TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Максимир - горко фудбалско искуство

А1 - 25.03.2007

Македонските фудбалери беа на чекор до уште еден маркантен резултат во квалификациите за европското првенство. 88 минути ја попречуваа насмевката на лицата на хрватските навивачи, но на крајот сепак не ја продолжија серијата успешни резултати на гостувањата во овој циклус за пласман на шампионатот ...

Конечно познат составот на Катанец

А1 - 24.03.2007

Мазнов е во нападот покрај Наумовски, се друго е она што се претпоставуваше деновиве што практично и самиот Катанец го знаел однапред, веројатно и со месеци пред овој натпревар. Николовски на голот, Васовски десно, Новески лево и Седлоски како централен бег, Попов по десната позиција крилен бег, ...

Хрватска - Македонија 2:1

А1 - 24.03.2007

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Хрватска со резултат 2:1 синоќа во Загреб, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство што во 2008. ќе се игра во Австрија и Швајцарија. Македонија од самиот почеток покажа дека е опасен противник, во натпреварот влезе без никаков респект ...

Позитивен резултат за пласман и за мир во куќа

Вест - 24.03.2007

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2008 - НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВЕЧЕРВА (20.15 ч.) И ГОСТУВА НА ХРВАТСКА Седлоски: Добро е што хрватската јавност очекува лесна победа на својата репрезентација. - Шумулилкоски: Уверен сум дека непоразени ќе се вратиме од Загреб По бурните настани што се случија околу ФФМ, ...

Да ги скоцкаме коцкестите

Време - 24.03.2007

ДЕНЕСКА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2008: ХРВАТСКА – МАКЕДОНИЈА Никола Богојевски Наш специјален известувач од Загреб Македонската репрезентација, денеска (20.15 часот) ќе заборави на сите двомесечни бранувања во македонскиот фудбал и со напад од самиот старт ќе се обиде да „скоцка“ победа против ...

Да се освои неосвоивиот „Максимир“

Утрински - 24.03.2007

Вечерва на „Максимир“, Катанец со тројца стопери - Седлоски, Новески и Васоски. Директен пренос на ТВ А1 во 20,15 ч. Од нашиот известувач Наум Котевски Атмосферата во македонскиот национален состав, која е вистинска репрезентативна, речиси семејна, уште на влезот на аеродромот „Плесо“ дополнително ...

Еден бод не е интересен за Катанец

Дневник - 24.03.2007

„Црвено-жолтите“ ќе настојуваат да ја продолжат серијата без пораз на гостувањата, на теренот на кој „коцкестите“ не знаат за неуспех Македонската фудбалска репрезентација е подготвена вечерва (20,15 ч.) за атака на неосвоивиот „Максимир“.

Храбро и на Максимир

Вечер - 24.03.2007

Иако "коцкестите" се лидери во групата и важат за фаворити, избраниците на Катанец најавуваат голема борба и надигрување за позитивен резултат Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва (20.15 ч.) во Загреб го игра најважниот натпревар од "Е" квалификациската група за претстојното Европско ...

Билиќ го објави почетниот состав на Хрватска

А1 - 23.03.2007

Славен Билиќ нема ниту дилеми ниту тајни, го објави почетниот состав за евроквалификацискиот натпревар Хрватска-Македонија, утре во Загреб. Македонскиот селектор Среќко Катанец последен пат ќе ги воигрува нашите репрезентативци.

Славен Билиќ: И нашата серија има крај

Време - 23.03.2007

ХРВАТИТЕ ПОЧНАА ДА ДУВААТ НА КИСЕЛО МЛЕКО Гигантската серија без пораз на домашен терен и воопшто во последните три и пол години, колку што хрватската репрезентација нема загубено во квалификациски меч, може да биде додаден притисок за фудбалерите на Хрватска во пресрет на утрешниот дуел во Загреб ...

Катанец го контролира оптимизмот

Дневник - 23.03.2007

На пат од Охрид заминуваат 20 кандидати што се подготвуваа изминативе 5 дена Македонската фудбалска репрезентација без тензии го чека утрешниот решавачки натпревар во Загреб, со Хрватска. Од исходот со водечката репрезентација во Е- квалификациската група за Европското првенство 2008, Хрватска, ...

Завршија подготовките на нашата фудбалска репрезентација

А1 - 22.03.2007

Македонските фудбалски репрезентативци го одработија завршниот ден од подготовките во базата во Охрид пред утрешното патување за Загреб каде што в сабота ќе играме против Хрватска во квалификациите за европското првенство. И веста број еден за нас и за сите вас што од дома ќе ја бодрите Македонија ...

Николоски: Треба да покажеме многу повеќе отколку во Манчестер

Време - 22.03.2007

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ И СЕЛЕКТОРОТ КАТАНЕЦ Златко Крстевски Хрватска не е Англија, зашто фудбалерите на „коцкестите“ имаат поголемо срце, а нам ќе ни треба поголема мотивација, изјави македонскиот репрезентативен голман Јане Николоски, на вчерашниот прес во базата „Парк“ ...

