TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прилепчанецот Проданоски умрел од природна смрт

А1 - 06.10.2007

Нема траги на насилство, 73-годишниот Петко Проданоски од Прилеп почина од природна смрт. Ова се првичните резултати од обдукцијата на телото, но сепак, официјалните писмени наоди ќе бидат доставени идната недела. Најверојатно, неговите возрасни деца, Љубе и Бојана Проданоски, кои се лица со блага ...

Синот и ќерката приведени за смртта на таткото

Вест - 06.10.2007

ТЕЛО НА ПЕНЗИОНЕР ПРОНАЈДЕНО РАСПАДНАТО СО ТРАГИ НА НАСИЛСТВО ВО СТАН ВО ПРИЛЕП Петко Проданоски, 72-годишен пензионер, завчеравечер полицијата го пронајде мртов во неговиот стан во населбата Точила во Прилеп, откако станари од зградата Д 1 пријавиле дека се шири неподнослива смрдеа.

Најдено тело на починат старец

Време - 06.10.2007

ВО СТАН ВО ПРИЛЕП Светлана Ристеска Старецот Петко Проданоски (72) завчеравечер бил најден мртов во неговиот стан во кој живеел со синот Љубе (41) и ќерката Бојана (39). На неговото тело, кое било во фаза на распаѓање, биле најдени траги на насилство.

Прилепчанец пронајден мртов во својот дом по една недела

Утрински - 06.10.2007

Петко Продановски починал пред една недела, а неговото тело е откриено завчера во фаза на распаѓање Полицијата ги приведе Љупчо (41), син на починатиот, и ќерката Бојана (39), зашто станарите тврдат дека во ова семејство постојано имало кавги ПРИЛЕП – Седумдесет и двегодишен прилепчанец е пронајден ...

Брат и сестра осомничени за убиство на таткото

Дневник - 06.10.2007

Прилепчанецот Петко Проданоски (72) бил пронајден мртов завчеравечер во својот дом во зграда во населбата Точила, соопшти МВР. Според непотврдени информации, Проданоски бил задавен, а полицијата ги привела на сослушување синот и ќерката на старецот кои живееле со таткото.

Син и ќерка осомничени за убиство на таткото

А1 - 05.10.2007

Една недела го чувале телото на својот мртов татко, кое веќе почнало да се распаѓа, не пријавувајќи го случајот. Братот и сестрата Љубе и Бојана Проданоски од Прилеп синоќа беа приведени во полиција, откако беше откриен овој грозоморен чин.

Прилепчанец во соучесништво со сестра му си го задавил таткото

Канал5 - 05.10.2007

Љупчо Проданоски,со раце го задавил својот татко Петко оти не сакал да му потпише полномошно за да ја прима и да ја користи неговата скромна пензија. Љупчо Проданоски,со раце го задавил својот татко Петко оти не сакал да му потпише полномошно за да ја прима и да ја користи неговата скромна пензија.