TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Србија никогаш нема да се откаже од суверенитетот врз Косово

А1 - 04.02.2007

Одговорот на српскиот државен врв всушност веќе е познат, Србија никогаш нема да се откаже од суверенитетот врз Косово. Обраќањето на претседателот Тадиќ и особено одбивањето на премиерот Коштуница да се сретне со Ахтисари ја навестуваат и тактиката - радикализација на проблемот, дури и со барање ...

Албанија го поддржува пакетот на Ахтисари

А1 - 04.02.2007

Албанија го поздравува и поддржува пакетот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Тој, како што јави дописникот на Макфакс, смета дека пакетот на Ахтисари е Документ на компромиси со новите реалности на балканските простори.

„Коха диторе“:Косово ќе може да го празнува првиот ден од независноста кон средината од летото

Канал5 - 04.02.2007

Косово ќе може да го празнува првиот ден од независноста кон средината на летото ако проектот на Марти Ахтисари биде реализиран како што е планирано, објави денеска приштинскиот весник “Коха диторе“, повикувајќи се на неименувани западни дипломати.

Собранието на Србија започна расправа за Косово

Макфакс - 04.02.2007

Белград Новиот состав на Собранието на Србија започна денеска расправа за Косово, врз основа на предлог резолуција од Владата. Расправата за резолуцијата – во која се отфрла дел од планот на посредникот Марти Ахтисари кој имплицира независност – започна веднаш по конституирањето на Собранието, ...

Коен: Независноста на Косово е речиси неизбежна

Макфакс - 04.02.2007

Вашингтон Независноста на Косово е речиси неизбежна, смета поранешниот американски секретар за одбрана Вилијам Коен. Коментирајќи ги актуелните преговори во Виена, Коен во интервјуто во „Глас за Америка“, како „грешка“ го оценува застанувањето на Русија на страната на Србија.

Рикер: Предлогот на Ахтисари е многу важен чин

Макфакс - 04.02.2007

Приштина Предлогот за идниот статус на Косово, на посредникот Марти Ахтисари е многу важен чин и сега се очекува конечното решавање на статусот на Косово. Ова го изјави шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, додавајќи дека не е случајност што предлогот на Ахтисари позитивно е дочекан во Приштина.

Собрание на Србија - резолуција за Косово

Макфакс - 04.02.2007

Белград Српското Собрание денеска треба да ја одржи конститутивната седница, на чиј што дневен ред, по потврдување на пратеничките мандати, ќе се најде косовското прашање. Како што јавија белградските медиуми, откако ќе се утврдат мандатите на пратениците, тие ќе ја разгледуваат втората точка на ...

Резолуцијата за Косово прифатлива за српскиот Парламент

Макфакс - 04.02.2007

Белград Речиси сите парламентарни партии во новото српско Собрание ја поддржуваат владината резолуција со која се отфрла предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. Единствено коалицијата предводена од Либерално-демократската партија на Чедомир Јовановиќ, и пратеникот на прешевските ...

Албанија го поддржува пакетот на Ахтисари

Макфакс - 04.02.2007

Тирана Албанија го поздравува и поддржува пакетот на посредникот, Марти Ахтисари за идниот статус на Косово, изјави албанскиот претседател Алфред Мојсиу. Тој, како што јави дописникот на Макфакс, смета дека пакетот на Ахтисари е Документ на компромиси со новите реалности на балканките простори.

Косово: Еуфорија меѓу Албанците, страв кај Србите

А1 - 03.02.2007

Приштина ден потоа, раздвиженост, делумна еуфорија. Независноста за косоварите конечно е веќе на дофат, иконите од минатото се таму, но и реалноста на сегашноста. Ахтисари им го исполни сонот. Сепак, оружјето е тука, но сега велат за заштита, а модерните згради ја навестуваат иднината.

Груевски: Планот на Ахтисари е прифатлив за Македонија

А1 - 03.02.2007

Како што се и очекуваше, лидерот на опозицијата и член на преговарачкиот тим на Косово Хашим Тачи, ден откако Ахтисари го претстави својот план за идниот статус на Косово, со неговата содржина го запозна премиерот Груевски. Владата на Македонија е првиот сосед на Косово што го прифаќа тој план.

Косово независно до јули

Време - 03.02.2007

МАРТИ АХТИСАРИ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПЛАН ЗА КОСОВО Европскиот пратеник за Косово Марти Ахтисари вчера во Белград му го претстави својот план на српскиот претседател Борис Тадиќ, по што требаше да замине во Приштина. Ахтисари изјави дека планот не е конечен, туку дека се работи за предлог-решение за ...

