Меѓународниот поетски митинг „Мостови“ и доделувањето на Златниот венец на Васко Граса Мура и најдобриот дебитант Ангело Суарез за завршницата на 43-тите СВП. Во секој момент Танец треба да го почне својот настап, а претходно во манастирот Свети Андреа на Матка се одржа поетското матине.
Вечерва во Струга за помалку од 2 часа ќе се одржи завршниот дел од струшкото чествување на СВП во организација на Кризниот штаб. На мостот на поезијата на Дрим каде години наназад се одржува завршната манифестација на СВП. Наместена е бината и подготвен е просторот.
Годинашните 43-ти Струшки вечери на поезијата денеска продолжуваат со традиционалниот излет до манастирот Свети Наум, проследен со културно уметничка програма. Во Охрид денеска ќе бидат претставени и поетите од едицијата „Плејади“, со која се опфатени поети од различни континенти.
ОТВОРЕНИ „СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“ ВО СКОПЈЕ Весна Дамчевска Додека на сцената на Македонскиот народен театар актерката Јоана Поповска ја рецитираше култната „Т'га за југ“, пред влезот на театарот полициски кордон го обезбедуваше објектот од поголема група скопјани што извикуваа „Скопје не е ...
ЗАВЧЕРА ВО СКОПЈЕ Завчера во Скопје, во салонот на македонската Опера и Балет беа отворени 43. Струшки вечери на поезијата. Пред платото на Театарот беа собрани околу стотина души во знак на поддршка на стружани, кои ги исвиркаа државните функционери кога се појавија.
ТРИБИНА „ОТПОР, ПОЕЗИЈА, СТРУГА“ Прашањето на кое граѓаните на Македонија ќе треба да се изјаснат на референдумот околу новата територијална организација треба да се измени и да гласи дали тие се за или против овој закон, заклучија учесниците на тркалезна маса „Отпор, поезија, Струга“, одржана во ...
Одбележување на Струшките вечери на поезијата во Струга Александар Димовски "...Стружани дозволија СВП да се одржат во друга Струга, Меридијаните на друг меридијан, а Мостовите на друга река и друг мост. Но Струга, оваа година само наизглед остана без СВП, затоа што тие не останаа без Струга и ...
Прексиноќа во Скопје свечено беа отворени годинашните Струшки вечери на поезијата Благоја Стефановски: Никој нема право да се откаже од нашиот заеднички фестивал на поезијата, од богатството на нации, култури, јазици кои продефилираа на охридското крајбрежје и кои беа и останаа придобивка на ...
УВОДНИК - Лилјана Грџо Дамовска Кој сега ќе му објасни на младиот филипински поет Ангело Суарез дека во Струга живеат нормални луѓе што ја сакаат поезијата и дека градот живее за Струшките вечери. Или ќе го остават некој и натаму да го дозира со опскурни приказни за можни убиства на поетите што ...
СТРУГА со свои поетски веЧери Со фестивалскиот факел и со рецитирање на "Т'га за југ" завчера во Струга беа отворени Струшките вечери на поезијата. - Струга оваа година само навидум остана без Струшките вечери на поезијата, затоа што тие не останаа без Струга.
ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН струшкиот поетски фестивал Не можевме да се откажеме од традицијата само затоа што со непромислени одлуки решија да постават ѕидови - рече министерот Благој Стефановски На фестивалот годинава му недостигаат Охридското Езеро и Струга - рече поетот Ханс ван де Варсенбург од ...
Референдумот за општинските граници е значаен политички гест што прв пат и се случува на Македонија по осамостојувањето, со што се направи значаен удар врз рбетот на власта и нејзината ароганција и неспособност. Што пак на меѓународната јавност и покажа дека овдека има една жива и тврда македонска ...
По синоќешното свечено отворање на 43-то издание на Струшките вечери на поезијата и поетското читање „Поетски меридијани“ во Македонскиот народен театар во Скопје, меѓународната поетска манифестација денеска продолжува во Охрид.
ЛАУРАТОТ НА СВП ВАСКО ГРАСА МУРА ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ДПМ Португалскиот поет Граса Мура по посетата на црквата во Нерези ја сфатил всрката меѓу двата народа Вчера во Друштвото на писателите на Македонија, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Васко Граса Мура беше ...
Нови изданија на СВП Новата поетска едиција на „Струшките вечери на поезијата“, насловена „Мостови“, е резултат на конкурсот за избор на најдобра дебитантска поетска книга во светски рамки. Едицијата опфаќа 24 поети од 16 земји и произлезе од соработката помеѓу УНЕСКО и СВП на планот на промоција ...
ВЕНЦЕНОСЕЦОТ МОУРА СТАНА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА ДПМ Весна Дамчевска Поради високите естетски дострели во литературното творештво и добивањето на „Златниот венец“, Друштвото на писателите на Македонија, вчера, овој португалскиот поет го прими за почесен член.
Порака на Движењето на отпорот Струга е отворен град за сите, порачува градоначалникот Ромео Деребан и ги кани сите заинтересирани поети слободно да го посетат автентичниот амбиент на најстариот поетски фестивал во светот. Оваа покана тој ја повтори по вчерашниот предлог „Да ризикуваме влез во ...
