TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тангума запрен во обид да ја напушти државата

А1 - 31.10.2004

Откако вчера беше претепан, претставникот на „Соуфан инженеринг“, Серџо Тангума денеска си замина од болничката соба и се обиде да ја напушти земјава. Наместо да летне кон Истанбул тој беше задржан од полицијата. И покрај неговото негодување, не му беше дозволено да се качи на летот на „Туркиш ...

Токио потврди дека обезглавеното тело е на киднапираниот Јапонец

А1 - 31.10.2004

„Обезглавеното тело кое е пронајдено во Ирак е на јапонскиот цивил 24-годишниот Шосеи Кода, кој беше киднапиран од припадниците „Организација на Ал Каеда“ на Абу Мусаб ал Заркави, соопшти денеска јапонскиот министер за надворешни работи Нобутака Мачимуро.

Серџо Тангума пуштен на домашно лекување- тепачите сеуште на слобода.

Канал5 - 31.10.2004

Серџо Тангума заздравува од повредите здобиени при физичка пресметка во кафе барот ,,Карамба,, во кумановското Агино село. Според информациите од дежурниот лекар во одделот за неврхирургија во клиничкиот центар во Скопје, Тангума и ќе биде пуштен на домаш Серџо Тангума заздравува од повредите ...

Претепан Серџо Тангума

А1 - 30.10.2004

Серџио Тангума утринава беше претепан. Токму кога го напуштал ноќниот бар „Карамба“, во Агино село, го нападнеле неколку лица, кои го удирале по главата. Тој е надвор од животна опасност, но е задржан на лекување на Неврохируршката клиника, за што интервенирала и американската амбасада.

Во Багдад се оди преку Софија и Истанбул

Утрински - 30.10.2004

МВР има тешкотии да го утврди точниот број македонски работници во Ирак Покрај податоците кои ги поседува полицијата дека околу 350 луѓе од земјава заминале на привремена работа во Ирак, постои уште една сива бројка која полицијата не може да ја утврди со голема веројатност.

Серџо Тангума е претепан утринава околу 4 часот во Агино Село, кога излегувал од ноќниот бар “Карамба“.

Канал5 - 30.10.2004

Неколкумина со тврди предмети и стапови удирале по претставникот на Соуфан Инженеринг. По тепачката џемперот, во кој често можеше да се види Тангума останал на ова место. Од ноќниот бар кажуваат дека Тангума дошол околу 3 часот по полноќ, бил во Неколкумина со тврди предмети и стапови удирале по ...

Обвинителството собира информации за Тангума

А1 - 29.10.2004

Обвинителството собира информации за активностите на Серџио Тангума, претставникот на фирмата „Соуфан инжињеринг“, преку која 38 кумановци беа ангажирани на работа во Ирак. Јавниот обвинител Прчевски изјави дека ако има основа против него ќе биде покренато обвинение.

Семејствата на убиените кумановци нема да добијат обесштетување

Време - 29.10.2004

СПОРЕД ДОГОВОРОТ НА „СОУФАН“ Семејствата Марковиќ, Лазаревски и Насковски се уште не стигнале на дневен ред кај работодавецот Серџо Тангума за исплата на обесштетување за погубените Драган, Далибор и Зоран во Ирак. Тие додаваат дека не се запознаени со тоа што им следува, ниту виделе договор за да ...

Семејствата на тројцата кумановци сметаат дека тие се живи

А1 - 28.10.2004

Семејствата на тројцата кумановци сметаат дека Далибор, Зоран и Драган се живи и дека снимката на телевизијата Ал Џезеира е всушност порака од киднаперите до македонската Влада. Надеж им влева фактот што во сите досегашни случаи на киднапирања во Ирак, киднаперите поставувале некакви барања за да ...

Јапонец грабнат во Ирак, Јапонија не ја повлекува војската

Вест - 28.10.2004

Токио, 28 октомври - Јапонија нема да ги повлече војниците од Ирак и покрај заканите на една ирачка екстремистичка група дека ќе обезглави јапонскиот заложник, изјави вчера премиерот Јуничиро Коиsуми. Во истовреме шефот на јапонската дипломатија Нобутака Мачимуро ги повика киднаперите да го ...

Ако го напуштиш кампот, не ти гине киднапирање

Утрински - 28.10.2004

Повратник од Фалуџа раскажува за своите искуства во Ирак Одењето во Ирак исклучиво е на ризик на тој што се определил да работи таму ТЕТОВО - ?Да се движиш низ Ирак во кој било град значи однапред да го ризикуваш својот живот. За странците оваа опасност е уште поголема доколку се напушти кампот.

