TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пожарот во дојранско остави пустош

А1 - 31.08.2008

Една куќа е изгорена, неколку опожарени изгорени штали, над стотина хектари изгорена нискостеблеста шума, ова се последиците од големиот пожар кој цела ноќ беснееше во Дојран. Во појас од 10 километри, по неговото гаснење, денеска околу девет часот сликата во Нов Дојран беше страшна.

Локализиран пожарот во Дојран

Форум - 31.08.2008

Пожарот кој од синоќа го зафати Дојран утрово е ставен од контрола, не информираа од Центарот за управување со кризи. “ Пожарот во Нов Дојран е делумно изгаснат и ставен под контрола “, изјави за Форум Мишко Талевски, портпарол на Центарот за управување со кризи.

Пожари кај Нов Дојран и Валандово

Кирилица - 31.08.2008

- Во утринските часови на теренот се упатија хеликоптерите кои дејствуваат на непристапните терени над Стар Дојран. Спречено е проширување на огнената стихија и се работи на негово гаснење.

Локализирани пожарите кај Нов Дојран и Валандово

Кирилица - 31.08.2008

Во утринските часови на теренот се упатија хеликоптерите кои дејствуваа на непристапните терени над Стар Дојран. После 9.00 часот леталата беа повлечени, бидејќи немаше потреба од нивна понатамошна употреба.

ПОЖАРИТЕ КАЈ НОВ ДОЈРАН И ВАЛАНДОВО ПОД КОНТРОЛА

Сител - 31.08.2008

Пожарот во Нов Дојран е делумно изгаснат и е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. Во утринските часови на непристапните терени над Стар Дојран дејствуваа хеликоптерите, кои по 9:00 часот беа повлечени, бидејќи немаше потреба од нивна понатамошна употреба.

Пожарите кај Нов Дојран и Валандово под контрола

Канал5 - 31.08.2008

Скопје, 31 август (МИА) -  Пожарот во Нов Дојран е делумно изгаснат и е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.

Изгаснат пожарот во Нов Дојран

Канал5 - 31.08.2008

Скопје, 1 септември (МИА) - Пожарот во Нов Дојран вчера попладне е целосно изгаснат. Силите и средствата кои учествуваа во гаснењето се повлечени, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Пожар во Нов Дојран и Валандово

Нетпрес - 31.08.2008

Од центарот за управување со кризи соопштуваат дека пожарот во Нов Дојран се уште е активен, но со намален интензитет. Во текот на ноќта со свои екипи пристинале противпожарни возила од Штип, Прилеп, Битола, Скопје, и Ресен и во гаснењето вкупно учествувале екипи од 11 градови со 13 возила и 60 ...

Пожарите кај Нов Дојран и Валандово под контрола

Нетпрес - 31.08.2008

Пожарите кај Нов Дојран и Валандово се ставени под контрола, соопштуваат од центарот за управување со кризи. Пожарот во Нов Дојран е делумно изгаснат и е ставен под контрола. Во утринските часови на теренот се упатиле хеликоптерите кои дејствувале на непристапните терени над Стар Дојран.

Огнена стихија кај Дојран

Макфакс - 31.08.2008

Голем пожар попладнево ја зафати околината на Дојран, во огнената стихија од која се издига густ чад изгореле неколку куќи во Нов Дојран, каде нема без струја. Луѓето исплашени за сопствените жители се излезени на улиците, јави А1 Телевизија.

Спречено проширување на пожарот кај Дојран

Макфакс - 31.08.2008

Спречено е проширување на огнената стихија, која вчера ја зафати околината на Дојран, пожарот во Нов Дојран се уште е активен, но со намален интензитет и се работи на негово гаснење. Интензитетот на пожарот се намалил околу 3 часот утринава, соопшти Центарот за управување со кризи.

Нов пожар брзо се приближува до Нов Дојран

А1 - 30.08.2008

Гори нискостеблеста шума кај Дојран и добива загрижувачки размери, лево и десно покрај патот од крстосницата кај селото Ѓопчиле до влезот во Нов Дојран се е во пламен. Од силниот ветер пламените јазици со голема брзина се движат кон Нов Дојран. Од првите куќи пожарот е оддалечен само стотина метри.