43. Струшки вечери на поезијата Португалскиот поет Васко Граса Мура, добитник на ,,Златниот венец", стана почесен член на Друштвото на писателите на Македонија Невена Поповска Вчеравечер, 43. Струшки вечери на поезијата, свечено беа отворени во просториите на Македонскиот народен театар.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВП ВО СТРУГА Во Паркот на поезијата во Струга, потомците на Миладиновци вчера засадија јаворово дрво во спомен на истакнатите македонски преродбеници Константин, Димитрија и Наум, со што стружни го започнаа одбележувањето на Струшките вечери на поезијата.
ОТВОРЕНИ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Граса Моура изрази одушевеност од меланхолијата на изворната македонска народна песна и убавините на манастирот "Св. Пантелејмон" Од синоќа Скопје почна да живее во духот на светската современа поезија.
УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА БИТОЛА Книги на лауреатите на Струшките вечери на поезијата што највисоката награда за поетско творештво ја добиле во периодот од 1966 до 2003 година, под наслов "Струшки вечери на поезијата", се изложени во Универзитетската библиотека "Св. Климент Охридски" во Битола.
ВАСКО ГРАСА МОУРА, ДОБИТНИК НА "ЗЛАТНИОТ ВЕНЕЦ" НА СВП Политиката и поезијата немаат никакви допирни точки и дека тој се наоѓа на две различни бранови должни, занимавајќи се со двете работи, смета Моура Толку многу слушав за Струга.
Свирежи и викотници, наместо стихови. Вака изгледаше пред МНТ пред почетокот на свеченото отварање на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Порција свирежи за претседателот на Собранието, за министерот за култура, советникот Тозија, претседателот Црвенковски и другите политичари, кои ги одбегнаа ...
Годинешниот венценосец на Струшките вечери на поезијата Васко Граса Мура денеска изјави дека би сакал да ја посети Струга каде што наградата Златен венец ја добиле многу големи светски поетски имиња, но оти најверојатно нема да го направи тоа бидејќи треба да ја следи програмата на организаторите ...
Факелот на поезијата и овој пат гореше во Струга. Но наместо поет, него го запали еден потомок на браќата Миладиновци. Во присуство на голем број на Стружани со свеќи во рацете, пред Домот на поезијата, на исто место каде повеќе од 4 децении традиционално се отвораше меѓународниот поетски фестивал ...
Во чест на преместениот фестивал Албанците ќе ги одбележат „Струшките вечери на поезијата“ со разни културни манифестации, пишува дневниот весник на албански јазик „Коха диторе“. Пред споменикот на Мајка Тереза, вечерва, во 20 часот, ќе се одржат книжевни вечери, на кои ќе се читаат книжевни творби ...
Јасна Франговска Кога вечерва, 15 минути пред 21 часот ќе се запали фестивалскиот оган на Струшките вечери на поезијата во Скопје, стружани ќе ги завршуваат последните трескавични подготовки за свеченото отворање на „Вечерите на Дрим“ - протестна поетска манифестација на отпорот што како замена за ...
ПОЕТИТЕ ТРГНАТИ ЗА СТРУГА, СТИГНАА ВО СКОПЈЕ Весна Дамчевска П ред малобројна писателска публика и голем број новинари, традиционалниот симпозиум на „Струшките вечери на поезијата“, годинава на тема „Куќата. Прагот“, вчера во хотелот „Континентал“ го отворија Елизабета Шелева и канадскиот поет Еди ...
Битола Изложбата на книги насловена „Струшки вечери на поезијата - венценосци 1966-2003“ е отворена во холот на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола. На изложбата се застапени книги и краток избор од творештвото на сите добитници на највисокото книжевно признание со кои ...
Ќе се запали фестивалскиот оган и во Струга: од преходните отворања на СВП Денес во Струга, според одлуката на Кризниот штаб на Струшките вечери на отпорот, ќе започне одбележуваљњњето на годинашните Струшки вечери на поезијата.
Иако беше најавено дека ќе учествува на тркалезната маса "Отпор, поезија, Струга"утре во Струга, членот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата Венко Андоновски тоа го негира. "Пред некој ден ја примив со задоволство поканата на Кризниот штаб на Струга, да учествувам на Тркалезната маса ...
Вечерва свечено ќе се отвораат 43. Струшки вечери на поезијата Претседателот на писателската асоцијација, Трајан Петровски, Ќе го прогласи годинаШниот лауреат на ,,Златниот венец", португалскиот поет Васко Граса Мура, за почесен член на ДруШтвото на писателите на Македонија Невена Поповска ...
ПОЧНУВААТ паралелните струшки веЧери на поезиЈата Четирисетина поети од странство и дваесетина од нашата земја, како и почитувачи на поетскиот збор, вечерва во 20.45 часот во Македонскиот народен театар во Скопје ќе присуствуваат на свеченоста по повод почетокот на Струшките вечери на поезијата.
Васко Граса Моура, поет, раскажувач, есеист, драматург, хроничар, преведувач, се вбројува меѓу најпознатите португалски поети. Тој е првиот поет од Португалија кому му е доделен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата.