СЕМЕЈСТВАТА НА УБИЕНИТЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОДАТ ЗА ИРАК

Канал5 - 28.10.2004

Таткото на 24-годишниот Далибор, Љубе Лазаревски е подготвен со специјалниот тим да замине за Ирак, во потрага по неговиот син. Не верува дека син му е убиен и не може да се помири со извештајот што го добил од премиерот Хари Костов и министерот за вн Таткото на 24-годишниот Далибор, Љубе ...

Јапонија не се повлекува од Ирак по киднапирањето на Јапонецот

А1 - 27.10.2004

Јапонија нема да ги повлече војниците од Ирак и покрај заканите на една ирачка екстремистичка група дека ќе обезглави јапонскиот заложник, изјави денеска премиерот Јуничиро Коиѕуми. „Не можеме да го толерираме и да му се предадеме на тероризмот“, рече Коиѕуми.

Киднапиран јапонски државјанин во Ирак

А1 - 27.10.2004

Јапонски државјанин е киднапиран во Ирак од припадници на групата на Мусаб ал Заркави, кои се заканија дека ќе го обезглават доколку во рок од 48 часа Токио не ги повлече јапонските војници од земјата. Арапската телевизија Ал Џезира синоќа емитуваше видеоснимка на која јапонскиот заложник седи под ...

„Соуфан“ ни тврдеше дека преговара со бандите за ослободување на нашите

Време - 27.10.2004

ПОВРАТНИЦИ ОД ИРАК РАСКАЖУВААТ Сите од Куманово бевме сместени во еден хотел во Багдад кога ни ја соопштија веста дека се заробени Зоран, Далибор и Драган. Ни рекоа дека тројцата се киднапирани. Официјално, веста ни ја потврдија на 28 август.

Кумановци, тетовци и валандовчани и натаму заминуваат во Ирак

Утрински - 27.10.2004

Вработувањето во државите на кризните подрачја отвора повеќе актуелни прашања Тетовци заминуваат во Ирак и Авганистан преку фирмата "Еколог°, која работниците ги испраќа преку германски посредници Трагичната судбина на тројцата кумановци во Ирак отвори многу актуелни прашања околу заминувањето на ...

Работник од Селце киднапиран, па ослободен?

Утрински - 27.10.2004

Нов случај на заложништво на македонски државјани во Ирак според тврдењата на луѓе од тетовското село Селчанецот Ќ.А.(32) повторно заминал да работи во Ирак Тврдењата дека дваесетина тетовци, етнички Албанци, во различни периоди биле киднапирани во Ирак, но биле ослободени откако за нив бил платен ...

Ирак не бара работници, туку војници за приватни армии

Утрински - 27.10.2004

Во кризниот регион се врбуваат млади луѓе за разновидни воено безбедносни служби и активности Тодор Атанасовски Во овој миг најголемиот број луѓе во Македонија сочувствуваат со родителите и најблиските на тројцата наши млади луѓе коишто го загубија животот во Ирак и паднаа како жртви на ...

МВР уште еднаш демантира дека е баран откуп за Насковски и Лазаревски

Утрински - 27.10.2004

Реакција Министерството за внатрешни работи уште еднаш најенергично демантираше дека имало сознанија за откуп за тројцата кумановци. "До Министерството за внатрешни работи не е пристигнато какво било барање за откуп на тројцата киднапирани македонски државјани во Ирак", изјави вчера портпаролот на ...

Неизвесно е дали и кога специјалниот тим ќе замине за Ирак, во потрага по телата на кумановците Далибор, Драган и Зоран

Канал5 - 27.10.2004

Македонските експерти кои минатата недела беа во Катар лично да се уверат во веста што ја објави телeвизијата Ал Џезеира, кажаа дека виделе три усмртени тела. Тимот кој ќе го сочинуваат преставници од Агенцијата за разузнавање, МНР и тројца оперативци Македонските експерти кои минатата недела беа ...

Тангума им скрати по 600 долари од платата на 19-те кумановци

А1 - 26.10.2004

Фирмата Соуфан инжинеринг им скрати по 600 долари од втората плата на 19-те кумановци кои во петокот се вратија од Ирак. Повратниците ни изјавија дека на сметката во банка им биле префрлени 900-тини долари. Остатокот до 1.500 долари за колку се договориле со Серџио Тангума, тој им ги задржал за ...