Старите пожари изгасени, новите се шират

Време - 30.08.2008

Дождот што завчера ја зафати цела Македонија ги изгаси речиси сите пожари, но вчера во попладневните часови се појавија нови огнени стихии. Нов пожар е забележан во Нова Брезница, Скопско. Огнот зафатил површина од околу 200 квадратни метри, а зафатена е нискостеблеста шума.

Во 28 пожари изгореле 2,5 милиона денари

Време - 30.08.2008

Изминативе три дена во Скопје избувнале 28 пожари во кои интервенирала противпожарната бригада на градот. Огнот предизвикал материјална штета од 2.488.000 денари, а благодарение на брзата акција на бригадата во нивно гасење, нема загинати и повредени.

Дождот ги изгасна пожарите

А1 - 29.08.2008

Пожарот во атарот на селото Белица кон село Тажево се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден дојде до делумно активирање на некои делови од пожарите во селата Русјаци, Слатина и Грешница кои со интервенција на вработените од шумското стопанство од Македонски Брод се локализирани, соопшти ...

ДОЖДОТ ГИ ИЗГАСНА ПОЖАРИТЕ

Телма - 29.08.2008

Пожарот во атарот на селото Белица кон село Тажево се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден дојде до делумно активирање на некои делови од пожарите во селата Русјаци, Слатина и Грешница кои со интервенција на вработените од шумското стопанство од Македонски Брод се локализирани, соопшти ...

Пожарите се под контрола, но сè уште се активни

Н.Македонија - 29.08.2008

Пожарите во Македонија сè уште беснеат, но со намален интензитет за разлика од претходните денови. Центарот за управување со кризи вчера соопшти дека бил ставен под контрола пожарот во селото Тажево, Македонски Брод, кој се закануваше да го зафати и националниот парк „Јасен“.

За три дена 28 пожари

Дневник - 29.08.2008

Во изминативе три дена на подрачјето на Град Скопје избувнале вкупно 28 пожари, при што била предизвикана материјална штета во висина од 2,5 милиона денари. Во пожарите нема загинати и повредени.

Дождот ја стивна огнената стихија

Кирилица - 29.08.2008

Под контрола се ставени или целосно изгаснати сите пожари што во изминативе десетина денови ја пустошеаа Македонија, за што во голема мерка помогнал и вчерашниот дожд.

ДОЖДОТ ИЗГАСНА НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ

Сител - 29.08.2008

Пожарот во атарот на селото Белица кон село Тажево се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден дојде до делумно активирање на некои делови од пожарите во селата Русјаци, Слатина и Грешница кои со интервенција на вработените од шумското стопанство од Македонски Брод се локализирани, соопшти ...

Дождот изгасна најголем дел од пожарите

Канал5 - 29.08.2008

Скопје, 29 август (МИА) - Пожарот во атарот на селото Белица кон село Тажево се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден дојде до делумно активирање на некои делови од пожарите во селата Русјаци, Слатина и Грешница кои со интервенција на вработените од шумското стопанство од Македонски Брод се ...

Избувнал пожар кај Нова Брезница

Кирилица - 29.08.2008

Нов пожар е забележан во Нова Брезница, скопско, јави Центарот за управување со кризи. Станува збор за почетна површина од околу 200 метри квадратни, а зафатена е нискостеблеста шума. - Известени се надлежните служби, кои благовремено ќе реагираат за локализирање на огнот.

НОВ ПОЖАР ВО НОВА БРЕЗНИЦА, СКОПСКО

Сител - 29.08.2008

Нов пожар е забележан денеска во Нова Брезница, Скопско. Станува збор за површина од околу 200 метри квадратни, а зафатена е нискостеблеста шума, соопшти Центарот за управување со кризи. Известени се надлежните служби, кои работат на локализирање на огнот.

Дождот ги изгасна пожарите

Нетпрес - 29.08.2008

Дождот што вчера заврна ги локализира повеќето од пожарите во земјава. Изгаснати се пожарите во прилепско и во регионот на Македонски Брод. Како што информираат од центарот за управување со кризи, сеуште е активен пожарот на Кајмакчалан.

Нов пожар во скопскo Нова Брезница

Нетпрес - 29.08.2008

Нов пожар е забележан во Нова Брезница, скопско. Како што информираа од Центарот за управување со кризи, станува збор за почетна површина од околу 200 квадратни метри, а зафатена е нискостеблеста шума. Известени се надлежните служби, кои благовремено ќе реагираат за локализирање на огнот.

