TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема нови затруени од слаткарницата „Риниа“

А1 - 04.10.2008

Конечно стивнува епидемијата на труење со слатки. Во Инфективната клиника не се пријавени нови случаи на затруени од слаткарницата „Риниа“. Состојбата се смири по масовното труење од кое последнава недела лекарска помош побараа 360 луѓе, од кои 60-тина беа хоспитализирани.

„Ринија“ работела без дозвола

Време - 04.10.2008

Слаткарницата „Ринија“, од која се затруја 360 луѓе, работела без дозвола, информираат од Дирекцијата за храна. Последните два дена инспекциите на Министерството за здравство се постојано на терен и од проверени 123 слаткарници, 72 се затворени поради неисполнување на основните хигиенски услови.

„Ринија“ - отруена еднаквост

Утрински - 04.10.2008

Парадигматичен е овој пример на непочитување на институциите и многу излегува надвор од рамките на едно труење О двреме-навреме преку медиумите слушаме за труења со неисправна храна. Притоа, редовно сме известувани за бројот на затруени и тежината на труењето.

И слаткарницата „Ринија“ труела на диво

Дневник - 04.10.2008

Инспекторите уште пред епидемијата донеле решение за забрана за работа на слаткарницата поради тоа што немала дозвола за работа, а вработените немале лекарски прегледи Цели две недели пред да се случи масовното труење со слатки од скопската слаткарница „Ринија“, таа добила забрана за работа бидејќи ...

Слаткарницата „Ринија“ работела на диво

Н.Македонија - 04.10.2008

Слаткарницата од чии слатки се затруја 361 граѓанин работела без дозвола за вршење дејност, потврдија од Дирекцијата за храна. „Ринија“ поднела барање за дозвола, но почнала да работи пред да ја добие.

Слаткарницата „Ринија“ работела на диво

А1 - 03.10.2008

Според дирекцијата за храна, сопственикот на „Ринија“ немал дозвола за производство на слатки. Неизвесно е како недела дена пред труењето инспекторите биле во редовна контрола и дозволиле слаткарницата „Ринија“ да работи без дозвола.

Инспекција затвори 40 слаткарници

Време - 03.10.2008

Поради лоши хигиенски услови и вработени што немале исправни санитарни книшки, вчера Санитарната инспекција затвори 40 слаткарници. Во акцијата учествувале и Министерството за здравство и Дирекцијата за храна, кои извршиле инспекциски контроли во 137 објекти и работилници за слатки.

СЛАТКАРНИЦАТА "РИНИЈА" НЕМАЛА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА

Телма - 03.10.2008

Виновникот за најмасовното труење со слатки, слаткарницата “Ринија”, произведувала без дозвола, соопшти Дирекцијата за храна.

Нови 80 затруени луѓе и 40 затворени објекти

Дневник - 03.10.2008

Нови 80 затруени луѓе и 40 затворени објекти Нови 80 затруени, кои јаделе слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија, се примени на Клиниката за инфективни болести, со што бројката на заболени се зголеми на 339, што е досега најмасовно труење со храна. - Хоспитализирани се 64 болни.

Најдени многу опасни бактерии во слаткарницата „Ринија“

Н.Македонија - 03.10.2008

Неколку типови бактерии ги затруле граѓаните што јаделе слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија. Првичните анализи на земените мостри за испитување од просториите и храната од слаткарницата покажале присуство на ешерихија коли, стафилококни и конформни бактерии и протеус.

По „Ринија“, санитарни и здравствени инспекции ги тресат слаткарниците

Алсат-М - 03.10.2008

Од 260 контроли на објекти во кои се произведуваат и продаваат слатки затворени се 72 поради неисполнување на стандардите.

СЛАТКАРНИЦАТА РИНИЈА НЕМАЛА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА

Сител - 03.10.2008

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека една недела пред да се случи масовното труење со слатки, инспекторите биле во контрола. Неизвесно е како тие не откриле дека посочената слаткарница работела без дозвола од Дирекцијата за храна.

339 затруени - во слаткарниците „царуваат“ бактерии

А1 - 02.10.2008

40 слаткарници и работилници за слатки се затворени во вчерашната акција на Министерството, Санитарната инспекција и Дирекцијата за храна. Инспекторите прочешлале 137 објекти. Утврдиле дека третина не ги исполнуваат хигиенските условите.

Отровните слатки ја блокираа Инфективна

Време - 02.10.2008

Бројот на затруени со слатки од скопската слаткарница „Ринија“ секојдневно се зголемува и вчера се искачи на 260 луѓе, што претставува зголемување за 100 нови случаи за само еден ден.

Затруени институции

Време - 02.10.2008

Каде затаи човечноста? Дури 260 луѓе се затруја од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија, а надлежните не можат да се приберат од тоа што им се случува. Ја префрлаат топката едни на други, додека граѓаните ја полнат Инфективна клиника.

