TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски: Нема да ја тужиме ИНГ

Време - 22.04.2006

ВЛАДАТА ВО ОТКАЖУВАЊЕТО НЕ ГЛЕДА ПОЛИТИКА Мирче Котевски Причините за промената на ставот на ИНГ да се откаже од купување на Поштенска банка се чисто финансиски, а не политички, бидејќи не се поврзани со тврдењата дека холандската политика околу проширувањето на ЕУ стигнала и до некои банкарски ...

Нова понуда од ИНГ на маса пред македонските преговарачи

Утрински - 22.04.2006

Откако драматичната вест за откажувањето на Холанѓаните ја потресе овдешната јавност Не се открива дали станува збор само за давање услуги, или холандските банкари барале плус бенефиции од нашите власти. Фондовите ФМО и СЕАФ и натаму сериозно во игра НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Откако драматичната вест ...

Бучковски изневерен од ИНГ банка

Дневник - 22.04.2006

Премиерот Владо Бучковски е разочаран од холандската ИНГ банка поради нејзиното откажување од влез во Поштенска банка. - Државата загуби многу со откажувањето на ИНГ, поради тоа што отидовме предалеку со преговорите. Ќе сторевме се' само да го донесеме брендот ИНГ во Македонија.

Нов предлог за Поштенска

Канал5 - 22.04.2006

Во најновиот предлог на холанѓаните доставен до македонскиот тим покрај СЕАФ и ФМО како купувач се појавува и Балкански Инвестиционен Фонд. Практично- од 66-те проценти на Поштенска, 36 би купил Балканскиот Инвестиционен Фонд (ФИД), 20 ФМО и 10 СЕАФ.

Очајнички обид да се продаде Поштенска Банка!

Вечер Прес - 22.04.2006

По само неколку дена откако холандската ИНГ банка и официјално ја извести Владата и Народната Банка дека се откажува од намерата за купување на акции во Поштенска Банка, Владата очајнички се обидува да ја убеди јавноста дека продажбата се уште не е пропадната.

Бучковски не е загрижен за заминувањето на ИНГ

А1 - 21.04.2006

Премиерот Бучковски не е загрижен оти ИНГ и кажа збогум на Македонија. Владата потроши многу време и сили за да им удоволи на Холанѓаните да ја купат Поштенска банка, но тие ги сменија плановите. Причините се финансиски, вели Бучковски, но додава не е се завршено.

ИНГ нема да ја купи Поштенска, туку само ќе советува

Време - 21.04.2006

ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ВРАТИ РАЗОЧАРАНА ОД АМСТЕРДАМ Холандската ИНГ банка и официјално потврди дека нема шанси да ја купи Поштенска банка, туку е можно е само да и дели совети, потврдија од седиштето на ИНГ во Амстердам. Владината делегација се вратила разочарана од Амстердам откако менаџментот ...

ИНГ нема директно да инвестира - нуди менаџерски услуги за Поштенска

Утрински - 21.04.2006

ПРЕГОВОРИ НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Холандскиот топ-банкарски бренд останува на својот став дека нема директно да инвестира во Македонија. Ова вчера за "Утрински весник" го потврди Давид ван Еган, менаџер за односи со медиумите во централата на ИНГ банката во Амстердам.

ИНГ нема да ја купи Поштенска банка

Дневник - 21.04.2006

Холандската ИНГ групација нема да ја купи Поштенска банка. Ова е одговорот што завчера го добила македонската делегација во Амстердам. Раководството на ИНГ им соопштило на претставниците на Владата и на Еуростандард банка дека преку својата фирма ИГА нудат само експертиза и консултантски услуги за ...

Откако ИНГ се откажа, владата доби нова понуда за Поштенска - не открива каква

Канал5 - 21.04.2006

Откако ИНГ дефинитивно и кажа не на Македонија, сега Владата е пред нов, но далеку по неатрактивен предлог. Разговорите за Поштенска да продолжат со СЕАФ и холандскиот инвестициски фонд. Откако ИНГ дефинитивно и кажа не на Македонија, сега Владата е пред нов, но далеку по неатрактивен предлог.

Пропадна последната шанса ИНГ да инвестира во Македонија

А1 - 20.04.2006

Пропадна и последната шанса ИНГ да инвестира во Македонија. Владината делегација и претставниците на Еуростандард банката залудно отпатуваа во Амстердам. Не успеаа да ги убедат Холанѓаните да ја купат Поштенска банка. Со писмо што банкарскиот гигант денеска го испрати до А1 само го потврди ...

ИНГ објаснила зошто се откажува од Поштенска банка

Време - 20.04.2006

ИНВЕСТИЦИЈАТА ВИСИ Преговорите меѓу Владата, Еуростандард-банка и ИНГ почнаа и се одвиваа со намера Холанѓаните да го преземат управувањето на Поштенска банка и не гледам причина зошто воопшто би ги почнале ако немале намера да влезат во таа банка, изјави вчера министерот за финансии Никола ...

Владата сака одговори од ИНГ за откажувањето

Утрински - 20.04.2006

Молк кај делегацијата што преговара со врвот на холандската банка Поповски: Преговорите започнаа и се одвиваа со намера ИНГ да го преземе управувањето на Поштенска банка. Не гледам причина зошто би почнале да преговараат ако немале намера да влезат НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Владино-банкарскиот тим што ...