Груевски ќе се сретне со Хашим Тачи

Време - 03.02.2007

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Хашим Тачи, член на косовскиот преговарачкиот тим, денеска доаѓа во Македонија за да ја информира Владата за деталите од предлогот на Мартин Ахтисари за идниот статус на покраината, потврдуваат владини извори.

Ахтисари предложи виртуелна независност за Косово без зборот "независност"

Вест - 03.02.2007

БЕЛГРАД, 3 февруари (Ројтерс) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари вчера избегна да каже нешто за идниот суверентитет на Косово, меѓутоа на Србија и предаде план што ја поставува сепаратистичката покраина цврсто на патот кон не БЕЛГРАД, 3 февруари (Ројтерс) - Специјалниот ...

Планот на Ахтисари го отвори патот за независност на Косово

Утрински - 03.02.2007

Властите во Белград го одбија планот, а во Приштина тој беше прифатен со задоволство БЕЛГРАД, ПРИШТИНА - Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари вчера обелодени план за поставување на отцепената покраина Косово на патот на независност, исход што веднаш беше поздравен од косовските Албанци и ...

Ахтисари нацрта нова граница на Балканот

Утрински - 03.02.2007

ЕДИТОРИЈАЛ СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Меѓународната заедница вчера нацрта нова граница на Балканот: не ја прогласи, но ја најави независноста на Косово. Таквата вест деновиве се неутрализираше со „балон“-изјави за можни нервозни реакции на Косовците, за потреба од засилување на позициите на КФОР, за ...

Мрачно расположение во Белград

Утрински - 03.02.2007

Планот на Ахтисари дојде во момент кога белградската политичка елита се соочува со политичка криза Од нашиот дописник Иван Торов БЕЛГРАД - Веќе нема голема мистерија: специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари, вчера му го врачи на претседателот на Србија, Борис Тадиќ, својот нацрт-план за идниот ...

Молк во Македонија за предлогот на Ахтисари

Утрински - 03.02.2007

Македонскиот државен врв и вчера остана во исчекување, одбегнувајќи да ги коментира деталите од предлогот на Марти Ахтисари за статусот на Косово. Во Министерството за надворешни работи изјавија дека ова е се' уште отворен процес и дека се задоволни што тој се одвива според планираната динамика.

Најлошо сценарио е статус кво на Косово

Дневник - 03.02.2007

Испровоциран од ставовите на министерот Еленовски искажани во Центарот за стратегиски студии во Вашингтон, претставникот на српската амбасада ја напушти конференцијата Македонија не очекува насилства во регионот по објавувањето на планот на Марти Ахтисари за Косово, но смета дека најлошото сценарио ...

Ахтисари меѓу редови запишал независност за Косово

Дневник - 03.02.2007

Белград и Приштина имаат последна шанса самите да го договорат, а конечната одлука ќе ја донесе меѓународната заедница Меѓународниот посредник Марти Ахтисари вчера официјално го претстави во Белград и во Приштина својот план за иднината на Косово, кој практично е темел на независноста на Косово, ...

Синодот на СПЦ апелира до меѓународната заедница да го спречи Ахтисари

Канал5 - 03.02.2007

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) денеска апелираше до меѓународната заедница да го спречи Марти Ахтисари во неговата намера да изврши правно насилство над Србија и присилно да и го одземе најдрагоцениот дел од нејзината територија, Косово, се наведува во соопштението од ...

Мустафај: Историски настан за Косово

Макфакс - 03.02.2007

Тирана Официјална Тирана го поздрави документот за завршниот статус на Косово, што вчера во Белград и Приштина го предаде посредникот Марти Ахтисари. Шефот на албанската дипломатија Бесник Мустафај синоќа изјави дека станува збор за историски момент за Косово.

Чеку ги предупреди косовските Срби да не се отцепуваат

Макфакс - 03.02.2007

Приштина Повик и предупредување до косовските Срби да не се обидат да се отцепат од Косово поради предлогот на Марти Ахтисари, упати денеска косовскиот премиер Агим Чеку. Тој ги повика Србите да не помислуваат на отцепување, поради предлогот на Марти Ахтисари кој отвора пат кон независноста на ...

Хун ги повика Белград и Приштина да го прифатат предлогот на Ахтисари

Макфакс - 03.02.2007

Лондон Велика Британија цело време силно и доследно ја поддржуваше извонредната работа на Марти Ахтисари и би било од исклучителна важност Белград и Приштина позитивно да реагираат. Ова денеска го изјави британскиот министер за Европа, Џефри Хун во интервју за БиБиСи, додавајќи дека постојат ...

Продолжуваат преговорите меѓу Белград и Приштина

Макфакс - 03.02.2007

Виена Приштина и Белград, кои имаат различен пристап кон предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари, ги продолжуваат преговорите во Виена. Спротивставените позиции на двете страни и деликатноста на преговорите ги потврдуваат и разликите во оценките и во изјавите за печат.

