И Антикорупциска ќе се позанимава со Кејот. Револтот на граѓаните, угостителите, па и архитектите за заградување на дел од кејот за потребите на објектот што ќе се гради на плоштадот пред некогашниот Метропол, не здивнува. Деновиве и Антикорупциската комисија најави дека во соработка со Народниот правобранител интензивно работи на покренување времена мерка за враќање на работите во претходната ...
Роза Петкова Катерина Гетева Привремена мерка за запирање на изградбата на деловниот објект зад Градски трговски центар ќе побара Државната комисија за спречување на корупција во соработка со Народниот правобранител. Ова следува по реакцијата на граѓаните дека единствената пешачка и велосипедска зона на кејот 13 Ноември им е узурпирана по целата должина.
Ќе се поведе привремена мерка за враќање на работите во претходна состојба. Кејот узурпиран од лимените огради и импровизираниот надземен премин поставени за потребите на градилиштето на деловниот објект на аголот помеѓу кејот и плоштадот да се врати во првобитна состојба. На вакво барање работи Државната антикорупциска комисија во соработка со државниот правобранител.
Антикорупциската комисија и Народниот правобранител ќе побараат да се врати привремено претходната состојба на кејот 13 Ноември и сметаат дека случајот со градбата на административно-деловниот објект постои уште од 2005 година, кога било продадено земјиштето.Но, Општина Центар се оградува од обвинувањата дека со нивна градежна дозвола се затворил кејот 13 Ноември и дека дека немаат никава ...
Да се тргнат параваните и импровизираниот мост од кејот и тој да се врати во првобитната состојба. Ова го побара антикорупциската комисија, откако градоначалникот Костовски незаконски дозволи да се узурпира шеталиштето покрај Вардар и да се претвори во улица по која ќе се пренесуваат градежни материјали.
Од Општина Центар тврдат дека морале да издадат дозвола за градба зад Трговскиот центар затоа што новиот деловен објект е внесен во Деталниот урбанистички план уште во 1997 година. Тие се оградуваат од обвинувањата дека со нејзината градежна дозвола се реализирало и затворањето на кејот 13 Ноември со лимена ограда.
Опозициската СДСМ вчера најави дека ќе ги поддржи граѓаните кои ќе протестираат против градоначалниците на Центар и Скопје, Аларова и Костовски, за незаконското узурпирање на кејот. Велат дека треба само да се одреди датумот. „Одговорноста за последиците лежи кај градоначалничката на Центар, Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и министерот за транспорт и врски, Миле ...
Роза Петкова Министерството за транспорт и врски ја посочува Општина Центар за одговорна за издавање дозвола за затворање на кејот на Вардар. Оттаму негираат каква било врска со новиот објект зад ГТЦ, како и со заградувањето на пешачката зона на кејот 13 Ноември.
СДСМ ќе поддржи протест поради уништувањето на кејот. „Ако Аларова не го ослободи кејот од узурпаторите, ќе ги поддржиме барањата кои секојдневно стигнуваат до нас за протести поради дејствувањето на општинските и на градските власти“, најави вчера Дамјан Манчевски, член на ИО на СДСМ, лоцирајќи ја одговорноста за градилиштето на кејот кај Аларова, Костовски и министерот Јанакиески.
Власта и опозицијата повторно со меѓусебни обвинувања за узурпацијата на кејот 13-ти ноември, која незаконски ја дозволи градоначалникот на Скопје Трифун Костовски. Ако не се тргнат лимените паравани, СДСМ ќе ги поддржeле граѓаните во протестите против општина Центар и градот Скопје.
Роза Петкова Градежната дозвола за деловниот објект зад ГТЦ предвидува под кејот да се изгради подземна сообраќајница што ќе биде пристап до новата зграда. Сепак, останува нејасно зошто Градот издал сообраќајно решение возилата да минуваат по јавната пешачка зона, наместо под кејот за што е и издадено одобрението.
Градските власти и општината Центар го претворија кејот на Вардар во градилиште кога дозволија да се огради со табли, обвинуваат од опозициската СДСМ. Со тоа на граѓаните на Скопје им е оневозможено нормално движење, а блокиран е и погледот од сите угостителски објекти покрај кејот, велат од партијата.
Наредната година ќе се гради подземна сообраќајница под кејот „13 Ноември“, која ќе служи како сообраќаен пристап до новата зграда што се прави на плоштадот „Македонија“. Фирмата „Дивелоп“, која е инвеститор на објектот, најавила дека ќе ја направи улицата, а потоа ќе го врати кејот во првобитната состојба.