Активен пожарот на Кајмакчалан

А1 - 28.08.2008

Активен е пожарот на Кајмакчалан што се прошири од грчката страна, а другите огнени жаришта низ Македонија се локализирани и под контрола, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Пожарите во Македонија под контрола

Кирилица - 28.08.2008

Пожарот на Кајмакчалан кај местото Флока, кој се префрли од грчка на македонска територија се уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи, дополнувајќи дека на теренот дејствува екипа на Шумското стопанство Кајмакчалан која направила пресеци со што била оневозможена опасноста од ...

АКТИВЕН ПОЖАРОТ НА КАЈМАКЧАЛАН

Сител - 28.08.2008

Пожарот на Кајмакчалан кај местото Флока, кој се префрли од грчка на македонска територија се уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи. На теренот дејствува екипа на Шумското стопанство Кајмакчалан, направени се пресеци и не постои опасност пожарот да се прошири.

Локализирани поголем дел од пожарите низ државата

Нетпрес - 28.08.2008

Неколкуте пожари што беснеа низ земјава изминатите денови се ставени под контрола. Пожарот во селото Тажево, Македонски Брод е ставен под контрола, но се уште има неколку активни жаришта.

Активен пожарот на Кајмакчалан

Макфакс - 28.08.2008

Активен е пожарот на Кајмакчалан што се прошири од грчката страна, а другите огнени жаришта низ Македонија се локализирани и под контрола, соопшти денеска Центарот за управување со кризи.

Дождот го изгасна пожарот кај Кнежино - десетина други горат

А1 - 27.08.2008

Поројниот дожд што синоќа нешто по 22 часот го зафати Кичевскиот регион им помогна на пожарникарите и другите екипи што дежураа на жариштето кај Кнежино. Надлежните велат дека пожарот е изгаснат и нема опасност од негово обновување.

Со мотики и со вили и пркосат на стихијата

Време - 27.08.2008

Истоштени, изморени и со последни сили припадниците на територијалната противпожарна служба од Струмица десетина дена им пркосат на огнените стихии на планината Беласица. Пожарот кај местото Коџа Чаир и натаму е активен од северната страна меѓу селата Банско и Свидовица.

Седум пожари пустошат кај Македонски Брод

Утрински - 27.08.2008

Седум пожари пустошат кај Македонски Брод Со седум пожари, од кои најголемиот дел се активни, околината на Македонски Брод останува најголемото жариште, бидејќи таму уште не се згаснати седум пожари.

Активни десетина пожари

Дневник - 27.08.2008

Хеликоптери и војници на АРМ учествуваат во гасењето на десетина пожари во пет општини, а барања за нивно ангажирање стигаат постојано. На Беласица 11 дена гори шумата во местото Коџа Чаир.

И војската ја гаси Македонија

Форум - 27.08.2008

Бројните пожари и годинава ги опустошија македонските шуми. Министерството за внатрешни работи има привеенео десетина лица кои се сомничат за подметнување на годинешниве пожари. Ако за ланските пожари, беше обвинувна ткн.

Пожарите не стивнуваат

Кирилица - 27.08.2008

Не стивнуваат пожарите на десетина локации во земјава и покрај тоа што на теренот постојано се присутни екипите на шумските стопанства, војската и на Дирекцијата за заштита и спасување, информираат од Центарот за управување со кризи.

ВО МАКЕДОНИЈА И НАТАМУ АКТИВНИ НЕКОЛКУ ПОЖАРИ

Сител - 27.08.2008

Во општина Македонски Брод и натаму е активен пожарот во атарот на село Белица во правец кон село Тажево, во чие гаснење и денеска ќе бидат вклучени, покрај вработените во локалното шумско стопанство и во Националниот парк „Јасен“, и два хеликоптера на АРМ и стотина војници, соопшти Центарот за ...

Во Македонија и натаму активни неколку пожари

Канал5 - 27.08.2008

Скопје, 27 август (МИА) - Во општина Македонски Брод и натаму е активен пожарот во атарот на село Белица во правец кон село Тажево, во чие гаснење и денеска ќе бидат вклучени, покрај вработените во локалното шумско стопанство и во Националниот парк „Јасен“, и два хеликоптера на АРМ и стотина ...