Предлогот на Ахтисари начелно прифатлив за Македонија

Макфакс - 03.02.2007

Скопје Документот за идниот статус на Косово, што денеска полуофицијално го добивме, ќе биде прифатлив за Владата на Република Македонија. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски, по средбата со членот на косовскиот преговарачки тим, Хашим Тачи, остварена во Скопје.

Независност, ама со други зборови!

Вечер Прес - 03.02.2007

Во планот на Ахтисари за статусот на Косово провеваат две клучни загатки. Првата е дека никаде во текстсто не се споменува зборот независност, но се поставуваат сите основи за условна држава. И втората е дека исто така никаде не се спомнува дека Косово е дел од веќе меѓународно призната држава ...

МКГ: Русија ќе се воздржи од гласање во СБ за Косово

Макфакс - 03.02.2007

Прага Русија, без разлика на сегашното противење, ќе се воздржи од гласање во Советот за безбедност (СБ), со што ќе се овозможи усвојување на планот на Ахтисари за Косово. Ова, денеска, го изјави претседателот на Меѓународната кризна група (МКГ) Гарет Еванс, во интервју за Радио Слободна Европа.

Реакции на предлогот за решавање на статусот на покраинта

Вечер Прес - 03.02.2007

На Русија не и се брза за решавање на статусот на Косово за разлика од Запад кој стравува од нов бран албанско насилство во Косово. Во секој случај, конечното решение за статусот на Косово ќе зависи од договорот меѓу Русија и САД и тоа не само за тоа, туку и за многу други прашања.

Хашим Тачи во посета на Скопје

Макфакс - 03.02.2007

Скопје Лидерот на опозицијата и член на преговарачкиот тим на Косово, Хашим Тачи денеска во Скопје ќе оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Тачи во Македонија ќе допатува по вчерашното претставување на предлогот за статусот на Косово на посредникот на Обединетите нации, Марти ...

ЕУ и САД бараат одговорност и флексибилност од Белград и Приштина

А1 - 02.02.2007

Европската Унија и Стејт департментот ги повикаа Белград и Приштина да покажат одговорност, флексибилност и смисла за реален компромис по објавувањето на предлогот за статусот на Косово. Германија, како претседавач со Унијата, смета дека статусното решение за Косово ќе биде од решавачко значење за ...

Ахтисари во Белград не кажа дали го води Косово кон независност

А1 - 02.02.2007

Марти Ахтисари остана доследен во својата дипломатска мисија. По средбата со српскиот претседател Борис Тадиќ, одби да одговори дали неговиот предлог за статусот го води Косово кон независност. „Во врска со статусот на Косово, ќе појаснам кога ќе го дадам мојот конечен план на Советот за безбедност.

Ахтисари го донесе својот предлог во Приштина

А1 - 02.02.2007

„Косово ја чека својата иднина“. Со вакви билборди денеска Приштина го дочека специјалниот претставник на ОН Марти Ахтисари, кој под рака го донесе својот предлог за идниот статус на Косово. Иако никој не очекуваше изненадувања, косоварите со нетрпение сакаа да чујат што тој има на ум за нив.

Ахтисари доаѓа со планот

Време - 02.02.2007

КРИТИЧЕН МОМЕНТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КОСОВО Меѓународниот пратеник за Косово Марти Ахтисари денеска треба да допатува во Белград и Приштина да го претстави својот план за Косово. Непосредно пред доаѓањето, српски и косовски весници објавија делови од неговиот план за идниот статус на Косово, а ...

Досегашното статус кво не нуди напредок на Косово

Утрински - 02.02.2007

Промена на Резолуцијата 1244 ќе помогне за решавање на проблемите во Косово, вели Шук „Сегашниот статус на Косово согласно со Резолуцијата 1244 не ни овозможува да донесеме квантитативни подобрувања. Оттаму очекува претставувањето на планот на Марти Ахтисари да означи крај на сегашниот статус кво“, ...

Балканот во исчекување - Ахтисари ќе го претстави планот за Косово

Утрински - 02.02.2007

Одлука Косовскиот преговарачки тим задоволен, косовските Срби се плашат од ново етничко чистење во стилот на хрватската „Луња“ Ниту независност за Косово ниту суверенитет на Србија не содржи предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации, Марти Ахтисари.

Белград и Приштина ќе го допишат планот на Ахтисари

Дневник - 02.02.2007

Основниот впечаток е дека предлозите на Ахтисари оставаат простор косовските Албанци да прогласат независност, која би можела да биде призната од поединечни држави Меѓународниот посредник Марти Ахтисари денеска во Белград и во Приштина ќе го претстави својот предлог за иднината на Косово, во кој ...