ПОЧНУВААТ паралелните струшки веЧери на поезиЈата "Поетските меридијани" вечерва ќе се случуваат и крај Вардар, во МНТ, и на Дрим Четирисетина поети од странство и дваесетина од нашата земја, како и почитувачи на поетскиот збор, вечерва во 20.45 часот во Македонскиот народен театар во Скопје ќе ...
ВАСКО ГРАСА МОУРА, ВЕНЦЕНОСЕЦ Знам за проблемите меѓу Фестивалот и Струга и жалам што не сум во тој град. Особено што читањето на Мостот на поезијата е единствено искуство, изјави Васко Граса Моура, добитникот на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата, кој вчера пристигна во Скопје.
РОМЕО ДЕРЕБАН, ГРАДОНАЧАЛНИК Ромео Деребан, градоначалник на Струга, кој стана синоним на отпорот на граѓаните против новата територијална организација на земјава, смета дека власта има намера трајно да ги пресели СВП во Скопје.
Се чувствувам длабоко почестен поради доделувањето на наградата "Златен венец" на Струшките вечери на поезијата и би сакал да им се обратам на Управниот одбор и на македонската јавност со зборовите дека таа награда ги зајакнува врските меѓу две географски далечни култури од една иста Европа, но ...
ПО ЕДНОМЕСЕЧНИ ПРЕВИРАЊА Весна Дамчевска Во Скопје почнаа да пристигнуваат странските поети што ќе учествуваат на 43. „Струшки вечери на поезијата“. Со изменети локации, но со иста концепција, најстариот поетски фестивал ќе почне со симпозиум, кој традиционално се одржува еден ден пред свеченото ...
СТАВ Ниту во најлош сон, ниту во небулозниот синџир на поврзување на настаните во филмови на Алтман, до вчера не можеше да се смести веста дека „Струшките вечери на поезијата“ ќе бидат одржани во Скопје. Дека по 42 години градење гнездо за поетските воздишки и восклици од цел свет, негување на ...
ОТПОР, ПОЕЗИЈА, СТРУГА Венко Андоновски, Љубомир Цуцуловски, Љубомир Фрчковски, Блаже Ристески, Гордана Силјановска, Билјана Ванковска и отец Стефан Санџаковски ќе учествуваат на тркалезната маса со тема „Отпор, поезија, Струга“, која е најавена како централен настан на протестната поетска ...
43. Струшки веЧери на поезијата Симпозиумот на тема: 'КуЌа. Праг" Ќе се одржи во две сесии, под медијаторство на поетот Еди Бурауи од Канада и Елизабета шелева од Македонија и со учество на сите досега пристигнати учесници и гости на поетскиот фестивал Невена Поповска Во хотелот "Континентал" во ...
Во исто време со скопските Струшки вечери на поезијата, во Струга Кризниот штаб организира свои СВП кои почнуваат утре, во 10 часот, со садење дрво во Паркот на поезијата. Дрвото е во спомен на браќата Константин, Димитар и Наум Миладинови, а ќе го засадат нивните потомци.
ЕФТИМ КЛЕТНИКОВ, ДИРЕКТОР НА СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА Годинава, првпат во историјата на Струшките вечери долга 43 години, добитникот на "Златниот венец" нема да посади дрво во Паркот на поезијата во Струга Спроти Струшките вечери на поезијата, денеска, еден ден пред официјалното отворање на ...
РАДОВАН ПАВЛОВСКИ, ПОЕТ Патиштата по кои сега одиме водат кон обезличување и деструкција, а тоа е вовед во антикултура и антидемократија Чувствувам голема тага за Струшките вечери, тага која е еднаква на онаа на Константин Миладинов додека бил во Москва.
Струшки веЧери на поезиЈата Легендарната "Т'га за југ" утревечер истовремено ќе одекне и во Скопје и во Струга и ќе го означи почетокот на Струшките вечери на поезијата и во едниот и во другиот град. Светската поетска манифестација во Скопје ја организира Управниот одбор на СВП и Министерството за ...
Со традиционалниот симпозиум на тема “Куќа. Праг” дненеска во хотелот Континентал во Скопје почна 43-то издание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата што официјално ќе биде отворена утре во Македонскиот народен театар. Со традиционалниот симпозиум на тема “Куќа.
43-то издание на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата почнува утре во Скопје со симпозиумот на тема Куќа праг. Но, Кризниот штаб за опстанок на општина Струга, денеска, излезе со своја програма за одбележување на Струшките вечери на поезијата.
Програмата на 43. Струшки вечери на поезијата ја доби конечната верзија Според организаторите, своето учество на фестивалот го потврдиле триесет домашни и четириесет поети од странство Невена Поповска Управниот одбор на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, на вчерашниот состанок ја потврди ...
ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА СВП Сценографија што треба да го долови струшкиот амбиент ќе биде поставена на скопскиот Камени мост на затворањето на Струшките вечери на поезијата, на 29 август. Според Зоран Анчевски, претседател на Управниот одбор на СВП, манифестацијата ?Мостовии?, со која ќе завршат ...