРВОЗНА РЕАКЦИЈА ОД КИНА Тврдокорниот секретар на Комунистичката партија на Тибет, Жанг Ќингли, соопшти дека преку 100 учесници во немирите во тибетската престолнина Ласа и се предале на полицијата, по ултиматумот кој истече во понеделник на полноќ.

Браун бара Кина да го смири ...

Вест - 20.03.2008

Лондон, 20 март - Британскиот премиер Гордон Браун изјави дека во разговор со претседателот на владата во Кина Вен Џиабао се заложил за смирување на ситуацијата во провинцијата Тибет, инсистирајќи притоа на потребата од ставање крај на насилствата.

Далај-лама се сретна со радикалите

Дневник - 20.03.2008

Далај-лама вчера се сретна со тибетски радикали во егзил, еден ден откако духовниот тибетски водач се закани дека ќе се повлече ако насилството на Тибет излезе од контрола.На средбата претставници на Тибетскиот младински конгрес повикаа на преразгледување на политиката на „среден пат“ на ...

Во Кина почнаа протести и во соседни региони на Тибет

Канал5 - 20.03.2008

Државните кинески медиуми јавуваат денеска за првпат дека протестите кои почнаа во Тибет, веќе зафатиле и делови од соседни региони. Пекинг, 20 март (МИА) - Државните кинески медиуми јавуваат денеска за првпат дека протестите кои почнаа во Тибет, веќе зафатиле и делови од соседни региони.

Кина демантира оти користела оружје при задушување протести во соседни региони на Тибет

Канал5 - 20.03.2008

Кина демантира дека користела оружје при задушување на протестите во соседни региони на Тибет, и покрај информацијата дека 18 Тибеќани биле убиени од војници во југозападната провинција Сечуан. Пекинг, 20 март (МИА) - Кина демантира дека користела оружје при задушување на протестите во соседни ...

Далај Лама бара автономија за Тибет

Вечер Прес - 20.03.2008

Духовниот тибетски водач предлага политика на "среден пат" залагајќи се за воздржување од насилство и попрво за автономија во рамки на Кина, отколку за независност Тибетанскиот лидер Далај Лама повика на обнова на дијалогот со Пекинг, изјави вчера неговиот советник во индискиот град Дарамсала, каде ...

Далај Лама повикува на обнова на дијалогот со Пекинг

А1 - 19.03.2008

Тибетскиот лидер Далај Лама повика на обнова на дијалогот за обнова на дијалогот со Пекинг, изјави денеска неговиот советник во индискиот град Дарамсала, каде се наоѓа тибетската влада во егзил. Далај Лама потврди дека се стреми за мирно решавање на тибетското прашање и увери дека не сака ...

Далај Лама најави повлекување

Време - 19.03.2008

СОСТОЈБАТА ВО ТИБЕТ СЕ СТАБИЛИЗИРА Тибетскиот духовен водач во егзил Далај Лама најави дека повторно ќе се повлече доколку насилството на Тибет излезе од контрола и ги отфрли обвинувањата на Пекинг дека е одговорен за поттикнување на немирите, јави Си-Ен-Ен.

Далај Лама ќе се повлече ако насилството излезе од контрола

Вест - 19.03.2008

Дарамсала, 19 март - Далај Лама вчера изјави дека повторно ќе се повлече ако насилството на Тибет излезе од контрола и ги отфрли обвинувањата на Пекинг дека е одговорен за поттикнување на немирите. "Ако работите излезат од контрола, единствена опција што ја имам е целосно да се повлечам", рече ...

Пекинг го обвини далај-лама за насилствата

Утрински - 19.03.2008

ПЕКИНГ - Кинескиот премиер Вен Џиабао го обвини далај лама за планирање на неодамнешното насилство во главниот град на Тибет, Ласа. Говорејќи на последниот ден од работата на парламентот, Вен рече дека тврдењата на протераниот тибетански лидер за „културен геноцид“ во Тибет се лага.

Далај-лама ќе се повлече ако насилството излезе од контрола

Дневник - 19.03.2008

Далај-лама вчера соопшти дека повторно ќе се повлече, доколку насилството во Тибет излезе од контрола и ги отфрли обвинувањата на Пекинг дека е одговорен за поттикнување на немирите. Доколку работите излезат од контрола, единствена опција што ја имам е целосно да се повлечам - истакна на ...

Канадската телевизија прикажа инсерти од напади врз кинески владини згради во Тибет

Канал5 - 19.03.2008

Повеќе од илјада Тибеќани нападнаа владини згради во кинески град во северозападната провинција Ганшу со барања за независност на Тибет, јави Канадската телевизија. Медиумот објави инсерти од нападот на кој се гледаат лица кои галопираат со коњи и носат знамиња на Тибет.

Далај Лама ќе се повлече

Вечер Прес - 19.03.2008

Далај Лама изјави вчера дека повторно ќе се повлече доколку насилството на Тибет излезе од контрола и ги отфрли обвинувањата на Пекинг дека е одговорен за поттикнување на немирите. "Доколку работите излезат од контрола, единствена опција што ја имам е целосно да се повлечам", истакна на ...