Границата ќе ја одбележува македонско-косовска комисија

Дневник - 02.02.2007

Територијата на Косово ќе биде дефинирана со границите на покраината од 31 декември 1989, а во делот кон Македонија ќе важи договорот со СРЈ од 23 февруари 2001 Косово и Македонија ќе формираат заедничка техничка комисија, која физички ќе ја обележи границата и ќе ги решава проблемите поврзани со ...

УНОСЕК објави резиме на предлогот на Ахтисари

Канал5 - 02.02.2007

Канцеларијата на специјалниот пратеник на ОН за статусот на Косово (УНОСЕК) на својата Интернет страница ги објави главните точки од предлогот на Марти Ахтисари за идниот статус на Косово врз основа на кој Косово ќе биде мултиетничко општество кое демократски ќе управува само со себе и кое ќе ги ...

МВР: Чувствителен по безбедноста е овој период кога се решава прашањето на статусот на Косово

Канал5 - 02.02.2007

Во МВР како чувствителен по безбедноста го оценуваат овој период кога се решава прашањето на статусот на покраината – сепак велат дека безбедноста е стабилна,а границата со Косово интензивно се набљудува. Во МВР како чувствителен по безбедноста го оценуваат овој период кога се решава прашањето на ...

Ахтисари во Белград го претстави планот за Косово - реакции по изнесениот предлог

Канал5 - 02.02.2007

Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари денеска во Белград на српскиот претседател Борис Тадиќ му го претстави планот за покраината во кој не се споменува експлицитно зборот „независност“, но се даваат препораки за меѓународно контролирана државнос Белград, 2 февруари (МИА) ...

Косово ја чека својата иднина

Канал5 - 02.02.2007

Косовските власти се воздржани за предлогот што денеска во Приштина го донесе Ахтисари. Велат дека не се задоволни од целиот пакет, но дека сепак тој води кон независност. Косовските власти се воздржани за предлогот што денеска во Приштина го донесе Ахтисари.

ЕУ ги повика Белград и Приштина на конструктивност

Макфакс - 02.02.2007

Берлин Европската унија ги повика Белград и Приштина да покажат одговорност, флексибилност и смисол за реален компромис по објавувањето на предлогот за статусот на Косово. Германија, како претседавач со ЕУ, во соопштението објавено денеска смета дека статусното решение за Косово ќе биде од ...

Ахтисари му го врачи планот за статусот на Косово на Тадиќ

Макфакс - 02.02.2007

Белград Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари денеска му го врачи планот за статусот на покраината на српскиот претседател Борис Тадиќ. Според документот, Ахтисари ги определува условите кои што треба да се исполнат за да се прогласи државност, поставена под ...

Предлогот на Ахтисари отвара можност за независно Косово

Макфакс - 02.02.2007

Белград/Приштина Конечниот предлогот за статусот на Косово кој „ја отвора можноста за независност“, денеска им беше врачен на властите во Белград и Приштина, од страна на меѓународниот посредник Марти Ахтисари. Посредникот најпрво допатува во Белград, каде планот му го предаде на српскиот ...

Ахтисари со планот за Косово во Белград и Приштина

Макфакс - 02.02.2007

Белград/Приштина Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари денеска во Белград и во Приштина треба да го претстави предлогот за статусот на Косово. Предвидено е Ахтисари претпладне во Белград да биде примен од претседателот на Србија Борис Тадиќ, по што ќе одржи прес ...

Штајнмаер:ЕУ прашањето за Косово ќе го разгледа и со Русија

Макфакс - 02.02.2007

Брисел Планот на Марти Ахтисари и прашањето за Косово ќе биде внимателно разгледани од Европската Унија(ЕУ, која ќе се консултира и со Русија. Ова денеска го изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер пред почетокот на состанокот на Советот на министри на ЕУ во Брисел.

Коен: Нема резолуција без согласност на постојаните членки

Макфакс - 02.02.2007

Белград Советот за безбедност на ООН нема да донесе нова резолуција за Косово без претходнo усогласување на државите со право на вето. Ова го изјави членот на српскиот тим во преговорите за Косово Леон Коен, во интервју за белградскиот весник “Вечерње Новости“.

Сејдиу: Предлогот на Ахтисари е основа за независност

Макфакс - 02.02.2007

Приштина Предлогот на посредникот Марти Ахтисари претставува основа за создавање на независна и суверена држава Косово, оцени косовскиот преговарачки тим. Претседателот на Косово Фатмир Сејдију, по средбата со Ахтисари во Приштина, изјави дека предлогот на специјалниот пратеник на ОН ќе створи ...

