TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Можно е нападот да го извршил пакистански разгранок на Ал Каеда

Утрински - 07.12.2002

По уништувањето на заградата на македонскиот конзулат во Карачи Димитар Чулев Почесниот генерален конзулат на Македонија во Карачи, чиј објект беше уништен во подметната експлозија пред два дена, при што загинаа три лица, ќе почне со работа најдоцна до среда.

САД бараат целосна истрага за Раштански Лозја

Утрински - 07.12.2002

Стејт департментот за нападот во Карачи ВаШингтон - САД го осудија нападот на почесниот конзулат на Македонија во Карачи и нагласија дека очекуваат резултати од истрагата на пакистанските власти, јави Радиото Гласот на Америка, цитирајќи ја изјавата на заменик-портпаролот на Стејт департментот, ...

САД, ЕУ и Русија го осудија нападот врз македонскиот конзулат

Дневник - 07.12.2002

ПО терористиЧкиот НАПАД ВО ПАКИСТАН Злосторството во Карачи е дел од меѓународниот тероризам, смета Москва, додека Вашингтон уште еднаш повика да се спроведе целосна истрага за случајот "Раштански лозја" САД, ЕУ и Русија вчера го осудија терористичкиот напад врз македонскиот почесен генерален ...

Пратениците бараат да се расчисти случајот „Раштански Лозја“

А1 - 06.12.2002

Многу е важно да се расчисти со случајот „Раштански Лозја“, се со цел да се дознае вистината. Вака денеска дел од пратениците го коментираа вчерашниот терористички напад на македонскиот конзулат во Пакистан, во кој три лица го загубија животот.

САД го осудија нападот во Карачи

А1 - 06.12.2002

Mакедонскиот конзул во Пакистан Билал Куреши денеска потврди дека пред нападот добивал телефонски повици и писма од роднините на убиените во Македонија. Пакистанската војска и полиција денеска се на највисока готовност, а терористичкиот акт го осудија и САД.

Терористички напад врз македонскиот конзулат во Пакистан

Вест - 06.12.2002

ЗАВЧЕРА ВО КАРАЧИ Во конзулатот не работи ни еден македонски државјанин, а од урнатините на канцелариите на почесниот конзул на Македонија се извадени три тела, две машки и едно женско, со врзани раце и нозе и со пресечени....

Нападот поврзан со убиените Пакистанци кај Раштански Лозја

Вест - 06.12.2002

Бомбашкиот напад на македонскиот конзулат во Карачи, Пакистан, од Министерството за надворешни работи беше оценет како "професионално изведен акт", но и како "можен напад поради протестот на роднините на Пакистанците кои загинаа кај Раштански Лозја".

Русија го осудува терористичкиот акт

Утрински - 06.12.2002

РЕАКЦИЈА Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија решително го осудува терористичкиот акт на 4 ноември оваа година врз Почесниот конзулат на Македонија во Карачи (Пакистан), кој што предизвика човечки жртви. Им изразуваме сочувство на семејствата и роднините на загинатите.

Ликвидирањето на седумтемина Пакистанци се уште останува енигма

Утрински - 06.12.2002

Што, всушност, се случи во месноста Раштански Лозја на 2 март годинава ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ Настанот во месноста Раштански Лозја што уште од самиот почеток на неговото медиумско експлоатирање предизвикува сомневање, се случил на 2 март годинава околу 4 часот.

Ахмет Куреши- македонски конзул од 1994 година

Утрински - 06.12.2002

ГЕНЕРАЛИИ Билал Ахмед Куреши должноста почесен конзул на Македонија во Генералниот конзулат во Карачи ја извршува од 1994 година. Сопственик на неколку фирми во областа на индустријата, трговијата и финансиите.Важи за успешен бизнисмен, од влијателно семејство во Пакистан, инволвиран во политичкиот ...

МНР бара целосна истрага за нападот

Утрински - 06.12.2002

Нота на Министерството за надворешни работи МНР упати нота во која најостро го осудува терористичкиот напад врз почесниот Генерален конзулат на Република Македонија во Пакистан. Министерството бара да се спроведе целосна истрага и итно да биде известено за резултатите од неа.

Експлозијата подметната од експерт за бомби

Утрински - 06.12.2002

Разговор со Билал Ахмед Куреши, почесен генерален конзул на Република Македонија во Пакистан Димитар Чулев Рано утринава, околу 1,30 часот шефот на полицијата ме разбуди и ми кажа дека имало експлозија во зградата на Генералниот конзулат. Јас побрзав таму и таму веќе беше полицијата.

Ал каеда го кренала во воздух македонскиот конзулат во Карачи?

Дневник - 06.12.2002

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ПАКИСТАН Во терористичкиот напад, кој го истражува и ФБИ, три лица се убиени и до темел е урната двокатната зграда на чии ѕидови биле испишани заканувачки пораки од Ал каеда Силна експлозија вчера изутрина до темел ја урна зградата на почесниот Генерален конзулат на Република ...

Македонија даде курбан за антитерористичката коалиција

Дневник - 06.12.2002

Коментар - Христо Ивановски Почесниот генерален конзулат на Република Македонија во Карачи, Пакистан, од вчера не постои. Во терористички напад извршен од професионалци, куќата со натписот на македонскиот конзулат, на која се вееше македонското знаме, е срамнета со земјата, а три лица се убиени.

МНР ги предупредува амбасадите на зголемена безбедност

А1 - 05.12.2002

Македонија издаде денеска упатство до своите дипломатски претставништва во светот да ги засилат мерките за безбедност по нападот на македонскиот почесен конзулат во Карачи. Предупредувањето, како што изјави шефот на Кабинетот на министерот за надворешни работи Санта Аргирова, доаѓа како реакција по ...

Експлозија во македонскиот конзулат во Карачи

А1 - 05.12.2002

Три лица загинаа во експлозија на бомба во почесниот конзулат на Македонија во пакистанскиот град Карачи, што се случила синоќа по европско време. МНР го осуди терористичкиот напад, изразувајќи „силна огорченост и длабоко жалење за трите жртви на тој гнасен чин“.