TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

"Голф" прегази дете

Вечер Прес - 23.04.2005

Дванаесетгодишниот Ерхан Долипов од Велес во четвртокот попладне го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во Гостиварско, на патот Долна Бањица - Сушица. Во него удрил "голф" со охридски таблички, управуван од К.Н.(41).

За "Танго плус/ Кармен" влезот слободен

Вечер Прес - 23.04.2005

Со ексклузивното гостување на Државната опера и балет од Анкара, со делото "Танго плус/ Кармен" вечерва (20 ч.), во Универзалната сала завршува Меѓународниот фестивал за модерен балет "Танц фест". Балетскиот ансамбл во Скопје ќе се претстави под палката на уметничкиот директор Мехмет Балкан, кој е ...

Еко - катче за најмладите од "Срничка"

Вечер Прес - 23.04.2005

Министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ, вчера во детската градинка "Срничка", по повод Денот на планетата Земја, 22 Април го промовираше Еко - катчето. Според надлежните во ресорното министерство, тоа е опремено со едукативни нагледни средства и материјали за подигање на ...

"Гринџоли" во Македонија

Вечер Прес - 23.04.2005

(МИА) - Групата "Гринџоли", претставникот на Украина на 50-от јубилеен натпревар за песна на "Евровизија 2005" во Киев, в понеделник во рамките на својата европска промотивна турнеја ќе гостува во Македонија. По тој повод амбасадата на Украина во Република Македонија (на 25април во 11.30 часот, во ...

Думата "под капата" на Путин

Вечер Прес - 23.04.2005

МОСКВА, 23 АПРИЛ (МИА). - Руската Дума вчера усвои нов закон, предложен од претседателот Владимир Путин, со кој во иднина рускиот законодавен дом, најверојатно, ќе остане без независни кандидати. Според досегашното изборно законодавство, од вкупно 450 пратеници во Думата, 225 се избираа според ...

Најверојатно, "пунто" од Крагуевац

Вечер Прес - 23.04.2005

Преговорите меѓу "Застава" и "Фиат" во последно време се се поинтензивни, па во Крагуевац сите очекуваат дека тоа конечно ќе резултира со почеток на сериска монтажа на "пунто". - Стручни тимови од Торино се почесто се во Крагуевац од што може да се заклучи дека соработката конечно ќе биде обновена ...

" За моите очи четири"

Вечер Прес - 23.04.2005

Фолк-пејачката Благица Калева, во понеделник, од 20 часот во ресторан “Терминал Траншпед” во Струмица ќе го промовира својот албум "За моите очи четири”, насловен според победничката песна на "Валандово 2004", а посветен на споменот кон трагично загубената ќерка Викторија и сопругот Дине.

"Златни рипки во аквариум"

Вечер Прес - 23.04.2005

Гостувањето на академиците Блаже Ристовски и Никола Кљусев, како и на амбасадорот Димитар Мирчев во телевизиската емисија "Глас на народот" (АТВ), дел од "златните рипки во аквариумот", како што, воопшто, академската фела ја нарече еден од гледачите, навистина беше полн погодок.

Со "Скопска трпеза" до храна за гладните

Вечер Прес - 22.04.2005

Со вчерашната донација на Германската амбасада со чек од 100 000 денари, уште еднаш беше промовиран проектот "Скопска трпеза", кој во нашиот главен град функционира веќе една година, а чија цел е преку делење храна да им се помага на најсиромашните граѓански слоеви.

Позицијата "против" - опозицијата надвор

Вечер Прес - 22.04.2005

Со 63 гласови "против" и ниту еден глас "за" од опозицијата, не беше прифатена интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Илинка Митрева, поднесена од пратничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЛП. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските партии, бидејќи претседателот на ...

Различно читање или допишување на "рамката"?!

Вечер Прес - 22.04.2005

ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ За релативно кратко време од неколку релевантни политички средини, дури и од највисоко државно ниво, беа испратени јасни пораки околу последниот дел од Охридскиот рамковен договор, што се однесува на донесувањето на законот за употреба на етничките симболи.

Локациите на "Мала Богородица" повторно под мраз!?