Независност на Косово предлага Ахтисари

Макфакс - 02.02.2007

Скопје Неформална независност на Косово предлага меѓународниот посредник Марти Ахтисари во неговиот целосен, но, не и конечен план. Ова се заклучува од планот кој доцна попладнето беше објавен на интернет сајтот на Ахтисари, а заклучокот го потврдија и српските и косовските власти по денешните ...

Продолжија преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово

Макфакс - 02.02.2007

Виена Претставниците на Белград и Приштина денеска во Виена ги продолжија преговорите за предлогот на специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово, Марти Ахтисари. Двата преговарачки тима, како што јавуваат српските медиуми, денеска ќе ги разгледуваат анексите на планот што се однесуваат на ...

Визнер: Без вештачки рокови, но брзо решение за Косово

Макфакс - 02.02.2007

Белград Нема да има “вештачки временски рокови“ за преговорите за идниот статус на Косово што ќе бидат обновени на 21.февруари. Ова го изјави американскиот претставник за Косово Франк Визнер, за рускиот дневник “Комерсант“, додавајќи дека сепак, преговорите “не може да се одложуваат во недоглед“.

Коштуница: Ахтисари се обидува да наметне решение

Макфакс - 02.02.2007

Белград Специјалниот пратеник на Обединетите нации за статусот на Косово Марти Ахтисари се обидува да наметне решение, оценува српскиот премиер Воислав Коштуница. Коштуница, за време на денешниот разговор со данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Мелер, нагласи дека Белград конструктивно ...

Вонредна седница на косовската Влада по предлогот на Ахтисари

Макфакс - 02.02.2007

Приштина Предлогот на Марти Ахтисари, ќе биде тема на денешната вонредна седница на Владата на Косово , јавија медиумите во Приштина. Според исти извори, вонредната седница на Владата ќе биде одржана попладне, непосредно откако специјалниот пратеник Марти Ахтисари ќе соопшти предлогот за решавање ...

Полицијата на Косово ги затвори канцелариите на “Самоопределување“

Макфакс - 02.02.2007

Приштина Полицијата на Косово минатата ноќ презела широка акција на претрес и затворање на канцеларијата на “Самоопределување“ во Приштина и на други места, официјално е соопштено. Според полицијата, запленети се компјутери и разни белешки пронајдени за време на претресот, и се уапсени три лица кои ...

ЕУ го поддржува планот на Ахтисари

Макфакс - 02.02.2007

Брисел Европската унија (ЕУ) е единствена во целосната поддршка за посредникот Марти Ахтисари во неговите напори за утврдување на идниот статус на Косово. Ова денеска во Брисел го изјави еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес конференција, по завршувањето на состанокот на шефовите на ...

Продолжуваат преговорите за Косово

Макфакс - 02.02.2007

Виена Делегациите на Белград и Приштина денеска треба да ги продолжат преговорите за статусот на Косово, што започнаа во средата во Виена. Првиот ден заврши без доближување на спротивставените ставови и со песимистички оценки од учесниците во преговорите.

Билт: Ахтисари во Приштина и Белград ќе донесе работен документ

А1 - 01.02.2007

Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари утре во Приштина и Белград ќе донесе работен документ, а не конечен предлог за статусот на Косово. Ова во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Тој рече дека предавањето на документот ќе значи почеток на нов дијалог за овој предлог.

Груевски во сабота ќе дознае за планот за Косово и демаркацијата

А1 - 01.02.2007

Еден ден, откако посредникот Ахтисари ќе го претстави својот план пред косовските авторитети, со него ќе биде запознае и премиерот Груевски. Во сабота тој ќе има средба со првиот човек на косовскиот тим во преговорите за статусот, Хашим Тачи.

Неизвесност во Белград ден пред пристигнувањето на Ахтисари

А1 - 01.02.2007

Судна неизвесност владее во Белград, еден ден пред пристигнувањето на посредникот на ОН Марти Ахтисари, со неговиот предлог за статусот на Косово. Дилеми нема, Ахтисари документот ќе му го предаде на српскиот претседател Борис Тадиќ.

Србија ќе се откаже од тие што ќе го признаат Косово

Време - 01.02.2007

НАЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ВО ОСТАВКА Српскиот премиер Воислав Коштуница најави дека Србија ќе ги прекине односите со сите земји што ќе го признаат Косово како независно. Коштуница, кој е во оставка откако неговата партија ДСС беше дури трета на предвремените избори, завчера поставил услов до сите партии ...