Неизвесни преговори за Поштенска во Амстердам

Дневник - 20.04.2006

Кризата во продажбата на Поштенска банка на холандската ИНГ банка се решаваше вчера во Амстердам. На вонредни преговори во Холандија завчера заминаа раководството на Еуростандард банка, која поседува 66,66 отсто од Поштенска, и претставници на Владата, која го застапува државниот удел од 33,33 ...

ИНГ нема да ја купи Поштенска- македонскиот тим доби одговор

Канал5 - 20.04.2006

ИНГ нема да ја купи Поштенска. Овој одговор им бил соопштен на македонските претставници кои експресно заминаа во Амстердам. Од централата на холандската финансиска институција им рекле дека единствено е можно да понудат консултантски услуги. ИНГ нема да ја купи Поштенска.

Македонски тим во обид да ја премисли ИНГ

А1 - 19.04.2006

Македонскиот тим во последен обид да ги премисли Холанѓаните од ИНГ да инвестираат во земјава, доцна попладнево се сретнале со менаџерите. Нема детали за состанокот. Министерот за финансии се надева дека не е се готово. „Очекуваме делегацијата да се врати вечер доцна.

Две шлаканици во еден ден

Време - 19.04.2006

МИРЧЕ КОТЕВСКИ Владата на Бучковски доби две шлаканици во еден ден. Првата плесна откако ММФ ја искара затоа што пратениците ги изгласале измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои на стечајците им се овозможува да добиваат по 100 евра месечен надомест додека не ги исполнат ...

Владата ќе ја моли ИНГ да ја купи Поштенска

Време - 19.04.2006

ХОЛАНЃАНИТЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ ОТКАЖУВААТ Холандската банка ИНГ дефинитивно се повлекува од Поштенска банка. За тоа вчера со допис е известена и Народната банка, дознава „Време“ од високи извори во банката. И од централата на ИНГ во Холандија ја потврдуваат информацијата.

ИНГ потврди дека се откажува од Македонија

Утрински - 19.04.2006

Од централата на холандската банка велат дека нивната одлука за Поштенска е конечна Македонските власти ќе ја тужат банката и од неа ќе бараат отштета НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Точна е информацијата дека ИНГ се откажува од планираната инвестиција во Македонија.

ИНГ банка не дава пари за Поштенска

Дневник - 19.04.2006

Холандската банка ИНГ не планира да даде пари за купување и за инвестирање во Поштенска банка, туку само кадри и знаење. Дознаваме дека ова и несогласувањата во врвот на ИНГ банка за инвестирањето во Македонија се причините што продажбата на Поштенска е во криза.

Не се знае што се случува со македонската владино-банкарска делегација на посетата кај ИНГ

Канал5 - 19.04.2006

Молк од банкарско владината делегација што замина за Холандија лично да го чуе одговорот дека ИНГ се откажува од влез во Македонија. Како што дознава Канал 5 во агендата утрово биле и средбите со претставниците од инвестицискиот фонд ФМО и со СЕАФ.

Случајно ли е повлекувањето на ИНГ од Македонија?

А1 - 18.04.2006

ИНГ сама се откажа од Поштенска банка или некој намерно ја истисна од Македонија? Експерти за А1 коментираат: повлекувањето на шестата по големина во светот банка, не е случајно. Потегот на банкарскиот бренд е изнуден во ситуација кога во Македонија владее моќна банкарска олигархија што ги штити ...

Холандски ИНГ се откажува од Поштенска банка

Време - 18.04.2006

ПРЕСВРТ ПРЕД ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Холандската групација ИНГ се откажува од купување на Поштенска банка, тврдат извори од Народната банка. Тамошниот борд на директори донел одлука да ја запре зделката бидејќи ја оцениле земјава како неатрактивна за инвестирање.

Студен туш од холандската ИНГ банка

Утрински - 18.04.2006

Македонија ја изгуби шансата да се закити со брендот на шестата банкарска сила во светот Шестата банка во светот нема да влезе во Македонија НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Поразителна вест за Македонија - шестата банка во светот, холандската ИНГ дефинитивно, се откажува од влезот во Македонија.

ИНГ за Канал 5: Нема да инвестираме во Македонија

Канал5 - 18.04.2006

Владата е затечена зошто ИНГ не сака да инвестира во Македонија. Уверение се до последен момент, Холанѓаните со ништо не покажаа дека отстапуваат од согласноста за стратешко инвестирање и купување на мнозинскиот пакет од 66,6 проценти во Поштенска банка.

ИНГ се откажа од Поштенска банка

Вечер Прес - 18.04.2006

Холандската ИНГ банка на само десет дена пред договорениот термин за потпишување на купопродажниот договор се откажа од намерата за купување на доминантниот пакет акции во Поштенска банка. Бордот на директорите на ИНГ на крајот на минатата недела донел одлука да не инвестира во Македонија и "да се ...

ИНГ се откажа од Поштенска банка

А1 - 17.04.2006

Скандалозно, без најава, пред самиот финиш на преговорите, холандска ИНГ се откажа од Поштенска банка. Зделката пропадна. Македонија не била стратешка земја за банкарскиот бренд, официјално соопштило седиштето на ИНГ од Амстердам.

ИНГ СИ ОДИ?

Канал5 - 17.04.2006

Холандската ИНГ се откажува од влез во Поштенска банка, дознава Канал 5. До Поштенска вчера стасал допис во кој холандската групација ги известува дека поради неуспех на преговорите со Македонска пошта, нема да бидат дел од купувачите на банката, велат извори на Канал 5.