Вечер Прес - 22.04.2005

Јавното правобранителство во функција на застапувач на интересите на државата и натаму ја продолжува правната борба во оспорување на купопродажниот договор меѓу државата и "Мала Богородица" за продажба на земјиште, односно на деветте атрактивни локации што и припаѓаат на Парк-шумата Водно.

"Прошетка низ Скопје"

Вечер Прес - 22.04.2005

Во просториите на Музејот на Град Скопје вчера беше промовиран новиот туристички водич за главниот град насловен како "Прошетка низ Скопје". Станува збор за културен и туристички информатор, кој одблиску ги претставува најзначајните објекти во градот и нуди информации за се што може да се види во ...

"Балканкан" го видоа 100000 гледачи!

Вечер Прес - 22.04.2005

Филмот на Дарко Митревски "Балканкан" го собори рекордот на гледаност во македонската кинематографија. Со сто илјади гледачи, што го виделе филмот во текот на неговото тримесечно прикажување во Скопје и уште во неколку македонски градови, тој изби на прво место, пред "Викенд на мртовци" со 82 ...

Светска праизведба на "Лидија од Македонија"

Вечер Прес - 22.04.2005

Со светската праизведба на "Лидија од Македонија" од композиторот Ристо Аврамовски, на 9 мај ќе биде отворено 33. издание на Мајските оперски вечери (МОВ). Приказната позајмена од Библијата, за Лидија - првата покрстена христијанка, ќе ја режира гостинот од Бугарија, Пламен Карталов, а ...

Кајли Миног "една возрасна личност"

Вечер Прес - 22.04.2005

Супер поп-ѕвездата Кајли Миног го отпуштила стилистот заслужен за нејзинот секси имиџ. Вилијам Бекер постигна голем успех кога Кајли во видеоспотот за песната ”Spinning Around” се појави во секси, долна облека, а таков имиџ Кајли го задржа и во следните пет години.

Наместо кај ДЗИ, "Радо" оди во "Македонска банка"

Вечер Прес - 22.04.2005

Во јуни "Радо банка" ќе се здружи со Македонска банка, дознава "Вечер" од банкарски кругови. Ова е завршница на повеќемесечниот обид на "Радо банка" да најде стратешки партнер, откако, велат банкарски извори, пропадна обидот за приватизација од страна на бугарската финансиска групација ДЗИ.

"Божји ротвајлер" со седум докторати!

Вечер Прес - 22.04.2005

Новиот папа потекнува од семејство кое секогаш му служело на Бога и во тој дух сите генерации од семеството Ратцингер ги воспитале и своите деца. Браќата Георг и Јозеф, заедно станаа свештеници во 1951 година, а сестрата Марија целиот живот остана со молитвите покрај братот Јозеф како домаќинка.

Еко-катче во градинката "Срничка"

Вечер Прес - 22.04.2005

Во Детската градинка "Срничка" во населбата Аеродром, денеска во 13.30 часот од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ ќе биде промовирано Еко - катче, по повод Денот на планетата Земја, 22 Април.

"Таа" и Ти, десет години неразделни

Вечер Прес - 22.04.2005

-"Таа" и Ти десет години неразделни, беше мотото на супер журката со која прексиноќа во "Процес" се славеа десетте години на првото списание за тинејџери во Македонија, "Таа". Вистинска забава со многу познати личности, на која најпрво дојбредојде им посакаа симпатичните уреднички Ангела Неновска и ...

Со 110 евра се отвора најнов "јагуар"

Вечер Прес - 22.04.2005

Звучи неверојатно, но навистина е така. Преку интернет-страницата www.zieh-fix.com може да се порача нешто од широкиот асортиман алати за провалување во автомобили и за кражба на возила. И тоа не какви било модели, туку најскапи и технички најсовршени модели.

"Х'шове" - ода на слободата

Вечер Прес - 22.04.2005

Во салонот на Македонскиот народен театар, вечерва (20 ч.) гостува Народниот театар "Иван Вазов" од Софија, со претствата "Х' шове" во режија на Александар Морфов. - И покрај оперативните проблеми што се појавија околу денот на одржувањето на претставата, сепак со заеднички напори, претставата ќе ...