САД нема да ги бојкотираат ОИ во Пекинг

А1 - 18.03.2008

„Светот набљудува како Кина се справува со протестите во Тибет и со другите проблеми од сферата на човековите права за време на подготовките на Олимписките игри во Пекинг“, изјави денеска во Вашингтон заменик помошникот државен секретар Томас Кристенсен.

Во Кина убиени уште 19 тибетски демонстранти

А1 - 18.03.2008

Тибетската Влада во егзил соопшти дека во кинеската провинција Гансу денеска се убиени 19 демонстранти, додавајќи дека „потврдениот“ биланс на жртви од еднонеделните немири достигна 99 лица. „Денешните убивања се случија надвор од Ласа. 19 луѓе се убиени во Мачу во провинцијата Гансу.

Пекинг не попушта пред меѓународниот притисок

Време - 18.03.2008

СИТУАЦИЈАТА ВО ТИБЕТ СЕ ВЖЕШТУВА Кина вчера ги отфрли обвинувањата за употреба на прекумерна сила против демонстрантите во главниот град на Тибет, Ласа, и излезе со став дека покажала дури и голема воздржаност во справувањето со насилствата, јавуваат светските агенции.

На полноќ истече рокот да се предадат тибетските демонстранти

Утрински - 18.03.2008

Кина им даде рок на Тибеќаните инволвирани во протестите да се предадат на полицијата ЛАСА - Висок кинески претставник негираше дека единиците употребиле летална сила за да ги смират протестите во главниот град на Тибет, Ласа.

Пропагандна војна во Тибет

Дневник - 18.03.2008

Локален функционер тврди дека демонстрантите биле сурови - исекле месо од ногата на еден полицаец, а им ги сечеле и ушите на случајните минувачи Висок кинески функционер демантира дека кинеските трупи користеле смртоносно оружје за да ги задушат протестите во главниот град на Тибет, Ласа.Според ...

Далај Лама најави повлекување доколку насилството излезе од контрола

Канал5 - 18.03.2008

Далај Лама изјави денеска дека повторно ќе се повлече доколку насилството на Тибет излезе од контрола и ги отфрли обвинувањата на Пекинг дека е одговорен за поттикнување на немирите. - Доколку работите излезат од контрола, единствена опција што ја имам е целосно да се повлечам, истакна на ...

Далај Лама сакал да ги осуети Олимписките игри

Вечер Прес - 18.03.2008

За таквата цел, според Кинезите, загинале 13 лица, а тибетските власти во егзил зборуваат за стотици убиени во немирите Кина вчера истакна дека покажала исклучителна воздржаност во интервенцијата против насилните протести на Тибетанците кои, според наводите на Пекинг, ги организирале следбениците ...

Околу осумдесет загинати и огромен број повредени

Време - 17.03.2008

НЕМИРИТЕ ВО ТИБЕТ ПРОДОЛЖУВААТ Најмалку 80 луѓе се убиени и неодреден број се повредени во немирите кои избувнаа во петокот во главниот град на Тибет, Ласа, по еднонеделните мирни протести на тибетските калуѓери, придружени од поборниците за независност на оваа кинеска провинција, јавуваат ...

Ескалираа протибетските протести во Кина - загинаа 80 луѓе

Утрински - 17.03.2008

Околу 200 тибетски демонстранти вчера фрлаа молотови коктели, запалија полициска станица, пазар и куќи ПЕКИНГ - Околу 200 тибетски демонстранти вчера фрлаа молотови коктели, запалија полициска станица, пазар и куќи во округ во југозападна Кина, со што ескалираа протестите во кинеската провинција ...

Во протестите убиени најмалку 80 лица

Дневник - 17.03.2008

Околу двесте кинески воени возила, од кои во секое има по 40 до 60 војници, вчера влегоа во главниот град на Тибет, Ласа. Стотици војници и вооружени полицајци патролираат по улиците на Ласа, каде што по бурните протести против кинеската управа во сила е полициски час.Очевидци и тамошни жители ...

Кинеските власти им препорачаа на странските туристи да го напуштат Тибет

Канал5 - 17.03.2008

Кинеските власти денеска им препорачаа на странските туристи да го напуштат Тибет и прекинаа со издавање на одобренија за странци за посета на Тибет, соопшти агенцијата Синхуа, цитирајќи локален функционер. Според него овие мерки се спроведуваат заради личната безбедност на странските посетители на ...

Пекинг: Воздржаност во интервенцијата со тибетските демонстранти

Канал5 - 17.03.2008

Кина денеска истакна дека покажала исклучителна воздржаност во интервенцијата против насилните протести на Тибетанците кои, според наводите на Пекинг, ги организирале следбениците на Далај Лама за да ги осуетат Олимписките игри кои во август треба да се оддржат во Пекинг.

Кинезите убиле стотина бунтовници?

Вечер Прес - 17.03.2008

Во главниот град на Тибет, Ласа, од саботата е воведен полициски час. Жртвите ги бројат, а податоците се контроверзни Потврдени се податоците за над 80 убиени по бурните протести против кинеската управа во Тибет, но нивниот број, како и бројот на ранетите расте од час во час, соопштија тибетанската ...