МВР: Не е баран откуп за тројцата киднапирани во Ирак

А1 - 26.10.2004

Македонското Министерство за внатрешни работи денеска уште еднаш најенергично тврди дека немало и нема сознанија дека е баран откуп за тројцата кумановчани, за кои минатата недела официјално беше потврдено дека се егзекутирани во Ирак.

Киднаперите барале 300 илјади долари откуп за Зоран и за Далибор?

Време - 26.10.2004

КУМАНОВСКИ ПОВРАТНИК ОД ИРАК ТВРДИ Ивана Серафимова За животот на кумановците Зоран и Далибор киднаперите побарале 300 илјади долари од „Соуфан инженеринг“ за да им дадат информација или за да ги ослободат, тврди еден од кумановските повратници од Ирак, кој сака да остане анонимен.

Аврамовски: МВР стори се за да ја реши заложничката драма

Вест - 26.10.2004

"Ниту една ирачка група до сега до македонските власти не испратила политичко или парично барање за откуп на тројцата кумановци кои потоа беа убиени", тврди министерот за внатрешни работи Сиљан Аврамовски. Тој најави дека во скоро време во Ирак ќе биде испратен уште еден оперативен експертски тим ...

Илјада тетовци работат во Ирак

Утрински - 26.10.2004

И покрај големите безбедносни ризици, вработувањето во кризните држави станува се попривлечно за работници од Тетово и Тетовско Од тетовската населба Мала Речица во овој момент на работа во Ирак има над 200 лица. Некои од нив во оваа земја работат и повеќе од две години, а најголемиот број заминал ...

МВР ќе испрати тим за да ги бара телата на убиените

Утрински - 26.10.2004

Продолжува ангажирањето на македонските органи околу случајот со убиените кумановци Двајцата клучни сведоци на киднапирањето не дале валидни докази за чинот на грабнување на своите сограѓани, велат во МВР Сашко Димевски Двајцата клучни сведоци, кои на 23 август биле дел од конвојот возила што бил ...

Неми сведоци

Утрински - 26.10.2004

Поглед ВАСИЛ МИЦКОВСКИ Заложничкото лудило во Ирак однесе уште три животи, Македонија загуби тројца недолжни луѓе кои, за да решат егзистенцијални проблеми, прифатиле да работат во ризична држава. Деновиве кога треперевме за животите на тројцата киднапирани Македонци, соочени сме со поразителното ...

Ригорозни казни за нелегално испраќање работници во Ирак

Дневник - 26.10.2004

СИЛЈАН АВРАМОВСКИ Сите што на некој начин сториле кривично дело при испраќањето работници од Македонија за Ирак ќе бидат ригорозно казнети, изјави вчера министерот за внатрешни работи, Силјан Аврамовски. Тој најави дека кривично ќе бидат гонети фирмите-посредници ако се утврдат неправилности во ...

Платен откуп за тетовците во Ирак

Дневник - 26.10.2004

СЛОБОДАТА ИМА ЦЕНА При ослободувањето тие биле предупредени "да не се враќаат во американските кампови", туку во Македонија Вкупно дваесетина тетовци, етнички Албанци, кои во различни периоди и групи биле киднапирани во Ирак биле ослободени откако за нив бил платен откуп, дознава "Дневник".

Имало или не киднапирање па ослободување на дваесетина тетовци, етнички албанци во Ирак?

Канал5 - 26.10.2004

Никој во Тетово засега ниту ја потврдува ниту ја негира веста дека дваесетина тетовци, етнички албанци се киднапирани во Ирак, па ослободени откако за нив бил платен откуп. Тетовците пред повеќе од еден месец се вратиле во Македонија, откако киднапер Никој во Тетово засега ниту ја потврдува ниту ја ...

"ВЛАСТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗНАЕЈА ЗА КИДНАПИРАЊЕТО"

Вечер Прес - 26.10.2004

Трет ден од пристигнувањето на групата од деветнаесетте кумановци кои работеа во Ирак преку Соуфан инжинеринг, Куманово нема целосна слика за она што на нивните сограѓани им се случувало во изминатите месеци. Бобан Диневски-Жути, еден од групата кумановци кои се вратија од Ирак вели дека за ...

Киднаперите барале 300.000 долари откуп за кумановците

А1 - 25.10.2004

Киднаперите барале 300.000 долари откуп за ослободување на тројцата кумановци, изјавија за А1, браќата Виктор и Александар Стојмановски, кои вчера со камион се вратија од Ирак. Оваа информација на кумановските работници им ја соопштил претставник на фирмата Соуфан инжењеринг, кој заедно со нив бил ...