Прв студиски албум на "Nihilist"

Вечер Прес - 22.04.2005

В сабота во 12 часот, во "Рекорд Рекордс" својот прв студиски албум "Another Dispersion Of Hate" ќе го промовира македонски метал бенд "Нихилист", првото издание на првата македонска метал-издавачка куќа "Metal Forge". Цената на изданието ќе биде 350 денари.

"Фор плеј"- седумнаесетти на "Еврокуп"

Вечер Прес - 22.04.2005

На најновото издание на "Еврокуп" претставници на Македонија беа "Фор плеј" со песната "Те молам не плачи" и го освоија 17. место. Овој пласман доаѓа по серија одлични резултати на македонските песни на ова интернет натпреварување.

Запалено "југото" на директорот на Управата за приходи

Вечер Прес - 22.04.2005

Вчераутро околу 6.15 часот во Битола опожарено е патничко моторно возило "југо 55" со битолски регистарски таблични. Автомобилот бил паркиран во гаража, на улицата "Максим Горки". Од пожарот настанало оштетување на задниот дел, а од извршениот увид констатирано е дека над "југото", на неговиот ...

"Сонце и Месечина" на ТВ-екраните

Вечер Прес - 22.04.2005

Спотот за песната "Сонце и Месечина" на Александра Пилева веќе се емитува на ТВ-станиците. М2 го продуцираше овој спот, за песната која авторски му припаѓа на Дарко Димитров, а текстот е на Владо Јаневски. Спотот го изработи продукцијата "Томато" под режисерска палка на Бане Поповиќ.

"Зајачицата" стана колумнистка!

Вечер Прес - 22.04.2005

"Здраво на сите, јас сум Ана Никол Смит. Добре дојдовте во мојата неделна колумна во новиот National Enquirer, е текстот со кој плејбоевата зајачица ја почнала својата прва колумна во познатиот магазин. Новата колумнистка му се придружила на магазинот што почнал да излегува во нов дизајн, иако, ...

"Штрковите" го наплатија осигурувањето

Вечер Прес - 22.04.2005

Кошаркарите на Вардар Осигурување ја пропуштија последната шанса со евентуална победа над МЗТ Скопје 2000 да останат во трката за првото место на табелата, пред стартот на разигрувањето за титулата во кое ќе играат првите четири екипи.

Анин Бинг го "откачи" Андерс Свенсон

Вечер Прес - 22.04.2005

Спектакуларната данска манекенка Анин Бинг, која неколку години се забавуваше со шведскиот фудбалски репрезентативец и член на англискиот Саутемптон, Андерс Свенсон, сврте нов лист во животот. Имено, таа дефинитивно ја раскина нивната врска, а според најновите информации, 20- годишната убавица веќе ...

"Битка" на Македонците и Грците во САД

Вечер Прес - 22.04.2005

Ставете вето на каква било резолуција за името на Македонија, која Грците би ја предложиле во Советот за безбедност на Обединетите нации, така ќе и испратите порака на меѓународната заедница дека го поддржувате суверенитетот на Македонија и нејзиниот народ, стои во писмото на Македонската ...

Американската "Русинка" не прозборе руски!

Вечер Прес - 21.04.2005

Најголемиот американски специјалист за Русија, Кондолиза Рајс - која во буквална смисла на зборот извонредно зборува руски - среде Москва, со ниеден збор не го удостои домаќинот да проговори на неговиот јазик. Велат дека дури и во неформалните термини од нејзиниот престој во руската метропола не ...

Во Воена болница се вдомуваат "Градска" и "Ортопедија"

Вечер Прес - 21.04.2005

Градската хируршка клиника и Клиниката за ортопедија се селат во Воената болница. Ова индиректно го потврдија во Министерството за здравство, кои велат дека во тек е трансформација на Воената болница. "Објектот останува во јавното здравство.

"Света Елисавета" ни помага да се излечиме

Вечер Прес - 21.04.2005

"Почнав да се дрогирам уште во средношколските денови, од љубопитност, со друштво. Пробав марихуана, стигнав до хероин, а денес сум на метадон. Во "Света Елисавета" ми помагаат да се излекувам". Ова е дел од приказната на еден од зависниците, кој се лекува во струмичкиот дневен центар.