На повидок нова албанска држава

Време - 01.02.2007

ПРЕД УТРЕШНИОТ ПРЕДЛОГ НА АХТИСАРИ Независноста на Косово е единственото можно решение. Незамисливо е да се вратат српските војници на оваа територија. Се се движи кон создавање на уште една албанска држава. Во вид на клаузула, најверојатно во предлогот ќе се стави и некакво ограничување да не може ...

Предлогот на Ахтисари не е „конечна пресуда“ за Косово

Утрински - 01.02.2007

Москва и Пекинг се за тоа да се продолжи со барање компромис преку преговори кои нема да бидат ограничени со рокови Од нашиот дописник БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Кина и Русија имаат идентичен став околу решавањето на статусот на Косово.

Коштуница би ги „пречкртал“ признавачите на Косово

Дневник - 01.02.2007

Демократската партија на Србија (ДСС) на Воислав Коштуница предвидува заострување на односите со сите земји, особено со членките на НАТО, кои би признале каква било форма на независност на Косово. Со ваква платформа ДСС завчера ги почна преговорите со претседателот Борис Тадиќ за формирање нова ...

Скопје и Приштина ќе потпишат договор за границата

Дневник - 01.02.2007

Прашањето за исцртувањето на границата помеѓу Македонија и Косово ќе се затвори со потпишување на договор помеѓу владите во Скопје и во Приштина, дознава „Дневник“ од дипломатски извори во провинцијата. Ова прашање, кое Косово го проблематизира од 2001 година, кога Скопје и Белград го потпишаа ...

Ахтисари утре ќе го претстави планот за Косово на Белград и Приштина

Канал5 - 01.02.2007

Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари утре во Белград и Приштина ќе го претстави предлогот за статусот на покраината, пренесува МИА. Според најавите, Ахтисари ќе допатува во Белград утре претпладне и ќе разговара со претседтаелот на Србија Борис Тадиќ.

Претстојат нови крвопролевања на Косово, оценува лидерот на косовско радикално движење Албин Курти

Канал5 - 01.02.2007

Лидерот на косовското радикално движење „Самоопределување“ Албин Курти во интервју за бугарската агенцијата „Фокус“ изјави оти очекува нови крвопролевања во покраината. Приштина, 1 февруари (МИА) - Лидерот на косовското радикално движење Самоопределување Албин Курти во интервју за бугарската ...

УНМИК нема информации за сомнителни движења на границата кон Македонија

Канал5 - 01.02.2007

Финалето на преговорите за косово не носи безбедносна закана за регионот. Со ваква проценка, ден пред објавувањето на пакетот на Ахтисари за конечниот статус на протекторатот, во Скопје дојде вториот човек на УНМИК Стивен Шук. Финалето на преговорите за косово не носи безбедносна закана за регионот.

Без напредок за Косово

Макфакс - 01.02.2007

Виена Без напредок заврши првиот ден од финалните преговори за статусот на Косово, што се одржуваат во Виена, пренесуваат агенциите. Специјалниот посредник Марти Ахтисари изјави вечерва дека преговорите се добар почеток, но кога станува збор за статусот „не се промени ништо и нема сигнали дека ...

Словачкиот претседател со критики за планот на Ахтисари

Макфакс - 01.02.2007

Братислава Претседателот на Словачка Иван Гаспарович го критикуваше планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово, кој предвидува суверенитет под меѓународна контрола. „Словачка ќе бара поурамнотежен документ. Косово има потреба од меѓународна контрола, но не и од решение за создавање на суверена ...

Започнаа финалните преговори за Косово меѓу Белград и Приштина

Макфакс - 01.02.2007

Виена Делегации на Белград и Приштина денеска во Виена ја започнаа финалната рунда преговори за статусот на српската покраина Косово, со посредство на меѓународниот пратеник Марти Ахтисари. Предвидено е, оваа последна рунда преговори врз основа на планот што го претстави Ахтисари, да траат до 2 ...

Прекин на дипломатските односи

Вечер Прес - 01.02.2007

Коалицијата на Коштуница и Илиќ вчера му ја предаде на српскиот претседател Борис Тадиќ платформата во која се предлага заострување на односите со сите земји, особено со членките на НАТО, кои ќе признаат било каков облик на независност на Косово.

Билт - Ахтисари доаѓа со работен документ

Макфакс - 01.02.2007

Белград Специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари утре во Приштина и Белград ќе донесе работен документ, а не конечен предлог за статусот на Косово. Ова во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Тој рече дека предавањето на документот ќе значи почеток на нов дијалог за овој ...

Независноста не e единственото решение за статусот на Косово

Макфакс - 01.02.2007

Москва Официјална Москва не се согласува со ставот дека независноста е единствено решение за статусот на Косово, пренесуваат руските медиуми. Ваквиот став денеска во Виена го соопшти рускиот претставник во постојаниот совет на ОБСЕ, Владимир Воронков.