Пожарите кај националниот парк Јасен денеска ставени под контрола

Канал5 - 27.08.2008

Пожарите меѓу селото Тажево и националниот парк Јасен, над Македонски Брод и новиот кој синоќа беше подметнат во близина на Крапа, денеска се ставени под контрола.

Речиси 90-отсто од шумските пожари во Македонија се подметнати

Канал5 - 27.08.2008

Речиси 90-отсто од шумските пожари во Македонија се подметнати. Ова е констатација на експертите кои денеска дебатираа за актуелните состојби и справувања со пожарите во земјава. Потребна е сериозна стратегија за заштита, порачуваат тие.

Пожарите сеуште беснеат

Нетпрес - 27.08.2008

Пожарите на околу десетина локации низ земјава сеуште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Во регионот на Македонски Брод пожарот во атарот на селото Белица во правец кон селото Тажево е сеуште активен.

Полека стивнува огнената стихија

Нетпрес - 27.08.2008

Пожарите во земјава полека се ставаат под контрола. Единствено активни се пожарите во атарот на село Белица, Македонски Брод, кај кумановско Матејче и на Кајмакчалан, на местото Флока. На овој потег била зафатена површина од 70 хектари.

Пожарот во Поречието стигна до Јасен

А1 - 26.08.2008

Пожарот во Поречието кај селото Тажево ги допре границите на Националниот парк Јасен. Екипата на А1 беше на лице место кога огнот на неколку места ги зафати дрвјата од границата на резерватот. Поради ветерот и жешкото време, огнот се шири со огромна брзина.

Македонија се пеплосува

Време - 26.08.2008

Низ Македонија активни се десетици пожари, а лошите временски услови, на некои места проследени со силен ветар, го отежнуваат нивното гасење. Само во Гостиварско вчера беа активни девет огнени стихии.

Македонија гори

Вест - 26.08.2008

Повеќе од 20 активни пожари беснеат низ територијата на Македонија, велат од Центарот за управување со кризи. Најголем дел од пожарите се регистрирани на територијата на Македонски Брод и тоа во селото Белица, кај местото Белички мост, каде гори високостеблеста борова шума.

Пожарите му се закануваат и на Пелистер

Утрински - 26.08.2008

Пожарот на Беласица се' уште е активен. Поради критичната состојба во Кичево и во Македонски Брод, беше побарана помош од АРМ Огнени стихии со денови беснеат во Струмичко, Кичевско и во Македонски Брод.

Републиката во пламен

Дневник - 26.08.2008

Осумстотините жители на селото Свидовица завчеравечер со жив штит го бранеа селото од големиот пожар што избувна во доцните попладневни часови и што гореше до доцна во ноќта. Вчера во Македонија имаше 15 активни пожари на отворен терен, а три беа под контрола.

Пожарите во Македонија не престануваат да беснеат

Н.Македонија - 26.08.2008

Пожарите што веќе две недели ги пустошат македонските шуми продолжуваат да дивеат со несмален интензитет. Според Центарот за управување со кризи, планината Беласица гори кај местото Коџа Чаир, меѓу селата Костурино и Куклеш.

Активни повеќе од десет пожари во земјава

Кирилица - 26.08.2008

Се уште е активен пожарот во атарот на селото Белица во правец кон селото Тажево кај Македонски Брод каде од утринските часови на терен има 60 припадници на АРМ, 20 од националниот парк Јасен и 5 од шумското стопанство, соопшти Центарот за управување со кризи кој информира и за уште десетина ...

ДЕСЕТИНА ПОЖАРИ СЕ УШТЕ АКТИВНИ

Сител - 26.08.2008

На тероторијата на Македонија се уште се активни дестина пожари, а во гаснењето на некои од нив вклучени се и припадници на АРМ и хеликопетри, соопшти Центарот за упрвавување со кризи. Во околината на Македонски Брод активни се пожарите во атарот на с.Белица во правец кон с.Тажево, во атарот на с.

Се прошири пожарот во околината на село Русјаци, Македонски Брод

Канал5 - 26.08.2008

Скопје, 26 август (МИА) -  Пожарот во околината на село Русјаци во правец на планината Песјак, општина Македонски Брод во текот на денот се прошири, соопшти Центарот за упрвавување со кризи.