"Југо"

Вечер Прес - 21.04.2005

- За да не ти се смрзнат рацете кога зиме го ...

Туристи од ЕУ "заглавија" на Галичица

Вечер Прес - 21.04.2005

Викендов, поточно во неделата напладне, туристички автобус во кој патниците биле лица од Европската унија, кои имале намера да ги разгледаат убавините на нашата Галичица, поради снежните навеви и одрони на патот буквално заглавил на патниот правец Трпеица-Царина.

Стефан му ја подари "Од Македонија" на Шефер

Вечер Прес - 20.04.2005

Нашиот мал-голем сликар Стефан Плескоњиќ, е новоизбраниот амбасадор на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши", меѓународна, невладина, независна, непрофитабилна, хуманитарна асоцијација којашто се грижи за децата и за детските права, со седиште во Скопје.

"Господе, чувај ме од Интерпол"

Вечер Прес - 20.04.2005

Излезе од печат книгата "Господе, чувај ме од Интерпол" од авторката Вера Бужаровска, во издание на Ласер-џет. Авторката Вера Бужаровска, досега, зад себе има создадено преку триесет дела за деца и возрасни, поезија и проза, а автор е и на десетина филмски остварувања.

Првите три гласања "црни"!

Вечер Прес - 20.04.2005

И вчера претпладне не излезе црн чад од оџакот на Систинската капела, што покажува дека по двете утрински гласања кардиналите не успеале да изберат нов папа. Истото се случи и завчеравечер на првото гласање ,кое ќе се запамети по сивиот чад кој направи забуна меѓу наспбраните верници.Синојќа ...

Носечкиот кадар го напушта "Чаир"

Вечер Прес - 20.04.2005

Специјалната болница за Гинекологија и акушерство "Чаир" во Скопје ја напуштаат петмина врвни доктори, кои се селат во новоотворената прва приватна општа болница "Ре-медика" во скопска Железарница. Во пакет со нив заминуваат и најмаку 10 сестри и друг средномедицински кадар, пред се од оперативниот ...

"Привремената" градба стана трајна

Вечер Прес - 20.04.2005

"Привремениот" објект на булевар "Југославија" изграден пред две години се уште предизвикува револт и сомневање кај жителите дека не се работи за привремена, туку за трајна градба заради која тој простор никогаш нема да се зазелени иако тоа е предвидено со деталниот урбанистички план.

"Раштански" ќе се трампаат со вишокот од Хаг

Вечер Прес - 20.04.2005

Министерката за правда, Мери Младеновска Георгиевска и јавниот обвинител, Александар Прчевски в понеделник заминуваат во дводневна официјална посета на Хашкиот трибунал. -Целта на посетата е во рамките на соработката на Македонија со Хашкиот трибунал, а ќе се разговара за актуелните предмети за ...

Народна банка во "була" 25 милиони евра

Вечер Прес - 20.04.2005

Народната банка на Македонија е во голема "була". Како што дознаваме, највисоката монетарна институција во земјава ланската година ја завршила со минусно салдо од дури 1,5 милијарди денари или околу 24,4 милиони евра. Ова вчера за "Вечер" го потврди кабинетот на гувернерот на НБРМ, Петар Гошев, а ...

Инфоком без "Телеком", "Мобимак" и "Космофон"

Вечер Прес - 20.04.2005

Саемот за телекомуникации и информатичка технологија "Инфоком", кој со години наназад беше еден од најинтересните и најпосетените, годинава се одржува во скромно издание - само во две саемски хали и првпат без доминантите оператори во земјава - "Македонски телекомуникации" и "Мобимак".

Кражба во магацин на "Хидро инженеринг"

Вечер Прес - 20.04.2005

Непознат сторител меѓу 15 и 18 овој месец, од магацин на фирмата "Хидро инжинеринг керамикс" на улица " Ново изградена" во Скопје украл поголема количина електрични алати. Полицијата во вторникот направила увид и трага по крадецот. Вкупната материјална штета се проценува на 300.000 денари.

Почнува трката за "Андреја Дамјанов"

Вечер Прес - 20.04.2005

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), за прв пат годинава, распиша јавен повик за предлагање на можни добитници и воведе новини при доделувањето на наградата "Андреја Дамјанов". Наградата, која се доделува по 16 пат, претставува највисоко признание од областа на архитектурата, кое се им ...

