TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ѓурчани доби доверба од унгарскиот парламент

Вест - 07.10.2006

БУДИМПЕШТА, 7 октомври (Ројтерс) - Унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани, кој беше под силен притисок да поднесе оставка откако призна дека лажел за да ги придобие гласачите, вчера доби доверба во парламентот. Премиерот си обезбеди 207 од 389 гласа на пратениците.

ЕК бара од Унгарија објаснување за нередите

Макфакс - 07.10.2006

Брисел Европската комисија (ЕК) бара објаснување од Унгарија за начинот на справување со нередите од понеделникот во Будимпешта. Барањето во форма на писмо го упатил потпретседателот на ЕК и комесар за правда Франко Фратини до унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани, соопштено е денеска во Брисел.

Нови демонстрации во Будимпешта - Ѓурчани доби доверба во парламентот

Макфакс - 06.10.2006

Будимпешта Унгарскиот парламент попладнево му изгласа доверба на премиерот Ференц Ѓурчан и покрај десетиците илјади демонстранти кои протестираа и бараа оставка од премиерот. Околу 50 илјади луѓе оддржуваат мирни демонстрации, а за вечерва се најавуваа дополнителен број демонстранти.

Унгарската опозиција најави бунт против владата

Вест - 04.10.2006

БУДИМПЕШТА, 4 октомври, (Ројтерс) - Унгарците би можеле да се дигнат против владата, па дури и насила да ја отфрлат парламентарната демократија, доколку премиерот Ференц Ѓурчани не се повлече, предупреди важна фигура на главната опозициона партија Фидец.

В петок гласање за доверба на унгарската влада

Вест - 03.10.2006

БУДИМПЕШТА, 3 октомври (Ројтерс) - Унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани ќе повика да се гласа за доверба на неговата влада в петок, а опозицијата се закани со масовни протести ако не поднесе оставка. Ѓурчани, кој речиси сигурен дека ќе ја добие довербата на владејачката коалиција којашто држи 210 од ...

Тежок пораз на унгарските социјалисти

Време - 03.10.2006

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ Унгарскиот премиер Ференц Ѓурчани одби да поднесе оставка по повикот од опозицијата и од претседателот Ласло Солјом, откако неговата Социјалистичка партија беше тешко победена на локалните избори, но вети расправа за доверба во парламентот.

Ултиматумот на Орбан е уцена, смета унгарскиот премиер

Канал5 - 03.10.2006

Нема да биде добро ако му се дозволи на лидерот на унгарската опозиција, која ги загуби изборите пролетта, да диктира услови на владејачките партии и да ги користи луѓето да излегуват на улица, изјави премеирот на Унгарија Ференц Ѓурчани.

Опозиционата десница победи на локалните избори

Макфакс - 02.10.2006

Будимпешта Владеачките социјалисти се поразени на неделните локални избори во Унгарија, но, сепак, ја задржаа власта во престолнината Будимпешта, јавија локалните медиуми. Според резултатите на унгарската изборна комисија, опозиционата десничарска партија Фидес освоила 42 отсто од гласовите, 12 ...