Катанец: Хрватите не можат да не изненадат

Вест - 22.03.2007

ПРЕС НА НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД САБОТНИОТ МЕЧ СО ХРВАТСКА Николоски: Треба да играме многу подобро отколку во Манчестер. - Пандев: Ќе се вратиме непоразени од "Максимир" - И двете репрезентации добро се познаваат.

Катанец - Одиме во Загреб за да се надигруваме

Утрински - 22.03.2007

Пандев: Панчев не ме познава добро, навистина ме разочараа неговите последни изјави САШКО ДИМОВСКИ Кој на местото на повредениот Игор Митревски, со колку напаѓачи и со каква тактика, се дилемите на селекторот на македонската репрезентација, Среќко Катанец, на три дена пред натпреварот на „Максимир“ ...

Младен Петриќ сигурно нема да игра

Дневник - 22.03.2007

Напаѓачот на швајцарскиот Базел и на хрватската репрезентација, Младен Петриќ, дефинитивно отпадна од тимот на „коцкестите“ за саботниот дуел против Македонија, реферираше селекторот Славен Билиќ. Петриќ, кој требаше да биде најголема опасност кон голот на македонската репрезентација, не е доволно ...

Суеверниот Билиќ нема да носи капут, макар и да смрзне

Дневник - 22.03.2007

Хрватскиот селектор Славен Билиќ изјави дека за дуелот против Македонија ќе ја носи истата комбинација облека како на претходните шест меча , бидејќи таа му носела среќа. Билиќ признава дека е суеверен. Среќната комбинацијата на хрватскиот селектор е: обетката на увото, сивото сако со знакот на ...

Хрватска поинспиративна од Англија

Дневник - 22.03.2007

Нема репрезентативец што не верува дека на „Максимир“ не може да се приреди изненадување Македонската фудбалска репрезентација акумулира оптимизам во Охрид, пред саботниот квалификациски меч за ЕП 2008 година со Хрватска во Загреб.

Катанец: Агресивно до позитивен резултат

Вечер - 22.03.2007

Противникот е компактен во сите фази, но очекувам напаѓачки фудбал на Хрватите, на што и ние ќе одговориме на ист начин, вели македонскиот селектор Полека но сигурно фудбалската репрезентација на Македонија ги привршува подготовките за претстојниот квалификациски натпревар против силната ...

Катанец: Очекувам добар натпревар на „Максимир“

А1 - 21.03.2007

Завршни подготовки на македонскиот национален фудбалски состав пред саботниот дуел во Загреб против Хрватска. Во репрезентативната база во Охрид преостанува уште утрешниот тренинг за последна проверка пред натпреварот со сигурниот и убедлив лидер во нашата група.

Мечот на „Максимир“ ќе се игра на дожд и на студ

Време - 21.03.2007

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА ЗА КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА Дожд и студено време, со температура до 2 Целзиусови степени, ќе ги очекува македонските фудбалски репрезентативци в сабота вечер на стадионот „Максимир“, во Загреб, на квалификацискиот дуел за пласман на Евро 2008 во Австрија и во Швајцарија.

Катанец е подобар од мене, но ние имаме подобри фудбалери

Време - 21.03.2007

СЛАВЕН БИЛИЌ, СЕЛЕКТОР НА ХРВАТСКА Хрватскиот селектор Славен Билиќ призна дека кормиларот на „црвено-жолтите“ Среќко Катанец е подобар, но истакна дека играчите се тие што играат и што треба да го одработат договореното во загрепските 90 минути на „Максимир“ в сабота вечер.

Ќе играм и со една нога, ако морам!

Време - 21.03.2007

МЛАДЕН ПЕТРИЌ, НАПАЃАЧ НА ХРВАТСКА Нема смисла да ризикувам, ако не бидам сто отсто подготвен, рече Младен Петриќ, хрватскиот репрезентативен напаѓач, кој има повреда на скочниот зглоб и е под знак прашалник за претстојниот саботен квалификациски дуел во Загреб.

Лазаревски: Во Загреб одиме да нападнеме

Вест - 21.03.2007

НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ОД ГРОЦЛИН Е ОПТИМИСТ ПРЕД САБОТНИОТ МЕЧ Владе Лазаревски, македонскиот репрезентативец од полскиот прволигаш Гроцлин, е голем оптимист пред претстојниот квалификациски натпревар со националната селекција на Хрватска, што в сабота се игра во Загреб.

Билиќ - Се подготвуваме како да ни доаѓа Англија

Утрински - 21.03.2007

Една билетарница на Максимир само за македонските навивачи ЕМИЛ КИТАНОВСКИ „Репрезентацијата на Македонија е непредвидлив и крајно опасен состав кога игра во гости. На нивното главно оружје напаѓачот Горан Пандев не треба да му се остава многу слободен простор, бидејќи знае да ја искористи секоја ...