Државата на лекарски преглед

Утрински - 02.10.2008

Само 24 беа доволни за да и' се констатира дијагноза на државата. Толку време беше потребно за да се сфати дека некои работи не функционираат или тоа го прават на погрешен начин. За изведување на една ваква констатација ни била потребна една слаткарница лоцирана во Старата скопска чаршија.

Бројот на затруените во „Ринија“ стигна до 250

Дневник - 02.10.2008

Бројот на затруените во „Ринија“ стигна до 250 На Клиниката за инфективни болести во Скопје до вчера попладне биле прегледани 250 затруени со слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија. Од нив 57 се задржани во болницата.

Слатките од „Ринија“ затруја 250 граѓани

Н.Македонија - 02.10.2008

Згрчени луѓе и дечиња од болки во стомакот и пациенти што повраќаат додека стасаат за преглед. Веќе неколку дена ваква слика може да се види во преполната амбуланта на Клиниката за инфективни болести. Некои од оние што чекаат помош повраќаат и во паркчето до клиниката.

Досега 339 затруени во „Ринија“

Алсат-М - 02.10.2008

На Клиниката за инфективни болести во Скопје до денеска се примени и прегледани 339 лица со симптоми на труење, сите од конзумирање слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија. Од нив 64 се хоспитализирани, изјави денеска доктор Иван Видиниќ.

ДОСЕГА 339 ЗАТРУЕНИ ОД СЛАТКИТЕ НА РИНИЈА

Сител - 02.10.2008

Ешерихија коли, стафилокок и други фекални бактерии се пронајдени во примероците земени од слаткарницата Ринија. Покажаа испитувањата на Градскиот завод за здравствена заштита. - Ова покажува дека хигиената во слаткарницата била на незадоволително ниво - вели д-р Шемси Муса, директор на ДСЗИ.

ДСЗИ: Епидемија на салмонелоза од слатките од “Ринија“

Нетпрес - 02.10.2008

Според стручното мислење на Заводот за здравствена заштита, конзумирањето на слатки произведени во слаткарницата “Ринија“ резултира со епидемија на салмонелоза.

Вкупно 339 затруени од слаткарницата „Ринија“, мострите позитивни

Макфакс - 02.10.2008

Вкупно 339 лица со симптоми на труење, се примени и прегледани заклучно денешниот ден на Инфективната клиника, соопштија медицинските лица, кои информираа дека 64 пациенти се хоспитализирани.

257 затруени - Инфективна преполна

А1 - 01.10.2008

100 нови случаи на затруено пациенти се јавиле на Инфективната клиника во Скопје. Сега бројот на затруени се искачи на 257 луѓе, најтешките случаи на дехидратацијата и исцрпеност се хоспитализираат, вкупно 51. Сите го посочуваат истиот извор на зараза слаткарницата „Ринија“ на Битпазар.

Повторно труење со храна во Македонија

BBC - 01.10.2008

Во Македонија каде што се поставуваат се погласни прашања околу причината за уште едно масовно труење со храна, кое овој пат зафати преку 200 луѓе.

150 луѓе затруени за празникот

Време - 01.10.2008

За само еден ден двојно се зголеми бројот на затруени со слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија. На Клиниката за инфективни болести лекарска помош вчера побарале 150 луѓе, а 34 се задржани на болничко лекување поради тешка здравствена состојба.

Слатки од „Ринија“ затруја 73 лица

Дневник - 01.10.2008

Слатки од „Ринија“ затруја 73 лица Масовно труење се случи преквчера кога 73 скопјани, меѓу кои 16 деца, јаделе слатки од слаткарницата „Ринија“ во старата Скопска чаршија. Тие побарале помош на Клиниката за инфективни болести во која биле задржани 13 тешко затруени пациенти.

Салмонелата од „Ринија“ ја полни Инфективната клиника

Н.Македонија - 01.10.2008

Околу 150 лица со симптоми на труење што јаделе слатки во слаткарницата „Ринија“ се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести во последните два дена. Оттаму вчера рекоа дека околу 34 лица со потешка клиничка слика се задржани на болничко лекување. За еден ден примиле пет нови пациенти.

Расте бројот на затруени од слаткарницата „Ринија“

Алсат-М - 01.10.2008

На Клиниката за инфективни болести во Скопје до денеска до 11 часот се примени и прегледани 245 лица со симптоми на труење, сите од конзумирање слатки од слаткарницата „Ринија“ од Старата скопска чаршија.

Повеќе од 250 лица се затруле од слаткарницата „Риниа“

Алсат-М - 01.10.2008

257 лица се затруле од слатките од слаткацата „Риниа“ која се наоѓа во старата скопска чаршија Само денес помош побарале 100 граѓани а веќе 57 се хоспитализирани на клиниката за инфектологија во Скопје.

Околу 250 затруени од слаткарницата „Ринија“

Кирилица - 01.10.2008

До денеска во 11 часот се примени и прегледани 245 лица со симптоми на труење по конзумирање слатки од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија, информира докторката Благица Јоксимовиќ , инфектолог од Клиниката за инфективни болести.

