TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Скопските имами бараат нов муфтија

Утрински - 09.10.2004

Ултимативни барања упатени до реис ул улема Хаџи Ариф Емини Муамер Вејсели, имам од Идризово, изјави дека Црвенковски треба да помогне ИВЗ да не излезе од контрола Билјана Јовановска Откако и вчерашниот ден не донесе никаква разврска на сў поотворениот судир меѓу поглаварот на Исламската верска ...

Ријасетот ќе расправа за имамите

Дневник - 09.10.2004

НЕ СТИВНУВААТ БРАНУВАЊАТА ВО ИВЗ Врвот на Исламската верска заедница ќе расправа за внатрешните состојби откако најголемиот дел од имамите постави барање за смена на скопскиот муфтија и регулирање на нивниот статус. Најдоцна до средина на идната недела треба да се одржи седница на Ријасетот на ИВЗ, ...

Или смена на муфтијата, или затворени џамии за Рамазан

Утрински - 08.10.2004

Поради судирот со поглаварот на ИВЗ, скопските имами се закануваат Дали поглаварот Емини го инсценирал неодамнешниот упад на оџите вооружени со „калашникови"? БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Доколку до 15 октомври, до почетокот на Рамазан, поглаварот на Исламската верска заедница - реис ул улема Хаџи Ариф ...

Имамите ќе го бојкотираат Рамазан?

Дневник - 08.10.2004

ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ОСЛОБОДЕН ОД ЗАЛОЖНИШТВО Зенун Бериша и реис ул улема Ариф Емини прават криминал со парите од Исламската верска заедница, обвинува имамот Муамер Вејсели Имамите од скопските џамии, кои завчера дванаесет часа го држеа во заложништво реис ул улема на Исламската верска заедница Ариф ...

Свилен гајтан за улемата

Дневник - 08.10.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Заложништвото во кое завчера седумте имами го ставија првиот човек на Исламската верска заедница, реис ул улема Ариф Емини, веќе не е изненадување. По упадот на група дипломирани теолози, кои со "калашникови" бараа да им потпишат решенија за вработувања како свештеници, ...

ОД ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА НАПРАВИЈА ПЕРАЛНИЦА ЗА ПАРИ!

Вечер Прес - 08.10.2004

"Ако најдоцна до 15 овој месец, Реис ул улема хаџи Ариф ефенди Емини не го свика Ријасетот (претседателството) на Исламската верска заедница и не го разреши скопскиот муфтија хаџи Зенун ефенди Бериша, ќе бараме и двајцата да си заминат од нивните функции.

Ефенди Емини во болницата поради вчерашниот стрес

А1 - 07.10.2004

Додека на Хаџи Ариф Ефенди Емини му го опсервираат шеќерот и притисокот во болницата во родниот Гостивар, неисполнувајќи го синоќешното ветување да свика седница на ријасетот на исламската верска заедница, незадоволните скопски имами најавуваат дека уште една недела ќе го чекаат ветеното ...

Исто лице пукало во таксистот и во полицајците во Шутка

Дневник - 07.10.2004

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ИМЕР РИЗА Риза се поврзува и со упадот во ИВЗ, кога поглаварот под закана со "калашникови" беше принуден да вработува имами Скопјанецот Имер Риза, кого полицијата го бара за ранување на таксист во четвртокот во Визбегово, учествувал и во нападот на полициската патрола во ...

7 имами го држат во заточеништво поглаварот на исламската заедница

А1 - 06.10.2004

Седуммина имами од Скопје и околината од 9 часот изутрина го држат во заточеништво во неговата канцеларија поглаварот на исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Ариф Ефенди Емини, барајќи од него да им ги исплати платите што не ги добиле во изминативе од 9 месеци до 3 години.

Ослободен поглаварот на исламската заедница

А1 - 06.10.2004

По 12 часовно заточеништво во својата канцеларија претседателот на исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Ариф Ефенди Емини вечерва околу 19 часот и 30 минути е пуштен да си оди, откако на 7 мината имами им ветил дека утре ќе го свика претседателството, односно ријасетот за да го разреши ...