Можеби ќе се игра во снежни услови

Дневник - 21.03.2007

Хрватската репрезентација тренира на снег. „Коцкестите“ од понеделникот се во својата стандардна база Чатеж, во Словенија . Студеното време ги принуди избраниците на Славен Билиќ да тренираат на снежна обвивка од 10-тина сантиметри.

Билиќ: Оваа екипа ќе биде фаворит и во Скопје

Вечер - 21.03.2007

Неочекувано, фудбалерите на хрватската репрезентација на подготвките во Чартез (Словенија) се соочија со неприлики. Во понеделникот беа изненадени од ниската температура и теренот покриен со снег, чија дебелина изнесуваше 3-4 см.

Фудбалската репрезентација се комплетираше во Охрид

А1 - 20.03.2007

Нашиот селектор Среќко Катанец на петтиот по ред тренинг на подготовките на стадионот Биљанини Извори, ги имаше на располагање интернационалците од Германија. Со тоа што Николче Новески го одработи тренингот, а Александар Митрески кој вчера играше за второлигашот Келн, доби поштеда и од утре ќе ...

Недопирливи! До сабота?

Време - 20.03.2007

ХРВАТСКА НИКОГАШ НЕ ЗАГУБИЛА КОГА ИГРА ДОМА ВО КВАЛИФИКАЦИИ Никола Богојевски Македонските фудбалски интернационалци од Горан Пандев, Илчо Наумоски, преку Величе Шумуликоски и Александар Митрески, до цврстиот дефанзивен ред Николче Новески - Гоце Седлоски - Александар Васоски, заедно со голманот ...

Се бараат замени за Петров и Игор Митрески

Вест - 20.03.2007

ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА МЕЧОТ СО ХРВАТСКА Да се најде адекватна замена за отсутните Игор Митрески и Роберт Петров претставува приоритет за селекторот Сречко Катанец на подготовките за претстојниот квалификациски меч за ЕП 2008 со Хрватска, што вчера започнаа во Охрид.

Македонија - несакан гостин

Време - 20.03.2007

И НИЕ ИМАМЕ АДУТ ЗА „БОРБАТА НА ТРАДИЦИИТЕ“ Само два примени гола на последните седум гостувања и ниту еден пораз во 16 месеци на туѓ терен се големите адути за успешна „операција Загреб“ на македонската фудбалска репрезентација на саботниот квалификациски дуел против Хрватска, за пласман на Евро ...

Катанец во Охрид ја крои стратегијата за Загреб

Утрински - 20.03.2007

Фудбал Горан Пандев побара и доби поштеда на првиот тренинг поради замор од мечевите во дресот на Лацио ЕМИЛ КИТАНОВСКИ По бурниот викенд и одржаното Редовно Собрание на фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Струга, од вчера вниманието на фудбалската јавност во земјава целосно се насочува ...

Тренинзи зад затворени врати

Дневник - 20.03.2007

Македонскиот селектор ги почна подготовките во Охрид со обезбедување Македонскиот фудбалски селектор Сречко Катанец почна да кове стратегија за саботниот квалификациски натпревар против Хрватска, во Загреб, без присуство на неканети гости.

Младен Петриќ сепак ќе игра

Дневник - 20.03.2007

Напаѓачот на хрватската репрезентација, Младен Петриќ, најверојатно ќе биде подготвен за дуелот против Македонија, на 24 март во Загреб. Загарантирано место во нападот има натурализираниот Хрват, Едварду да Силва, кој игра во феноменална форма и сезонава досега даде над 40 погодоци.

Максимално за Максимир

Вечер - 20.03.2007

Ќе пробаме на тренинзите да одработиме најдобро што можеме, имаме доволно време, атмосферата е одлична и сметам дека ќе заминеме добро подготвени на дуелот во Загреб, вели селекторот Катанец Македонските фудбалски репрезентативци стартуваа со подготовките за средбата со Хрватска на 24 март во ...

Билиќ со План Б за Петриќ

Вечер - 20.03.2007

Неговото задравување се одвива оптимистички и има големи шанси да заигра, но ако не се случи тоа има замени во Балабан и Будан Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Славен Билиќ речиси по ист шаблон како и неговиот колега на кормилото на Македонија, Сречко Катанец, ги почна подготовките за ...

Почетни тренинзи на фудбалската репрезентација во Охрид

А1 - 19.03.2007

Нашата репрезентација во Охрид ги одржа почетните тренинзи пред саботниот квалификациски натпревар со Хрватска во Загреб. На првиот, селекторот Среќко Катанец го почна планот Максимир со 12 играчи, а на вториот се приклучија Гроздановски, Милошевски и Роберт Попов.

Македонија ќе сака победа за престиж

Време - 19.03.2007

НИКО КОВАЧ, КАПИТЕН НА ХРВАТСКА Македонија ќе сака победа за престиж в сабота во Загреб, смета капитенот на Хрватска, Нико Ковач, пред дуелот на „Максимир“ во квалификациите за Европското првенство во 2008 година. - Очекувам многу тежок противник.