Пожарот кој гори во близина на националниот парк Јасен се уште не е ставен под контрола

Канал5 - 26.08.2008

Над илјада хектари дабова, букова и борова шума горат во Поречието. Поради силниот ветар од Тажево огнот се шири со голема брзина и стигна на 20-на метри пред националниот парк Јасен.

Активни десетина пожари

Макфакс - 26.08.2008

Десетина пожари, од кои најголемиот дел се во околината на Македонски брод се уште се активни, а и натаму гори и планината Беласица. Центарот за управување со кризи соопшти дека пожари се регистрирани и во кичевскиот, скопскиот, кумановскиот и битолскиот регион.

Гори половина Македонија

А1 - 25.08.2008

Пожарите во Македонија се прошируваат, зафатени се петнаесетина локации, а има и голема опасност за Националниот парк Пелистер. Огнената стихија зафати неколку места во околината на Македонски Брод, каде има потреба од ангажирање на дополнителна жива сила и хеликоптери.

Шумите се палат од инает

Време - 25.08.2008

Пожарите на планината Беласица се уште се активни како и оние во селата во Македонски Брод, информира Центарот за управување со кризи. На планинскиот масив Беласица пожарот се простира на локацијата Коџа Чаир, меѓу селата Костурино и Куклиш.

Оган и магла

Време - 25.08.2008

Во моментов на повеќе места низ државава гори. На Беласица веќе десетина дена. Едни огнови се гасат - други се разгоруваат. Досега огнената стихија зад себе остави пеплосани околу 2. 600 хектари шумски површини. Минатата година застрашувачки 39. 000.

Гори во Струмичко и во Македонски Брод

Н.Македонија - 25.08.2008

уште се активни шумските пожари на планината Беласица и во селата во Македонски Брод, информира вчера Центарот за управување со кризи. На планинскиот масив Беласица пожарот се простира на локацијата Коџа Чаир меѓу селата Костурино и Куклиш.

Македонија гори, надлежните вонредно заседаваат

Кирилица - 25.08.2008

Поради бројните пожари во земјава од кои дел се локализирани, но дел постојано се шират, вчера, како што соопшти Центарот за управување со кризи, заседавал главниот штаб при Центарот, како оперативно-стручно тело, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

ВО МАКЕДОНИЈА АКТИВНИ СЕДУМНАЕСЕТ ПОЖАРИ

Сител - 25.08.2008

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека на територијата на Република Македонија се активни седумнаесет пожари на подрачјата на осум општини. На територијата на Македонски Брод активни се пет пожари.

Со осум милиони евра Заев можел да купи стотици противпожарни возила па и хеликоптер

Вечер Прес - 25.08.2008

ДИВЕЕ ОГНЕНАТА СТИХИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, ПОЖАРОТ НА БЕЛАСИЦА ПОВТОРНО СЕ РАЗГОРЕ Со осум милиони евра Заев можел да купи стотици противпожарни возила па и хеликоптер Осумте милиони евра што се товари дека ги зел струмичкиот градоначалник Зоран Заев, а за што беше аболициран од председателот ...

Вонредно заседавање на Центарот за управување со кризи поради пожарите

Нетпрес - 25.08.2008

Главниот Штаб на Центарот за управување со кризи вчера вонредно заседавал поради новонастанатата состојба на пожарите низ земјава.

Пожарите низ државава сеуште беснеат

Нетпрес - 25.08.2008

Сеуште не можат да се стават под контрола неколку пожари во Македонски Брод, Кичевско како и новиот пожар забележан западно од врвот Голем Козјак, село Старавина, мариовско. Како што информираа од Центарот за управување со кризи најверојатно огнот за овој пожар е префрлен од грчка страна.

Пожар и во близината на Скопје

Макфакс - 25.08.2008

Пожари во Македонија пустошат кај Македонски Брод, Кичево, Битола. Струмица и Тетово, а вчера попладне почна да гори шума во близината на Скопје, меѓу селата Кондово и Свиларе.

Огнената стихија не стивнува

Макфакс - 25.08.2008

Пожарите во Македонија се уште се активни кај Македонски Брод, на планината Беласица, на планината Смрдешник во општина Радовиш, на планината Ниџе, во прилепско и кичевско. Регионалните штабови побара помош од хеликоптери за гасење на пожарите кај Македонски Брод и Кичево.