Извештајот на експертскиот тим презентиран пред Владата

А1 - 25.10.2004

Извештајот на трочлениот експертски тим, кој ги гледаше снимките на Ал Џазеира во Катар, денес е презентиран и пред Владата, на затворена седница. Зошто зад затворени врати, не се знае, иако владиниот портпарол, Чолаковски, тврди дека во извештајот на Фуад Хасановиќ нема ништо повеќе од она што ...

Владата веднаш дознала за грабнувањето на кумановците

Вест - 25.10.2004

ЕДЕН ОД КУМАНОВЦИТЕ КОИ СЕ ВРАТИЈА ОД ИРАК ТВРДИ: Три дена откако беа киднапирани тројцата македонски државјани во Ирак, еден кумановец, кој работи во фирмата "Браун и Рут" во кампот Вијала, оддалечен 100-тина километри од Багдад, испратил писмо по имејл до маке Еден од кумановците кои во петокот ...

Убиството на кумановците потврдено и во конечниот извештај

Утрински - 25.10.2004

По враќањето на македонскиот експертски тим од увидот на шокантните снимки на Ал Џезира На новинарско прашање дали е точно дека во моментот има 20 други киднапирани тетовци во Ирак, заменик-министерот, Хасановиќ, рече дека „првпат слуша за такво нешто“ Жаклина Ѓорѓевиќ Столе Божиновски ...

Љупчо Кузмановски повторно би одел во Ирак

Утрински - 25.10.2004

И покрај големиот ризик Триесетгодишниот Љупчо Кузмановски е еден од деветнаесетте кумановци кои во петокот се вратија од Ирак. Иако неговото семејство вели дека не би му дозволиле повторно да оди таму, тој е подготвен да замине ако тука не најде работа.

"Кажете му на Блер да ги повлече војниците од Ирак"

Утрински - 25.10.2004

Мачна заложничка драма на киднапираната хуманитарна работничка Маргарет Хасан Тасим Али Хасан : Ве преколнувам во името на исламот и арабизмот додека сме во светиот месец, да ми ја вратите сопругата Ирачанецот, сопруг на киднапираната хуманитарна работничка Маргарет Хасан, упати апел до нејзините ...

Македонки во Багдад

Дневник - 25.10.2004

И ПОКРАЈ ОПАСНОСТА И жени од Македонија работат во базите во Ирак. Тие одат преку кумановска фирма, која нуди работа за женска рака. Д.М., сопруга на еден од менаџерите на фирмата "Тоифор" од Скопје, вели дека нејзиниот маж со години бил директор на оваа фирма и дека повеќе од една година е менаџер ...

Ќар до гуша од печалбата во Ирак

Дневник - 25.10.2004

ПО ВРАЌАЊЕТО НА ГРУПАТА КУМАНОВЦИ ОД ИРАК Куманово живее во шок по смртта на своите тројца граѓани во Ирак, во информативен мрак за трагичниот настан и во спротивставени мислења за тоа дали и понатаму треба да одат на печалба во таа земја.

Дваесетина тетовци киднапираниво Тикрит!?

Дневник - 25.10.2004

шпекулации Во Тетово вчера проструи шпекулација "од сигурни извори" дека дваесетина Македонци од овој град биле киднапирани во Фалуџа и во Тикрит. Набргу потоа веста беше "прошираена" со информација дека киднапираните биле ослободени благодарение на нивната религиозна припадност.

И ЦИА БИЛА НЕМОЌНА ВО СЛУЧАЈОТ СО УБИЕНИТЕ КУМАНОВЦИ ВО ИРАК

Канал5 - 25.10.2004

Министерството за внатрешни работи стори се за да се пронајдат киднапираните кумановци, беа вклучени многу луѓе, но едноставно немаше никакви сознанија во корист на истрагата, вели министерот Силјан Аврамовски. Индикативно во македонскиот случај, по што т Министерството за внатрешни работи стори се ...

"УЛЕТАСМО КАКО МУВЕ...!"

Вечер Прес - 25.10.2004

Деветнаесетте кумановци, кои во петокот ве- черта се вратија од Ирак, завчера беа на мета на јавноста која сe; уште ги бара деталите од ирачката сторија. Тие постојано ја повторуваа нивната приказна. Најпрвин за семејствата уште во петокот, потоа во саботата наутро за инспекторите на Службата за ...