СДСМ ја обвинил актуелната власт дека го узурпира центарот на Скопје, особено кејот на реката Вардар, со сомнителни процедури и во спротивност со интересите на граѓаните преку ноќ се менува Деталниот урбанистички план на Општина Центар. “Одговорноста за последиците лежи кај градоначалничката на Центар Виолета Аларова, градоначалникот на Скопје Трифун Костовски и министерот за транспорт и ...
ВМРО-ДПМНЕ реагира на конференцијата за новинарите одржана од СДСМ, при што како што се вели во соопштението, “ја споделуваат загриженоста со колегите на Социјалдемократскиот сојуз, околу узурпацијата на кејот на реката Вардар“.
Опозициската партија бара одговорност од градоначалницте од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата владејачка партија пак, реaгира со контра обвинение. Тврди дека за урбанистичкиот хаос е виновна токму СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија ја споделува загриженоста со колегите на СДСМ околу узурпацијата на кејот на реката Вардар.
Во Градот тврдат дека делот што е ограден е наменет за пешаци и велосипедисти, а сепак сега ќе се користи за лични интереси. Дека тој не е опфатен со елаборатот според кој се наплаќа користење на јавна површина, а сепак ценовник за користење на јавна површина постои и е донесен од Градот. Градските власти и понатаму тврдат дека никој не треба да плати за користење на дел од Кејот 13 Ноември кој ...
Градоначалникот Костовски ги крши законите. Ќе одговара ли за криминал затоа што му дозволил на инвеститорот на зградата зад ГТЦ да го узурпира кејот. Инаку, со деталниот урбанистички план за плоштадот било предвидено да се изгради подземна сообраќајница под шеталиштето низ која требало да се пренесуваат градежните материјали.
Роза Петкова Градот Скопје не побарал согласност од СВР- Скопје за сообраќајното решение со кое му дозволи на инвеститорот што гради зад ГТЦ да направи улица од пешачката површина на Кејот 13 Ноември, тврдат од одделението за односи со јавност на Министерството за внатрешни работи.
Доколку скопската полиција не издала дозвола за сообраќајно решение со кое се затвори кејот зад ГТЦ, тогаш под итно треба да се побара од градежната инспекција да ги отстрани лимените барикади со кои се затвори шеталиштето крај Вардар. И некој да понесе одговорност.
Плоштадот Македонија и кејот 13 Ноември од мината недела ги поврзува пешачки мост. Инвеститорите на заградата на местото на поранешната Народна банка - фирмите "Дивелоп" и "Латис" го поставија мостот бидејќи градилиштето го отсече Плоштадот од Кејот.
Општина Центар нема идеја како да го премости проблемот со хаосот на Кејот. Кејот 13 Ноември, кој подолго време се злоупотребува од кафеанџиите, стана и сообраќајница. Седум години во средишниот дел на Кејот се поставуваат маси и столови надвор од пропишаното. Општината Центар, која не успеа да најде решение за овој проблем, во меѓувреме дозволи шеталиштето да стане и сервисна улица за камиони.
Доколку некој би сакал да ги користи овие илјада метри квадратни од површината на Кејот за сопствен интерес, би требал да плати најмалку 200 илјади денари месечно на Градот, или околу 40 илјади евра годишно. Во случајот тоа не е така, а кејот ќе биде заграден до 31 декември 2010 година. Дел од Кејот 13 Ноември кој е едно од најпрометните шеталишта во градот е веќе една недела заграден со високи ...
Без дозвола од скопската полиција, градот го претвори кејот „13-ти Ноември“ во улица по која камиони пренесуваат градежен материјал. Градоначалникот Костовски призна дека тој дозволил да се узурпира кејот, но според него, виновна за тоа била Владата. Таа инсистирала општина Центар да потврди дека на тоа место има маркица. „Градежната дозвола ја дава општина Центар.
Елена Мачевска Ниту една институција не сака да преземе одговорност за поставувањето на лимените барикади и практичното затворање на кејот 13 Ноември, кои го нагрдија ликот на центарот на Скопје. Државните институции сметаат дека не се надлежни, Општина Центар тврди дека не е нејзина одговорност, а градоначалникот Трифун Костовски го нема.
- Пред се согласно генералниот урбанистички план од 2002 година таму постои маркица.Во моето функционирање откако дојдов како градоначалник инсистирав да таа маркица се укине.За жал на своја седница општина Центар ја потврдува таа маркица,нормално под строго инсистирање на владата , изјави Трифун Костовски, градоначалник на Скопје. По добиената техничка документација со геомеханички податоци за ...