Започнаа завршните преговори за статусот на Косово

Макфакс - 01.02.2007

Виена Белград и Приштина, денеска нешто после 10 часот ги започнаа преговорите за предлог-планот на Обединетите нации (ООН) за статусот на Косово, објавен на почетокот од овој месец. Средбата во Виена, на која ќе претседава Марти Ахтисари, предвидено е да трае до 2 март.

Ниту независност за Косово, ниту суверенитет на Србија

Макфакс - 01.02.2007

Приштина Ниту независност за Косово, ниту суверенитет на Србија не содржи предлогот на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) Марти Ахтисари. Тој во петок во Белград и во Приштина ќе го претстави својот предлог за идниот статус на Косово.

Ахтисари пред амбасадорите на ОБСЕ

Макфакс - 01.02.2007

Виена Специјалниот претставник на ОН Марти Атисари, денеска во Виена, ќе го извести Постојаниот совет на ОБСЕ за процесот на утврдување на идниот статус на Косово. Ахтисари, попладнево, треба да се обрати пред амбасадорите на ОБСЕ во конференцискиот центар Хофбург.

Завршни преговори за Косово

Макфакс - 01.02.2007

Виена Белград и Приштина, денеска, треба да започнат нова рунда преговори за предлог-планот на Обединетите нации (ООН) за статусот на Косово, објавен на почетокот од овој месец. Средбата во Виена, која што е предвидено да трае до петок под претседателство на Марти Ахтисари, ќе биде последен обид за ...

„Самоопределување“ ќе организира нови протести во Приштина

Макфакс - 01.02.2007

Приштина Лидерот на радикалното движење „Самоопределување“, Албин Курти, на 3 март ќе организира нови демонстрации во Приштина. Демонстрациите, како што пренесуваат косовските медиуми, се организираат поради предлогот за статусот на Косово на специјалниот пратеник на Обединетите нации(ОН), Марти ...

„Епока е Ре“ го објави предлогот на Ахтисари

Макфакс - 01.02.2007

Приштина Приштинскиот дневник "Епока е Ре" денеска објави документ за кој наведува дека е предлогот на специјалниот пратеник на ОН Марти Ахтисари за решавање на статусот на Косово, а во него не се споменува зборот независност на Косово.

Најавени протести на косовските Aлбанци против предлогот на Ахтисари

Макфакс - 01.02.2007

Приштина Движењето на косовските Албанци „Самоопределување“ за денеска закажа големи протести во Приштина, против Предлогот на посредникот Марти Ахтисари за идниот статус на Косово. „Косово треба да се прогласи за независно и воопшто да не се преговара со Белград“, се вели во соопштението на ова ...

ДСС: Прекин на дипломатските односи со сите што ќе го признаат Косово

А1 - 31.01.2007

Прекин на дипломатските односи со сите земји кои ќе го признаат Косово, бара партијата на премиерот во заминување Воислав Коштуница во платформата за формирање на новата Влада што му ја достави на претседателот Борис Тадиќ. Во платформата на Демократската странка на Србија се наведува дека Србија, ...

Србија нуди „внатрешна независност“

Време - 31.01.2007

НОВ ПРЕДЛОГ ЗА КОСОВСКИОТ СТАТУС ОД БЕЛГРАД Србија му понуди „внатрешна независност“ на Косово, која би значела дека Србија има симболичен суверенитет врз Косово. Според предлогот, претставен од Слободан Самарџиќ, советник на српскиот премиер Воислав Коштуница, договорот би бил преиспитан повторно ...

Нова резолуција ако Србија го отфрли планот на Ахтисари

Утрински - 31.01.2007

Приштина – Нова резолуција која би „отворила пат“ за независност на Косово ќе донесе Советот за безбедност на ОН ако Србија не го прифати предлогот на Марти Ахтисари, пишува косовскиот печат. Ваков епилог предвидуваат анонимни западни дипломати на кои денеска се повикува косовскиот весник на ...

„Фајненшел тајмс“

Утрински - 31.01.2007

Лондон - Западните држави се согласиле да се дозволи постоење независно Косово, пишува лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ со забелешка дека иако тоа е „ризичен план“, сепак е „подобар отколку да не постои никаков план за иднината на покраината“.

САД и ЕУ имаат заобиколница за руското вето

Дневник - 31.01.2007

Предлозите на Ахтисари предизвикале „бес“ кај српскиот премиер Коштуница Вашингтон и Брисел веќе дале согласност за независност на Косово и имаат план како да го заобиколат ветото од Русија во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Билд очекува документот за статусот на Косово да го добие задутре

Канал5 - 31.01.2007

Шефот на шведската дипломатија Карл Билд очекува документот за статусот да го добие задутре, во исто време кога Ахтисари ќе го претставува во Белград и во Приштина. Шефот на шведската дипломатија Карл Билд очекува документот за статусот да го добие задутре, во исто време кога Ахтисари ќе го ...