ВКУПНО 257 ЛИЦА ПОБАРАЛЕ ПОМОШ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

Сител - 01.10.2008

Расте бројот на затруени од слатките на Ринија. Сто и седум нови случаи од вчера до денеска. Досега 257 лица побарале помош на Инфективната клиника, a од нив 57 се хоспитализирани поради потешко труење. Сите го посочуваат истиот извор на зараза - слаткарницата Ринија во Старата скопска чаршија.

Затруени 257 лица, хоспитализирани 57!

Вечер Прес - 01.10.2008

Продолжува мобилната состојба на скопската Клиниката за инфективни болести. До вчера околу 257 лица со симптоми на труење побарале лекарска помош, а 57од нив се хоспитализирани - изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Потврдени 167 случаи на труење од слаткарницата “Риниjа“

Нетпрес - 01.10.2008

Потврдени 167 случаи на труење од слаткарницата “Риниjа“ Пријавата на заболени лица од труење во слаткарницата “Риниja“ од ден на ден постојано се зголемува. Директорот на Републичкиот завод за здравствена заштита денеска изјави дека се потврдени 167 случаи на труење.

Вкупно 257 затруени од слаткарницата „Ринија“

Макфакс - 01.10.2008

Бројот на затруени пациенти во Инфективната клиника, денеска се искачи на 157, откако претпладнево помош во Клиниката побарале 100 нови пациенти. Сите лица се заразени од конзумирање на слатки од слаткарницата „Ринија“, во Старата скопска чаршија.

150 затруени од слаткарницата „Ринија“

А1 - 30.09.2008

За само еден ден двојно се зголеми бројот на затруени од слаткарницата „Ринија“ во Старата скопска чаршија. 150 луѓе до денеска напладне побарале лекарска помош. 34-ца во тешка состојба се хоспитализирани. Инфективната клиника се полни, постојано доаѓаат нови болни со симптоми на труење.

ДОСЕГА ЗАТРУЕНИ 150 ЛИЦА

Сител - 30.09.2008

Бројката на затруени со слатки од слаткарницата Риниа достигна до 150 лица од кои 34 се хоспитализирани. Амбулантите на Инфективната клиника се преполни а поради дененшниот празник, засилена е и дежурната служба за да можат да им пружат лекарска помош на пациентите.

На Инфективна 150 лица под лекарски третман

Вечер Прес - 30.09.2008

Вработените во Инфективната клиника и во текот на вчерашниот ден беа во мобилна состојба, бидејќи бројот на затруените лица кои консумирале слатки од слаткарницата Риниа се зголеми на околу 150 лица.

Најмалку 150 затруени од слаткарницата „Ринија“

Макфакс - 30.09.2008

Лекарска помош поради труење со слатки од слаткарницата „“Ринија“ до денеска побарале 150 лица, соопштија медицинските служби. Нови болни со симптоми на труење постојано се примаат во Инфективната клиника, каде 34 лица кои се хоспитализирани се во тешка здравствена состојба.

Масовно труење со храна - над 50 затруени

А1 - 29.09.2008

Масовно труење со храна, повеќе од 50 луѓе вечерва побараа помош на Инфективната клиника во Скопје, а деветмина од нив со потешки симптоми се задржани на лекување. Труење со слатки е причината поради која вечерва на Инфективната клиника побараа лекарска помош.

Бројoт на затруени расте - 73, од нив 16 деца

А1 - 29.09.2008

73 затруени, од кои 16 деца, побарале лекарска помош на Инфективната клиника, од вчера напладне до денеска. 13 од нив во тешка здравствена состојба се хоспитализирани. Ова е билансот од саботното масовно труење со слатки добиено од слаткарницата „Риниа“ во старата Скопска чаршија.

СЕДУМДЕСЕТ И ТРИ ЛИЦА ЗАТРУЕНИ СО СЛАТКИ

Сител - 29.09.2008

Ни интервенцијата на полицијата при затворањето од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат не успеа да ја запрат продажбата на слатки од слаткарницата Ринија во близина на Бит пазар.

Расте бројот на затруени од тортите на слаткарницата Ринија

Канал5 - 29.09.2008

Тортите и ролатите од слаткарницата Ринија која се наоѓа во старата скопска чаршија се причина за масовното труење кое ја преполни инфективната клиника со пациенти. До сега во амбулантата 73-ца побарале лекарска помош со симптоми на труење.   13 од нив се хоспитализирани поради влошената состојба.

Затворена слаткарницата “Риниа“ поради труење со слатки

Нетпрес - 29.09.2008

Затворена слаткарницата “Риниа“ поради труење со слатки Инспекторите при Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска во утринските часови ја затвориле слаткарницата “Риниа” лоцирана во Стара скопска чаршија, поради труење со нивните производи, соопшти Министерството за здравство.

Над 70 скопјани затруени од слатки

Макфакс - 29.09.2008

Бројот на затруени од слатки на територијата на Скопје денеска се искачи на 73 лица, меѓу кои 16 се деца, јави телевизијата А1, цитирајќи болнички извори. Според Инфективната клиника во Скопје, 13 пациенти со дехидратација и тешка форма на затруеност се задржани на болничко лекување.