Костовски на "работен ручек" со Петров и Меџити

Вечер Прес - 19.04.2005

Новиот градоначалник на Скопје Трифун Костовски, вчера одржа работен ручек со првите луѓе на општините Карпош и Чаир, Андреј Петров и Изет Меџети. Со ова тој ги заокружи средбите со сите скопски градоначалници, со кои, како што додава, смета дека ќе има плодна соработка.

Агџа ќе го пишува "Кодот на Ватикан"?

Вечер Прес - 19.04.2005

Турчинот Мехмет Али Агџа, кој во 1981 година изврши неуспешен атентат врз папата Јован Павле Втори, во Истанбул го повика Ден Браун, автор на романот "Кодот на Да Винчи", заедно да го напишат продолжението на светскиот бестселер, изјави Мустафа Демирбаг, адвокат на Агџа.

"Денови на Белград"

Вечер Прес - 19.04.2005

Изминатиов викенд во престолнината на Србија и Црна Гора, Белград, помина во знакот на одбележувањето на празникот на градот. Меѓу низата културно-уметнички, како и забавни манифестации, доделувањето на "Награди на градот Белград" за 2004 година, најголем интерес меѓу жителите предизвика неделната ...

Околу "Каталуња" 115.000 гледачи

Вечер Прес - 19.04.2005

Лидерот во првенството во Формула 1, Шпанецот Фернандо Алонсо може да очекува рекорден број љубители на овој спорт на шпанската Гран-при трка, што ќе се вози на 8 мај, бидејќи билетите се веќе продадени. Три недели пред викендот на Формула 1 во Каталонија, организаторите најавуваат дека трката ќе ...

Маријан ќе пее на "Сунчане скале"

Вечер Прес - 18.04.2005

Маријан Стојановски, најверојатно, песна од неговиот композитор Григор Копров ќе пее на "Сунчане скале 2005". До крајот на мај треба да излезе вториот албум, со десет песни од Копров, текстови на Агим Јонуз и аранжерски дотерани од Ѓоко Мишковски, Владимир Дојчиновски-Дојчин и Слободан Марковиќ.

Новиот лорџет 60 "долета" во Македонија

Вечер Прес - 18.04.2005

Новиот авион "лирџет 60", кој Владата го купи за државни потреби, како и што беше претходно најавено од владината служба за општи и правни работи, викендов "инкогнито" пристигна во Македонија. Директорот на оваа служба, Горан Минчев, неодамна за "Вечер" најави дека привршува обуката на трите пилоти ...

Унгарците бараат "игри" околу конкуренцијата ?

Вечер Прес - 18.04.2005

Средбата на премиерот Бучковски со грчкиот бизнисмен Димитрис Контоминас, кој до лани беше акционер во Телеком, не дала никакви резултати. Премиерот во петокот најави дека го очекува Контоминас со порака од Матав, меѓутоа, она што може да се дознае е дека грчкиот бизнисмен не донел порака, туку ...

Ирена Спасовска во спотот "Зошто не и јас"

Вечер Прес - 18.04.2005

Хит- песната "Зошто не и јас" на Ирена Спасовска, се визуелизира. Во амбиентот на ресторанот "Ден и ноќ", со продукцијата "Фрејм" Ирена го снима видеоспотот, во кој ќе доминира и еден убав автомобил. - Отсега натаму ќе ме гледате во ново издание, открива накусо.

Атина сака да биде "добра", ама со закани?!

Вечер Прес - 18.04.2005

Европската унија ќе интервенира за името? Ова меѓу редови го најави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јанис Валинакис, кој по средбите во шефовите на дипломатииите на ЕУ во Луксембург изјави дека следните неколку дена во Скопје ќе пристигне делегација на Европската унија за да разговара ...

Почнува "тајниот маратон"

Вечер Прес - 18.04.2005

ВАТИКАН, 18 АПРИЛ .- Денеска во Сикстинската капела почнува тајниот избор на нов папа. Процените за тоа колку би можел да трае "изборниот маратон" и кој ќе биде новиот папа се различни и за нив во изминативе денови многу се шпекулираше во светската јавност.