Ахтисари сепак доаѓа

Време - 30.01.2007

ИАКО НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО ПРИМИ ВО БЕЛГРАД Пратеникот на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари не се откажува од својот план да ја посети Србија, иако српската влада, која по изборите е во оставка, се прогласи за ненадлежна да расправа за Косово.

Руска енигма

Утрински - 30.01.2007

Европа-Балкан ИВАН ТОРОВ Белград очекува Путин да им ја заврши работата, а овој, се чини, смета дека Русите не можат да бидат „поголеми Срби од Србите“ Србија повторно е затекната. Овој пат, меѓутоа, не толку со „протекување“ на некои детали од планот на Ахтисари за конечниот (или идниот) статус на ...

Можна е поделба на протекторатот

Утрински - 30.01.2007

приштина - Наит Хасани, функционер на ДПК, вели дека е можно меѓународната заедница да се одлучи на поделба на Косово. Во таа изјава за Косовапрес функционерот на Демократската партија на Косово изјави дека меѓународната заедница би можела да се одлучи за поделба на Косово, но на тоа енергично се ...

НАТО е подготвено за „сите можности“ на Косово

Утрински - 30.01.2007

Седумнаесет илјади мировни сили на НАТО во Косово се во состојба на готовност поради потенцијално насилство, со оглед на тоа што Обединетите нации се подготвуваат да ги откријат плановите за иднината на отцепената српска покраина, изјави вчера командантот на Алијансата.

Приштина се плаши од поделба на Косово

Дневник - 30.01.2007

Поделбата би била опасна и би значела нова војна на Косово и во регионот - изјави Наит Хасани, висок функционер во партијата на Хашим Тачи Меѓународната заедница сериозно ја разгледува и можноста за поделба на Косово, ако предлогот на посредникот Марти Ахтисари не добие поддршка, предупредува Наит ...

„Фајненшл Тајмс“: Западните држави дале согласност за независно Косово

Канал5 - 30.01.2007

Западните држави се согласиле да се дозволи постоење на независно Косово, пишува лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“, со забелешка дека иако е тоа „ризичен план“, сепак е „подобар отколку да не постои никаков план за иднината на покраината“.

Партнери за македонско-косовската граница ќе бидат косовските власти

А1 - 29.01.2007

Партнер на Македонија, за демаркација на северната граница кон Косово, ќе бидат токму косовските власти. Ова го предвидува документот на Ахтисари, чии делови ги објави „Гласот на Америка“. Тоа значи дека границите на Косово ќе бидат административните за време на поранешна Југославија, додека на ...

Ахтисари да се смири, па да преговара за Косово

Вест - 29.01.2007

Белград, 29 јануари (МИА) - Пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари треба да „се смири“ и да го почека формирањето на новата српска влада пред да ги започне преговорите за неговиот предлог за иднината на покраината, порача вчера Демократската партија на Србија (ДСС) на актуелниот српски премиер ...

Виртуелна независност за Косово и концесии за Србија

Утрински - 29.01.2007

Лондон - Планот за идниот статус на Косово, што пред Контакт-групата го предложи специјалниот преговарач на ОН, Марти Ахтисари, содржи „виртуелна“ независност за покраината и повеќе концесии кон Србија и косовските Срби, открива лондонски весник „Индипендент“.

Планот на Ахтисари содржи повеќе концесии кон Србија

Дневник - 29.01.2007

Планот за идниот статус на Косово, што специјалниот преговарач на Обединетите нации, Марти Ахтисари, го предложи пред Контакт-групата, содржи „виртуелна“ независност за покраината и повеќе концесии кон Србија и косовските Срби, открива лондонски весник „Индипендент“.

Дурло:Ахтисари в петок во посета на Белград да го претстави неговиот план за идниот статус на Косово

Канал5 - 29.01.2007

Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари планира да ја оствари посетата на Србија оваа недела за да го претстави неговиот предлог за идниот статус на Косово и покарј апелите од досегашната српска власт да почека до формирањето ан новиот кабинет, соопшти денеска Канцеларијата на Ахтисари.

Ахтисари да се смири!

Вечер Прес - 29.01.2007

Пратеникот на ОН за Косово, Марти Ахтисари треба да "се смири" и да го почека формирањето на новата српска влада пред да ги започне преговорите за неговиот предлог за иднината на покраината, порача Демократската партија на Србија (ДСС) на актуелниот српски премиер, Воислав Коштуница.